|
Албански паралелки по медицина |
Внеси реплика | страница <1 12131415> |
Автор | ||
Македонецот
Нов член Регистриран: 19.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
LOL ..... богами и ти си во право.ахахаххахахахахах
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Administracijata za zal iako e tolkubrojna ne odlucuva z aupisnata politika niti za promasuvabjata koi se slucuvaat. Site odluki se odvivaat na povisoka instanca - najniska skala od administracijata koja tuka "zamesuva prsti" se onie koi redovno s emenuvaat na mestata i naznacuvaat so promena na vlasta. Taka da administracijata koja ja poznava problematikata i ne e mnogu konsultirana. Изменето од Анастеа - 28.Август.2009 во 22:54 |
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како не е консултирана,само од неа и потекнуваат ваквите моронски закони што навидум изгледаат како “реформски“,новите не знаат ни со прст да мрднат не па да бидат конултирани,всушност тие се тука само фигуративно.Филтрирање треба очигледно во сите сектори,итоа длабок 50% “рез“,за да почнат да размислуваат,во спротивно “п`ците со маст нема да не јадат“.Задолжителното средно образование е само мал дел од проблемот на некадарните “изгубени честитки“,на кој и вратата треба да им ја бојосаш за да си појдат дома.
Слично е и со здравството,судството,полицијата,па и даночната управа,секојдневно се измислуваат нови закони ама никој не се занишува тие да бидат и квалитетни,проверени и спроведени од вистински кадарни луѓе кој ќе предвидат секакви хипотетички состојби,слични на оваа со паралелките на наставен Албански јазик. Изменето од Анастеа - 28.Август.2009 во 22:55 |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ве молам да не се оддалечувате премногу од темата, со опширни дискусии за проблемите во образованието, кои можат да се водат и на соодветниот подфорум Образование, тука да ја вратиме темата на конкретниот случај со албанските паралелки по медицина.
И уште нешто: ќе ве замолам да не цитирате огромни постови кога тие се наоѓаат веднаш пред вашите за да реплицирате некому. Доволно е да напишете по име/ник кому се однесува репликата или ако веќе цитирате да го квотирате само делот на кој се однесува репликата. Со километарски постови-цитати само се отежнува читањето по темите. Во тој контекст ви се едитирани и претходните постови. Ова процедурално |
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ааа не, со ова не се согласувам. Нели е апсурдно во едно средно училиште да учат деца од само една општина (или одредна месна заедница, бидејќи во една општина може да има и повеќе училишта)? Да не одиме подалеку, дали во Панче Караѓозов треба да се запишат ученици само од таа МЗ во која припаѓаат? Или во ЕМУЦ само од Автокоманда? Или во Ј.Б.Тито само од Центар? Што со децата од другите градови во Македонија? Тие несмеат да се запишуваат во средни училишта во други градови?
Овде се ограничуваат правата на самоизбор на соодветно училиште. Нема „прв апликант-прв запишан“. Тоа се коси со она што пред неколку поста и ти самиот го критикуваше. Според мене, реков и во мојот претходен пост, мислам дека можеби најдобро би било во секое училиште да се даде можност на упис на сите деца кои би го положиле приемниот испит за соодветната струка. Дали тоа ќе бидат 100, 200 или 1000 деца, да нема врска. Е сега дали училиштата ќе имаат кадровска, просторна, техничка или друга можност, тоа е друга работа за која требало да размислат пред донесување на Законот. Нормално, ова со приемните го предлагам под претпоставка да нема „процурување“ на испитните прашања, или било каков друг протекционизам. Во што се сомневам! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со ништо не се ограничува во самоизборот на соодветно училиште и не се коси со предходните мои постови.Полагањето приемни испити е чиста манипулација измешана со мито и корупција,тоа сите го знаат. -Секое училиште однапред ги објавува сопствените просторно-технички услови,за одреден број на ученици,паралелките со соодветен наставен јазик и слично.Децата аплицираат а предвреме програмираниот компјутерски систем ги ажурира нивните апликации,по принципот “прв апликант-прв запишан“.Доколку се исполни квотата во едно училиште самиот апликант се упатува до најблиското училиште со соодветна струка каде во секој момент според нивниот компјутерски систем се знае колку места има слободни за струката во која сакал да аплицира,со знаење дека до таму ќе му биде на располагање бесплатен превоз за време на школската година.Во компјутерскиот систем за аплицирање не смее да има пристап за измени на времето за апликација,ниту пак грешки со непотполни документи кој однапред ќе се проверуваат.Испитните прашања се меч со две острици,од причина што кај нас никогаш ни едно прашање нема да остане “непробиено“,па токму затоа јас сум против секакво “тестирање“ на учениците и нивна изложеност на манипулации уште на 14-15 годишна возраст,кога се соочуваат со мито,корупција,непотизам и разни други девијантни појави кој се составен дел на сите полагања на приемни испити,кој пак за одредени струки се и беспредметни,зошто како што рековме -никој не може со писмен тест да знае однапред дали некому му се слошува и од самата помисла на крв или шприц,со кој секојдневно би се судирал еден апликант во понатамошниот живот и работа доколку биде медицински техничар. |
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Реков и во еден од претходните постови, кај нас речиси е невозможно да се направи нешто без некаква манипулација, како за ова со приемните, така и за ова што го велиш ти како предлог:
Кој гарантира дека навистина ќе се бира според компјутерската програма или дека во самата програма нема да се направи некој „шмеќерлак“?! Македонија и се е можно! Значи, се додека кај нас свеста не проработи, се е несигурно, во се можеме да се сомневаме. Не оти сме родени скептици, туку од искуството досега. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Гарантираат Министерството за Информатичко Општество и Министерството за Образование,итоа обосрано,за да нема манипулација само во едното министерство,односно за поголема контрола едни врз други.А министрите веднаш пристапуваат кон отстранување од работа на евентуалните вработени “манипуланти“,со таквиот комјутерски систем кој не треба да чини повеќе од 5 000 евра.Значи Министерството за Информатичко Општество можат да отстранат од работа некаков администратор или вработен во Министерството за Образование,или пак обратно.Нели е едноставно? |
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако имаме такви големи контроли и отстранување од работа на манипулантите, тогаш не би требало да има проблем и кај другите начини на запишување (пр. со приемни испити). И во овој случај се би било едноставно. Ама за жал реалноста не е таква. Друга една негативност кај овој систем „прв пријавен - прв запишан“ е фактот дека сепак, не се сите ученици ставени во рамноправна положба. Имено, ако на пример уписот во ЕМУЦ трае да речеме три дена, децата од Скопје ќе се запишат уште во првиот ден, но дали таа можност ќе можат да ја имаат децата од другите места во Македонија? Што ако тие дојдат да се запишат во втроиот или третиот ден? Нема ли тоа да биде фаворизирање само на скопските деца? Затоа, реков и порано, се додека кај нас не проработи свеста, нема ништо ни од образование ни од се друго! И понатаму ќе се соочуваме со овакви или слични појави. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пак тој со приемни испити, ти кажав дека приемните испити за насочено и задолжително средно образование се само “финта“ која служи за корумпирање на наставниците или оние кој тоа го спроведуваат.Слично е и во бараните факултети,каде приемните испити се филтер за оние кој ќе дадат повеќе пари,или имаат појак пријател.Затоа тие треба да се укинат насекаде,не само во средните училишта.Пред се,затоа што со приемни испити како решение никогаш нема да проработи свеста,и секогаш ќе имаме манипулации проследени со мито и корупција. Изменето од Анастеа - 02.Септември.2009 во 13:09 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Spored poplakite na izmanipuliranite roditeli izleze deka organizatorite znaele sto pravat i sto baraat. Si gi zapisaa nivnite deca bez priemen a na onie koi im dadoa podrska i bea solidarni so niv decata s eupateni vo novootvorenite paraleki vo Zefljush Marku.
|
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Практично сите ученици сега треба да бараат да бидат преместени во училишта кој биле нивна желба,ама се плашеле од приемните испити кој ете не мора да се полагаат за некои.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, но сега се малку, сега не се организирани бидејки тие кои се запишале по принципот - Кој прв подал документи заборавија очигледно што е солидарност ( заборавија нивните родители). И сега е јасно дека не било не запишување по национална основа.
|
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не заборавиле родителите,туку се потполниле местата во ова училиште од оние кој први поддале документи.Слично беше и со ЦЕМТ дозволите.
|
||
Внеси реплика | страница <1 12131415> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |