IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 03:30
Легендарниот Лотус се враќа во Формула 1!



Меѓународната федерација на автоспортови објави дека легендарниот британски Ф1 тим од Норфолк, Лотус сега во малезиско сопствеништво, е 13-от учесник на Формула 1 за 2010-та година.

Лотус, чии болиди своевремено ги возеа Грахам Хил, Емерсон Фитипалди, Нелсон Пике и Аиртон Сена, го напушти Ф1 шампионатот во 1994-та година, а сега повторно се враќа но со оживеан малезиски капитал во јавно-приватно партнерски односи.

Официјалното име на тимот ќе биде 1Малазија Ф1. Местото претстедател ќе го заземе Тони Фернандез, сопственикот на Ер Азија, додкеа тимот во спортски сегмент оперативно ќе го води Мајк Гаскојн, поранешниот оперативец на Форс Индија, Тојота, Рено и Џордан. Моторите ќе ги снабдува Косворт, а седиштето ќе се наоѓа во Сепанг, местото каде што се одржува ГН на Малезија во последните 11 години.

Лотус, или сега 1Малазија Ф1, така го зазеде испразнетото место настанато по лошиот тактички потег на БМВ Заубер. Германско-швајцарскиот тим најпрво го откажа настапот идната сезона со аргумент дека не е во можност да го потпише тригодишниот договор согласно Конкорд-договорот, според кој ФИА ги осигура односите соколективниот договор за тимовите-учесници.

Според тоа Заубер ги загуби и возачите и комерцијалните права, кој ги создаваше уште од 1993-та година, па остна само како новоформиран тим. Питер Заубер испрати дополнително барање за останување во Формула 1, но ФИА го одби истото отварајќи ги вратите за Лотус.

Но, сепак има утеха за Заубер: од ФИА потврдија дека тимот може повторно да влезе во конк*ренција доколку некој од 13-те тимови се откаже од шампионатот. Исто така, ФИЕА има во план да ги консултира истите 13 тимови за можно проширување на натпреварувањето на 14 тимови, односно 28 болиди/пилоти.

sportdenes.com


Изменето од Iron Man - 17.Септември.2009 во 03:31
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 19:36
Баричело: "Маса е мојата инспирација!"



Рубенс Баричело ја откри тајната на неговата добра форма во последно време. Популарниот Рубињо добивал совети од повредениот ас на Ферари Фелипе Маса во последните две трки. Маса е во аут откако беше удрен од пружина од болидот на Браун на својот добар пријател Баричело на квалификациите за Унгарското ГП.
"Отидов до неговиот дом пред трката во Валенсија и тој ми објасни како да се носам со патеката каде што лани доминираше и потоа победив. Тој исто така беше доминантен во Сингапур, така што добив совети и за таму", изјави Баричело за Газета Дело Спорт.



Изменето од Iron Man - 18.Септември.2009 во 04:35
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 04:38
Заубер се враќа на Ферари



Екипата Заубер по заминувањето на БМВ ќе користи мотори и менувачи на Ферари, доколку новите сопственици добијат право на настап со четиринаесетта лиценца, беше објавено од германскиот весник Шпорт билд.

Интересно е дека пред да биде купен од БМВ, Заубер користеше мотори на Ферари и беше своевиден младински тим на оваа фирма, бидејќи таму дебитираа и Кими Раиконен и Фелипе Маса. Ова ќе биде прв пат Ферари да прифати да испорачува и менувачи, бидејќи лани го одби таквото барање на Форс Индија, по што таа екипа се префрли на Мерцедес.

Германските медиуми шпекулираат дека швајцарскиот инвестициски фонд Квадбак платил 80 милиони евра за тимот. Претходно, Петер Заубер кој се надеваше на менаџерски откуп изјави дека БМВ барал 65 милиони, додека тој и неговите партнери биле подготвени да понудат 45 милиони. Според соопштението на баварската фирма објавено при потпишувањето на договорот, фондот претставувал извесни семејства од Блискиот Исток и Европа.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 12:59
Маса се враќа на пистата во декември



Фелипе Маса признава дека се надева оти наскоро ќе се врати на пистата, односно кон крајот на оваа година.

Фелипе преживеа тежок инцидент на трката за Големата награда на Унгарија возена на пистата Спа каде што парче од болидот на Рубенс Баричело го погоди во пределот на главата по што со полна брзина болидот удри во заштитната ограда од гуми и вода крај патеката а тој заработи потрес на мозокот и повреда во пределот на окото.

Тој сака да се вклучи во картинг трките во родниот БРазил во текот на Декември и покрај тоа што до тогаш ќе помонат четири месеци од тешката повреда на главата, Бразилецот сеуште не знае дали ќе добие дозвола од медицинскиот тим за да седне зад волан и да се натпреварува.

„Се зависи од докторите. Доколку тие ми дозволат ќе се вклучам во картинг трките за издржливост во Бразил кои се одржуваат во Декември“, изјави Маса. „Ако зависи од мене до сега ќе се тркав. Проблемот е што во моментов треба да бидам предпазлив од причина што нов инцидент би бил голем ризик по моето здравје“, заврши Бразилецот.

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 00:50
FIA знаела за Renault !?



Светската автомобилистичка федерација FIA официјално објави дека на крајот од сезоната 2008 дознале за намерното излетување на Nelson Piquet Junior, на Големата награда на Сингапур.

Англискиот весник Daily Mirror објави статија во која истражна комисија од телото на FIA на 17 август 2008 го испрашува Nelson Piquet Senior за скандалот. Во интервјуто Piquet признва дека дознал од неговиот син за неговата идеја за намерно излетување, по што сето тоа му го признал и на комисијата, иако со голема доза на резервираност да не ја уништи кариерата на неговиот син.

Max Mosley минатиот викенд изјави дека покрај гласините, за официјалната истрага засега не кажува ништо освен дека истрагата е во тек и наредната недела ќе има сослушување.

И на крај доаѓа прашањето, зошто требаше Nelson Piquet Junior да го напушти Renault за да излезе скандалот на виделина? Дали ако тој останеше во тимот целата работа ке беше заташкана? И зошто FIA не реагираше ако целата приказна и беше позната?

motorsport.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 12:38
Лотус ќе оди со проверени имиња



Претседателот на Лотус, Тони Фернандес објави дека сака својот Ф1 тим да го изгради околу искусни возачи и стабилен тимски шеф. Брендот, кој всушност е повратник во Формула 1 минатата недела беше официјално промовиран како нов натпреварувач, откако договори финансирање од малезиската влада. Фернандес, кој е претседател на авиокомпанијата ЕрАзија, беше првично поставен за тимски шеф, но вели дека пред почетокот на сезоната ќе му ја препушти палката на искусен човек, кој ќе биде вистинскиот лидер на тимот.

- Мојата позицијата на тимски шеф нема да биде постојана. Ќе го донесам тимот до одреден стадиум, а потоа некој ќе биде тимски шеф постојано. Мојата работа е ЕрАзија и сакам да сум сигурен дека Лотус ќе се движи во вистинската насока, ќе има вистинска слика и иднина, добра стратегија и маркетинг. Мислам дека до Мелбурн ќе се повлечам, можеби, ќе уживам во улогата на тимски шеф неколку трки, а потоа ќе му го отстапам местото на некој друг, - вели привремениот тимски шеф за Ројтерс.

Иако Малезиецот изјави дека лично посакуваа да има сонародник во тимот, сепак одлучено е да се оди со искусни индивидуи кои имаат многу трки зад себе. На изјавата на Фернандес се надоврза и малезискиот премиер, кој објави дека шест локални и интернационални возачи се во нивниот список на кандидати, без да прецизира конкретно кои имиња се на списокот. Се очекува имињата на двајцата возачи да бидат објавени до крајот на месец октомври.

- Мојот личен став е дека треба да одиме со некој со многу искуство, кој е на крајот на кариерата, кој ќе допринесе за развојот на болидот. Најзначајно е да го имаме вистинскиот човек кој може да ги пренесе знаењето и успешната тимска работа. Нема логика да поставиме човек кој сеуште не е подготвен, - додава Фернандес.

Она на што алудира сегашниот тимски шеф на новиот тим е можен договор со Рубенс Баричело, иако сепак во ниту една изјава не фигурира име на возач. Сепак, Бразилецот иако ги има најдобрите моменти во сезоната со Браун, не е сигурен за следната сезона со британскиот тим. Нико Розберг е споменат како можна алтернатива за Браун, а е поблиску до водечкиот тим, отколку до Мекларен, па според тоа се претпоставува дека Баричело е еден од шестмината на списокот. Дополнително, двајца ветерани кои ги исполнуваат критериумите на Лотус се Јарно Трули и Ник Хајдфелд. Првиот е поврзан со прекин на соработката со Тојота, а Германецот Хајдфелд веројатно ќе остане без седиште откако БМВ Заубер ја изгуби лиценцата за настап во 2010 година и го продаде тимот. Останатите возачи на листата веројатно се млади талентирани надежи на Малезија, кои ќе мора да ја поминат школата пред Формула 1, а ќе бидат обучувани за евентуални понатамошни ангажмани.

Од маркетиншки аспект, Фернандес очекува малезиски спонзор, односно трансфер на нафтениот магнат Петронас од досегашниот тим БМВ Заубер чии настапи завршуваат на крајот на 2009 сезона. Дополнително, иако сега седиштето на тимот се наоѓа во Норфолк, САД, се очекува понатамошен трансфер во нови објекти крај патеката Сепанг, близу Куала Лумпур. Фернандес потврди и дека очекува болидот со кој Лотус ќе настапи во 2010 година да биде комплетиран во јануари следната година, а во февруари оспособен за дебитирање на патеката.



Раиконен се враќа “дома”?



Според британскиот весник Мирор, кој се повикува на неименуван извор од Ф1 падокот, Кими Раиконен постигнал првичен договор со Мекларен за враќање во нивните редови. Финецот повторно би седнал во болидот на тимот од Вокинг во 2010 година, но претходно мора да постигне спогодба за раскин на постоечкиот договор со Ферари. Имено, при крајот на 2008 година беше објавено дека Раиконен и Ферари ја продолжиле верноста заклучно со 2010 сезона, со што на хартија во следната сезона тој е возач на болидите на црното коњче.

Веќе се шпекулираше дека откуп на договорот ќе има од страна на Ферари со тоа што би му исплатиле половина од договорената сума, а и самиот Раиконен одговори на провокацијата изјавувајќи дека има други тимови во поредокот кои би го прифатиле со насмевка. Дополнително, Мирор објави дека договорот на шампионот од 2007 за следната година е речиси 49 милиони долари. Оваа атмосфера само ги зголемува сомнежите дека Ферари ослободува седиште за двократниот шампион Фернандо Алонсо, кој во моментов е окупиран со “краш-гејт” аферата на неговиот Рено.

Што се однесува до второто седиште во Мекларен, ако сметаме дека Луис Хамилтон има обезбедено место во тимот, сè поизвесно е дека договорот на Хеики Ковалаинен нема да биде продолжен. Шпекулации постојат и во овој домен, исфрлајќи го Нико Розберг како најсериознен кандидат, по германска линија со Мерцедес. Оттука пак се надоврзуваат нови гласини, дека брендот од Штутгарт сака да ја раскине 15 годишната цврста врска со Мекларен, што дополнително ја компликува ситуацијата.

Инаку, Кими Раиконен помина пет сезони во Мекларен, во периодот од 2002-2006 година. Притоа, на 88 настапи забележа 9 победи, 10 пол-позиции и 35 подиуми, а на двапати ја освои вицешампионската титула. Најблизу до титулата во болидот на сребрените стрели беше во 2003, кога заостана само два бода зад шампионот Михаел Шумахер.

f1almanah.com
Кон врв
vkk Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vkk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 12:55
napishete nesto sto mislite vie ne samo statii od vesnici ili od net
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 02:40
Originally posted by vkk vkk напиша:

napishete nesto sto mislite vie ne samo statii od vesnici ili od net


другар еве повели напиши
скрши го мразот

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 02:42
Renault избегна поголема казна



Renault ја избегна казната од две години суспензија поради аферата со излетувањето на Nelson Piquet Junior на патеката во Сингапур минатата сезона, но Flavio Briatore заработи забрана за било какво учество во натпреварите организирани од FIA до крајот на животот.

Францускиот тим се појави во Париз пред Советот на FIA, и целосно соработуваше, притоа признавајки ја намерата на Nelson Piquet и понуди да ја надомести финансиската штета за истрагата на FIА.

Советот според правилникот требаше да донесе одлука со која Renault ќе беше дисквалификуван од F1, но поради соработката на компанијата и отказите на Briatore и Pat Symonds, FIA одлуката ја замрзна до крај на сезоната 2011.

"Советот (World Motor Sport Council) ќе ја активира одлуката за дисквалификација на Renault доколку се повтори инцидентот," стои во изјавата.

Но, затоа Советот беше прилично строг спрема Briatore, за кого беше изречена казна засекогаш забрана во сериите организирани од FIA.

За 59 годишниот Италјанец исто така повеќе не важат менаџерските договори кои што ги имаше со Fernando Alonso, Mark Webber и Heikki Kovalainen.

Објаснувањето за оваа одлука на FIA гласи "Одлуката беше толку строга поради тоа што Briatore иако беше повикан неколку пати на разговор тој не сакаше воопшто да соработува и покрај доказите што ги имаше против него."

Symonds доби казна за забрна во учество на сите натпревари организирани од FIA во траење од 5 години, поради тоа што го призна учеството во инцидентот и неговата изјава пред советот дека жали за стореното.

Piquet Junior избегна било каква казна поради договорот за имунитет, а FIA потврди дека Alonso воопшто не бил запознат со случувањата.

"Ние во целост ја прифаќаме и почитуваме одлуката на Советот," изјавува претседателот на Renault Bernard Rey за медиумите.

motorsport.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 02:18
Ferrari ќе ги објави возачите наскоро



Luca di Montezemolo во средата призна за прв пат дека е време за да се објави возачкиот кадар на Ferrari за наредната сезона. Се погласни се најавите дека местото на Felipe Massa е сигурно, додека како негов колега би бил Fernando Alonso, возачот кој со Ferrari веќе има потпишано преддоговор иако и Massa и Kimi Raikkonen имаат договори за 2010.

Но, откако Финецот потпиша преддоговор со McLaren, веќе јасно станува кој возач од Ferrari ќе си замине, само уште треба да се дефинира обезштетувањето за раскинување на договорот.

Осврнувајки се на Massa и неговите повреди на главата, претседателот на Ferrari Montezemolo изјавува: "Ќе имаме Бразиски возач бидејки тој заслужува шанса по се што стори за тимот. Иако сеуште има доволно време, во наредните неколку недели ќе објавиме кој ке седне во другиот болид".

Montezemolo нагласува дека Ferrari ке се врати на шампионските патеки во сезоната 2010, иако додава дека и во оваа сезона Ferrari има што да покаже.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 02:20
Campos и USF1 се членки на FOTA



Два од новите тимови кои што ке настапуваат во F1 наредната сезона Campos и USF1 потврдија дека се примени во здружението на тимови кои настапуваат во F1 наречено FOTA (Formula One Teams Association).

Претходно од FOTA имаше најава дека сите нови тимови се добредојдени во асоцијацијата како секој тим би имал рамноправен глас. Се верува дека тимот Manor наскоро ке ја објави својата намера да стане членка на FOTA, а истото се очекува и од Малезискиот Lotus.

Се верува дека предстаници од новите тимови ќе бидат повикани кога FOTA ќе одржи состанок наредната недела по одржување на трката која се вози за Големата награда на Сингапур.

Peter Windsor изјави дека USF1 сега е членка на FOTA и не доцни со подготовките за 2010 како што се ширеа гласини.

"Мислам дека некои луѓе се прашуваат што работиме... Посетете не кон крајот на годината и ке имате можност да ги видете резултатите, фабрика за болиди од која ке излези одличен тркачки болид 100% по правилата на FIA за сезоната 2010." додава Peter.

Шпанската новинска агенција EFE пренесува дека Adrian Campos ќе биде тимскиот директор и сопственик на Campos тимот. Исто така од тимот на Campos објавуваат дека делегација на FIA ги посетила нивните директори со намера да го испитаат нивното работење и интерес за учество во F1 наредната сезона.

Исто така додаваат: "Ние смен многу задоволни со соработката и користењето на мотори од Cosworth кој е задолжен за развој на моторот и преносот. Сигурни сме дека ќе имаме одличен мотор кој ќе го задвижува нашиот болид во дебитантската сезона."
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 10:52
Одам на победа во Сингапур

Лидерот во генерален пласман, Џенсон Батон, изјави дека ќе оди на победа на неделното Сингапур ГП место да се концентрира на зачувување на предноста во генерален пласман. На само 4 трки пред крајот на чудната Ф1 сезона и со 40 поени за освојување, Батон има 14 поени повеќе од својот колега од Браун ГП Рубенс Баричело, додека асот на Ред Бул, Себастијан Фетел е 26 поени зад него на третото место.

"Имам привилегија да водам во трката за титулата, но не е така едноставно. Кога ќе почнеш да се опушташ, си бараш проблеми. Тогаш се случуваат глупости", вели Батон.

Пред две сезони неговиот британски сонародник Луис Хамилтон ја пропушти титулата откако пропушти огромно водство во генерален пласман во последната трка од сезоната и Батон вели дека не сака да ја повтори истата грешка.

"Како возач инстинктот е да се победи. Да одиш на победа секогаш. Мораш да помислиш и дека треба да завршиш зад својот тимски колега во секоја трка", вели Батон.

Тој ја почна сезоната на спектакуларен начин, со шест победи во првите седум трки, по што следуваа проблемите со формата. Но, тој се врати одлично на последната трка во Монца, каде што заврши како втор, негов прв пласман на подиумот по шест трки. Според него, двете негови најлоши трки во Белгија и Валенсија, биле такви токму поради претпазливоста.

"Морате да одите до максимум и да бидете агресивни. Да, секогаш ќе биде тука мислата дека мора да ја завршите трката, така што ништо не се менува во мојот пристап", додава Батон.

На негова страна застана и поранешниот седумкратен светски шампион Михаел Шумахер, кој посочи дека "нема кој да му ја земе титулата". Трката за титулата се претвора во битка на колегите од Браун Батон и Баричело, а од тимот велат дека ќе дозволат отворена и фер битка.

Двојката на Ред Бул, Фетел и Австралиецот Марк Вебер се уште математички се во трката за титулата, но тоа може да заврши овој викенд. Вебер ќе биде елиминиран од трката ако Батон освои 2 поени повеќе од него овој викенд, а шансите на Фетел ќе бидат завршени ако Батон освои 4 поени повеќе од него.

Шансите на Фетел се уништени поради механичките проблеми на Ред Бул. Германецот не успеа да освои поени на две од последните четири трки и веќе ги искористи сите 8 мотори дозволени со овогодишните правила. Ако треба да искористи и 9 во последните трки, може да добие казна од 10 места на една трка. Бато вели дека нема причина да не се чувствува добро, но не ги отфрли шансите на Ред Бул.

"Знам дека сум во многу добра позиција. Го имам најдобриот болид во формула 1, но и еден од најконк*рентните колеги во спортот. Зошто да не бидам позитивен? Вистина дека Ред Бул се далеку, но бидете сигурни дека ќе се борат до крај", додава Батон.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
vkk Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vkk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 01:01
Кон врв
vkk Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vkk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 20:19
McLarenn
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.