IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Македонска Енциклопедија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонска Енциклопедија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 65>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 00:52
Лично не се согласувам со теоријата дека дедо му на Сергеј Бубка ни ги учел предците како да го прескокнат Дунав, па дури и да го напишале тоа нашите ПРЕценети академици во ПРЕизвиканата енциклопедија.
Ако ова стои во енциколпедијата како единствена теорија за нашето потекло, секако дека мора да биде подложно на корекции, исто како што ќе се корегираат и останатите спорни одредници.

Едно знам сигурно: корегираното издание треба да се отпечати во што поголем број примероци, сигурно ќе постигне огромен тираж.
Добро ќе се омрсат господата намигнување
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 00:55
Како ти текна со омрсувањето Анастеаголема%20насмевкаголемо%20гушкање

Никој не прави муабет за тоа дека енциклопедијате има цена колку што се сеќавам од околу 8000 денариизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување
Каде ќе одат тие пари од продажбата и во кој џеп?

Дали некој знае нешто за ова?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 01:28
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:



П.С. - Исто така приметив дека не ги викале арНАУти туку арнаВут, посебно тоските кој живееле близу солун....провери!    


Грешка во старт!
Не е арнавути, туку Арванити ( грчки поим ), ако мислиш на Православните Албанци, кои биле дел од грчката Црква.
А во Македонија ги викале Арнаути, читај го Григор Прличев.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 07:30
драмите продолжуваат

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F990E10855D75141B587F0359037B525

Најголема и најтешка неправда во оваа несреќна книга му е нанесена на Блаже Конески. За овој великан на македонската литература и култура, за неговиот огромен опус и придонес како поет во ова несреќно издание - нема ниту збор(!?) Се наведува само неговата најрана песна на македонски јазик „Писмо до една мајка“ за која се вели дека е напишана „по углед на песната на Мајаковски“, макар што на секој школник му е познато дека Мајаковски таква песна никогаш не напишал и дека авторот на руската песна „Писмо до една мајка“ е Сергеј Есенин, а не Владимир Мајаковски!
Кон врв
___tanas_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ШЕФ НАДЕНИЧАР

Регистриран: 26.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ___tanas_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 08:19
Леле каква дискусиа ! Ако само една ециклопедиа може да разбуни Македонија што ли jа чека по натаму!???

Изменето од Анастеа - 29.Септември.2009 во 10:59
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 08:58
ме е страв да прочитам ако има нешто за мене пишуваноизненадување
Кон врв
___tanas_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ШЕФ НАДЕНИЧАР

Регистриран: 26.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ___tanas_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 09:08
Епа има и за тебе - асимилатор !
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 09:43

за да не биде подрастично и со вистинското име ........ крадец на историја , јазик , култура и територија голема%20насмевка

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 09:51
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

за да не биде подрастично и со вистинското име ........ крадец на историја , јазик , култура и територија голема%20насмевка



е пак срека штом не сум арнаутин или арап
Кон врв
Dardania Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 82
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dardania Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 10:09
Енциклопедијата направи голема штета на политички план

Пандели Мајко од Тирана порача да се запали македонското знаме,
Хисни Шаќири повикува на протести,
Али Ахмети бара поголема загриженост од премиерот и бара прием кај него,
Политичките партии на Албанците бараат Владата и Премиерот да се оградат од ставовите изнесени во енциклопедијата.
Премиерот Груевски имаше неколку реакции. Една од нив беше и онаа дека кога имало вакви ситуации, двете страни требало да седнат и да се договорат.

Експертите не се согласуваат со ваквиот однос на Премиерот

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 10:11
пандели мајко збунетост ..... кој беше тој ? размислување
хисни беше оној што цело лето го држеше куманово без вода ... така ? тој ли е ? размислување
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 10:49

Се бунат албанците, се бунеле бугарите... А каде се македонците да се бунат????? Македонијооооо!изненадувањелутинаизненадувањелутинаизненадувањеизненадувањеизненадување

Академик Милан Ѓурчинов се осврнува на определниците од областа на литературата и книжевната наука во Македонска енциклопедија

Невена Поповска

Академик Милан Ѓурчинов во неколку наврати се искажа по прашањето за Македонската енциклопедија, особено со давањето поддршка на барањето на академиците Албанци за измена на спорните определници. Овојпат академик Ѓурчинов се осврнува на определниците од областа на литературата и книжевната наука.



Како член на Одделението за лингвистика и компаративна наука во Македонската академија на науките и уметностите, кажете ни како ги оценувате определниците од областа на литературната и книжевната наука?

Во двата тома на оваа книга има низа прикази и осврти од областа на литературата и книжевната наука за кои сметам дека се умесни и прифатливи, но најголемиот дел, според она што имав можност да го видам, е крајно непромислено, непрофесионално, субјективно и несериозно направено. Се разбира, можно е и така да се пристапува, но не и во едно авторитетно лексикографско дело, кое, пред се', претендира и мора да биде научно и да презентира научно веродостојна информација.

Такви примери овде има безброј, не само во литерарната сфера, но јас наведам неколку драстични случаи, кои претставуваат груба дезинформација: Еден од најзначајните наши белетристи, со право наречен „втемелувач на современата македонска проза“, Владо Малески, наместо да биде претставен со тие свои темелни придонеси, се сведува на нешто сосема друго. Широко се опишува неговата „прва творечка фаза“ во која тој пишува песнички и хуморески, издава билтени и весници. А потоа? Оваа „прва фаза“ останува кај составувачот на освртот за него - единствена и последна. Неговите скечеви и „врапчиња“, неговата поезија (!) која тој подоцна никогаш не ја спомнал, ниту ја објавил се она главното кај него. (!?) Излегува дека со нив Малески ја втемелил современата македонска проза, а не со неколку раскази, најдобри прозни уметнички дела по ослободувањето, некои од кои со антологиска вредност, објавувани како такви на не мал број светски јазици. Сето тоа за составувачот (д-р Весна Мојсова-Чепишевска) нема никакво значење, ниту вредност. Како и фактот дека Владо Малески е човек кој исклучително работел врз нашиот прозен јазик, за кого е напишана прва докторска дисертација од тој вид. Но, најголем дострел на составувачот е отфрлувањето на двата извонредно значајни романи на Владо Малески: „Она што беше небо“, импресивно сведоштво за Богомилскиот поход и Народноослободителната војна и нејзините протагонисти, ниту големиот роман „Разбој“, едно од култните дела за нашата национална егзистенција (!). За нивната вредност (или невредност, ако така смета) - ниту збор! За да го компромитира македонскиот модернизам, при крајот таа ги спомнува трите статии на Малески „Конспекти“, премолчувајќи го фактот дека токму Владо Малески беше не само покренувач на „Разгледи“, туку и поттикнувач на македонскиот книжевен модернизам, отворајќи им го патот во публикацијата со која раководеше на помладите творци во сите сфери и како високо етична и принципиелна личност, објавувајќи ги во неа и оние прилози со кои тој целосно не се согласуваше. Премолчен е, исто така, фактот дека Владо Малески, како еден од најангажираните македонски интелектуалци од својата генерација беше активен учесник во НОБ и дека севкупното негово творештво е посветено на нашата Народноослободителна борба.

Дали да се лутам или да се насмеам пред фактот што уважената докторка во одделот Литература за Владо Малески на чело го става Блаже Ристевски, кој пишувал за спомнатава „прва фаза“, а сите други, меѓу кои и авторот на овие редови, кој пишувал за секое дело на Владо Малески, едноставно ги - пречкртала (!!!!!!!!!!!!!!!!)...



Покрај Владо Малески, еден од втемелувачите на современата македонска проза, велите, неправда му е нанесена и на еден истакнат македонски поет. За кого станува збор?

Голема неправда му е сторена и на Радован Павловски, еден од нашите најдобри и најафирмирани поети и кај нас и во светот. Истиот „составувач“, кој очигледно е главен за литературата на XX век, најнапред вели дека Радован Павловски својата песна ја сведува на најсуштественото - метафоричноста, а веќе во следната реченица тоа го негира, пишувајќи дека токму „метафоричноста и нејзиното изобилство го довело поетот да падне во сопствена стапица“ и својата метафоричност да ја сведе на „метафоричен манир“. Во свој стил и свој „манир“ таа наполно го игнорира во својот осврт фактот дека Радован Павловски е еден од најпознатите и најпреведуваните во светот македонски поети и добитник на голем број награди и признанија во светот. Во тој ист манир таа го игнорира фактот дека за овој исклучителен поет најмногу пишувале Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ и др., а најмалку оние што таа единствено ги наведува како релевантна литература: Миодраг Друговац и Лидија Капушевска-Дракулевска.



Според Вас, најголема неправда му е нанесена на Блаже Конески. За што станува збор?

Најголема и најтешка неправда во оваа несреќна книга му е нанесена на Блаже Конески. За овој великан на македонската литература и култура, за неговиот огромен опус и придонес како поет во ова несреќно издание - нема ниту збор(!?) Се наведува само неговата најрана песна на македонски јазик „Писмо до една мајка“ за која се вели дека е напишана „по углед на песната на Мајаковски“, макар што на секој школник му е познато дека Мајаковски таква песна никогаш не напишал и дека авторот на руската песна „Писмо до една мајка“ е Сергеј Есенин, а не Владимир Мајаковски!

Слични измислици кај овој составувач („Т. С.“) има и во делот на библиографијата каде што се спомнуваат како збирки рамноправни со другите: „Стерна“, „Ракување“, „Средба со рајот“, макар што и првата и втората и третата се само избори, а не одделни стихозбирки. Наспроти на овие „додавки“, тој целосно ги испуштил дури и само да ги спомне поетските книги „Мостот“, „Записи“ (една од најдобрите книги на Конески), стихозбирката „Послание“, како и претпоследната претсмртна „Небеска река“, кои составувачот, се чини, воопшто не ги имал в раце!

Што сега, наспроти ова да речеме за мериторноста, објективно-научниот пристап и сериозноста на овие две книги?

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 11:03
Од тоа што успеав од медиумите и од дикусиите по форумите, делови од Енциклопедијата воопште не се пишани од стручни луѓе...
Ристевски во едно свое интервју вика се брзавме, незнам само каде брзал и зошто брзал да издаде ваква збунувачка и контрадикторна енциклопедија, дотолку повеќе затоа што се работи за прва енциклопедија издадена во многу осетливо време...Исто така неможам да разберам како тоа енциклопедијата е издадена пред да биде продискутирана во стручните кругови...Сепак се работи за едно капитално дело кое и онака сме го немале 18 години па не би ни сметал уште една година повеќе која би се искористила за преправки и доработки...

Како и да е од далеку се гледа дека оваа Енциклопедија ни најмалку не е замислена да си ја одслужи својата примарна намна , туку многу повеќе како провокација...

Мојот предлог би бил, да се соберат сите критики кои ќе бидат изнесени во наредниот период и да се издаде второ преработено издание кое пред се ќе и одговара на вистината...
Жал ми е само што Албанците место да се залагат за ваков чекор тие веднаш удрија на палење знамиња , протести и војни...
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 11:19
Историчарот Веби Џемаили рече дека енциклопедијата е копирана од српската академија. Тој вели дека Албанците се најстариот народ во Балканот.

“ Кога се направил договорот на Скендербег во Скопје воопшто не се спомнуваат Македонците, туку само Албанците. Тука воопшто не фигурирало ниту името Македонец, ниту државата Македонија, туку оваа територија одсекогаш била територија на албанското население која се викала Источна Албанија“

АЛСАТ-М

Ау што им се јаде на Албанците...Оваа територија била нивна , а во пописите од 16 век фигурираат со 0,000001% на овие простори...Не сум сигурен ама мислам дека до 1963 (пред земјотресот) ги има само 10тина%...
Чудно навистина а таман си помислив дека само тоа што ги нарекуваме планинци им смета , кога они им се отворија Апетити за цела Македонија онака преку енциклопедијата да им биде дадена...
Глупоста навистина нема граници...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.