IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Крштевање на мали деца?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крштевање на мали деца?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 14>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 23:49
Originally posted by pcelka pcelka напиша:



..Неодамна почина едно шестмесечно бебенце    но неговото гробче не се наоѓа во редот на останатите...туку таму некаде сосема на крај...само осамено.... само заради тоа што бебето не беше крстено...
...По кое пишано или непишано правило, ова е направено ???
 
 
Тоа е така затоа што православните веруваат дека доколку едно бебе почине некрстено, тоа ќе оди во пеколот и затоа поп не го пее/чади (уште подобро ако мене ме прашуваш среќа). Тоа е така затоа што, според православието со крштевањето бебето се "мие од родителскиот грев". 
 
Од друга страна пак Библијата не учи така.
Прво, како што можеш да прочиташ во мојот воведен коментар на почетната страна од оваа тема, крштевањето воопшто не е наменето за бебињата, туку за доволно возрасни луѓе кои го познаваат Христовото евангелие, се каат за своите гревови, веруваат во Исус Христос и донесуваат лична одлука (а не одлуката на кумот среќа) да го следат Христос и дури потоа се крштеваат.
 
Второ, точно е дека бебето наследува грешна и несовршена природа од своите родители, но не и осудата за гревот.
 
"Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност. " (Езекиел 18:20)
 
Имено, се додека бебето не почне да разликува добро од зло, додека не проработи совеста во него и додека не му се открие Божјиот Закон (барем некој дел од него) детето не е под осуда на гревот. Гревот е присутен во бебето, но е мртов и како таков нема сила да го осуди бебето за во пеколот.
 
"Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон. " (Римјаните 5:13)
"И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев." (Римјаните 7:9)
 
Доколку детето не ги познава Божјото учење и Божјите заповеди или пак неговата/нејзината совест сеуште не е доволно развиена, тоа не е виновно за нивното неисполнување или прекршување. Но доколку ги познава или пак неговата совест го убедува дека тоа што го прави е грев, тогаш нема изговор.
 
"Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев." (Исус Христос во ев. Јован 15:22)
"Зашто кога народите, кои немаат Закон, го исполнуваат - по природа - она што Законот го бара; тогаш тие се, немајќи Закон, сами за себе закон. Тие покажуваат дека делото на Законот е напишано во нивните срца, за што сведочат: нивната совест и нивните мисли, што меѓусебно се обвинуваат или се бранат,"
(Римјаните 2:15-16)
 
 
Заклучок: Доколку бебето инцидентно почине, тоа оди дирекно во Божјите прегратки. големо%20гушкање без разлика кој каде ќе го закопа и безразлика на тоа дали некој поп ќе му врши некакви си метании врз него или не :pop:
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 14:12
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Тоа е така затоа што православните веруваат дека доколку едно бебе почине некрстено, тоа ќе оди во пеколот и затоа поп не го пее/чади


Ова е класична КЛЕВЕТА.
Црквата НИКОГАШ И НИКАДЕ не кажува дека некрстените деца ќе одат дирекно во пеколот.
Тоа е така зашто Црквата уствари за НИКОГО не кажува дали ќе иде или нема да иде во пеколот или рајот.(освен за свесните самоубијци).
Христовата Црква не се занимава со такви шпекулации,уште повеќе што правослaвните веруваат дека со молитвите на живите може да им се помогне на упокоените.

Јас ги разбирам баптистиве кои не веруваат дека со своите молитви можат да им помогнат на упокоентите,па затоа и тие разработиле многу строги критериуми со кои живите "знаат" кој и дали се спасил или не.

Во Христовата Црква не е така
Така да дури и за закоравени грешници Црквата се моли и држи парастоси и помени и ги спомнува за време на литургијата.
Тоа дали и кој ќе иде ваму или таму е само во Божји раце.(мислам ова "раце" го мислам фигуративно нели).

Додека за свесните самоубијците е подруга работа.Тоа е грев против Светиот Дух и затоа нема заупокоена служба за самоубиецот не дека сега се занесувата "поповите" туку дека всушност ЗАЛУДНО е дури ако и 100 епископи ми служат на гробот.
Но сепак на голем процет од самоубистава отпаѓаат случаи на нависта болни луѓе(од разни причини) кои го извршуват тој чин во состојба на поматеност на разумот(значи несвесно)затоа и се дава дозвола за упокоена служба ако се утврди дека тоа е таков случај.


Изменето од ahmar1 - 14.Септември.2009 во 14:18
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 15:57
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Додека скоро сите останати деноминации, во главно библиските цркви, не го подржуваат ова учење.


Уште на почетокот на самото твое изложување правиш несмасна грешка. Велиш дека СИТЕ библиски ЦРКВИ не го поддржувале ова учење. Па дај, те молам, објасни ми како може да има толку многу библиски цркви кога Светото Писмо вели дека една е Црквата?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Библискиот став е дека бебињата не треба и не можат да бидат крстени.


Од кај го ископа ова дека е библиски став? Каде во Библијата пишува „децата не смеат да се крштеваат, децата не смеат во Христа да се облечат“ ? Каде?

Ај останатото утре, ова ти е доволно за денеска да се помачиш да одговориш
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 20:40
Evangelose ednashka se izgore koga te fativme kaj lazesh sega nekako pak natamu odish,,,,aj ti i tvoite prestanete si propaganda ni komunistite ne vi se ravni.
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 21:10
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Toj ritual ne menuva nishto kaj Nego, Toj znae shto nosime vo dusha, pa mozhe nie da se kaeme i da se krstime kolku sakame i vo koja crkva sakame...Se toa ni e za dzabe, ako nemame mudrost i svetoven zhivot.
Ете, одлично размислуваш. Точно, тој ритуал не менува ништо. Бог многу добро знае кој колку верува во него, без оглед дали е крстен или не. Кога е така, зошто се прават сите оние (непотребни) работи околу крштевањето?

Izvini sto ke te prasam Zlatniku, dali ti gi imas krstevano tvoite deca vo crkva ili ne? Pozdrav!

Леле, не сум ја видел оваа порака. Инаку и самиот знаеш дека не избегнувам одговор.
Нема за што да се извинуваш за твоето прашање. Тоа си е во ред.
Верувам дека, поради мојот тврдокорен атеистички став, претпоставуваш дека моите деца се некрстени. И да знаеш во право си. Имам ќерка (17) и син (14) и воопшто не сум помислил да ги задојувам, со било каква теолошка определба, па и со крстење. Што треба, да им наметнам на децата некое теолошко учење само поради тоа што е мое или затоа што е пошироко прифатено на овие простори? Не, во никој случај. Меѓутоа, за да не се сфати дека им го ограничувам правото да веруваат во бог (а во кој бог треба да ги терам да веруваат?збунетост) да кажам дека пред нив се библијата и неколку книги за христијанските заедници, талмудот, и неколку книги за Кришна (за жал го немам к*ранот), па според тоа имаат прилика да читаат од што сакаат и колку сакаат. Дури ги терам да читаат и им велам, читајте од се за да знаете, за да согледате што е добро а што не, за да не ве манипулираат разноразни свештеници (од било која вероисповед)! Е, кога ќе бидат способни самите да рассудуваат и свесно да донесуваат заклучоци (што немора да значи дека со 18 години тоа ќе се постигне), оставам на нив самите да си одлучат дали и која веросиповед ќе ја прифатат. Искрено, лично би сакал да бидат атеисти како мене, но ... кој ги знае за што ќе се одлучат.не%20знам А да им го скратувам тоа право не сакам и неможам. Исто како што не сакам но и неможам да им го наметнам крштевањето (или сунеттисувањетоплазење)!

Р.Ѕ. Нешто слично на ова пишав и на страна 4 од истава тема! Мислам дека си го прочитал! големо%20гушкање


Изменето од Zlatnik - 14.Септември.2009 во 21:12
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
lviaquez Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lviaquez Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 01:07
^se soglasuvam
To advance a mile, we only have to take a step. If Tar doesn't exist, we can invent it.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 01:11
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:




Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Toj ritual ne menuva nishto kaj Nego, Toj znae shto
nosime vo dusha, pa mozhe nie da se kaeme i da se krstime kolku sakame
i vo koja crkva sakame...Se toa ni e za dzabe, ako nemame mudrost i
svetoven zhivot.
Ете, одлично размислуваш. Точно, тој ритуал не
менува ништо. Бог многу добро знае кој колку верува во него, без оглед
дали е крстен или не. Кога е така, зошто се прават сите оние
(непотребни) работи околу крштевањето?


Izvini sto ke te prasam Zlatniku, dali ti gi imas krstevano tvoite deca vo crkva ili ne? Pozdrav!

Леле, не сум ја видел оваа порака. Инаку и самиот знаеш дека не избегнувам одговор.
Нема за што да се извинуваш за твоето прашање. Тоа си е во ред.Верувам
дека, поради мојот тврдокорен атеистички став, претпоставуваш дека
моите деца се некрстени. И да знаеш во право си. Имам ќерка (17) и син
(14) и воопшто не сум помислил да ги задојувам, со било каква теолошка
определба, па и со крстење. Што треба, да им наметнам на децата некое
теолошко учење само поради тоа што е мое или затоа што е пошироко прифатено на овие
простори? Не, во никој случај. Меѓутоа, за да не се сфати дека им го ограничувам правото да
веруваат во бог (а во кој бог треба да ги терам да веруваат?збунетост)
да кажам дека пред нив се библијата и неколку книги за христијанските
заедници, талмудот, и неколку книги за Кришна (за жал го немам
к*ранот), па според тоа имаат прилика да читаат од што сакаат и колку
сакаат. Дури ги терам да читаат и им велам, читајте од се за да знаете, за да согледате
што е добро а што не, за да не ве манипулираат разноразни свештеници
(од било која вероисповед)! Е, кога ќе бидат способни самите да
рассудуваат и свесно да донесуваат заклучоци (што немора да значи дека
со 18 години тоа ќе се постигне), оставам на нив самите да си одлучат
дали и која веросиповед ќе ја прифатат. Искрено, лично би сакал да
бидат атеисти како мене, но ... кој ги знае за што ќе се одлучат.не%20знам
А да им го скратувам тоа право не сакам и неможам. Исто како што не
сакам но и неможам да им го наметнам крштевањето (или сунеттисувањетоплазење)!

Р.Ѕ. Нешто слично на ова пишав и на страна 4 од истава тема! Мислам дека си го прочитал! големо%20гушкање


Pozdrav i do tebe Zlatniku !

Jas mislev deka ti e nezgodno da odgovoris
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 01:40
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Ова е класична КЛЕВЕТА.
Црквата НИКОГАШ И НИКАДЕ не кажува дека некрстените деца ќе одат дирекно во пеколот.
 
Јас никаде не реков дека Црквата кажува такво нешто за бебињата. Јас реков дека православието учи така.
Православието учи дека со крштевањето бебето се ослободува од првородениот грев, а доколку не се крсти, тоа си умира со гревот.
Православието учи дека нема спасение надвор од православната црква. Православието учи дека со крштевање се станува член во православната црква.
Од сите овие тврдења, логички заклучок е дека доколку бебето не се крсти, според православието (а не според Црквата), бебето си умира со првородениот грев, надвор од православната црква каде што (според православието) нема спасение.
 
Оваа теза ја потврдиле и потврдуваат многу од православните членови тука на форумов, а доколку мислиш ти поинаку, тоа е само доказ дека не сте едномислени.
 
Originally posted by sard sard напиша:

... Ама ако човек некрстен почине нема да се спаси...
...а ако почине некој некрстен како што се гледа нема да има простување на гревовите и спасение за таа личност независно од годините...
 
Туку, кога веќе се врати на темава, да продолжиме со тебе каде што застанавме:
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
ahmar1, ете, ти одговорив на твоето се надевам он-топик прашање.
А сега ќе те замолам и ти да одговориш на моето далеку поедноставно, појасно и пократко прашање:
 
Дали едно бебе може сексуално да силува маж?
 
Чекам...
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 02:18
Лелеее, одамна вака не сум се смеела на твоите објаснувања

Барем тргнете го текстов од вашата баптистичка веб страна, затоа што само се резилите. Ајде по ред да видиме какви самотолкувања и кривотолкувања се изнесени овде:


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41)
Значи стихот не вели се крстија сите, туку само оние кои го прифателие неговото слово т.е. словото на евангелието.


Овој стих што си го изнел, нема никаква врска со она твое толкување за крштевањето на децата. Овде Евангелистот јасно кажува дека некои поверувале во Господа, а некои не. Тие што поверувале – се крстиле, а тие што не поверувале – не се крстиле. Овде не се спомнати ниту мажи, ниту жени, ниту деца, туку едноставно дава слика дека има и такви кои се противеле на учењето за Христос. Во еден стих во Светото Писмо се вели дека оние кои се крштеваат, во Христа се облекуваат, т.е. стануваат христијани. Кажи ми, кој фактор си ти за да им забрануваш на малите деца да станат христијани и да се облечат во Христовата благодат?


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Етиопјанецот рече: Еве вода! Што ме спречува да се крстам? А Филип рече: Ако вервуаш од се срце, можеш." (Дела 8:36-37)

Кој предуслов го забележувате тука? Филип е многу јасен и недвосмислен тука, вели: Ако веруваш од се срце, можеш? .


Како успеваш се’ погрешно да интерпретираш, махер си. Во овој стих апостолот го прашува Етиопјанинот дали верува од сето срце во Христа, затоа што тој бил друговерец, не Го познавал Господ Исус Христос. Прашањето поинаку претставено би гласело: Дали веруваш дека Христос е вистинскиот Бог и дали Го исповедаш како Таков, за да бидеш крстен?- разумно прашање за некој кој претходно верувал во нешто друго!

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " (Марко 16:16)
Запазете го редоследот во горната Христова изјава. Исус не вели: "Кој се крсти и поверува, ќе биде спасен." Туку вели: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен"..


Чекај малку. Ти тврдиш дека оној кој не поверува, нема да биде спасен, т.е. децата затоа што не можат да поверуваат, нема да бидат спасени, а ги клеветиш православните христијани дека тоа го проповедале?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

православните веруваат дека доколку едно бебе почине некрстено, тоа ќе оди во пеколот.



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос... " (Дела 2:38)
Покајанието е исто така важен предуслов за крштевањето. Прашање: Дали едно бебенце може да се покае? .


А бебињата за кој грев треба да се покајат? Затоа што се родиле?


Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 03:55
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 11:34
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Јас никаде не реков дека Црквата кажува такво нешто за бебињата.


Значи сепак испадна на крај краева дека клеветиш.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Јас реков дека православието учи така.


А тука е лукавштината.Ти правиш дистинкција меѓу Првославието и Црквата како нешто различно, а многу добро знаеш дека за правоверните тоа е едното исто.Ако може да помине да помине ако не..ама ја нисам одавде!

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Дали едно бебе може сексуално да силува маж?


Брат ме загрижува што си во последно време си опседнат со содомити (и нивни веб-страни) и педофили.
Не е за арно тоа а ниту па нешто спасително.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 11:41

ahmar1, мене ме загрижува тоа што 4 пати ти го поставувам тоа толку едноставно прашање, а твојата вера е толку слаба што ти 4 пати се плашиш да одговориш и го заобиколуваш тоа прашање. Да беше сигурен ти во својата вера, немаше да се резилиш тука избегнувајќи ги прашањата што ти ги поставуваме тука. Ти ми постави прашање (кое според мене беше надвор од темата), но јас храбро ти го одговорив. Сега јас ти поставувам прашање (кое според тебе можеби е надвор од темата), а ти 4 пати го избегнуваш и веројатно се молиш до некој светец таму да не ти го поставам уште еднаш среќа

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 13:26
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ти ми постави прашање (кое според мене беше надвор од темата), но јас храбро ти го одговорив.


Оф море златен... остај што умрела циганката да те фали, туку и се фалиш со нешто што не го исполнуваш? Па кога ќе ми одговориш на прашањата што ти ги имам поставено пред една година?

p.s. и не заборавај да образложиш зошто упорно тврдиш дека децата што не поверувале во Словото и што не биле крстени, ако умрат ќе одат во пеколот???

Изменето од Maran Ata - 15.Септември.2009 во 13:43
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 22:52
Maran Ata, со луѓе што клеветат, лажат, лажно говорат за други и свои зборови ставаат во устите на другите НЕ ДИСКУТИРАМ. Јас одговорив на прашањето на ahmar1 на 2-та страна од оваа тема, а аргументирав со цитати од Светото Писмо дека некрстените бебиња одат дирекно кај Бог на оваа страна од темава (види погоре, мојот одговор на прашањето на pcelka) и сите добро го знаат тоа, така што твоите клевети се смешни, детски наивни лаги.
 
Јас до сега околу 3-4 пати ти предложив дебата овде на форумов (културна дебата, со кодекс, со правила), но ти кукавички избега. Кога ќе собереш храброст, бујрум, те чекам со раширени раце големо%20гушкање А до тогаш не ми се вплеткувај во разговорите со другите, престани оф-топик лично да ми се обраќаш по сите теми и дискутирај он-топик на темите. Знам дека сум ти опсесија, но не мора на овој начин да го искажуваш тоа трепкање
 
ahmar1, чекам... чекање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 04:06
Абе душичке, па кажи културно дека згреши затоа што клеветиш и ќе ти биде простено. Ама ајде, штом не сакаш да се покаеш, нека стои на чело уште еднаш твојата лага:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " (Марко 16:16)
Запазете го редоследот во горната Христова изјава. Исус не вели: "Кој се крсти и поверува, ќе биде спасен." Туку вели: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен"..


Чекај малку. Ти тврдиш дека оној кој не поверува, нема да биде спасен, т.е. децата затоа што не можат да поверуваат, нема да бидат спасени, а ги клеветиш православните христијани дека тоа го проповедале?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

православните веруваат дека доколку едно бебе почине некрстено, тоа ќе оди во пеколот.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Maran Ata, со луѓе што клеветат, лажат, лажно говорат за други и свои зборови ставаат во устите на другите НЕ ДИСКУТИРАМ.


Со оглед на тоа што ти беше фатен како клеветиш и лажеш, испаѓа дека сам со себе не дискутираш. Хммм, затоа имаш нерешени проблеми...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Јас до сега околу 3-4 пати ти предложив дебата овде на форумов (културна дебата, со кодекс, со правила), но ти кукавички избега.


А што мислиш, дека ова што го правиме сега не е дебата? А и не знам зошто се преценуваш мислејќи дека специјално тебе ќе ти посветувам време? Кодекс и правила си има форумов, затоа и се тука модераторите (кои доста често знаеш неосновано да ги критикуваш). А знаеш што е кукавичлук? Кукавичлук е кога ќе те фатат дека клеветиш и лажеш, а ти не само што нема да се покаеш и извиниш, туку тоа ќе му го препишеш на другиот.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Знам дека сум ти опсесија, но не мора на овој начин да го искажуваш тоа


Не бе, душичке, знаеш што е опсесија? Опсесија е Маран Ата да не пишува едно добри 9-10 месеци на форумов, а Евангелос по месинџери, скајпови и ем ес ени да им зборува на оние кои сака да ги преобрати во баптисти и да ги вклучи во својата организација:

„Маран Ата те манипулира, Маран Ата те лаже, Маран Ата е ваква, Маран Ата е таква“.

п.с. Модератори, се извинувам за офф топикот, сепак треба да му се одговори на човекот, нели?

Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2009 во 04:08
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.