IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 16:52


Те сакам,
и чувството е прекрасно,
а јас уживам кога ме преплавува...
и сосема ми е добро така.
Не терај ме да направам чекор спротивен на мојата гравитација.
Јас веќе долго време размислувам
кој е всушност датумот на моето раѓање.

Ако сакаш да заминеш,
направи го тоа сместа.
А јас ќе останам склупчена на овој квадратен центиметар
помала од зрното грашок
што до вчера ми го реметеше сонот,
со лице залепено за дланките,
бескрајно ќе повторувам,
... Поважно е да сакаш,

    одколку да бидеш сакан...



Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 17:29


О, немој да ми завидуваш.
Мојот свет е глупава копија на "Сончогледите"
залепена на капак од бомбониера.
Во мојот свет јагодите мирисаат на најлон,
а секоја насмевка значи, Дај пари!
Лесно е да видиш што има зад маската
ако ја погледнеш од профил.
Развратни калуѓери продаваат морал
(денар по денар, ќе си купат Џип)

Јас сум извежбан жонглер
со неостварена амбиција да стане поет.
Не наведнувај се премногу
кога сакаш да ме потфатиш.
Може да те повлечам.
Ти мирисаш на планински врвови
гревота е да се извалкаш со тиња.

Мразам кога зборовите звучат поинаку од нивното значење.

...Извини!


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2009 во 15:16

Како се мие извалкана љубов?

Расипи ми го денов!
И тој пред него
и тој по него
Ти не можеш да ме повредиш
колку јас што можам да те сакам.

Се прашувам,
ме прави ли простувањето поголем верник
или поголем слабак?

Како ли се мие извалкана љубов...

Би сакала денес никому да не требам
Да не приметат дека сум заминала
170km/h - страв ми е ама убаво е
Го менувам разумот за адреналин
а совеста за болка.

Она што нема да те убие,
ќе те остави сама да се докрајчиш.

Како ли...како ли се мие извалкана љубов...


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 09:20


Секое мое утре ќе го бара нашето вчера.

Јас знам дека беше тешко да ме следиш
премногу сенки, илузии,
колачиња тага маскирани со шлаг од потребни насмевки.

Не мораше толку силно да ме ошамариш.
Имам душа потрпрена на дршка од есенско ливче
дувни ме, ќе паднам
сега...и тебе дланките те болат.

Само спушти ја ролетната и оди.
Време ми е да го започнам своето непостоење.
Тие веќе раздаваат за душа
- сепак е ова нивни свет.

Поштеди ме од лицемерие
или не дај боже сожалување.
Не е важно дали се каеш
смртната казна е пресуда без право на жалба.

Не требаше вака да биде.






Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2009 во 11:13


Еј, батали!
ништо веќе не е важно
Не биди ми тажен - доста е!
Насмевни се мангупски со едниот крај на устата
и бакнувај ме.
Ако престанеш да ме бакнуваш,
мислам дека ќе се угушам.
Ми се причини како да заборавивме да бидеме среќни
луда мисла - јас уште полуда
Нели се договоривме,
солзите се за сентиментални серковци.
Ај да се смееме ко зелени
ти на моите глупости, јас на твоите.

Ја обожавам мојата трансформација во второ лице еднина.








Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2009 во 16:58


Правилата се напишани за луѓе

кои најсигурно се чувствуваат кога ги цитираат.глупчо
Јас сум од оние кои се возбудуваат
кога ги прекршуваат
и докажуваат
дека и вака може.

Укради го она што е веќе твое.
Излажи ме за да имам што да ти простам
Убиј ме, оти слатко е кога ме оживуваш.
Оти ти си мојот Идол и јас немам други Богови освен тебе.плазење

 Понекогаш не сакам да одам кога ме викаат
Баш ми е удобно во мојата ќелија
и скроз ми е таман
што сум помала од прашинка пред тебе.бакнеж




Изменето од kejt-d-grejt - 22.Август.2009 во 18:14
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 12:55


Проколнета на вечна потрага по тебе,

се уморија улиците од моите чекори.
Тоа што го држиш во раката е мојот живот
и да го изџвакаш, сеедно
ќе потонам во екстаза.

Еден ден ќе ти напишам песна за среќата
еден ден...сега не
сега сеуште не умеам да ја римувам.

Ти си единствената спонтаност во моето стерилно секојдневие.
Јас верувам - само ми е тешко да се навикнам.

Ги сакам тие груби дланки - ми ја размладуваат кожата
и начинот на кој ми го земаш во нив лицето...
Не бакнувај ме сеуште
дај ми да те мирисам
играј ме, дури лиги не ми потечат.

Само не гледај ме длабоко
ќе видиш нешто, што јас нема да умеам да го објаснам
и ќе го расипам моментот
а тоа загрижувачки често го правам...



Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 12:57
  аплауз   аплауз   аплауз ...kamo da imase i mene nekoj vaka da me saka
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2009 во 00:26


Си заминува и овој ден

оставајќи зад себе слики од холограм
се појавуваат и исчезнуваат,
па полека се гасат.
скапи производи,
ефтини зборови,
Mercedes критериуми
зомби костумосани
и sugarfree чесни зборови.






Изменето од kejt-d-grejt - 01.Септември.2009 во 00:26
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2009 во 00:32
E da големо%20гушкање
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2009 во 00:34
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

E da големо%20гушкање


е да, оти стилов повеќе личи на збунет, од колку на кејт плазење
фаќај гушка ------->големо%20гушкање


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 10:28

на Блу, мојата форумска умница-убавица



Се кладам во идниот цут на една цреша

дека по цели ноќи се прашуваш
- лузерите ли само одат во рајот?

Многу си убава
- како бел крин случајно никнат на испрашен тротоар
среде отпушоци и стуткани кесиња од смоки
Свесна ли си колку е тоа криминално и безобразно?

Твојата суптилна ароганција е магично несекојдневна
би дале царства за неа, но не им стои добро,
затоа ќе те мразат.
Ќе ти нудат слобода само кога ќе немаш избор.

Со поглед преку рамо ги анализирам своите минати солзи
би сакала да ти дадам драгоцен совет,
жалам, но изгледа не ме направија попаметна.

Кога си млад, немаш концепт за времето
Понекогаш и самата релативност е релативна.

Сепак, спакувано во украсна хартија,
со розева машна, како што прилега за девојче,
ова ти е од мене:

Направи ги зборовите рамка за тишината.
И никогаш... немој никогаш да дишеш од навика.





Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 00:47


Не сум јас душиче
ни посебно мека, ни мазна, ни жена

само...
кога премногу долго седиш во темно,
и најмала капка светлина заслепува
или...
така ми велиш оти
тогаш скокотливо ти се смешкам
ти добар, добар, нежен кавалеру.

Не туркај ме назад во светот
во кој сите мислат
дека се подобри од другите.
ќе се угушам дишејќи засмрден морал.

Откривајќи ја твојата душа,
како да ја чистам мојата.
Сите сме ние сирови цепаници,
додека не се пронајдеме во некого.

Не прекинувај ме!
Баш сакав да ти кажам,

дека те сакам...





Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 02:32


Те читав многу страници наназат.........генијалка си станала
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.