|
Тестирања на крајот на учебната година |
Внеси реплика | страница <1 2627282930> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никако да се најде модус како да се воведе екстерното тестирање во училиштата
Екстерното препуштено на Државниот испитен центар? Државен испитен центар да се грижи за реализирање на екстерното
оценување во училиштата, е размислувањето во Министерството за
образование и наука откако Уставен суд го укина екстерното тестирање.
Неофицијално дознаваме дека во Министерството чекаат на заживување на
Законот за ДИЦ, а наводно во подготовка се и измени на овој закон, со
кој на Центарот ќе му се даде законска можност целосно да раководи со
тестирањето. Но, прашање е колку ваквото решение на Министерството се
коси со законите и Уставот, бидејќи претходно Уставниот суд го укина
екстерното токму поради тоа што државни органи го подготвуваа. |
|
Ами
Нов член Регистриран: 16.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе дечки мене уште не ми е јасно дали оваа година основните училишта ке бидат тестирани???
ај пишете ако знаете Изменето од Ами - 16.Јули.2009 во 15:50 |
|
irenka_princess
Група Регистриран: 05.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 55 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
za greovi samo lazea i nisto pomina i ucebnata 2008/09 godina i pak nisto toa e samo potiknuvanje na decata poveke da ucat
|
|
Само упорноста не води до целта...
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Резултатите од екстерното тестирање во јуни денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за образование и наука Никола Тодоров....
Скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ има највисока просечна оценка (4,12) на екстерните испити од државната матура во јуни. Од 92-те средни училишта во Македонија најдолу на ранг-листата, со најниска просечна оценка (1,49) е тетовското „Гоце Стојчески“. Просечна оценка на целото тестирање е 2,99. Со просечна оценка над 4 се уште две средни училишта - „Орце Николов“ Скопје (4.02) и Државното музичко училиште - Битола (4,00), а просечна оценка од 1 до 2 покрај „Гоце Стојчески“ имаат уште пет училишта: „8 Септември“ - Скопје (1,50), „Моша Пијаде“ - Тетово (1,60), „Кузман Шапкарев“ - Битола (1,60), „Боро Петрушевски“ - Скопје (1,91) и „Никола Карев“ - Струмица (1,98). Просечна оценка од 2 до 3 имаат 39 училишта, а 44 училишта се со просечна оценка од 3 до 4....
|
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шест средни училишта во државава со просечна оценка помала од двојка практично паднаа на државната матура. Најслаби резултати покажале средношколците од тетовското училиште Гоце Стојчевски со 1, 49. Кај 39 училишта просечната оценка е помеѓу двојка и тројка, а дури 44 имаат просек од единица до двојка. Од 92 средни училишта само три имаат просечна оцена 4. На прво место е скопската гимназија „Раде Јовчески Корчагин“ со оценка 4, 12. Од Министерството за образование причината за слабите резултати ја гледаат во нереалното оценување на учениците. За да се подобри просекот министерот Тодоров вели дека мора да се направат целосни реформи во образованието ....
- Минатата учебна година 85% од средношколците се упишаа на факултет.... Ова е рекламата на владата, а денешниот наслов од Канал 5 е поразителен, тогаш како се запишале 85% на факултетите? (Истите ученици поминале кај истите наставници/професори) ... Изменето од Buggyman - 06.Август.2009 во 18:08 |
|
Homo homini lupus est...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малку површна анализа која не ја отсликува реалната слика во училиштата.
Прво--- споредба меѓу предмети кои учениците ги учат 8 години ( македонски јазик) и 2 години (физика, хемија) Второ--- во оценката на наставникот се вреднува и општата активност на учееникот а не само сувопарните знаења за кое од осамостојување до денес наставниците добиваа најголеми критики- од фактографијата се бегаше како гаволот од крстот Трето-- англиски јазик, учениците- барем 80% одат и на к*рсеви и да не набројувам. Едно никој не сака да разбере. Никој не е против тестирање, ама не во функција на вреднување на работата на наставникот бидејки појдовните основи не се еднакви ( социјалниот статус на учениците, условите и местото во кои се наоѓа училиштето- централно градско или некое забит каде се работи во комбинирани паралелки, деца од целодневна каде работат под контрола на 2 наставници и деца кои работат сами или евентуално со мала помош од родители). Има многу ама Професорите обвинети за оценки од ракав |
|
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е важно колку се запишале на факултет. Многу е поважно дали го завршиле, и ако го завршиле, дали нешто научиле или ги купиле оценките. |
|
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иако тврдењата беа дека резултатите ке се искористат за подобрување на квалитетот на наставата некако пак се ставени во улога на девалвирање на наставниковата работа
Се растуриле од петки |
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мое мислење:
Резултатите се сосема реални со оглед на тоа какво е образованието а тоа значи дека му требаат големи реформи. За средното образование: нормално дека во Корчагин нема големи отстапки пошто во Корчагин и децата се поинтелегентни па и наставата си тече без поголеми проблеми... (учев во Корчагин и во 4та година по математика решававме задачи наменети за на факултет, користејќи руска и бугарска литература, во време кога немаше интернет, па затоа на факултет математика не ни пипнав, доволно ми беше редовното идење на предавања и вежби). Во училиштата каде повеќето ученици ги интересира се друго освен школо и на кои и со инка да им ставаш знаење ни 10% не се задржува во глава, таму неможе ни наставата да си тече нормално, или да биде во тек со пропишаната програма, страдаат и оние деца кои имаат интерес да учат и не е изваден максимумот кои можат да го дадат. Јасно, според резултатите, е дека е потребна дополнителна настава, со која на послабите ќе им се помага да го совладаат материјалот, а појаките ученици ќе се унапредуваат повеќе. И селекцијата на учениците не би била лоша. Досега се форсираше просечноста, добро, не е лошо за слабите ученици ама е катастрофална за појаките. Изменето од ultra - 28.Август.2009 во 12:02 |
|
magdalena2008
Нов член Регистриран: 14.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па, морам да кажам дека сето ова е всушност, само тоа, да се девалвира работата на наставникот и да се оправдаат проектите кои не носат никакви реформи, туку само можност за профитирање на некои.
Инаку секој би знаел дека доколку пак се воведат тестовите, сите наставници ќе ги учат децата само како да одговорат на тестовитеи ништо друго. Со текот на годините ќе сез апостават основните цели на образовнието, а тоа е да се подготват децата за предизвиците во животот. И една работа што ми запна на очи, поголемиотдел од оценките биле една оценка погоре. Па дали отстапка од една оценка е лошо оценет ученик, нели тие не се земаа во предвид. Изгледа дека поголемиот број отстапувања и биле една оценка,па сега и тоа сакаат да го направат дека ете не се оценува реално. Изменето од magdalena2008 - 28.Август.2009 во 13:41 |
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ех......... малце ме насмеа со ова, во Корчагин учеле поинтелегентни деца Интелегенцијата е релативна, учениците секаде се подеднакво интелегентни, се зависи од тоа како тие ја користат интелегенцијата А за тие „фамозни руски збирки“, што има врска тоа, математика ти даваат задачи, а задачите се решаваат на еднаков начин и во Русија, и во Македонија и во Тунгузија. И јас учев средно економско и со оглед на тоа што нема збирки за средните училишта решававме од факултетските збирки и положив математика и без да учам, без да одам на предавања или вежби, но искрено не е нешто со што се гордеам. Инаку добро е ова со тестирањава, не добро, туку одлично и како прилично добар критериум се за упис на факултет...... Само што за некои факултети слушнав дека имало приемни, што не е во ред, ем матура, ем приемни Изменето од Момче Македонче - 28.Август.2009 во 14:11 |
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ми беше намерата да ги навредувам другите школи... Зборот ми беше дека во школи, паралелки каде повеќето ученици се јаки, интелегентни (со ова не сметам дека се другите глупави) повеќе се напредува во материјата. Е сега што е вистина, вистина е, дури и бугарите имаа (сега не знам каква е ситуацијата) подобри збирки по математика отколку ние што имавме, а математика се усовршува само со вежбање. Не е доволно само начинот на решавање да се знае и не е доволно само две три задачи да се решат. (Земи пример комплексни задачи, диференцијални равенки, неодредени интеграли итн.) |
|
GDI
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 31.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тестирањето на крај од учебната година е единствен начин за реално оценување, за помал притисок врз професорите, и пред се за учење за знаење! ...
|
|
прашајте како до сигурна заработка на интернет
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | страница <1 2627282930> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |