|
Што можеме да направиме за Македонија? |
Внеси реплика | страница 123 34> |
Автор | ||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 31.Август.2009 во 23:26 |
|
„Не прашувај што твојата татковина може да направи за тебе, прашај што ти можеш да направиш за твојата татковина“ - Џон Ф. Кенеди... Интересно размислување кое би можело да го пренесеме на нашиве услови на живеење. Многупати сум размислувал и дискутирал, што всушност очекуваме од Македонија, и за возврат што ние и даваме. Дали живееме како паразити, закачени на едно тело и цицаме крв додека жртвата не колабира.
Сите очекуваме „чуда“ од државата, сакаме социјална држава, еколошка држава, правна држава, економски силна држава. Но, една кратка листа од неколку прашања, ме фрлаат во мисла- можеме ли навистина, со минимален напор, да си создадеме убави услови на живеење?
Еве неколку од тие прашања:
1. Колку граѓани и правни субјекти затајуваат данок, прикажуваат лажни резултати за остварен профит, бегаат од фискализација, плаќање придонеси?
2. Колку граѓани цените во продавница ги гледаат во денари а веднаш ги претвараат во евра, кога прашуваат за некоја роба бараат цена во евра, секој разговор е во евра, а , нашата национална валута, денар се викаше?
3. Колку граѓани , после завршена услуга од буџетски службеник во јавна установа, (платена од данок на народот , за да му служи на народот) , осеќаат потреба да почастат некој службеник, да им се најде за друг пат?
4. Колку граѓани свесно прават прекршок, во сообраќај, на улица (фрлање отпад насекаде), и ако случајно добијат казна, наместо да ја платат, бараат секакви можни врски да ја поништат казната, и повторно го прават истиот прекршок?
Списокот на вакви и слични прашања е многу долг, но поентата е прашањето: Дали постои желба кај народот да тргне од себе, секој поединечно, и да се праша - што можам да направам, да живеам во богата земја со развиена индустрија и висок стандард на живеење, со силна здравствена и социјална заштита, со развиена наука, чиста околина околина, безбеден сообраќај, безбедна држава, ефикасна администрација...
А малку треба, секој да го покрене механизмот во себе, и еден ден ќе се смееме дека воопшто сме дискутирале за политика, на анкети ќе се смееме дека голем дел не знае која партија е на власт, не знаат име на политичар и сл.... Ама ќе живееме убаво, ќе дискутираме повеќе за спорт, музика, забави, патувања....
Можеби звучи како утопија, но верувам дека можеме, само ако сакаме - но, дали сакаме?
Добредојдени се сите размислувања, како да си го направиме животот поубав и како да се гордееме повеќе со нашата татковина...
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Знам дека ќе звучам песимистички....ама мислам дека оваа тема треба да дојде на дневен ред за некои 30-40 години....
Кога ќе се сменат сегашниве генерации во политиката, кога Југославија ќе биде во сеќавањето на 70-80 годишниците, кога ќе мислат и творат генерации што се родиле и живееле во пост-транзицијата и по времето на матно-политичките владеења....
Се до тогаш, само неколку проценти од нас ќе ги фрлаат пикавците на место одредено за тоа, ќе плаќаат паркинг, ќе застануваат на жолт семафор, ќе ја бараат фискалната сметка од секој продавач, ќе го пријавиме службеникот што чека нешто "под рака" .....итн...
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А зошто да чекаме 40 години?
„Секое тело е во состојба на мирување или константно движење, се додека друго тело или сила не влијае таа состојба да се промени.“ - Исак Њутон Ако почнеме сега и овде, за 40 години ќе имаме многу позабавни теми за дискусии... |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Treba da pocneme sto poskoro. Najdobroto vreme e denes! Ni treba dobra edukacija na naselenieto , podobro zapoznavanje so Univerzalnata Deklaracija na Covekovite prava na OON i nejzino primenuvanje vo sekojdnevniot zivot. Eve, jas se nudam za lider. Dali nekoj ke me poddrzi? P.S. Ova ke go kazam malku na sala, ama ako vlezam seriozno vo politikata ke im se zatresat foteljite i na Gruevski i na Branko . Ke se posluzam so citatot na Branko: TREBA DA ZNAES, TREBA DA MOZES Изменето од KINGDAVID - 01.Септември.2009 во 00:18 |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не.....
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
за да се подобри државата треба да се подобри народот, во сите правци, но власта не е за украс, да му препушти све на народот
на пример глупо ми е кога ќе видам како власта „апелира“ граѓаните да не паркираат по тротоари и да не фрлаат отпадоци, ее ееее па не се прави тоа така, тоа се прави со воведување дебели казни и доста урбана полиција само нормално однапред треба да се обезбедат услови, повеќе корпи и паркинзи, а со парите од казните ќе се полни буџетот, кој потоа ќе се употреби за обезбедување на другите потреби на народот, кои нормално не се споменици, музеи и разни уранистички лудории според мене вака треба да функционира една европска држава за да може да добие народот, треба да добие државата, и обратно, се се врти во круг |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ok, tvoe pravo |
||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За оваа работа не е потребна ниту партија ниту лидер. За почеток, да почнеме од дома. Како ние ќе се однесуваме , и каков пример ќе им дадеме на генерациите после нас.
Еден прост пример - детето кашлало, го носиш на лекар, овој дијагностицира и дава лек (се образувал, специјализирал за тоа и зема плата од државата, со пари од твојот данок за да ти помогне тебе , за да имаш бесплатни услуги и лекови бидејќи редовно плаќаш придонес за здравство), и ти нели, така е адет, купуваш двеста грама кафе и бомбоњера (за сестрите), а детево гледа и си вика - вака бил редот. И тркалото тргнало, па докторот зема плата од данокот, зема пари и поклони од тебе, изградил куќа, купил луксузна кола....Го гледаш на вести и пцуеш -леле каков лопов, корумпиран....Ама некој го ранел... |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Затоа реков...треба да помине време...да се смени барем една генерација...
Ниеден политичар, ни една казна не може да ни го реши проблемот со менталитетот и некултурата....
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za da trgne drzavata napred, potrebni ni se konkretni merki, kako sto se pred se edukacija na naselenieto. Dosta e od prazni paroli, sekoja dobra ideja treba da bide sprovedena na delo, bez razlika dali doaga od opozicija ili od vlasta, dali doaga od "golemec" ili "obicen" covek od narodot. Treba ednas da se trgne, se soglasuvam so Diogen. Dajte da napravime nesto dobro za Makedonija! |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А треба некоја иницијална каписла па да почнете да се однесувате европски....
Досега тоа ви беше забрането....
Или треба сите да почнеме во исто време.....
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Корупцијата, на пример, на ја иницира власта, туку народот- на некого не можеш со сила даму дадеш, можеш со сила да му земеш.
Кај нас мислам дека сеуште не сме свесни доволно колкава сила имаме, со фактот дека основно правило е - кој ги дава парите , тој ги поставува правилата. Затоа на „Запад“, администрацијата игра како свири граѓанинот, оти знае- една поплака и лета од работа... Ама , стапот нели има два краја, па ако не платиш данок, епа мисли му ја тогаш. Најголемите „мафиози“ паднале само заради обвинување -неплатен данок.... |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ocigledno e deka treba inicijalna kapisla. Kako prvo, ovde vo MKD lugeto ne gi znaat Covekovite Prava, i zatoa ne si gi znaat ni svoite, a gi narusuvaat i pravata na drugite. Mora da se pocne od samiot temel. |
||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Внеси реплика | страница 123 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |