|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика | страница <1 179180181182183 256> |
Автор | |
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знаеш ли дека Балканот кон крајот на минатиот век,и почетокот на овој,го споредуваа со “буре барут“,ама воопшто не излезе така,туку излезе дека всушност Балканот бил само едно мало “зрнце барут“,што е далеку од фамозното “буре барут“,па затоа и ЕУ ќе продолжи да игра со “безопасното оганче“.Одтука произлегува дека ние како држава,меѓународно призната од 125 земји под уставно име,не треба воопшто да ги прифатиме уцените за смена на нашето име,посебно кога се знае дека не станавме членка на НАТО ни под референцата ПЈРМ,ни под никако поинаку.Изјавата на Бусек е во вистински момент за нас,како сигнал дека не треба воопшто да им веруваме на лагите од ЕУ,а богами и од некои наши политичари,дека со промена на името Македонија ќе има некакви придобивки.Сега тоа станува и премногу очигледно дека Македонија без разлика дали ќе го смени името или не,мали се шансите да се зачлени во ЕУ,практично никакви,барем во перспектива од 10-20 години,за кое време ЕУ и неминовно ќе се распадне како институција или сојуз.Затоа можеме да констатираме дека едноставно ни е сеедно дали нашиот сосед Грција ќе се заканува со некакво апсурдно вето,за членство во некаква ЕУ,каде и без таквиот малоумен чин како ветото на Грците,земјите од Балканот нема да бидат членки на ЕУ. Време е нашиот председател и премиер,јавно и “машки“ да излезат со изјави дека ни е сеедно како ќе завршат разговорите со Грција,кога Македонија не е во НАТО,а нема ни догледни шанси за во ЕУ,и затоа ќе си остане вечно Македонија,без разлика дали тоа им се допаѓало на соседите или на земјите членки во НАТО и ЕУ каде очигледно немаме ни шанси за пристап,значи ни “мотив“ да правиме било какви промени на нашето име. |
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pred edna godina na eden germanski sajt procitav deka CIA se uste aktivno raboti za da se raspadne EU,,amerikancite ne sakat da imat konk*rencija protiv niv,no dali ke uspeat ovoj pat ke vidime,zatoa sto sega gledam denovive posle Irak se zaglavija i vo Avganistan. Изменето од Polaris - 01.Септември.2009 во 15:13 |
|
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Без разлика што работат Американците или Русите,без разлика што сакаат ЕУ членките или било кој други земји,Македонија има потпишано обврска во ООН да разговара за разликите окулу името,билатерално и посредно преку ООН со Грција,се разбира дека не треба да отстапи од тие разговори,колку и да се мачни односно бесмислени.
Разговорите можат да траат и со милениуми,додека не се усогласат разликите окулу името помеѓу двете земји,ама исто и Грција има обврска дека нема да ја оневозможува Македонија да членува во меѓународни сојузи,организации па и унии.Спречувањето,односно противењето на Грција за Македонија да стане членка на некоја од споменатите светски организации или сојузи,па и евентуално унии,само ни оди во прилог и треба да биде појдовна основа со која ќе се упати жалба до ООН за пристрасно медијаторство од нејзиниот представник,во случајот Метју Нимиц,кој воопшто не го зема во обзир спречувањето од страна на Грција и непридржувањето кон однапред потпишаниот договор за непречено зачленување на едната земја во Евроатланските институции,со напомена дека на тој начин разговорите стануваат беспредметни,а одлуките на ООН необврзувачки и навредливи за едната страна. Но за сето тоа треба и кадарни луѓе кој сето ова што го кажувам треба да го знаат и при тоа да го употребат како “адут“ во споменатиот чин на билатерални разговори,а не таму да се испраќаат некакви некадарни морони како досега,кој не знаат ни портата да си ја погодат ако не им ја бојосаш. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поларис, не ја одвлекувај темата во друг правец, дискутирај за преговорите.
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ги прочиташ моите поранешни постови ќе забележиш дека и по однос на ова прашање имам идентичен став со твојот:
Овде само би додал дека наместо преговарањето за името* и борбата за прием во НАТО и ЕУ, ние, доколку сме паметни (за жал, иако со тешко срце, сепак морам да констатирам дека не сме), би требало да се ориентираме кон економскиот развој, кон зголемување на стандардот ... едноставно, да „си замислиме“ дека сме во ЕУ! Во тој случај ЕУ (ако дотогаш суште постои!) ќе види дека сме навистина зрела и економски силна држава и (верувам) дека тогаш ни името не би преставувало некој посебен проблем. Впрочем, на оваа карта членство во ЕУ доби и Словенија. Ако не беше економски силна, ниту таа немаше да стане нејзина членка. А и да не станеме нејзина членка или ако ЕУ се распадне (како и многу други сојузи, заедници, држави пред неа) ние ќе си бидеме силни сами за себе, а не оти тоа го бара некој друг. Да, од денешен аспект ова што го велам изгледа како утопија, но толку малку треба за да се стори (наизглед) невозможното. Само, кој да биде тоа, кога секој си го гледа личниот интерес и интересот на тие со чија помош дошол на власт (ментори, спонзори, донатори...), кога секој секому дава сопки за да не успее во своите замисли, бидејќи ако успее тогаш тој нема шанси да дојде на власт. * - би можело да се преговара единствено за да се „преговара“, бидејќи веќе сме се фатиле на орото и, не би било добар дипломатски чекор ако се прекинат преговорите од наша страна. Кога веќе преговорите оделе 15 години, нека одат уште толку, а за тоа време надворешната политика треба да ја интензивираме кон признавање под уставното име на што поголем број земји кои сеуште го немаат сторено тоа. |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убаво што ете се согласуваме во некои ставови и мислења окулу ова прашање,па иако велиш дека дека не сме доволно паметни ова да го направиме,морам да ти реплицирам на твојот став и да ти укажам дека не се согласувам целосно со тоа твое мислење.Македонија како мала држава не може да ја избегне глобализацијата како неминовен процес,па одтука мора да игра според “свирката“ на големите.Спасот го гледам само во изборот на “играорците“ односно нашиот “ороводач“,а најмногу од се,во неговиот правилен избор на оние кој го придржуваат во играта на самото “оро“. Да се надеваме дека досегашниот лош избор на “играорците“,беше и ќе остане минато,и дека нашиот “ороводец“ ќе ја промени својата некадарна постава,која се покажа погубна изминативе три години.Доколку тоа не се случи за разумен рок,убеден сум дека Македонците ќе смогнат сили да го сменат “ороводецот“,иако тоа не е толку едноставно,ама е изводливо и мора да се направи,за орото да оди повеќе напред одколку назад. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
доколку сакаме во нато и еу , и доколку има потреба од зачленување таму , треба под хитно и најургентно да се прекинат преговорите и да додека можеме си избереме САМИ одредница ..... после кога ќе ни мавнат каква сакаат ќе биде доцна за менување
|
|
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема сакале или неќеле,дефинитивно е јасно оти во догледно време нема членство во ЕУ,а за нас и во НАТО,па затоа е парадоксално сами да си го сменуваме името,или да дозволиме други да ни го сменат. |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еххх , да знаеш колку и јас го посакувам тоа, но некако искуствата од изминативе 17-18 години индицираат сосема друга перспектива и, некако немам баш многу надеж! Btw. - Што е песимист? - ???? - Тоа е оптимист со искуство |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
kokomoko81
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1363 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne mi e jasno zosto politickive analiticari koi ja imaat obeseno diplomata vo svoite domovi ne ispadnat so jasen stav i najubavo so najprosti zborovi ne recat : vo zavisnost od smenuvanjeto ili ne- smenuvanjeto na imeto ne cekaat vakvi pridobivki no i vakvi posledici ... pa da jas kako Makedonec sednam i razmislam za sto bi se opredelil
iako e zalosna situacijata vo koja se naogja zemjata i stradanjeto na mnogu makedonski familii koi ne mozat da egzistiraat, ne e nase pravo da ja menuvame istorijata - ne e nicie pravo |
|
......
|
|
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па воглавном чекаат тоа ние да им го обработиме по форуми или слични јавни медиуми,за потоа да можат да испаднат со “сопствени“ релевантни мислења,во спротивно нема да ги имаат “обесено“ сопствените дипломи по домовите. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПАСОК најавува помек однос кон прашањето за името
Кога ќе дојдеме на власт ќе го решиме проблемот со името и ќе им дозволиме на славомакедонските бегалци, кои ја напуштија земјата по граѓанската војна да се вратат, изјавил за грчката веб страница newstime - Андреас Ловердос, еден од најблиските соработници на лидерот на сегрчкото социјалистичко движење ПАСОК, Андреас Папандреу.
А1...
Само ќе потсетам на онаа народната...Волкот влакното го менува ама карактерот никогаш...
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И Хорхе кога ќе дојдеше на власт уште следниот ден ќе му одеше на Гркот на гости да го реши името...ама...
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Внеси реплика | страница <1 179180181182183 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |