IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 32>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 11:06
Фестивалот што ја однесе реата од војната

Фестивалот „Вудсток“ е една од легендите на модерното време. Четириесет години поминаа од тој незаборавен настан. На фестивалот дојдоа луѓе од цел свет, меѓу нив и тогаш 24-годишниот Дитер Фровајн - Лиасо од Келн.

Во јуни 1969 година, Дитер бил при крај со служењето на воениот рок во германската армија. Од американски војници, стационирани на исто место, дознал за претстојниот фестивал во Вудсток, крај Њујорк, и решил да отпатува.

„Си помислив: мора да се ослободиш од оваа реа на униформи, од командна структура, наредби и послушност, а тоа можеш најдобро да го сториш, ако се измешаш со луѓе од еден сосем друг свет“, вели Дитер.

Фестивал преплавен со млади луѓе
И, без многу размислување, Дитер, инаку голем музички фан, резервирал авионска карта за Њујорк. За планот не кажал никому, бидејќи по секоја цена сакал да патува сам. Во Њујорк се сместил во некој феријален дом. Таму запознал млади луѓе од американскиот среден запад, кои исто така сакале да одат на фестивалот: „Ме прифатија, оти за нив беше егзотично дека доаѓам од Германија.“

Фестивалот Вудсток не се одржал во Вудсток?!

Во Вудсток ги очекувало изненадување: „Вудсток? Не таму. Се’ се случуваше во наредното место Бетел, околу три километри оддалечено. Вудсток е лага - неговите жителите одбија да дадат терен на располагање“, раскажува Дитер.

Тој не зборувал многу англиски, а и неговата облека се разликувала од стилот на хипиците, кои го преплавиле местото. Тој бил облечен „сосема нормално“, но добро се чувствувал во тоа „шарено племе“. „Немав никакви задршки и навистина уживав. Шетав наоколу и ги гледав луѓето. Се поздравуваа со „хелоу“ или „хај“. Само гледав и се‘ впивав во себе, целата прекрасна атмосфера.“

„Не ми пречеше чадот од марихуана“

За време на фестивалот малку јадел и пиел, проблем му правел и дожот што не престанувал, оти Дитер од опрема за кампување имал само капа за дожд. Не го тангирале многу ексцесите со дрога и идејата за слободна љубов:

„Секако, неколкумина трчаа наоколу голи, но тоа не ме интересираше многу. Сакав само да слушам музика, да се измешам меѓу тие луѓе, за да видам како живеат, што е тоа, што се случува тука? Чад од марихуана и слични работи беа латентно присутни, но тоа не ми пречеше.“


„Вудсток" во 2004 г. во Кострзин, Полска

Многу значајно му било на Дитер што можел да ги доживее неговите омилени големи ѕвезди: „Кога кратко по фестивалот од предозираност со дрога почина Џенис Џоплин, можев да кажам: барем уште еднаш ја доживеав“. По три дена, тргнал да си оди - до Њујорк со авто-стоп, потоа со авион до Германија. Во татковината видел дека „Вудсток“ станал голем медиумски настан, музиката од таму била емитувана во сите кафулиња и барови.

Трите луди дена цврсто врежани во сеќавањата

Вудсток засекогаш во сеќавањата на Дитер
Дитер, кој сега води продавница за уметнички потрепштини во Келн, досега ретко раскажувал дека бил во Вудсток; вели, малку кој би му верувал. Во 1996 уште еднаш бил на големата фестивалска ливада во Бетел. Во главата и по 40 години му се цврсто врежани сеќавањата на трите луди денови, полни со музика и шарената човечка толпа. „Во секој случај, целата, како да кажам, целата реа на Бундесверот беше како од ветер однесена“, заклучува Дитер.



Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 11:56
ова е далеку подобро од вудсток ...........
 
 
 
 


Изменето од МАРШАЛ - 16.Август.2009 во 11:58
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2009 во 14:55
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 02:11
„Зи зи топ“ во Скопје

За доаѓањето на тројката извесен период се шпекулираше, а сега од „Авалон продукција“ потврдија дека бендот доаѓа на 22 октомври, но се' уште не се знае на која локација ќе настапи.


Брадестите рокери од Тексас, „Зи зи топ“, на 22 октомври ќе гостуваат во Скопје, потврди вчера „Авалон продукција“. Минатата недела беше официјализиран настапот на групата во Белград, но преговорите за Скопје се' уште беа во тек. Од македонската промоторска куќа известија дека по многу преговори и со големо инсистирање изведбата е вметната во турнејата на „Зи зи топ“ како трет настап кој „Авалон“ ќе го работи на нивната европска турнеја.


Легендарните музичари еден ден пред скопскиот концерт ќе настапат на стадионот „Академик“ во Софија, а на 18 октомври ќе гостуваат во белградска „Арена“. Два дена по скопскиот концерт „Зи зи топ“ ќе свири во Атина, а сите концерти се дел од актуелната „Дабл даун лајв турнеја“.

Музичките критичари ги издвојуваат нивните концерти како врвни настапи и ги сместуваат меѓу десетте најдобри концертни рок-бендови. Триото од Тексас постои од крајот на 60-тите години, а кариерата на хард-рок бендот со блуз основа постепено се развиваше во нагорна линија. Во средината на 70-тите години се прослави со албумите Tres Hombres и Fandango, како и хитовите La Grange и Tush.

Во следната деценија во својот звук додадоа и синтисајзер и ги снимија бестселер-изданијата Eliminator (1983) и Afterburner (1985), како и серија атрактивни спотови. Клиповите станаа дел од симболите на музичката телевизија Ем-ти-ви, а го зацврстија и нивниот имиџ. Тие се меѓу ретките состави што настапуваат повеќе од 35 години без промени во поставата, а во 2004 година влегоа во Халата на славните на рокенролот во Спрингфилд.

Меѓу хитовите на „Зи зи топ“ се: Gimme All Your Lovin’, Give it Up, Sharp Dressed Man , Legs, Velcro Fly, My Head’s In Mississippi и Viva Las Vegas. Минатото лето бендот соопшти дека почнале да соработуваат со Рик Рубин (Џони Кеш, „Ред хот чили пеперс“, Џеј Зи) на својот нов албум. Рубин ќе го продуцира изданието, а желбата членовите е да се вратат кон звукот од ерата пред хитот La Grange од 1973 година.

Три милиони долари за да ги избричат брадите

Момците се познати и по имиџот: каубојски шешири, моторџиски јакни и чизми и неодминливите бради што се најдолги во историјата на рок-музиката. Во триото членуваат двајца брадести музичари - гитаристот Били Гибонс и басистот Дасти Хил - и тапанарот Френк Биард, кој е без брада, но со презиме што значи брада. Тој секогаш е избричен и има само мустаќи.

Во 1984 година компанија „Жилет“ им понуди по милион долари за да ги избричат брадите за телевизиска реклама. Тие ја одбија понудата и го задржаа имиџот велејќи дека се „премногу грди без брадите“. Уште еден дел од нивниот имиџ се темните очила, кои се поврзуваат со нивната песна од 1979 година Cheap Sunglases („Евтини очила“).

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 10:47
Кон врв
TheCrow Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 136
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheCrow Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 12:08
Мадона пристигнува денес

Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 17.30 часа      


Нај-очекуваниот музички настан на 2009 година ќе биде концертот на Мадона во Бугарија.
Над 50 000 бугарските навивачи ќе се соберат оваа вечер на стадионот "Васил Левски за да видат во живо мегаспектаклот на кралицата на попа.
Мадж ќе настапи со спектакл на најголемата сцена, градена некогаш у нас.
Таа ќе биде долга 85 метри, длабока 35 метри и висока околу 40 метри.
Мегапродукцията пристигна кај нас со над осумдесет Тирана, дваесет минибус и десет мотокара, два од нив со височина на поднесување над 12 метри.

Специјално најсовремена завршница, поднесен од странство, е поставено на тревата на стадионот и целиот простор околу сцената, за да ја заштити од повреди површината, по која ќе минуваат тешките возила.
Специјално за престој на мегазвездата у нас, затворените спортски сали на стадионот "Васил Левски" се преобразен до неузнаваемост.
Спортски сали се претворат во удобни соби со драпирани ѕидови, дебел тепих и удобна мека мебел.

Приватниот будоар на Мадона, каде што таа ќе биде сместени во часовите пред концертот, е поделен на три простории - просторија за шминкање, просторија за масажа и третата просторија за одмор, што до сега ниту една ѕвезда не побарала за неговиот престој кај нас.
Ѕвездата пристигна во Софија околу 15.20 часа на аеродромот во Софија. За неа ќе се грижат 450 телохранител.
Кралицата на попа доаѓа со тим од повеќе од 250 лица, огромен број костуми и галантерија, дело на над 30 дизајнерот.

Девет лица ќе се грижат за облеката на Мадона, а за време на шоуто ќе ја видиме во осум различни тоалета, кои се мал дел од целиот сјај на неверојатниот спектакуларни.
Мадона ќе одвои специјална единица во двочасовен си шоу на Мајкл Џексон, кој денеска требаше да наполни 51 година.
Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 17:30 часот.
Специјалниот гостин на Мадона - Пол Оукенфолд ќе започне својот сет околу 19:30 ч, а мегазвездата се очекува да се појави на сцената околу 21 ч

Изменето од Анастеа - 04.Септември.2009 во 17:08
Suddenly I heard a tapping, as of someone gently rapping, rapping at my chamber door.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 14:34
Ќерката на Мадона - каква копија на оригиналот изненадување
Дванаесетгодишната ќерка на Мадона, Лурдес, на најновите фотографии кои проструија на интернет ја потврдуваат сличноста во стиловите и изгледот на мајката и ќерката.






Во школска униформа, со превез и црвен кармин Лудрес (12) се повеќе личи на нејзината мајка Мадона. Оваа слика која може да се најде на интернет е дел од втората верзија од видоето на Мадона за песната „Славење“. Другата верзија за видеото е достапна на интернет од вчера.
Лудрес и се придружи на Мадона на сцената во Израел на вчерашниот концерт во Тел Авив како дел од нејзината „Стики енд вет“ турнеја.
Лудрес е најстарото дете на поп-кралицата Мадона од Карлос Леон, поранешниот фитнес тренер на Мадона.
Според пејачката, нејзините деца имаат многу строго воспитување: „Моите деца не гледаат телевизија. Имаме телевизор дома, но не сме претплатени на ништо освен на филмови. Телевизијата е ѓубре. Мојата ќерка има проблем со собирањето облека од подот. Па затоа ако не си ја стави облеката во плакарот, таа ќе заврши во ѓубре. Таа мора да научи да биде уредна“, изјави Мадона.



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 17:14
КОНЦЕРТ НА Bernays Propaganda

на 7-ми септември 2009(понеделник), во МКЦ 21:00ч


Изменето од Majkl - 04.Септември.2009 во 17:15
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 02:48

Во чест на Тоше Проески ќе се пее на 25 јануари


Одлуката неодамна ја донесе Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“, бидејќи смета дека публиката треба да го слави денот на неговото раѓање

Традиционалниот концерт посветен на нашата мегаѕвезда Тоше Проески нема да се одржи на 5 октомври во националната арена „Филип Втори“, како што досега се шпекулираше, туку на 25 јануари 2010 година, а локацијата допрва ќе се одредува.

- Размислувавме дека понатамошната организација на концерт за Тоше, наместо на датумот на одржувањето на неговиот последен настап, 5 октомври, треба да го поместиме на датумот на неговото раѓање, со што ќе ја славиме и понатаму радоста од неговото раѓање. Лани докажавме дека концертот во 2007 година и не му беше последен. За нас, членовите на семејството, а веруваме и за сите на кои Тоше им е во срцата, 25 јануари е денот што треба да се слави и да се исполни со музика и со љубов. На последната средба на Управниот одбор донесовме едногласен заклучок дека денот кога ќе се одржува традиционалниот концерт треба да биде неговиот роденден - стои во соопштението потпишано од извршниот директор на Фондацијата, Андреј Николоски.

Концертот веќе се подготвува со полна пареа, но организаторите не откриваат детали за сценариото и за планираните музички гости. Минатата година организаторот, Фондацијата „Тоше Проески,“ под покровителство на Владата и на Министерството за култура на Македонија, заедно со публиката, ја исполнија желбата на Тоше.

- На 5 октомври 2007 година од Градскиот стадион Тоше рече „Да ве видам в година, тука, во уште поголем број. Ве сакам сите!“ На 5 октомври, 2008 година публиката на Тоше беше на Градскиот стадион, во уште поголем број, а таму беа и пријателите на Тоше од различни земји од Балканот кои ги пееја неговите песни. Договорениот простор, во закажаното време биеше со срцев дамар полн со музика и љубов. На сцената на Градски се качија голем број од најблиските соработници на Тоше од повеќе земји, а спектакуларниот меѓународен хуманитарен концерт, обмислен како грандиозна и гламурозна манифестација, го пренесуваа сите земји од регионот - велат од Фондацијата.

Собраните пари од хуманитарниот концерт во континуитет се распределуваат за општественокорисни цели, согласно одлуките на Управниот Одбор на Фондацијата. Со дел од парите неодамна се набавија неопходни медицински апарати за болницата во Крушево. Министерството за култура на Македонија потврди дека и годинава ќе го поддржи овој проект во чест на Проески. (М.А.М.)

Со парите ќе се доградува манастирот во Крушево

Парите што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево, каде што градителските работи се во тек.

- Со оглед на тоа што манастирот е седум километри оддалечен од Крушево, во место надвор од јавната електрична мрежа, потребна е поголема инвестиција за електрификација и за комплетно осветлување на комплексот. Веруваме дека и публиката на Тоше ќе не' поддржи во нашето убедување дека 25 јануари е вистинскиот ден за славење на делото на Тоше, во музиката и хуманоста и воедно се надеваме дека заедно ќе направиме многу и за заживување на една од неговите најголеми желби - Манастирот „Св. Преображение“ - вели Николоски.

Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 13:51
ПОМЕСТЕН ДАТУМОТ ЗА КОНЦЕРТОТ ПОСВЕТЕН НА ПОП - ЅВЕЗДАТА

Место на 5 октомври, за Тоше ќе се пее на 25 јануари


Петти октомври, кој лани беше избран за ден кога секоја година ќе се одржува концертот посветен на Тоше Проески, е сменет со 25 јануари, денот кога покојната поп-ѕвезда е родена.
Меѓународната фондација "Тоше Проески", како организатор на настанот, реши следниот хуманитарен концерт посветен на Тоше да се одржи на 25 јануари 2010 година.
Минатата година организаторите ја исполнија желбата на Тоше, кој на концертот на 5 октомври во 2007 година посака својата публика да ја види следната година на истото место, но во поголем број. На истиот ден лани, стадионот беше преполн, а музичките пријатели на Тоше од Балканот ги пееја неговите песни. Собраните средства од хуманитарниот концерт во континуитет се распределуваат за општествено корисни цели согласно одлуките на Управниот одбор на Фондацијата. Дел од средствата неодамна беа доделени за неопходни медицински апарати за болницата во Крушево.
- Размислувавме дека понатамошната организација на концерт за Тоше, наместо на датумот на одржувањето на неговиот последен концерт - на 5 октомври, треба да го поместиме на датумот на неговото раѓање. Така ќе ја славиме и понатаму радоста од неговото раѓање, а не денот на неговиот последен концерт. За нас членовите на семејството, а веруваме и за сите на кои Тоше им е во срцата, 25 јануари е денот кој треба да се слави и исполни со музика и љубов", велат од Фондацијата.
Средствата кои би се собрале од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот Свето Преображение во Крушево, соопшти директорот на Фондацијата Андреј Николоски.
Кон врв
___tanas_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ШЕФ НАДЕНИЧАР

Регистриран: 26.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ___tanas_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 13:12
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 11:39
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 11:52
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 01:47
Симон Трпчевски на хуманитарна турнеја низ Македонија



Концертната турнеја е од хуманитарен карактер, а почнува утре во Домот на културата во Валандово Нашиот пијано-виртуоз Симон Трпчески од утре до 8 ноември ќе одржи турнеја низ државава. Како што најавуваат од агенцијата „КултурОп“, кои ќе ја организираат турнејата, серијата концерти ќе бидат како продолжение на ланските настапи на Трпчески низ државава, а со кои беше предизвикан голем интерес кај гледачите.

- Како резултат на извонредниот прием од домашната јавност и публиката од градовите во кои се одржаа првите три циклуси, како и поради барање и огромно инсистирање на публиката во внатрешноста на земјава, Трпчески повторно ќе настапи низ нашата земја - велат од „КултурОп“.

Концертната турнеја ќе биде од хуманитарен карактер. Утре Трпчески ќе настапи во Домот на културата во Валандово, а на 10 октомври концерт ќе одржи и во Домот на културата во Кавадарци. Турнејата продолжува и следниот месец, при што на 7 ноември Трпчески ќе има концерт во Охрид. Турнејата ќе заврши со концерт во Велес на 8 ноември.

На концертите Трпчески ќе изведе дела од Хајдн, Моцарт, Шопен, како и од домашни автори, при што премиерно ќе биде изведена и нова суита од Панде Шахов. По секој концерт предвидени се и средби со публиката, при што Трпчески ќе ги потпишува и своите компакт-дискови.

Неодамна тој одржа и повеќе концерти низ европските центри на културата, а за неговите настапи се пишуваше и во повеќе музички списанија. Со пофалби и позитивни критики беа освртите на медиумите во Ливерпул, Велика Британија, каде што Трпчески минатиот месец настапи како солист во изведбата на Концертот број 3 за пијано и оркестар од Сергеј Рахманинов, заедно со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар, а под диригентската палка на Василиј Петренко.

Со овации и долги аплаузи Трпчески деновиве беше награден и од публиката во Тронтхајм, Норвешка, каде што со Симфонискиот оркестар на тој град го изведе пијано-концертот од Морис Равел. Диригент беше маестро Александар Ведерников, кој го предводеше оркестарот на театарот Бољшој на концертот во Скопје во мај годинава.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.