|
Крштевање на мали деца? |
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Автор | ||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Тоа е така затоа што православните веруваат дека доколку едно бебе почине некрстено, тоа ќе оди во пеколот и затоа поп не го пее/чади (уште подобро ако мене ме прашуваш ). Тоа е така затоа што, според православието со крштевањето бебето се "мие од родителскиот грев".
Од друга страна пак Библијата не учи така.
Прво, како што можеш да прочиташ во мојот воведен коментар на почетната страна од оваа тема, крштевањето воопшто не е наменето за бебињата, туку за доволно возрасни луѓе кои го познаваат Христовото евангелие, се каат за своите гревови, веруваат во Исус Христос и донесуваат лична одлука (а не одлуката на кумот ) да го следат Христос и дури потоа се крштеваат.
Второ, точно е дека бебето наследува грешна и несовршена природа од своите родители, но не и осудата за гревот.
"Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност. " (Езекиел 18:20)
Имено, се додека бебето не почне да разликува добро од зло, додека не проработи совеста во него и додека не му се открие Божјиот Закон (барем некој дел од него) детето не е под осуда на гревот. Гревот е присутен во бебето, но е мртов и како таков нема сила да го осуди бебето за во пеколот.
"Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон. " (Римјаните 5:13)
"И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев." (Римјаните 7:9)
Доколку детето не ги познава Божјото учење и Божјите заповеди или пак неговата/нејзината совест сеуште не е доволно развиена, тоа не е виновно за нивното неисполнување или прекршување. Но доколку ги познава или пак неговата совест го убедува дека тоа што го прави е грев, тогаш нема изговор.
"Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев." (Исус Христос во ев. Јован 15:22)
"Зашто кога народите, кои немаат Закон, го исполнуваат - по природа - она што Законот го бара; тогаш тие се, немајќи Закон, сами за себе закон. Тие покажуваат дека делото на Законот е напишано во нивните срца, за што сведочат: нивната совест и нивните мисли, што меѓусебно се обвинуваат или се бранат,"
(Римјаните 2:15-16) Заклучок: Доколку бебето инцидентно почине, тоа оди дирекно во Божјите прегратки. без разлика кој каде ќе го закопа и безразлика на тоа дали некој поп ќе му врши некакви си метании врз него или не |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ова е класична КЛЕВЕТА. Црквата НИКОГАШ И НИКАДЕ не кажува дека некрстените деца ќе одат дирекно во пеколот. Тоа е така зашто Црквата уствари за НИКОГО не кажува дали ќе иде или нема да иде во пеколот или рајот.(освен за свесните самоубијци). Христовата Црква не се занимава со такви шпекулации,уште повеќе што правослaвните веруваат дека со молитвите на живите може да им се помогне на упокоените. Јас ги разбирам баптистиве кои не веруваат дека со своите молитви можат да им помогнат на упокоентите,па затоа и тие разработиле многу строги критериуми со кои живите "знаат" кој и дали се спасил или не. Во Христовата Црква не е така Така да дури и за закоравени грешници Црквата се моли и држи парастоси и помени и ги спомнува за време на литургијата. Тоа дали и кој ќе иде ваму или таму е само во Божји раце.(мислам ова "раце" го мислам фигуративно нели). Додека за свесните самоубијците е подруга работа.Тоа е грев против Светиот Дух и затоа нема заупокоена служба за самоубиецот не дека сега се занесувата "поповите" туку дека всушност ЗАЛУДНО е дури ако и 100 епископи ми служат на гробот. Но сепак на голем процет од самоубистава отпаѓаат случаи на нависта болни луѓе(од разни причини) кои го извршуват тој чин во состојба на поматеност на разумот(значи несвесно)затоа и се дава дозвола за упокоена служба ако се утврди дека тоа е таков случај. Изменето од ahmar1 - 14.Септември.2009 во 14:18 |
||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Уште на почетокот на самото твое изложување правиш несмасна грешка. Велиш дека СИТЕ библиски ЦРКВИ не го поддржувале ова учење. Па дај, те молам, објасни ми како може да има толку многу библиски цркви кога Светото Писмо вели дека една е Црквата?
Од кај го ископа ова дека е библиски став? Каде во Библијата пишува „децата не смеат да се крштеваат, децата не смеат во Христа да се облечат“ ? Каде? Ај останатото утре, ова ти е доволно за денеска да се помачиш да одговориш |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Evangelose ednashka se izgore koga te fativme kaj lazesh sega nekako pak natamu odish,,,,aj ti i tvoite prestanete si propaganda ni komunistite ne vi se ravni.
|
||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Леле, не сум ја видел оваа порака. Инаку и самиот знаеш дека не избегнувам одговор. Нема за што да се извинуваш за твоето прашање. Тоа си е во ред. Верувам дека, поради мојот тврдокорен атеистички став, претпоставуваш дека моите деца се некрстени. И да знаеш во право си. Имам ќерка (17) и син (14) и воопшто не сум помислил да ги задојувам, со било каква теолошка определба, па и со крстење. Што треба, да им наметнам на децата некое теолошко учење само поради тоа што е мое или затоа што е пошироко прифатено на овие простори? Не, во никој случај. Меѓутоа, за да не се сфати дека им го ограничувам правото да веруваат во бог (а во кој бог треба да ги терам да веруваат?) да кажам дека пред нив се библијата и неколку книги за христијанските заедници, талмудот, и неколку книги за Кришна (за жал го немам к*ранот), па според тоа имаат прилика да читаат од што сакаат и колку сакаат. Дури ги терам да читаат и им велам, читајте од се за да знаете, за да согледате што е добро а што не, за да не ве манипулираат разноразни свештеници (од било која вероисповед)! Е, кога ќе бидат способни самите да рассудуваат и свесно да донесуваат заклучоци (што немора да значи дека со 18 години тоа ќе се постигне), оставам на нив самите да си одлучат дали и која веросиповед ќе ја прифатат. Искрено, лично би сакал да бидат атеисти како мене, но ... кој ги знае за што ќе се одлучат. А да им го скратувам тоа право не сакам и неможам. Исто како што не сакам но и неможам да им го наметнам крштевањето (или сунеттисувањето)! Р.Ѕ. Нешто слично на ова пишав и на страна 4 од истава тема! Мислам дека си го прочитал! Изменето од Zlatnik - 14.Септември.2009 во 21:12 |
||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||
lviaquez
Нов член Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 21 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
^se soglasuvam
|
||||||
To advance a mile, we only have to take a step. If Tar doesn't exist, we can invent it.
|
||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Pozdrav i do tebe Zlatniku ! Jas mislev deka ti e nezgodno da odgovoris |
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Јас никаде не реков дека Црквата кажува такво нешто за бебињата. Јас реков дека православието учи така.
Православието учи дека со крштевањето бебето се ослободува од првородениот грев, а доколку не се крсти, тоа си умира со гревот.
Православието учи дека нема спасение надвор од православната црква. Православието учи дека со крштевање се станува член во православната црква.
Од сите овие тврдења, логички заклучок е дека доколку бебето не се крсти, според православието (а не според Црквата), бебето си умира со првородениот грев, надвор од православната црква каде што (според православието) нема спасение.
Оваа теза ја потврдиле и потврдуваат многу од православните членови тука на форумов, а доколку мислиш ти поинаку, тоа е само доказ дека не сте едномислени.
Туку, кога веќе се врати на темава, да продолжиме со тебе каде што застанавме:
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Лелеее, одамна вака не сум се смеела на твоите објаснувања
Барем тргнете го текстов од вашата баптистичка веб страна, затоа што само се резилите. Ајде по ред да видиме какви самотолкувања и кривотолкувања се изнесени овде:
Овој стих што си го изнел, нема никаква врска со она твое толкување за крштевањето на децата. Овде Евангелистот јасно кажува дека некои поверувале во Господа, а некои не. Тие што поверувале – се крстиле, а тие што не поверувале – не се крстиле. Овде не се спомнати ниту мажи, ниту жени, ниту деца, туку едноставно дава слика дека има и такви кои се противеле на учењето за Христос. Во еден стих во Светото Писмо се вели дека оние кои се крштеваат, во Христа се облекуваат, т.е. стануваат христијани. Кажи ми, кој фактор си ти за да им забрануваш на малите деца да станат христијани и да се облечат во Христовата благодат?
Како успеваш се’ погрешно да интерпретираш, махер си. Во овој стих апостолот го прашува Етиопјанинот дали верува од сето срце во Христа, затоа што тој бил друговерец, не Го познавал Господ Исус Христос. Прашањето поинаку претставено би гласело: Дали веруваш дека Христос е вистинскиот Бог и дали Го исповедаш како Таков, за да бидеш крстен?- разумно прашање за некој кој претходно верувал во нешто друго!
Чекај малку. Ти тврдиш дека оној кој не поверува, нема да биде спасен, т.е. децата затоа што не можат да поверуваат, нема да бидат спасени, а ги клеветиш православните христијани дека тоа го проповедале?
А бебињата за кој грев треба да се покајат? Затоа што се родиле? Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 03:55 |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Значи сепак испадна на крај краева дека клеветиш.
А тука е лукавштината.Ти правиш дистинкција меѓу Првославието и Црквата како нешто различно, а многу добро знаеш дека за правоверните тоа е едното исто.Ако може да помине да помине ако не..ама ја нисам одавде!
Брат ме загрижува што си во последно време си опседнат со содомити (и нивни веб-страни) и педофили. Не е за арно тоа а ниту па нешто спасително. |
||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ahmar1, мене ме загрижува тоа што 4 пати ти го поставувам тоа толку едноставно прашање, а твојата вера е толку слаба што ти 4 пати се плашиш да одговориш и го заобиколуваш тоа прашање. Да беше сигурен ти во својата вера, немаше да се резилиш тука избегнувајќи ги прашањата што ти ги поставуваме тука. Ти ми постави прашање (кое според мене беше надвор од темата), но јас храбро ти го одговорив. Сега јас ти поставувам прашање (кое според тебе можеби е надвор од темата), а ти 4 пати го избегнуваш и веројатно се молиш до некој светец таму да не ти го поставам уште еднаш |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Оф море златен... остај што умрела циганката да те фали, туку и се фалиш со нешто што не го исполнуваш? Па кога ќе ми одговориш на прашањата што ти ги имам поставено пред една година? p.s. и не заборавај да образложиш зошто упорно тврдиш дека децата што не поверувале во Словото и што не биле крстени, ако умрат ќе одат во пеколот??? Изменето од Maran Ata - 15.Септември.2009 во 13:43 |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Maran Ata, со луѓе што клеветат, лажат, лажно говорат за други и свои зборови ставаат во устите на другите НЕ ДИСКУТИРАМ. Јас одговорив на прашањето на ahmar1 на 2-та страна од оваа тема, а аргументирав со цитати од Светото Писмо дека некрстените бебиња одат дирекно кај Бог на оваа страна од темава (види погоре, мојот одговор на прашањето на pcelka) и сите добро го знаат тоа, така што твоите клевети се смешни, детски наивни лаги.
Јас до сега околу 3-4 пати ти предложив дебата овде на форумов (културна дебата, со кодекс, со правила), но ти кукавички избега. Кога ќе собереш храброст, бујрум, те чекам со раширени раце А до тогаш не ми се вплеткувај во разговорите со другите, престани оф-топик лично да ми се обраќаш по сите теми и дискутирај он-топик на темите. Знам дека сум ти опсесија, но не мора на овој начин да го искажуваш тоа
ahmar1, чекам...
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Абе душичке, па кажи културно дека згреши затоа што клеветиш и ќе ти биде простено. Ама ајде, штом не сакаш да се покаеш, нека стои на чело уште еднаш твојата лага:
Со оглед на тоа што ти беше фатен како клеветиш и лажеш, испаѓа дека сам со себе не дискутираш. Хммм, затоа имаш нерешени проблеми...
А што мислиш, дека ова што го правиме сега не е дебата? А и не знам зошто се преценуваш мислејќи дека специјално тебе ќе ти посветувам време? Кодекс и правила си има форумов, затоа и се тука модераторите (кои доста често знаеш неосновано да ги критикуваш). А знаеш што е кукавичлук? Кукавичлук е кога ќе те фатат дека клеветиш и лажеш, а ти не само што нема да се покаеш и извиниш, туку тоа ќе му го препишеш на другиот.
Не бе, душичке, знаеш што е опсесија? Опсесија е Маран Ата да не пишува едно добри 9-10 месеци на форумов, а Евангелос по месинџери, скајпови и ем ес ени да им зборува на оние кои сака да ги преобрати во баптисти и да ги вклучи во својата организација: „Маран Ата те манипулира, Маран Ата те лаже, Маран Ата е ваква, Маран Ата е таква“. п.с. Модератори, се извинувам за офф топикот, сепак треба да му се одговори на човекот, нели? Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 04:08 |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |