|
Случај Перо |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Септември.2009 во 20:35 |
|
Ја поставувам оваа навидум само несериозна тема. Многу ме интересира вашето мислење т.е. претпоставки за овој човек.
Не, ние овде не се ставаме во улога на судии...Само претпоставуваме. Како монахот за Чаушеску-па испаднало нешто трето. Да не должам. Си бил некој човек, Перо. Цел живот живеел богоугодно, нит се коцкал, нит пиел, нит блуд, ни крадел...Со други зборови нашиов Перо вегетирал (нели, сепак, каков е тој живот ако не украдеш нешто макар од самопослуга, ако не погледаш некој-а со желба, ако не пивнеш, кснеш...). Но нашиов Перо бил токму таков. Имал една маана-имал некој неодреден став за Бог, ни верувал, ни не верувал, просто не се замарал со Бог. Доаѓале да му кажуваат за Исус, за Бог, но Перо немал време. Едино на некој погреб ќе отидел и едино тогаш ќе чуел нешто од Јован...и од 1 Мојсеева, па знаел само дека од прав е и во земја ќе се врати. Си ја гледал жената (имал 4-5 деца бидејќи имал секс само кога требало да има деца), си ја работел нивата чесно... Еден ден Перо ненадејно го чукнал инфаркт, додека по жештината работел на нивата. Прашање: 1. Дали Перо ќе се задржи на царините со оглед на тоа што немал никаде направено “долг“? 2.Дали на Перо ќе му се суди? 3. Кај ќе го пратат Перо? Ова е Перо, со женичката, како помлад... Изменето од maria_magdalena - 25.Септември.2009 во 20:55 |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Eeee abe chovekot zasluzhuva da odi vo Rajot, nema shto... A da ne filozofiram tuku da ti odgovoram spored mene na prashanjata.1. Ke se zadrzhi samo kaj ZA ERESI I LAZHNI UCHENJA, zatoa shto i ateizmot e paganska rabota!
2. Na Pero ke mu se sudi kako shto ke mu se sudi na sekoj chovek, no ne i da mu se presudi losho, zatoa shto Bog e chesen sudia, a tie shto vrshele dobri dela i bile pravdoljubci zasluzhuvaat spasenie!
3.Vo Rajot!
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Darko, навистина изненадуваш со зрелоста на одговорите, особено за првиот, како само ти текна?
Браво Да видиме што мислат и другите, секој, независно од своите убедувања е добредојден! |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
marija_magdalena, приказнава ја започна на друга тема, каде ти беше даден одговор од православна гледна точка, што сметам дека би требало и тој одговор да се најде на оваа тема.
Инаку, не мислиш дека е премногу смела задача да се седнува на Судскиот Прстол Божји и да се суди според човечки критериуми? |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Таква смелост имаат само православните, затоа што иако Исус рекол:
"да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил"
(Исус Христос во ев. Матеј 20:23) сепак православните седнале на Божјиот престол и одлучиле кое место да и го дадат на блажената Марија нарекувајќи ја: најголемата, повозвишена од херувимите и серафимите, царица на Небото, господарка над сите, преблагословена и пресвета (титули кои ги нема ниту самиот Господ ) |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ako takva smelost imaat samo Pravoslavnite, togash zoshto Maran Ata ne presudi za cicko Pero Kaj nas Pravoslavnite Gospod ima Svoj golemi tituli, a vo Slovoto gi nema, zatoa velam, ima i drugi knigi ne e samo Slovoto... |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ako mu kazuvale na Pero za ISUS a toj ne sakal da se "zamara" so toa ,so toa go otfrlil Evangelieto i ISUS, a so toa spasenieto. Dokolku navistina nemal vreme i ne znael nisto za BOG,ke bide suden spored sovesta i dobrite dela. BOG e GOLEM i TOJ ke presudi sto kje bide so Pero. AMIN! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Znachi vaka...
1. Ako pravi dobri dela i s'e onoa sto e Bogougodno kje ima spasenie. 2. Ako pravi dobri dela i s'e onoa sto e Boguugodno, a slushne za Evangelieto i za Isus i ne saka da se "zamara" so toa - nema sapsenie. So prosta matematika izlaga = teologijata si gi pokrila site kjoshinja. Sto bi rekol narodot - em volkot sit, em ovcite na broj. Grev e da se osudi chovek koj zhivee Bogougodno, ama ne e grev da se osudi ako ne veruva vo teologijata. I posle nekoj kje reche deka 2000 godini telologija i apologetika ne dava plod... Изменето од Messenger - 26.Септември.2009 во 15:36 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако Перфа немал вера, џабе му е што живеел "богоугодно". Како што потенцирав на една друга тема, делата, без разлика колку се добри, нема да не спасат.
Без суштинска вера во Христа-нема спасение. Инаку, се подразбира од таа вера ќе произлезат дела за да покажат дека тој човек навистина е верник. Ако нема дела, таа вера е мртва: само на зборови, без променет живот, лажна вера. Според досието, гледам дека тој го отфрла Господ, така што не верувам дека сега е во Рајот. Ај малку размислете: за човек кој не го сака Бог, кој не верува во Него, Рајот не би бил најдобрата дестинација. Би се претворил во пекол-пак не би уживале. Значи за верниците, кои сакаат да бидат во вечноста со Господ, секако дека е прекрасно што ќе одат во Небото, арно ама за неверниците кои не веруваат дека Бог воопшто постои, која е поентата да одат во Рајот? |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Maran Ata, на почетокот на темава во воведот напишав: “Ја поставувам оваа навидум само несериозна тема. Многу ме интересира вашето мислење т.е. претпоставки за овој човек. Не, ние овде не се ставаме во улога на судии...Само претпоставуваме. Како монахот за Чаушеску-па испаднало нешто трето.“ Значи, ако си прочитала добро, никој овде не седнува на Божји престол... Само малку разамислуваме, а сето тоа за наше самоусовршување. Ќе ти кажам една работа-го поцрневте православието со такви мрачни боговдаховености од типот што смее а што не смее...Ме потсетува малку на “што е халал а што харам“... Ова смее ова не смее...Вака смее да се зборува така не смее. Отишол монах да тажи. Црнина. Измачени богоугодни ликови. Дури и никот “маран ата“-прости, ништо лично-но означува еден вид проклетство. Маран ата, (Проклета да си-во превод), овде сме малку и да се забавуваме, имаме доволно сериозни и тешки теми на кои неможе секој да се вклопи. Токму на вакви нависум ситни работи може да падне и некој голем теолог. Книжниците и фарисеите по цел ден бамбореле од Тората, ги миеле садовите и рацете по пет пати дневно-а Исус ги нарекувал варосани гробови. Не ти текнува зошто? Летово имав гости од странство. Мои најблиски. Ги однесов меѓу останато и во Соборен Храм. Разгледувајќи ги фреските, ни пристапи една жена, домаќиинка или свеќарка или како да ја кажам а да не звучам богохулно, и ни објасни дека можеме да дадеме пари и да ја купиме фреската (на св. Ана итн) со тоа што иконата останува на ѕидот, но нашето име ќе стои доле и светителката ќе се моли за нас (4-5000 евра, чинам). И сега јас, што отварам една ваква тема, на која можеме послободно да се изразиме а сепак во контекст на едно медитирање за Бог да речам-испаѓа дека се ставам во улога на Судија. Исус ли бара од нас да бидеме мрачни? Напротив, христијанинот кој го има духот е ведар, не осудува (не се смее како оние опседнати пентакосталци)... Но проклети (Маран ата) да се сите кои го поцрнеја апостолското учење. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. Нема такви царини на патот кон отадестраното. 2. Душите никој не ги суди како во судница. Но ќе дојде време кога Божјата светлина засилено ќе се активира во сите души што за последица има да оптеретувањата(гревовите) кои се наоѓаат во обвиките на душата, бидат осветлени т.е. излегуваат на виделанита на денот. Смислата на зборот суди е: јасно ги порепознава своите дела во вистинската светлина, онакви какви што се. На некој начин, душата самата себе си се суди тогаш. Така да и Перо од примерот еден ден ќе ги посматра со помошна Божјата светлина своите чувства, мисли, зборови и постапки кои ги имал како човек и низ тоа набљудување порано или подоцна(можеби после децении, векови, милениуми или еони) ќе увиди што и каде згрешил, ќе може за истото да се покае и да моли за прошка. 3. Перо нигде никој нема да го прати, туку неговата душа ќе биде привлечена од тоновите и вибрациите на оние планети кои одговараат на моменталниот збир на добри и лоши страни. Таму, доколку изрази желба, соодветно ќе биде подучувана и духовно школувана од тнр. ангели-учители. Ако нив ги послуша, по некое време ќе може да прејде во се посветли и посветли подрачја, додека еден ден не стигне до светлосниот ѕид. А после следи Царството Небесно. Но ако Перо навистина живеел Богоугодно, невозможно е да не се „замарал“ со Бог, бидејќи тогаш Бог директно би му се објавил низ Внатрешната Реч(слично како на пророците). Друга приказна е дали би се замарал со читање списи и одење по храмови бидејчи тоа нужно нема врска со Бога. |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ме беендиса ова поцрнетово, особено затоа што постои можност и од натамошно школување, т.е човек навистина учи додека е жив, па макар и во друга димензија. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, таква можност постои. Но важно е да се знае дека на планетата Земја особено силно доаѓа до израз Божјата милост и дека тука можностите за брзо напредување се драстично поголеми отколку во отадестраното т.е. цартвото на душите(тнр. астрални рамништа). Тоа што душата во овоземна облека како човек може да го совлада во текот на неколку години или децении, честопати на душите им требаат векови, милениуми па дури и еони(зависно од тоа колку се оптеретени со гревови). Затоа симболично во Јовановото откровение се зборува за вечен оган и сулфур, оти со човечко време мерено тоа како да нема крај(а има). Освен тоа во земната облека, душата има можност покрај отплаќањето на гревовите иститите благовремено да ги спознава, поправа и благовремено да ги трансформира во позитивни енергии, додека во царството на душите постои само отплаќање и подготовка за Царството Небесно низ школувањата коe гo водат ангелите-учители. Перо од нашиот пример, како душа ќе биде опкружена само со исти и слични на себе самиот. Додека на Земјата тој бил опкружен од најразличен тип на инкарнирани души. Во таква една шарена состојба, човек може побрзо да напредува бидејќи може да прави споредби. Изменето од Majkl - 26.Септември.2009 во 20:31 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Odlichno poentirano! Teologijata si ima problem tokmu sto toa. Oti ako go prifati toj stav togash se otsekuva od vernicite kako neshto sto ne e neophodno vo celiot proces na prosvetluvanje i spasuvanje... Zatoa veli - nema spas ako ne go sledish i ne veruvash vo onoa sto propovedame, iako pravish dobri dela. Изменето од Messenger - 26.Септември.2009 во 21:03 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |