![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 55> |
Автор | ||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Маса: Наскоро започнувам со тренинзите
![]() Бразилскиот Ф1 пилот на Ферари Фелипе Маса кој настрада во несреќата на Големата награда на Унгарија кон крајот на јули, по што заврши во болница со повреда на левото око, најави дека наскоро ќе започне со тренинзите. Денес Маса се наоѓа на најдобриот пат на опоравувањето, за што сведочат и последните резултати од анализите кои ги направи во Мајами во понеденикот. „Многу сум задоволен од резултатите. По неколкуте хируршки зафати кои ќе ги направам во наредните неколку дена, конечно ќе можам да започнам со тренинзите во теретана за да се вратам во форма, а потоа ќе започнам и со тестирање возејќи картинг.“ - изјави Маса. „Кога ќе се вратам во Формула 1? Треба да почекаме малце, бидејќи сакам се да оди чекор по чекор. Сега сум фокусиран само на враќањето на физичката кондиција, што само по себе е голем чекор напред.“ - додаде бразилскиот пилот. Резултатите од анализите беа топло дочекани овде во Маранело, по што дознавме дека може 100 проценти да сметаме на Маса за следната сезона, стои во соопштението на Ферари. sportdenes.com |
||
![]() |
||
![]() |
||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
pa go brkaat oti ke dojdi podobar vozac plus i sponzori ke mu donesi a finecot so mu donese??? i aj uste da ne pobedese na Spa koja tolku mnogu ja saka |
||
![]() |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
а они го бркаат, срам да им е
![]() сепак интересно е со нови возачи вака |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Хм ништо околу вчерашната трка...
![]() ![]() Pos No Driver Team Laps Time/Retired Grid Pts 1 4 Kimi Räikkönen Ferrari 44 1:23:50.995 6 10 2 21 Giancarlo Fisichella Force India-Mercedes 44 +0.9 secs 1 8 3 15 Sebastian Vettel RBR-Renault 44 +3.8 secs 8 6 4 5 Robert Kubica BMW Sauber 44 +9.9 secs 5 5 5 6 Nick Heidfeld BMW Sauber 44 +11.2 secs 3 4 6 2 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 44 +32.7 secs 15 3 7 23 Rubens Barrichello Brawn-Mercedes 44 +35.4 secs 4 2 8 16 Nico Rosberg Williams-Toyota 44 +36.2 secs 10 1 9 14 Mark Webber RBR-Renault 44 +36.9 secs 9 10 10 Timo Glock Toyota 44 +41.4 secs 7 11 20 Adrian Sutil Force India-Mercedes 44 +42.6 secs 11 12 12 Sebastien Buemi STR-Ferrari 44 +46.1 secs 16 13 17 Kazuki Nakajima Williams-Toyota 44 +54.2 secs 18 14 3 Luca Badoer Ferrari 44 +102.1 secs 20 Ret 7 Fernando Alonso Renault 26 Retired 13 Ret 9 Jarno Trulli Toyota 21 Brakes 2 Ret 22 Jenson Button Brawn-Mercedes 0 Accident 14 Ret 8 Romain Grosjean Renault 0 Accident 19 Ret 1 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 0 Accident 12 Ret 11 Jaime Alguersuari STR-Ferrari 0 Accident 17 Изменето од OrkaWhale - 31.Август.2009 во 10:55 |
||
![]() |
||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
„МекЛарен повторно ке оди на победа“
Луис Хамилтон по долго време се „олади“ со победа во Унгарија, но не планира да застане на тоа. Откако за титулата оваа сезона се борат некој други тимови, светскиот првак најавува нови походи на највисокот место на победничкиот пиедестал... ![]() Развојот на настаните во Будимпешта им даде крилја на тимот МекЛарен, а посебно на светскиот првак Луис Хамилтон. Иако градската стаза во Валенсија не му одговара на Британецот, Хамилтон од таму нисо добри спомени. „Минатата година бев многу добар овде, стигнав до второто место. Успешно се носев со Маса и Ферари. Се надевам дека и оваа сезона во Валенсија ке се борам за пиедесталот“- најави Хамилтон. „На стазата излагаме за да победиме. Сакаме почесто да бидеме на врвот и целта на МекЛарен повторно стана освојување на првото место.