IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 55>
Автор
Порака Обратен редослед
vkk Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vkk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 12:55
napishete nesto sto mislite vie ne samo statii od vesnici ili od net
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 12:38
Лотус ќе оди со проверени имиња



Претседателот на Лотус, Тони Фернандес објави дека сака својот Ф1 тим да го изгради околу искусни возачи и стабилен тимски шеф. Брендот, кој всушност е повратник во Формула 1 минатата недела беше официјално промовиран како нов натпреварувач, откако договори финансирање од малезиската влада. Фернандес, кој е претседател на авиокомпанијата ЕрАзија, беше првично поставен за тимски шеф, но вели дека пред почетокот на сезоната ќе му ја препушти палката на искусен човек, кој ќе биде вистинскиот лидер на тимот.

- Мојата позицијата на тимски шеф нема да биде постојана. Ќе го донесам тимот до одреден стадиум, а потоа некој ќе биде тимски шеф постојано. Мојата работа е ЕрАзија и сакам да сум сигурен дека Лотус ќе се движи во вистинската насока, ќе има вистинска слика и иднина, добра стратегија и маркетинг. Мислам дека до Мелбурн ќе се повлечам, можеби, ќе уживам во улогата на тимски шеф неколку трки, а потоа ќе му го отстапам местото на некој друг, - вели привремениот тимски шеф за Ројтерс.

Иако Малезиецот изјави дека лично посакуваа да има сонародник во тимот, сепак одлучено е да се оди со искусни индивидуи кои имаат многу трки зад себе. На изјавата на Фернандес се надоврза и малезискиот премиер, кој објави дека шест локални и интернационални возачи се во нивниот список на кандидати, без да прецизира конкретно кои имиња се на списокот. Се очекува имињата на двајцата возачи да бидат објавени до крајот на месец октомври.

- Мојот личен став е дека треба да одиме со некој со многу искуство, кој е на крајот на кариерата, кој ќе допринесе за развојот на болидот. Најзначајно е да го имаме вистинскиот човек кој може да ги пренесе знаењето и успешната тимска работа. Нема логика да поставиме човек кој сеуште не е подготвен, - додава Фернандес.

Она на што алудира сегашниот тимски шеф на новиот тим е можен договор со Рубенс Баричело, иако сепак во ниту една изјава не фигурира име на возач. Сепак, Бразилецот иако ги има најдобрите моменти во сезоната со Браун, не е сигурен за следната сезона со британскиот тим. Нико Розберг е споменат како можна алтернатива за Браун, а е поблиску до водечкиот тим, отколку до Мекларен, па според тоа се претпоставува дека Баричело е еден од шестмината на списокот. Дополнително, двајца ветерани кои ги исполнуваат критериумите на Лотус се Јарно Трули и Ник Хајдфелд. Првиот е поврзан со прекин на соработката со Тојота, а Германецот Хајдфелд веројатно ќе остане без седиште откако БМВ Заубер ја изгуби лиценцата за настап во 2010 година и го продаде тимот. Останатите возачи на листата веројатно се млади талентирани надежи на Малезија, кои ќе мора да ја поминат школата пред Формула 1, а ќе бидат обучувани за евентуални понатамошни ангажмани.

Од маркетиншки аспект, Фернандес очекува малезиски спонзор, односно трансфер на нафтениот магнат Петронас од досегашниот тим БМВ Заубер чии настапи завршуваат на крајот на 2009 сезона. Дополнително, иако сега седиштето на тимот се наоѓа во Норфолк, САД, се очекува понатамошен трансфер во нови објекти крај патеката Сепанг, близу Куала Лумпур. Фернандес потврди и дека очекува болидот со кој Лотус ќе настапи во 2010 година да биде комплетиран во јануари следната година, а во февруари оспособен за дебитирање на патеката.



Раиконен се враќа “дома”?



Според британскиот весник Мирор, кој се повикува на неименуван извор од Ф1 падокот, Кими Раиконен постигнал првичен договор со Мекларен за враќање во нивните редови. Финецот повторно би седнал во болидот на тимот од Вокинг во 2010 година, но претходно мора да постигне спогодба за раскин на постоечкиот договор со Ферари. Имено, при крајот на 2008 година беше објавено дека Раиконен и Ферари ја продолжиле верноста заклучно со 2010 сезона, со што на хартија во следната сезона тој е возач на болидите на црното коњче.

Веќе се шпекулираше дека откуп на договорот ќе има од страна на Ферари со тоа што би му исплатиле половина од договорената сума, а и самиот Раиконен одговори на провокацијата изјавувајќи дека има други тимови во поредокот кои би го прифатиле со насмевка. Дополнително, Мирор објави дека договорот на шампионот од 2007 за следната година е речиси 49 милиони долари. Оваа атмосфера само ги зголемува сомнежите дека Ферари ослободува седиште за двократниот шампион Фернандо Алонсо, кој во моментов е окупиран со “краш-гејт” аферата на неговиот Рено.

Што се однесува до второто седиште во Мекларен, ако сметаме дека Луис Хамилтон има обезбедено место во тимот, сè поизвесно е дека договорот на Хеики Ковалаинен нема да биде продолжен. Шпекулации постојат и во овој домен, исфрлајќи го Нико Розберг како најсериознен кандидат, по германска линија со Мерцедес. Оттука пак се надоврзуваат нови гласини, дека брендот од Штутгарт сака да ја раскине 15 годишната цврста врска со Мекларен, што дополнително ја компликува ситуацијата.

Инаку, Кими Раиконен помина пет сезони во Мекларен, во периодот од 2002-2006 година. Притоа, на 88 настапи забележа 9 победи, 10 пол-позиции и 35 подиуми, а на двапати ја освои вицешампионската титула. Најблизу до титулата во болидот на сребрените стрели беше во 2003, кога заостана само два бода зад шампионот Михаел Шумахер.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 00:50
FIA знаела за Renault !?



Светската автомобилистичка федерација FIA официјално објави дека на крајот од сезоната 2008 дознале за намерното излетување на Nelson Piquet Junior, на Големата награда на Сингапур.

Англискиот весник Daily Mirror објави статија во која истражна комисија од телото на FIA на 17 август 2008 го испрашува Nelson Piquet Senior за скандалот. Во интервјуто Piquet признва дека дознал од неговиот син за неговата идеја за намерно излетување, по што сето тоа му го признал и на комисијата, иако со голема доза на резервираност да не ја уништи кариерата на неговиот син.

Max Mosley минатиот викенд изјави дека покрај гласините, за официјалната истрага засега не кажува ништо освен дека истрагата е во тек и наредната недела ќе има сослушување.

И на крај доаѓа прашањето, зошто требаше Nelson Piquet Junior да го напушти Renault за да излезе скандалот на виделина? Дали ако тој останеше во тимот целата работа ке беше заташкана? И зошто FIA не реагираше ако целата приказна и беше позната?

motorsport.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 12:59
Маса се враќа на пистата во декември



Фелипе Маса признава дека се надева оти наскоро ќе се врати на пистата, односно кон крајот на оваа година.

Фелипе преживеа тежок инцидент на трката за Големата награда на Унгарија возена на пистата Спа каде што парче од болидот на Рубенс Баричело го погоди во пределот на главата по што со полна брзина болидот удри во заштитната ограда од гуми и вода крај патеката а тој заработи потрес на мозокот и повреда во пределот на окото.

Тој сака да се вклучи во картинг трките во родниот БРазил во текот на Декември и покрај тоа што до тогаш ќе помонат четири месеци од тешката повреда на главата, Бразилецот сеуште не знае дали ќе добие дозвола од медицинскиот тим за да седне зад волан и да се натпреварува.

„Се зависи од докторите. Доколку тие ми дозволат ќе се вклучам во картинг трките за издржливост во Бразил кои се одржуваат во Декември“, изјави Маса. „Ако зависи од мене до сега ќе се тркав. Проблемот е што во моментов треба да бидам предпазлив од причина што нов инцидент би бил голем ризик по моето здравје“, заврши Бразилецот.

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 04:38
Заубер се враќа на Ферари



Екипата Заубер по заминувањето на БМВ ќе користи мотори и менувачи на Ферари, доколку новите сопственици добијат право на настап со четиринаесетта лиценца, беше објавено од германскиот весник Шпорт билд.

Интересно е дека пред да биде купен од БМВ, Заубер користеше мотори на Ферари и беше своевиден младински тим на оваа фирма, бидејќи таму дебитираа и Кими Раиконен и Фелипе Маса. Ова ќе биде прв пат Ферари да прифати да испорачува и менувачи, бидејќи лани го одби таквото барање на Форс Индија, по што таа екипа се префрли на Мерцедес.

Германските медиуми шпекулираат дека швајцарскиот инвестициски фонд Квадбак платил 80 милиони евра за тимот. Претходно, Петер Заубер кој се надеваше на менаџерски откуп изјави дека БМВ барал 65 милиони, додека тој и неговите партнери биле подготвени да понудат 45 милиони. Според соопштението на баварската фирма објавено при потпишувањето на договорот, фондот претставувал извесни семејства од Блискиот Исток и Европа.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 19:36
Баричело: "Маса е мојата инспирација!"



Рубенс Баричело ја откри тајната на неговата добра форма во последно време. Популарниот Рубињо добивал совети од повредениот ас на Ферари Фелипе Маса во последните две трки. Маса е во аут откако беше удрен од пружина од болидот на Браун на својот добар пријател Баричело на квалификациите за Унгарското ГП.
"Отидов до неговиот дом пред трката во Валенсија и тој ми објасни како да се носам со патеката каде што лани доминираше и потоа победив. Тој исто така беше доминантен во Сингапур, така што добив совети и за таму", изјави Баричело за Газета Дело Спорт.



Изменето од Iron Man - 18.Септември.2009 во 04:35
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 03:30
Легендарниот Лотус се враќа во Формула 1!



Меѓународната федерација на автоспортови објави дека легендарниот британски Ф1 тим од Норфолк, Лотус сега во малезиско сопствеништво, е 13-от учесник на Формула 1 за 2010-та година.

Лотус, чии болиди своевремено ги возеа Грахам Хил, Емерсон Фитипалди, Нелсон Пике и Аиртон Сена, го напушти Ф1 шампионатот во 1994-та година, а сега повторно се враќа но со оживеан малезиски капитал во јавно-приватно партнерски односи.

Официјалното име на тимот ќе биде 1Малазија Ф1. Местото претстедател ќе го заземе Тони Фернандез, сопственикот на Ер Азија, додкеа тимот во спортски сегмент оперативно ќе го води Мајк Гаскојн, поранешниот оперативец на Форс Индија, Тојота, Рено и Џордан. Моторите ќе ги снабдува Косворт, а седиштето ќе се наоѓа во Сепанг, местото каде што се одржува ГН на Малезија во последните 11 години.

Лотус, или сега 1Малазија Ф1, така го зазеде испразнетото место настанато по лошиот тактички потег на БМВ Заубер. Германско-швајцарскиот тим најпрво го откажа настапот идната сезона со аргумент дека не е во можност да го потпише тригодишниот договор согласно Конкорд-договорот, според кој ФИА ги осигура односите соколективниот договор за тимовите-учесници.

Според тоа Заубер ги загуби и возачите и комерцијалните права, кој ги создаваше уште од 1993-та година, па остна само како новоформиран тим. Питер Заубер испрати дополнително барање за останување во Формула 1, но ФИА го одби истото отварајќи ги вратите за Лотус.

Но, сепак има утеха за Заубер: од ФИА потврдија дека тимот може повторно да влезе во конк*ренција доколку некој од 13-те тимови се откаже од шампионатот. Исто така, ФИЕА има во план да ги консултира истите 13 тимови за можно проширување на натпреварувањето на 14 тимови, односно 28 болиди/пилоти.

sportdenes.com


Изменето од Iron Man - 17.Септември.2009 во 03:31
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 03:21
Бриаторе и Симондс го напуштија Рено



Во пресрет на понеделничкото сослушување на екипата Рено пред Светскиот совет за моторспорт на ФИА, денеска француската екипа соопшти дека тимскиот шеф Флавио Бриаторе и директорот на инженерите Пат Симондс веќе не се во нивните редови.

Ова е епилогот на скандалот кој еволуираше последниве две трки, откако на крајот од јули отпуштениот возач Нелсон Пике јуниор поднесе пријава дека добил наредба од екипата да предизвика инцидент. Засегнатите во прв момент ги отфрлија оптужбите, а Бриаторе поднесе и приватна тужба против возачот и неговиот татко, за клевета и обид за уцена. Вчера беше соопштено дека ФИА му гарантирала имунитет на Симондс во замена за целосна изјава, по што се верува дека целата одговорност била натоварена на плеќите на Бриаторе.

- Екипата ИНГ Рено Ф1 нема да расправа за неодамнешните обвиненија од страна на ФИА за трката во Сингапур 2008 година. Истовремено, екипата сака да соопшти дека Флавио Бриаторе како менаџер на тимот и неговиот извршен директор на инженеринг Пат Симондс, заминаа од тимот. Пред сослушувањето во Париз на 21 септември, екипата нема да има натамошни коментари,- се вели во соопштението.

Реакциите по овој повод одат во насока на предвидување на реакцијата на ФИА и утврдување на степенот на вината за целата екипа. Според германската агенција ДПА, со ова екипата ефективно го признала местењето на резултатите. За англискиот Дејли телеграф, заминувањето на водечкото дуо треба да укаже дека нивните активности не треба да доведат во прашање 700 вработувања. Тајмс смета дека со ова Рено ја признал вината, но со испраќањето на конспираторите, всушност ја расчистил работата. Весникот Телеграф прашува дали одлуката била под притисок на Рено или е востановено дека нивните претходни изјави се невистинити.

Меѓу другите факти кои медиумите ги изнесуваат на виделина се и учеството на Рено во ГП2 серијата како снабдувач со мотори за сите возачи, при што непозната е улогата на Бриаторе поради фактот дека неговата десна рака Бруно Мишел е раководител на натпреварувањето. Дополнително, Берни Еклстоун има партнерски односи со Бриаторе во неколку бизниси, од кои јавноста најмногу знае за купувањето на фудбалскиот клуб Квинс Парк Ренџерс. Поранешниот сопственик на тим, Еди Џордан, кој сега е коментатор на Би-Би-Си, праша дали фудбалската федерација на Англија ќе му дозволи на Флавио да остане во лигата, имајќи го предвид овој скандал со местење, кој директно влијаел врз резултатите, а кој според него со денешниот чекор е признаен.

Од аспект на ФИА, денеска бил последниот ден за поднесување на документите за одбраната. Според Мозли, рангот на можни казни е широк и завршува со дисквалификација од првенството. Тоа е предвидено со Интернационалниот спортски код, а би можело да важи засекогаш.

Резултатите од сослушувањето в понеделник се очекуваат следниот ден.

Ова е втор случај годинава на заминување од спортот на личности со долгогодишни кариери во Формула 1. Претходно, спортскиот директор на Мекларен, Дејв Рајан, беше „жртвено јагне“ во скандалот со лажната изјава на Хамилтон пред стјуардите на трката во Австралија.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 03:53
Физикела во Ферари: Најглупиот потег сезонава?



Џанкарло Физикела возеше скоро две години за Форс Индија и токму кога тимот конечно стигна до самиот врв, италијанецот го напушти и си замина во Ферари каде има големи маки. Дали воопшто му требаше тоа?

На Големата награда на Белгија Физикела ги одушеви љубителите на Ф1 со прекрасното возење зад воланот на Форс Индија и со второто место на трката, на која многу лесно можеше и да победи.

Оствари и „пол-позиција“, и тоа навистина беше голем подвиг на индискиот тим, кој моментално го поседува еден од најбрзите болиди во натпреварувањето.

Но, Џанкарло Физикела повеќе не вози за Форс Индија. Италијанцот по Спа одлучи да премине меѓу „црвените“ и до крајот на сезоната да вози за Ферари, иако на располагање имаше „бел“ болид со кој можеше да се бори дури и за победа.

Самиот Физикела вели дека со преоѓањето во италијанскиот тим го остварил својот животен сон, што е убаво, но сигурно не се надевал дека ќе бите толку поспор од својот поранешен колега.

Во Монца беше само малку подобар од отпишаниот Бадоер: на тренингот го зазеде 14-то место, на трката деветтото. Неговиот поранешен тимски колега Сутил, кој стартуваше од втората позиција, никако не можеше да го следи, па ниту Витантониј Лиуци, човекот кој го замени во Форс Индија. Исто така и Кими Раиконен му одржа лекција на трката во Монца.

Иако вели дека не жали поради овој трансфер без оглед на се, мора да кажеме дека преоѓањето на Физикела во Ферари несомнено не беше претерано паметен потег: ретки се возачите кои од еден тим преоѓаат во друг за време на сезоната, а уште поретко од побрз во поспор болид.

Да потпишеше повеќегодишен договор со тимот од Маранело некако ќе беше оправдан неговиот потег, но до крајот на сезоната нема да стигне ниту да се навикне на новиот болид, а потоа повеќе нема да има шанса да вози.

Што е најсмешно за некои, а најтрагично за него, токму поради тој потег би можел потполно да го загуби местото во Ф1 идната сезона и до крајот на кариерата да остане само еден обичен тествозач, исто како Бадоер...

Па, Физикела.... ?

sportdenes.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 01:50
Монтеѕемоло: "Алонсо еден ден ќе дојде во Ферари"



Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, вели дека Фернандо Алонсо порано или подоцна ќе вози за италијанскиот тим, но посочи дека тоа може нема да се случи во 2010. Возачот на Рено е поврзуван со трансфер во Скудерија подолго време, а шпекулациите станаа посилни откако шпанскиот банкарски гигант Сантандер, личен спонзор на Алонсо, потпиша петгодишен договор со Ферари.
"Порано или подоцна ќе го донесам Алонсо во Ферари. Ќе видиме кога. За следната година ги имаме Раиконен, Маса, Физикела, Бадоер, Хене, а се надевам и Михаел Шумахер, така што имаме 'клупа' како Реал Мадрид. Имаме двајца големи шампиони со Кими од 2007 и со Маса од 2008, кој беше 15 секунди шампион лани. Секогаш сум го сакал Алонсо, бидејќи тој е одличен возач, и го забележавме кога беше во Минарди. Како што секогаш велам, сите големи возачи доаѓаат во Ферари. Пред трката во Имола, Аиртон Сена ми кажа дека ќе ја заврши кариерата во Ферари. Прост, Лауда, Менсел, Михаел... Животот е долг, така што и тоа ќе се случи", изјави Монтеѕемоло во Монца.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 03:27
Mercedes ке купи дел од Brawn GP



Портпаролот на Mercedes одби да коментира за гласините кои се шират дека Германскиот производител има намера да купи дел од тимот на Brаwn GP. Британскиот весник Daily Telegraph пренесе дека Mercedes-Benz дефинитивно не се откажува од McLaren, но останува заинтересиран за да стане партнер со поранешниот Honda тим, годинава наречен Brаwn GP.

"Наше правило е да не ги коментираме гласините кои што се шират и сакам да нагласам дека Mercedes веќе е сопственик на 40% од акциите и има долгорочен договор со McLaren," изјавува портпаролот.

Nick Fry извршниот директор на Brawn минатиот месец изјави дека производителот на автомобили ке го продаде својот дел од McLaren и ке се префрли во Brawn GP како главен инвеститор.

"Никогаш не сум слушнал дека Mercedes е незадоволен од McLaren и шансите оваа прогноза да се оствари се минимални," изјавува портпаролот на Mercedes.

Fry објавува дека Brawn ја има обезбедено поддршката од инвеститорите за наредните неколку години, но сеуште не се спремни да ги објават детаљите.

"Имаме потпишано договори со неколку големи инвеститори, и тие ке дојдат и ке ги дознаете на прикажувањето на болидот за наредната сезона," додава Fry.

Весникот Daily Telegraph исто додава дека Mercedes има соработка со Red Bull и доколку таа соработка се оствари можно е Red Bull да вози мотори од Mercedes, а за возврат трокраката ѕвезда што ја има производителот да се најде на носот на болидот од Red Bull. Исто така напоменува дека Red Bull е на чекор до откажување на договорот со Renault и барање на потенцијален партнер за снабдување со мотори. Mercedes е еден од најпосакуваните.

Засега McLaren, Brawn и Force India се сигурни дека ке користат Mercedes мотор наредната сезона.

motorsport.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 01:37
Розберг се сели во Мекларен?



Според најтиражниот германски весник “Билд“, Нико Розберг е блиску до трансфер во Мекларен Мерцедес.

Тимот, чиј технички партнер преферира да има германски возач, покажува интерес за Розберг веќе подолго време и шпекулациите за можен трансфер на Германецот во тимот од Вокинг беа само подгреани од изјавата на Мартин Витмарш околу статусот на Хајки Ковалаинен.



Минатиот месец, шефот на тимот на Мекларен изјави:

- “Не сме во преговори со други возачи во моментов, но точно е дека ја немаме потврдено нашата возачка двојка за идната сезона. Сите ние сакаме да видиме подобри резултати од Хајки во трките и тоа ќе му овозможи да остане со нас“



И покрај фактот дека Ковалаинен освои бодови на последните четири трки, “Билд“ е уверен дека Розберг ќе се пресели во Мекларен. Во Спа тој изјави дека има “одлични опции“ за наредната сезона и дека сака во наредните две три недели веќе да го има обезбедено договорот.

koli.com.mk
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 12:27
Физи ќе се трка со Ферари во Монца, во 2010 ќе биде тест-возач!

Џанкарло Физикела ќе биде втор возач на Ферари од Италијанското ГП откако беше ослободен од неговиот договор со тимот на Форс Индија во четвртокот. По неколку дена шпекулации за тоа кој ќе вози покрај Кими Раиконен по повредата на Фелипе Маса и слабите резултати на тестерот Лука Бадоер, Форс Индија потврдија дека Физикела ќе вози за Ферари, додавајќи дека преговорите почнале кога станало јасно дека Маса е во аут цела сезона.

"Џанкарло и неговиот менаџерски тим дојдоа кај мене во средата со предлогот на Ферари. За секој италијански возач, вклучувајќи го и Џанкарло, место во Ферари е остварување на сонот. Никој не смее да го спречи тоа. Покрај тоа договорот ќе му обезбеди на Џанкарло иднина во Ферари и би било не-фер ние да пречиме во тоа, посебно бидејќи Физикела направи многу за Форс Индија", изјави сопственикот на тимот, Виџај Малја.

Според шпекулациите, Форс Индија има долгови кон Ферари по договорот за снабдување со мотори кој заврши минатата година, но Малја вели дека комерцијалните фактори немаат врска во одлуката.

"Немавме никаков финансиски договор со Ферари. Договорот е направен како знак на добра волја и за доброто на Џанкарло и на спортот. Конк*рентен возач во Ферари за Монца е позитивна приказна за Ф1", додава Малја.

НА ФИЗИКЕЛА УШТЕ НЕ МУ СЕ ВЕРУВА

Физикела пак вели дека не му се верува како неговиот живот е трансформиранво последната недела. Зборувајќи во Маранело по состанокот со шефот на Скудерија, Стефано Доменикали, Физикела беше пресреќен од пресвртот, кој доаѓа скоро 14 години откако тестираше Ферари 412 Т2 на 27 септември 1995 година во Фиорано.

"Јас сум на седмо небо! Се уште не ми се верува дека ми се оствари животниот сон и затоа сакам да се заблагодарам на Ферари и на претседателот Лука Ди Монтеѕемоло. Во текот на оваа недела се случија неверојатни работи - пол-позицијата и второто место во Спа, а сега ќе возам за Ферари во Монца!", изјави Физикела.

Промоцијата на Физи доаѓа на сметка на Лука Бадоер, кој заврши последен на двете трки со тимот.

"Сакам да кажам дека навистина ми е жал за Лука. Знам колку тој сакаше да се трка во Монца со Ферари, бидејќи тоа е најдоброто нешто што може да му се случи на Италијанец - со црвен болид пред домашните фанови", додава Физикела.

Покрај тркањето во последните пет трки од 2009, Ферари открија дека Физикела ќе остане во тимот и во 2010 како резервен возач, со што се става крај на тркачката кариера по дури 14 сезони.


Маса бил лут за сударот на Пике во Сингапур

Фелипе Маса се сомневал дека сударот на Нелсон Пике во Сингапур минатата година бил намерен и го конфронтирал Флавио Бриаторе лично, тврдат бразилските медиуми. Рено е под истрага за наводното местење на сударот на Пике, со кој се помогна на Фернандо Алонсо да победи на трката, и првите сомнежи беа дека ваквите обвинувања доаѓаат од Пике и неговиот познат татко, трикратниот светски шампион со исто име.

"Неодамна разговарав со Фелипе Маса и тој ми го кажа тоа. Фелипе самиот бил кај Бриаторе и му кажал дека 'сударот не е во ред бидејќи ти го направи'", тврди коментаторот на Бразилската ТВ Глобо,Режиналдо Леме.


Хамилтон уште мисли на титулата?

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон не се откажал од надежта за одбрана на круната и покрај тоа што заостанува зад Џенсон Батон (Браун) со 45 поени на само 5 трки пред крајот.

"Последните две сезони бев блиску до титулата се до последната трка од шампионатот, така што сега е малку поинаку. Се уште одам на секој поен кој можам да го добијам. Знам дека звучи лудо, но нема да заборавам на титулата се додека не сум математички надвор до можноста", вели 24-годишниот возач на Мекларен.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 03:29
Аферата ќе го избрка Рено?



По избивањето на мега скандалот со наводната наредба до Нелсон Пике да предизвика инцидент на првата ноќна трка во Сингапур минатата година, се засилуваат шпекулациите дека Рено ќе го продаде својот тим.

Француската компанија пред еден месец го потпиша новиот Конкорд договор, со кој се регулираат правата меѓу учесниците и организаторите, гарантирајќи го учеството во светското првенство до 2012 година. Но, истовремено почнаа да циркулираат и гласините дека рускиот бизнисмен Алишер Усманов, сопственик на мобилниот оператор „Мегафон – Северен Кавказ“. Оваа компанија стана партнер на екипата почнувајќи од трката за Големата награда на Турција, во јуни оваа година.

- Голема привилегија е да стане партнер на една од светски најпознатите тркачки екипи. Нашата матична компанија Мегафон секогаш активно го поддржува развојот за подобар спорт. Веќе неколку годин МегаФон го спонзорира националниот тим на Русија во фудбал и хокеј, а во почетокот на годинава стана и партнер на Зимски олимписки игри, што ќе се одржат во Сочи, во 2014 година,- изјави во таа пригода извршниот директор МегаФон – Северен Кавказ, Андреј Крајник, пренесено низ официјалното соопштение за потпишување на соработката во јуни.

Се шпекулира дека нивна цел е да му обезбедат седиште во конк*рентен тим на Виталиј Петров, актуелен возач во ГП2 серијата. Гласините се реактивираа откако бразилската телевизија ја актуелизираше изјавата на Нелсон Пике дека намерно излетал на трката во Сингапур, за да предизвика излегување на возилото за безбедност кое одговарало на стратегијата на тимот за Фернандо Алонсо, кој изненадувачки победи во трката на која стартуваше од 15 место. Коментирајќи го скандалот, промоторот на Формула 1, Берни Еклстоун, призна дека заминувањето на француската екипа сега е поверојатно.

- Аферата не е работа која ни е потребна во моментов. Мислам дека само ќе го изнервираат Рено, по што следи опасноста дека ќе го напуштат спортот. Се надевам дека тоа нема да се случи, но такви нешта се возможни,- изјави Берни за Тајмс.

Главниот осомничен, Флавио Бриаторе, кој беше посочен од Пике како единствен одговорен за неговиот раскин на договорот со француската екипа, како и дека не покажувал грижа за неговата натамошна кариера.

- Се што знам е дека Флавио инсистира дека не знае ништо за ова. Мислам дека ФИА ќе ги проверува сите, ќе се обидат да ја востановат вистината. Претпоставувам дека ќе бидат вознемирени ако најдат дека она што луѓето го зборуваат е вистина, дека е факт. Единствен начин на кој што може да се направи случај е да се има вистински доказ. Ако тоа е само поради тоа што младиот Пике тоа сакал да го каже, е една работа. Од друга страна, ако е реално, тоа е нешто поинаку. Ќе биде тешко да се докаже. Ако постои снимка од тимското радио во која се вели „Нелсон, подобро е сега да излеташ“, тогаш што по ѓаволите може некој да направи? Се зависи од тоа што ќе се открие со истрагата,- анализира Еклстоун предупредувајќи го понатаму и Пике дека сега е во непријатана ситуација.

Во одбрана на Рено застана и Дејвид Култхард, кој во својата колумна за весникот Телеграф напиша дека не ја „купува“ оваа приказна.

- Не е премногу тешко да се сосздаде несреќа со удирање во бариера, како што се случи во Сингапур. Но, приказната е многу поинаква. За да може доволно долго на патеката да остане возилото за безбедност, треба да се најде место каде што редарите немаат можност да го отстранат болидот доволно брзо. За такво нешто, се бара соучешништво на повеќе луѓе. Единствениот доказ би можел да биде од радио комуникацијата, а таа е достапна за ФИА. Некој одамна би промрморел за тоа, па затоа јас не верувам,- напиша поранешниот возач на Вилијамс, Мекларен и Ред Бул.

f1almanah.com
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.