IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Александар III Македонски
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Александар III Македонски

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 47>
Автор
Порака Обратен редослед
Logos Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 67
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Logos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 18:29
„ЈАС СВЕТОТ ГО ОСВОЈУВАМ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ“- малку иронично ако се знае дека истите тие македонци(се мисли на неговите ганерали)се виновници за ситематскиот распад на империјата и на крајот нејзино потполно паѓање.

но па од друга страна колку визионерско ако се знае дека по неговата смрт,дотогаш освоените територи биле поделени меѓу македонските генарали кои сепак ги представувале македонците.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 19:21


Aleksndar i Avgust od 1568g.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 18:24
falanga2Армијата на најисклучителниот државник и најголемиот војсководец на стариот век и на сите други времиња Александар III Македонски (356 - 323 г.п.н.е.) - цар на Македонците од 336 до 323 г.п.н.е. и најлегендарна личност на изминатите илјадолетија која е присутна во литературите на повеќе од 80 народи на светот од Англија до Малајскиот Полуостров.

Оваа најславна македонска епопеја од времето на Филип II Македонски (382 - 336 г.п.н.е.) и Александар III Македонски, која неизбришливо го прослави името на Македонија и на Македонците, и ден-денес е меѓник на вечноста и со својот трновит, но блескав пат н& зрачи надеж и светлина за сите што се и што се чувствуваат Македонци.

alexander-the-great-2Уште во 337 г.п.н.е. Филип II Македонски, по блескавата победа кај Херонеја во 338 г.п.н.е., успеал да ги натера сите градови - државички од Атика до Пелопонез, освен Спарта, да ја признаат хегемонијата на Македонија, но најмудриот маж на античкиот свет никогаш не дозволил тие да станат некој конститутивен елемент на Македонската држава, односно на Македонската Империја. По неговото коварно (лукаво) убиство во 336 г.п.н.е. за време на големите свечености во Еге - најсветото место за погребување на сите македонски цареви, неговиот син Александар III Македонски најенергично интервенирал против сите суети на таканаречените елински градови - државички, а особено на Теба, која ја уништил до темел, како и против сите обиди на Тракијците, Трибалите, Гетите или Гитите, Илирите, Скитите итн. штитејќи го интегритетот на македонската власт и зацврстувајќи го престолот на Македонското Царство во Пела.

Овој македонски великан и великан на сите слободољубиви и мирољубиви народи на светот ни ја остави неуништливата филозофија на космополитизмот, т.е. на зближувањето на народите, митологиите, културите, боговите, религиите., а во интерес на расцутот и распространетоста на македонската и македонистичката цивилизација, која денес се јавува како супстрат на најразвиените култури и цивилизации на светот.
Alexander_the_Great
По завршувањето  на универзитетот во Стагира, со извонредни знаења од Аристотел и со својата неизмерна генијалност, итрина, умност и стратегиска даровитост во текот на зимата 335-334 г.п.н.е. создал најмодерна војска во светот, присобрал сојузници, наемници, подготвувал бродови и се запознавал со военото дело и војувањето. И покрај тешката финансиска состојба во која што се нашол со долг од 1300 таланти, бидејќи сите финансиски средства ги вложил во оружените сили, Александар III Македонски создал најголема и најквалитетна војска во повеќеи илјадолетното постоење на Македонија и Македонците. Македонската војска во времето на генијалниот војсководец Александар III Македонски имала севозможни тактички квалитети и во споредба со европските и со сите други противници на азиските војувања, таа и во тактичка и во оперативна смисла била изразито најнадмоќна, непобедлива. Па затоа, оставајќи го искусниот Филипов генерал Антипатар со 12.000 пешадијци и 1.500 коњаници да ја чува Македонската држава со престолнина во Пела, пролетта 334 г.п.н.е. Александар III Македонски со 30.000 пешадијци (19.000 тешки, 9.000 средни и 2.000 лесни) и околу 5.200 коњаници (3.400 тешки и 1.800 лесни) го преминал Елеспонт или Хелеспонт (Дарданелите) со околу 160 триреми и многубројни трговски бродови, се истоварил од Македонскиот Полуостров во Мала Азија и тргнал да го спознае светот, барајќи го крајот на светот, освојувајќи ја Мала Азија, Сирија, Египет и Персија, стигнувајќи до Инд и создавајќи Македонска Империја со територија од 3,8 милиони квадратни километри, расселувајќи околу 1.000.000 луѓе од Македонија и Македонскиот Полуостров во новоизградените околу 80 Александрии во кои го засеа семето на македонската традиционална култура и македонистичката цивилизација. Доблеста да се избори да биде признат како ненадминлив, најголем во редот на најголемите војсководци на светот ја здобил со храброст, знаење и ненадминлива генијалност на стратег во такви битки како оние кај реката Граник во 334 г.п.н.е., кај Ис во 333 г.п.н.е. и кај селото Гавгамела во 331 г.п.н.е., применувајќи иста генијална “тактика на коса формација” извојувал блескави победи над помногубројната персиска војска на Дариј III Кодоман (335-330 г.п.н.е.).

Методична и уништувачка стратегија

Воените аналитичари тврдат дека Аленсандар III Македонски е претставник на методичната и уништувачка стратегија; во областа на тактиката користел содејство на коњаницата и пешадијата - непобедливата македонска фаланга, а неговиот македонски војнички гениј се засновал најмалку на 13.000 години континуирана писмена традиција на македонската цивилизација, на извонредно широка македонска општа култура, која му овозможува да биде и стратег, и филозоф, и лекар, и научник, и градител, и дипломат, и државник, и истражувач, и освојувач, и визионер. При сиот космополитизам, генијалниот државник и војсководец, Александар III Македонски, секогаш се чувствувал Македонец и, како што тврдат изворите, некаде кај Хирканија пред елитните македонски корпуси од 20.000 пешадија и 3.000 коњаница тој изјавил:
ЈАС СВЕТОТ ГО ОСВОЈУВАМ ЗА МОИТЕ МАКЕДОНЦИ
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 16:51
Во Александрија, Птоломеј ја воспоставил новата македонска династија. Таму тој се зафатил со изградба на библиотека и повторно го вовел македонскиот систем на владеење, со македонскиот јазик како официјален јазик во царството. Македонскиот јазик станал јазик на трговците, дворците и наследниците, кои се стремеле да стануваат владетели на одделни кралства во евроазиската империја.
Набргу потоа дошло до неизбежни промени меѓу луѓето верни на Александар. Придружниците и гардистите, раштркани низ новото владеење, се издигнале на власт како благородници со сопствени права. Тие ја вратиле професионалната војска и системот кој го научиле од Александар. Така светската евроазиска империја се поделила на четири делови: Македонија, Мала Азија под Антигон, Египет под Птоломеј и Сирија до Хиндокуш под Селеукидите, слободна Ерменија и независното кралство на Евреите.
Сe тоа било поврзано со заедничка македонска култура во тогашниот таканаречен македонски свет.
Таа нова движечка сила по градовите и кралствата ги терало луѓето да бараат нови вредности и зачекорување на новите апостоли кон новата универзална религија - Рисјанството и не само таа.
Бранот на селење кон Исток, кој го започнал Александар, мора да се поврзе со неговата мисионерска улога. При тоа, мора да се смета за еден од најуспешните истражувачи бидејќи покрај ослободителната мисија, тоа биле патувања на кои се вршеле географски откритија.
Неговите истражувачи откриле нови земји и мориња, нови видови животни и растенија. Тие ја откриле внатрешноста на Персија, Индија, Персискиот залив и Индискиот Океан. Македонските трговци сe повеќе се движеле по караванските патишта, кон внатрешните пазари на Азија, за да разменуваат производи од Исток и Запад.
Александар се сметал за еден од најмоќните светски владетели и државници во светската историја, меѓу другото и заради успешното меѓусебно поврзување на Истокот и Западот. Второ, македонската уметност преку јазикот, обичаите, уметноста и науката ги пренел на Исток.
На Македонската култура и` ја вратил светската слава, а македонскиот јазик повторно станал светски јазик.
Доказите се среќаваат и денес од Индија па сe до Кина.
Градби кои сведочат дека македонските учители на тогашните уметници биле познати во светската империја на Александар, која се протегала од долна Италија преку Египет и подалеку во внатрешноста на Азија. Во целата империја владеел македонскиот начин на живеење и културниот дух на Александар.
Александар сакал да им послужи на Македонците како пример. Тој имал благородно однесување и изглед и ги победувал (освојувал) луѓето со неговите човекови, научни и воени постапки.
Со храброст, знаење, логика, демократија, слобода и човекови права го возобновил македонското царство. По големите напори тој не знаел за замор; самиот лично се грижел за повредените и давал наредби за грижа за нив. Не е никакво чудо што истражувачите и војниците го сакале како идол.
Во секоја тешка ситуација царот владеел со сигурен поглед. Знаел да избере точно време за секоја работа. Благодарение на неговиот несекојдневен талент тој успеал да ослободи голем дел од тогаш познатиот свет.
Тој одел спроти сонцето барајќи ја вечноста.
Светите патишта му шепотеле за илјадагодишните македонски мудрости, а бескрајните земни и водени пространства се отворале пред неговите воодушевени погледи.
Знаењето, логиката и храброста биле негови водители. Тие му ги отворале светите порти на откровенијата и ја уништувале грижата, стравот и тагата.
Неосвестените му се поклонувале, а останатите му ја осветлувале победата и среќата.
Со сe она што го направил и што имал намера да направи Александар Македонецот покажал дека се издигнал над своето време, па не е ни чудо што со векови им бил инспирација на уметниците, писателите и на скулпторите во разни средини и епохи.
Александар, кој бил сe во едно и кој го остварил херојскиот сон на Македонците, бил инкарнација на млад Бог, голем ученик на големиот Аристотел. Тој бил цар над царевите, во негово време градовите доживеале најголем процут.
Во духовен и економски поглед македонизмот доживеал најголем подем.
Персиско-медиското кралство под Селеукидите и египетското кралство под Птоломеј доживеале голем културен подем под македонска управа. Благодарение на непроценливите папируси ние знаеме за сите поединости од времето на Птоломеј.
Со производството се развила трговијата и се пружиле големи можности во мала Азија со нејзините градови Ефес и Милет.
Македонија цветала.
Пела и Вавилон биле средишни трговски точки и централни престолнини на македонскиот свет. Епик*р и Зенон ги поставиле темелите на големите филозофски школи.
Учењето на Стоа, како и на подоцнежните Киникијци, било сосема космополитско.
Македонскиот дух се гледал во ориенталните култови и мисла, во астрологијата, во славењето на анадолиската "голема мајка".
Размените со Персија и Индија биле поголеми. Постоела македонско-сириска, македонско-персиска, македонско-египетска, македонско-бактриска и македонско-индиска култура, кои биле силно поттикнувани од двете страни.
Од светско значење останува следното: македонскиот дух ја зачувал својата оригинална форма; културното мешање било најсилно со персиската култура; хуманистичката мисла под влијание на Стоа во македонскиот свет се проширила и имала македонско ориентален карактер; преку неа се вршело обид да се помират постојните раси и мешани народи, конфликтите и тешкотиите, за да се рашири убедувањето дека заедништвото е посилно отколку убивањето, дека тоа е заедничка вредност за неслободните, робовите и варварите. Таквиот идеал овозможил севкупен развој на науките и уметностите.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 16:48
Пак бегаш од темата - те молам бес персонификација,кој што е ти неможеш да знаеш само претпоставувашнамигнување
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

anticka-drama-1Под ѕвезденото небо над Стоби, во духот и мистеријата на древното минато, и пред преполнетото гледалиште, синоќа повторно се случи тоа, оживеа стариот антички град, со осмото издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2009“.

На сцената синоќа воскресна ликот на Александар Македонски.

Тој, учителот Аристотел, неговата мајка Олимпија, војсководецот Птоломеј и побратимот Клит, ги разбудија духовите на минатото, повторно ги раздвижија   злите јазици, но не ги оставија рамнодушни сите оние кои дојдоа да ја проследат претставата.

anticka-drama-2Режисерот Љубиша Ѓорѓиевски, пред многубројната публика го соголи ликот на Александар и ја отвори дилемата кој всушност бил големиот војсководец. Предизвик да ја одигра улогата на Александар беше за актерот Дејан Лилиќ.

„Морам да признаам дека сум исклучително возбуден оти прв пат играм во Стоби . Осум години трае фестивалот а јас прв пат играм овде токму на отворањето и  токму со оваа престава така да се поклопија ѕвездите ... не можам да ви објаснам со зборови тоа може само да се почувствува. Имав огромна одговорност и одгромна трема   и огромно задоволство и навистина мислам дека излезе добра претстава“, рече Лилиќ.

Животниот пат на Александар не го остави рамнодушен  ниту брачниот пар од Хрватска.

„Дојдовме да го посетиме Стоби, кога разбравме дека ќе има претстава останавме да ја гледаме. Воодушевен сум".

„Јас немам зборови да го опишам чувството кое го доживеав за овие два часа што изминаа. Прекрасно. Прв пат гледам претстава во антички театар. Кај нас во Хрватска нема таков".

anticka-drama-3Театарската завеса на сцената во Стоби во среда ќе ја дигне националниот младински театар од Ереван Ерменија со претставата „Нерон и Сенека".Потоа следуваат претставите „Феничанки" во изведба на струмичкиот театар, „Птици" на велешкиот и грчката „Електра Перпетратор".

Завесата ќе ја спушти прилепскиот театар со претставата „Тапани во ноќта".

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 16:44
anticka-drama-1Под ѕвезденото небо над Стоби, во духот и мистеријата на древното минато, и пред преполнетото гледалиште, синоќа повторно се случи тоа, оживеа стариот антички град, со осмото издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2009“.

На сцената синоќа воскресна ликот на Александар Македонски.

Тој, учителот Аристотел, неговата мајка Олимпија, војсководецот Птоломеј и побратимот Клит, ги разбудија духовите на минатото, повторно ги раздвижија   злите јазици, но не ги оставија рамнодушни сите оние кои дојдоа да ја проследат претставата.

anticka-drama-2Режисерот Љубиша Ѓорѓиевски, пред многубројната публика го соголи ликот на Александар и ја отвори дилемата кој всушност бил големиот војсководец. Предизвик да ја одигра улогата на Александар беше за актерот Дејан Лилиќ.

„Морам да признаам дека сум исклучително возбуден оти прв пат играм во Стоби . Осум години трае фестивалот а јас прв пат играм овде токму на отворањето и  токму со оваа престава така да се поклопија ѕвездите ... не можам да ви објаснам со зборови тоа може само да се почувствува. Имав огромна одговорност и одгромна трема   и огромно задоволство и навистина мислам дека излезе добра претстава“, рече Лилиќ.

Животниот пат на Александар не го остави рамнодушен  ниту брачниот пар од Хрватска.

„Дојдовме да го посетиме Стоби, кога разбравме дека ќе има претстава останавме да ја гледаме. Воодушевен сум".

„Јас немам зборови да го опишам чувството кое го доживеав за овие два часа што изминаа. Прекрасно. Прв пат гледам претстава во антички театар. Кај нас во Хрватска нема таков".

anticka-drama-3Театарската завеса на сцената во Стоби во среда ќе ја дигне националниот младински театар од Ереван Ерменија со претставата „Нерон и Сенека".Потоа следуваат претставите „Феничанки" во изведба на струмичкиот театар, „Птици" на велешкиот и грчката „Електра Перпетратор".

Завесата ќе ја спушти прилепскиот театар со претставата „Тапани во ноќта".
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 14:46
По смртта на Филип II Македонски, на младиот Александар му е сосема јасно дека брзо ќе треба да ја докаже и покаже својата моќ. Демостен не пропуштил да искоментира дека „од момченцето не треба да се очекува ништо! Дека нема да мрдне од Македонија и дека ќе се шета низ Пела!“.

Самиот Демостен играл доста важна улога при побуната на Теба. Тој ја ширел информацијата дека Трибалите ја уништиле македонската војска, заедно со нејзиниот крал, и со него се појавил човек кој тврдел дека самиот тој бил ранет во битка, во која кралот погинал. Демостен ги мотивирал и подржувал полисите од Пелопонез, да со воена сила ги поддржат Тебанците.
По Александровата победа тој вели дека е спремен да им прости на Атинците, ако му ги предадат антимакедонските стратези, меѓу кои и Харидем, Лик*рг, Хиперид и Демостен. Во Собранието, поддршка на ова барање од страна на Фокион е проследена со громогласно „уа“, при што Демостен настапува со говор давајќи пример со басната со овците, кои ги предале своите кучиња на волкот.

Благодарение на Демад, Александар настапува попустливо благодарение на зборовите според кои Демостен и останатите се толку посрамени да нивниот збор не вреди ништо. По уништувањето на Теба на Демостен му се вади афера дека проневерил персиско злато за лична корист. Некои податоци говорат за тоа дека тој му платил на Демад за де тој го застапува кај Александар. Можеби, за ова говори фактот што по таа 335 година, однесувањето на Демостен кон Александар станува многу по попустливо, и секој пат кога требало граѓаните да бидат повикани на востание или отпор, тој изјавувал дека треба да се настапи претпазливо и да не им се помага ни на Спарта, ни на Милет. Тука се гледа разликата во неговото однесување и дејствување од периодот кога го напаѓал Филип и овој, во кој е амбивалентен.

Неговиот развој како политичар од сите страни бил строго оценуван.  Му префрлале за превртливост, недоследност, соработка со непријателот, па дури и за предавство, коментари кои воглавно биле злонамерни. Тешко дека Демостен може да биде карактеризиран како демагошки опортунист. Тој неретко заземал став спротивен од тој на народните маси, затоа што попрво сакал да биде груб и реален, отколку слаткоречив. Некои сметаат дека после големата вербална воинственост 335-та, тој станал малодушен.

Александар пред својот планиран поход кон Азија сакал да се осигура на домашен терен, па со себе зема воглавно грчка војска, а на Антипатар му ги препушта големите македонски одреди. Демостен останува претпазлив во своите ставови и коментари, и советува да не се поддржи Агис III, кој набргу ќе биде поразен и убиен. Александар за да ги придобие Атинци ги ослободува атинските војници заробени кај Граник, а ветува дека ќе го запали Персеполис, како одмазда за Акропол. 

Во случајот За Венецот, Демостен наоѓа добра можност да ги одбрани своите ставови за својата попустлива и превртлива политика, посебно околу не поддржувањето на Агис, како и можност да се конфронтира со Ајсхин околу нивните различни гледишта од претходно. Ајсхин, зборувал прв и во својот говор, го посочува Демостен за главен кривец за се, дури и неколку пати повторува: „Демостен и носи несреќа на Атина!“

Демостен при одбраната се поставува така што се претвора во обвинител и во Ајсхин го разоткрива предавникот кој ја предал Грција на Филип. Тој многу внимава да не признае дека тој етој кој ги туркал Грците во безнадежна битка, велејќи дека Филип сепак можел да биде потиснат и дека ниедна битка однапред не е позната. Пресудата со огромно мнозинство била на страната на Демостен, а Ајсхин дури морал да плати парична казна, по што посрамен решил да се исели и да замине на Родос каде што бил учител по реторика.

Што друго да се каже за Демостен освен дека во периодот на владеењето на Александар се трудел да го оствари тоа што го наумил, ослободување на грчките територии, но и да ја сочува својата глава. Неговата прагматичност функционирала се до моментите кога е затворен. По краток период успева да избега од не така строго чуваните атински затвори и да побегне во Тројзен. По смртта на Александар летото 323 година п.н.е. доаѓа до бунт кај Грците за нивно ослободување, а Демостен се враќа на голема врата со вратен углед, дури и народот гласа за негово враќање и му дава 50 таланти, за да се ослободи од својот долг. Бунтот не успева 321г. по многу борби, Грците се разбиени, главните водачи покорени или убиени, додека Демостен се крие на островот Калаурија, каде што пишувајќи го своето последно писмо, труејќи се со графит тој се самоубива.
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 19:45
Makedoncite se pelazgi ili ne Bugi a?голема%20насмевка
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 19:27
Не само тоа - по дури три востанија на Македонците против Римската империја Римјаните решаваат да ја поделат Македонија на три дела - од тука и поговорката “подели па владеј“ 
Кон врв
Logos Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 67
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Logos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 19:24
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Филип е од Македонско кралско семејство,ја превземал власта од брат му но Александар е дете од мешан брак - Македонско Епирски,повеке пати кажав дека доколку Власите се чувствуваат за наследници на Епирите тогаш може да го делат Александар како Македонско и Епирско дете но да се прогласи Александар Македонски за Влав е повеке од смешноголема%20насмевка

и јас се согласувам. уште во римско време државното уредување на империјата е следново:


     УРЕДУВАЊЕ НА ИМПЕРИЈАТА:Во времето на Константин територијата е поделена на :
     Префектури(неколку диецези)
     Диецези(поголем број на провинции)
     Провинции
     Источна префектура(praefektura praetorio per Orientem) се состои од: Египетска,Источна,Понтиска,Азиска и Трачка диецеза.
     Илирска префектура(praefektura praetorio per Illirica) Дачка и Македонска диецеза.
     Италијанска префектура(praefektura praetorio per Illirici Italia et Africae) Италија,латинска Африка,Далмација,Панонија,Нарик и Реција.
     Галска пефектура(praefektura praetorio per Galliarum) Британија и Иберскиот полуостров.
дачка и Македонска
повеќе и од јасно е дека се раликува Македонија од Дакија (денешна Романија населена меѓу друго и со Власи)
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 18:46
Без разлика тој е Македонец.

Еве за пр. како Македонците си ги обележуваат своите предци


Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 18:43
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Нема ништо Хеленско - барем така тврдат и Америчките професориЕве интересно интервјуhttp://www.americanchronicle.com/articles/view/94555





Нема ништо, грчко - данајско.


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 18:31
Нема ништо Хеленско - барем така тврдат и Америчките професори
Еве интересно интервју
http://www.americanchronicle.com/articles/view/94555
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 18:29
Филип е од Македонско кралско семејство,ја превземал власта од брат му но Александар е дете од мешан брак - Македонско Епирски,повеке пати кажав дека доколку Власите се чувствуваат за наследници на Епирите тогаш може да го делат Александар како Македонско и Епирско дете но да се прогласи Александар Македонски за Влав е повеке од смешноголема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 47>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.