“- продолжи британецот, кој многу надеж има и во КЕРС системот: „Колку ни е подобар болидот, толку КЕРС ке игра поголема улога“. „Со КЕРС дури можеме да се мериме и со Ред Бул. Еднаш кога нашиот болид ке биде еднаков со нивниот, ке имаме видлива предност. Мислам дека КЕРС одлично ке ни послужи во Валенсија, и тоа веке на самиот старт.“- откри Хамилтон. Хамилтон пука од желба да докаже дека славјето на Хунгароринг не беше случајно, а Големата Награда на Европа ке покаже колку напорно работеле во МекЛаред за подобрување на болидот. sportdenes.com |
||
![]() |
||
![]() |
||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Валенсија раскошна и без Шумахер
Стазата која дури од минатата година се наоѓа на календарот на Светското првенство во Формула 1, оваа сезона беше на прагот на спектакл: можеше да го пречека кам-бекот на Шумахер. Но, напнатост во Валенсија нема да недостасува бидејќи состојбата во генералниот пласман и тоа како е густа, како на асфалтот, така и надвор од него... Големата Награда на Европа Име на стазата: Градска стаза, Валенсија Број на кругови: 57 Должина на круг: 5.419км Должина на стазата: 308.883км Најбрз круг: 1:38,708 мин - Фелипе Маса (2008година) Распоред: Петок, 21-ви август: Прв тренинг - 10:00часот Петок, 21-ви август: Втор тренинг - 14:00часот Сабота, 22-ри август: Тренинг - 11:00часот Сабота, 22-ри август: Квалификации - 14:00часот Недела, 23-ти август: Трка - 14:00часот Многу работи ке реши годинашната трка за Големата награда на Европа, која во втор пат во историјата ке се вози низ градскиот улици на шпанската Валенсија. На првото место требаше да се наоѓа спектакуларното враќање на Михаел Шумахер, но Германецот непосредно пред трката го откажа својот кам-бек поради повреда на вратот. Имено, љубителите на Формула 1 ги очекува првата овогодишна трка без несреќниот Фелипе Маса, чие место зад управувачот на Ферари го завзема искусниот, 38-годишен ветеран, Лука Бадоер. Италијанскиот возач, местото на Маса, односно на Шумахер, го доби како награда за долгогодишната верност кон Ферари. „Ке биде тешко, но јас сум мотивиран. Ке мислам на Маса и на Шумахер, но благодарен сум им на челниците на тимот што ми ги остварија соништата“- изјави Бадоер. Освен тоа, свое деби во Формула 1 дочека и Ромаин Грозжан, кој во Рено го замену Нелсон Пике. Состојбата во францускиот тим е далеку од добра: Флавио Бријаторе постави мета над Пике, на механичарите во боксот им се заканува отказ, Фернандо Алонсо се бори со неверојатниот притисок од шпанските медиуми и публика - која секако сака победа на „домашната“ трка за Алонсо, а целиот тим во последен момент се ослободи од суспензија. „Валенсија нималку не е најлесната трка за деби настап. Меѓутоа, секогаш ги сакав уличните трки и уживам додека возам среде град. Ке се трудам да обработам што е можно понормални припреми, иако посебно нагласување ке ставам на вежбите на вратните мускули. Се одморив и не сакам да поставувам цели, туку само да ја обработам работата најдобро што можам“- најави Грозжан. Помалку во сенка на тие новитети ке се продолжи немолосрдната борба за превласт меѓу Браун ГП и Ред Бул, во која возачите на Рос Браун имаат бодовна залиха, но Марк Вебер и Себастијан Ветел ги краси одлична форма. Секако, дотолку во текот на кратниот однот не ја загубиле некаде. „Ке биде тоа интересен викенд“- смета водечкиот моментно во генералниот пласман, Џенсон Батон. МекЛарен и Луис Хамилтон во последно време бележат забележителен нарпредок, што само се потврди тоа со унгарската победа, а и Хајки Ковалаинен, вториот возач на МекЛарен, имаше изјава дека очекува добар резултат и подиум на уличната трка во Валенсија. Посебно интересно ке биде да се види каква претстава ке пружат Роберт Кубица и Ник Хајфилд, откако нивниот тим најави повлекување од Ф1 циркусот по завршувањето на сезоната. Не треба да се заборави дека и младиот каталонец Џаиме Алгуерсуари пред својте сонародници во Валенсија ке ја вози само втората трка за Торо Росо. Самата стаза пред се карактеризира со комбинација од градски делови со посебно изразени сектори, а запамтена е по 140метарскиот долг мост кој се издигнува над градскиот метеж. Секако, човекот заслужен за велокупниот дизајн е Германецот Херман Тилке. Возачите ги чека вкупно 25 кривини по круг, 14леви и 11десни, а најголемата брзина на поединечни делови од стазата изнесува и преку 320км/ч. Валенсија во недела сигурно ке добие нов победник, бидејки на минатогодишното, премиерно изјадие, победи Фелипе Маса, кој тогаш тргна и од првиот стартен ред. хамилтон беше втор, а Кубица трет, позиција што овие денови сигурно му изгледа неостварлива. „Валенсија е прекрасен град и одлично место за трка. Сите куќи, станови, жители стануваат дел од случувањата на трката и очекував неверојатна подршка од својте навивачи кој сакам да ги наградам со добар пласман.“- изјави двојниот светски првак Фернандо Алонсо. Круг со Фернандо Алонсо: sportdenes.com |
||
![]() |
||
![]() |
||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ФИА се смилува: Алонсо ќе настапи во Валенсија
![]() Жалбениот Суд во Париз ја прифати жалбата на францускиот Ф1-тим Рено, па така нивните возачи ќе имаат право на настап на Големата награда на Европа во Валенсија која на распоредот е во недела на 23-ти август. Наместо суспензија, на Рено му беше изречена парична казна во висина од 50.000 долари, па така беше поништена првичната казна која ја одреди ФИА. Со ваквата одлука се одушевени челните луѓе на Рено, но посебно организаторите на Големата Награда на Европа, бидејќи домашните навивачи ќе имаат прилика да го гледаат својот сонародник Алонсо на стазата. „Причината зошто две трки од Формула 1 се одржуваат во Шпанија има голема врска со Фернандо Алонсо. Луѓето во Шпанија не беа толку заинтересирани за Формула 1 додека не се појави тој.“ - изјави тим менаџерот на Рено Стив Нелсен. sportdenes.com |
||
![]() |
||
![]() |
||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Рено најде замена за Нелсон Пике
![]() Нов возач зад воланот на Рено во преостанатиот дел од сезоната во шампионатот на Формула 1, ќе биде французинот - Роман Грожан. Талентираниот 23-годишен возач во Рено ќе го замине бразилецот Нелсон Пике Јуниор кој пред 10-тина дена доби отказ. "Навистина сум презадоволен и горд што Рено ми пружи шанса да се докажан. Особена чест ми е што клубски колега ќе ми биде двократниот шампион во Формула 1 - Фернандо Алонсо" - изјави кратно Грожан. Инаку Роман Грожан во минатите 3 години во болидот на Рено ја освојуваше титулата во европската Формула 3 и во азиската ГП2 серија. |
||
![]() |
||
![]() |
||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ферари го „брка“ Раиконен?
![]() Ферари на крајот од сезоната ќе го прекине договорот со својот фински возач Кими Раиконен, тврди англискиот магазин „The Sun“, и го поставува прашањето кој ќе седне на неговот место: Алонсо или Шумахер? Финецот Кими Раиконен откако што стана светски шампион во 2007-та година падна во формата и веќе долго време не извозел една трка како оние што го донесоа до светскиот трон. Во последните година дена кружат гласини дека Ферари ќе се ослободи од Кими и на неговото место ќе го постави Фернандо Алонос, а во последните неколку дена пак, проциркулираа информациите дека во играта се вклучил и ветеранот Михаел Шумахер, па се поизвесно е финецот да си замине во 2010-та година. „Италијанскиот тим му даде до знаење на Раиконен дека ќе добие половина од својата годишна плата за 2010-та година која изнесува 25 милиони фунти, доколку порано биде прекинат договорот.“ - тврди неименуван извор за британскиот магазин. Раиконен пак може да му се посвети на релито, како што и тој призна дека му е голема желба. Минатата недела настапи на Финското рели но се откажа по тешкото излетување. Очигледно му треба вежбање... sportdenes.com |
||
![]() |
||
![]() |
||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вебер: Шумахер ќе продолжи да се подготвува за Ф1
![]() Менаџерот на Михаел Шумахер - Вили Вебер не ја отфрли можноста за враќање на седумкратниот шампион зад воланот на болидот на Ферари во наредните неколку месеци. Според Вебер сега Михаел може да работи на својата физичка подготовка без огромниот притисок кои го имаше до минатата недела. „Зошто да не продолжи да работи на својата физичка подготовка“, призна Вебер. „Сега Шумахер може да се подготвува без огромниот притисок кои го чувствуваше во текот на минатата недела“, заврши Германецот. Вчера на официјална прес конференција личниот лекар на летечкиот Германец Јоханес Пијл појасни дека со тек на време нема да има никакви медицински причини кои ќе го попречат Шуми да се врати во Формула 1. „Очекувам во текот на следните недели Шумахер да се опорави комплетно. После одредено време тој ќе може да се врати во Формула 1“, изјави докторот. Портпаролката на Михаел - Сабине Кем исто така го коментираше идното враќање на шампионот. „Не верувам дека Михаел ќе се натпреварува наскоро во Формула 1. И покрај тоа тој не сака да ја отфрли таа можност“, заврши Кем. |
||
![]() |
||
![]() |
||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Шуми тажен по повлекувањето, Ферари сакаат трет болид за него!
![]() "Шпекулациите во овој бизнис се сосема нормално. Но, сега сум толку разочаран што не можам да го направам кам-бекот, така што не можам да размислувам за иднината", изјави Шумахер на прес-конференција во Женева по шпекулациите дека би можел да се врати на Италијанското ГП во Монца. 40-годишниот Германец кој се пензионираше во 2006 требаше да го замени Маса во Шпанија по хорор-сударот на Бразилецот на тренингот во Унгарија минатиот месец, но медицинските тестови покажаа дека повредите на вратот по падот во февруари се преголеми. "Последиците од таа незгода се најлоши кои Михаел ги имаше во својата кариера", изјави неговиот доктор Јоханес Пеил на прес-конференцијата. Шуми добил скршеници на главата, вратот и ребрата при падот, но повеќето од нив биле заздравени и Германецот бил невообичаено добро подготвен, додаде Пеил. Покажувајќи ја фрустрацијата и тагата, Шумахер одби да размислува за тоа што понатаму. "Разочарувачки е бидејќи остатокот од моето тело одговараше добро на тренинг постапката. Во болидот се чувствував природно, немав проблеми со ритамот, освен со болката во вратот. Да беше нешто помало ќе земев некои лекарства, но не сум тука само да возам. Јас верувам во судбина, така што и оваа несреќа е дел од судбината. Кога се сретнав првпат со Лука ди Монтеѕемоло, искрено сакав да кажам не на враќањето, но го знаете него. Успеа да ме разубеди", додава Шумахер. Од Ферари, пак, ветија дека ќе се "борат" за правото да постават трет болид за Михаел Шумахер за следната сезона. "Продолжуваме да се бориме додека секој тим не го добие правото да постави трет болид следната сезона, и тој трет болид со задоволство ќе му го предадам на Михаел. Повеќе би сакал три Мекларена и три Реноа на патеката, отколку три без врска тимови", изјави Монтеѕемоло во интервју за Ла Стампа. Четирикратниот Ф1 шампион Алан Прост, пак, вели дека ја сфаќа желбата на Михаел Шумахер да се врати во формула 1, но додава дека тој ја направил вистинската одлука. "Желбата и мотивацијата за враќањето во формула 1 не си одат така лесно. Потребни се неколку години да ја напуштиш формула 1. Михаел и јас се откажавме поради различни причини, но причините за враќањето се исти. Ако имаше некаков физички ризик, тој е сосема во право што не сака да ризикува. Вратот е клучен во мотоспортот и ако имаш болки, тука веднаш е и ослабениот вид и проблеми со концентрацијата. Останува да се види дали тој се повлече само поради здравствените проблеми или поради големината на задачата", смета Прост. Изборот на Бадоер ги покажува проблемите на Ферари Лука Бадоер ќе го замени Фелипе Маса на Европското ГП во Валенсија, и додека Италијанецот е резервен и тест-возач на Ферари, фактот што се нема тркано во спортот повеќе од 10 години, само го покажува отсуството на младинска програма во италијанскиот тим. "Верба во Лука Бадоер, кој е еден од нас. Судбината му даде уникатна шанса и сега тој треба да ја искористи. Ние ќе го поддржуваме целосно", вели Лука ди Монтеѕемоло. За 38-годишниот Бадоер враќањето во Ф1 е остварување на сонот и нешто за што вели дека е подготвен. "Од кога бев дете сонував да возам за Ферари. Сега ја имам шансата да го остварам тоа", изјави Бадоер. Изненадувачки, Бадоер го нема возено актуелниот Ф60 болид на Ферари бидејќи тимот се потпре на неговиот колега Марк Хене и на Раиконен и Маса пред сезоната. Неговиот сонародник, поранешниот Ф1 возач Алекс Занарди смета дека Ферари згрешиле и дека требале да пронајдат некој помлад возач. "Да се земе некој млад возач од ГП2 шампионатот беше најлогичниот чекор", додаде Занарди. Бребем: "Вебер ќе биде шампион!" Првиот австралиски светски шампион, сер Џек Бребем вели дека неговиот сонародник Марк Вебер има најголеми шанси да стане светски шампион оваа година. Во последните 4 трки во оваа сезона (Турција, Британија, Германија и Унгарија), асот на Ред Бул освои 32 поени (80%) во споредба со 24-те на колегата Себастијан Фетел и 19 на лидерот во генерален пласман Џенсон Батон од тимот на Браун ГП по што се доближи на 18.5 поени до Батон. "Секако дека верувам во Марк Вебер. Тој може да ја освои титулата само ако болидот издржи. Фантастично е да се види дека е во топ форма по толку време", вели Бребем, кој има три Ф1 титули (1959, 1960 и 1966). |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
![]() |
||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пике: "Егото на Бриаторе е поголемо од се друго!"
![]() "Тој не знае ништо за формула 1. Можеби, поради сите работи кои не ми одеа во корист, тој ме постави толку долу. Едноставно не се грижеше, а искрено нема поим што се случува во тимот. Ако ја слушате радио-комуникацијата, како да слушате шега. Тој нема поим што се случува во трката и понекогаш прашува дали возачот има гуми за суво или дожд кога е очигледно", изјави Пике во интервју за Аутоспорт. Иронично токму на Унгарското ГП, откако Фернандо Алонсо излета во вториот болид на Рено по одлуката на тимот да не му каже дека едното тркало не му е добро зацврстено при влегувањето во боксот, Бриаторе беше покажан на ТВ камерите како си заминува од патеката иако Пике се уште беше во трката. "Сите знаат дека неговото его е поголемо од се друго. Тој сака да се покажува. Може да бидеш колку сакаш добар бизнисмен, но Ф1 тимот на Рено може да работи многу добро и без него. Кога почнав со тимот, тој беше на сите состаноци и брифинзи, но освен за бизнисот другите коментари му се без врска. Единствена добра страна му е добрата врска со Берни Еклстоун и со ФИА. Но, кога го слушав што зборува, како да ја слушав мојата сестра. Пет Симондс е човекот кој навистина знае што се случува во Рено", додава Пике. Рено речиси сигурно ќе го постават Французинот Роман Грожан на местото на Пике на трката во Валенсија доколку ФИА им дозволи настап, а интересно е што токму Бриаторе му е менаџер на Пике. 23-годишниот Бразилец не очекува помош од него во враќањето во формула 1. "Менаџер, според него, е некој кој зема 20% од парите на возачот. Според мене, тоа треба да биде некој што треба да даде максимум за добар договор. Флавио никогаш не сакаше да биде во улога на некој кој ми бара тим во формула 1, и нема да се обиде", изјави Пике. Баричело: "Маса е ОК, сака да се врати бргу!" Асот на Ферари, Фелипе Маса заздравува добро од неговата незгода на квалификациите на Унгарското ГП и чека од лекарите да му дадат дозвола да се врати на тркањето, вели неговиот сонародник, возачот на Браун ГП Рубенс Баричело. "Го поминав попладнето со Фелипе и тој е ОК и му благодарам на Бога, истата личност како и претходно", напиша Баричело на Твитер. Болидот на Баричело загуби пружина од еден килограм која го удри Маса во кацигата на квалификациите во Унгарија. Маса доби фрактура на черепот и мала повреда на окото по што помина една недела во болницата во Будимпешта пред да се врати дома во Бразил и да продолжи со заздравувањето. "За неговото враќање мораме да бидеме трпеливи. Тој мора да биде 100% подготвен пред да почне да вози, а волјата не му недостасува", додаде Баричело. Берни ќе си заминел ако се формирала нова серија Ф1 шефот Берни Еклстоун вели дека не бил задоволен од непријателството кое било покажано од тимовите во овогодишната закана дека ќе се формира нова серија. Иако иднината на Ф1 изгледа сигурна по потпишувањето на новиот Конкорд договор со Еклстоун и ФИА, Британецот реши да проговори за преговорите оваа година и откри дека ќе си заминел ако се продолжело со заканите за паралелна серија. "Овој бизнис сега е изграден и полесно е да се продолжи отколку да се стартува нешто од почеток. Јас сигурно немаше да формирам нова серија покрај формула 1. За тоа немаше причина, ниту логика. Тие кои кажуваа дека ќе прават нова серија малку се занесоа. Ако Ф1 колабираше зошто јас би останал? Немаше цел повторно да се гради и иако имам енергија имам и многу подобри работи на кои би можел да ја потрошам", призна Еклстоун. Ф1 ФЛЕШ Организаторите на Малезиското ГП ќе го вратат стартот на својата трка од 17 часот на 16 часот за следната година по фрустрирачката прекината трка оваа сезона поради силниот дожд. Трката во Сепанг стартуваше подоцна по барањето на Берни Еклстоун за ноќна трка за европските гледачи, но таа беше прекината по само 32 кругови поради тропска бура, а возачите добија по половина поени. Лидерот во генерален пласман, Џенсон Батон, го продава својот Бугати Вејрон. Досега се изработени само 200 Вејрон автомобили со 8-литарски турбо В16 мотор и повеќе од 1.000 коњски сили и максимална брзина од 400 км/ч. Црниот Вејрон на Батон има само 1.500 поминати милји и се продава за 900.000 фунти или речиси 1.5 милиони $. Покрај ова 29-годишниот Британец вози и Мерцедес ЦЛК ДТМ АГМ, Мерцедес Ц63 АМГ, Ферари Енцо, Ауди РС6 Авант, БМВ М5, Смарт автомобил, Фолксваген комби од 70-тите. Бруно Сена е главен кандидат за место во новиот Ф1 тим Кампос за 2010, вели шефот Адријан Кампос за шпанското радио. Кампос призна дека сака еден искусен возач како Педро де ла Роса или Марк Хене, но дека млад возач како Сена би бил совршен за тимот. Покрај тоа Кампос како кандидат го спомена Витали Петров, Русинот кој настапува во ГП2 серијата и има огромен број спонзори, додека добриот пријател на Фернандо Алонсо, 29-годишниот Шпанец Антонио Гарсија засега има понуда само за еден тест. |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
![]() |
||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ke mu mine de
![]() |
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
![]() |
||
Biba_G ![]() Сениор ![]() ![]() Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
така а? а за таму вратот не го боли,а? а? ![]() |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |