|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика | страница <1 199200201202203 242> |
Автор | |||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На сликите се претставени свети особи од православието и хиндуизмот на кои им се упатуваат молитви и пред нивните слики се вршат ритуали. Кришна e роден без сексуален контакт. Истото како што се верува за зачнувањето на Марија. |
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Имам прочитано многу одамна не се секавам точно каде.
Колку се секавам дека во стариот Вавилон имало иста таква некоја поврзаност (божествена) на детето и мајката и мислам имало некој празник кое го славеле ова божество.На истиот овој празник лугето си разменувале вапцани јајца. Ако некој знае нешто попрецизно за ова не е лошо да ни објасни темелно. |
|||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве еден интересен текст кој го најдов на нет: http://perdurabo10.tripod.com/id563.html |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сакаш да кажеш дека православните со зборови ја ставаат блажената Марија над Исус, а со срцето не го прават тоа? Повели прочитај што вели Светото Писмо за тоа...
"А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува човекот." (Матеј 15:18)
"Устата зборува од она што го преполнува срцето" (Матеј 12:34)
"зашто по твоите зборови ќе бидеш оправдан, и по твоите зборови ќе бидеш осуден." (Матеј 12:37)
Оттука следи дека не може некој да и дава на блажената Марија поголеми и почесни титули од самиот Господ, да и се моли, да и се поклонува, со еден збор да ја обожува, а да вели: "Ама јас тоа само онака на зборови, иначе не ја правам Бог"
Уште еднаш ќе го постирам предходниот коментар ама овој пат ќе ги здебелам одредени зборови на кои сакам да обрнеш поголемо внимание:
Библијата вели дека Бог е Свет. Православните велат дека блажената Марија е Пресвета.
Библијата вели дека Бог е благословен. Православните велат дека блажената Марија е преблагословена.
Исус вели дека Јован Крстителот е најголемиот човек што се родил од жена. Православните велат дека Марија е најголемата.
Библијата вели дека Господ е Владетелот на Ангелите, православните велат - Марија.
Библијата вели дека Исус е кнезот на мирот. Православните велат дека Марија е Господарка на мирот.
Библијата вели дека Исус е Спасителот. Православните ја нарекуваат Марија спасителка.
Библијата вели дека Бог му се јавил на Мојсеј во облик на несогорлива капина, православните ја нарекуваат Марија "капино несогорлива".
Библијата вели дека Исус е нашиот Застапник на Судниот Ден, православните ја нарекуваат Марија "Застапничке моја на судниот ден".
Исус вели дека Бог им дава власт на владетелите, православните велат дека тоа го прави Марија.
Во Библијата има само едно пророштво за Марија (а две за Јуда!), а правосланвите ја нарекуваат "проповед и слово на сите пророци".
Библијата вели дека Бог е владетелот на светот и Господарот на сите, православните велат - Марија.
"Возљубени, ова е веќе второ писмо (коментар ), што ви го пишувам, и во двете го разбудувам, преку напомнување, вашиот чист разум,"
(2 писмо на апостол Петар 3:1, Светото Писмо) |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно така, Исус имал мајка, а тоа се Христовите ученици кои ја извршуваат вољата на Бог:
"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка."
(Исус Христос во ев. Матеј 12:47-50)
Забелешка: Ова е единственото место во Светото Писмо каде што Исус нарекува некого "мајка".
Исус никаде во Светото Писмо не ја нарекол и не и се обратил на блажената Марија со зборот "мајко". На две места Исус ја нарекува "жено", цитирам:
"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.” (Јован 2:4)
"А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!" (Јован 19:26)
Во една дискусија кога блажената Марија обраќајќи се кон Исус го нарекла Јосиф негов татко, Тој индирекно изјавил дека Бог Му е Татко:
"Кога Го видоа се зачудија и мајка Му Му рече: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко Ти (Јосиф) и јас се измачивме, барајќи Те.” Тој им рече: „Зошто Ме баравте? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Татко?" (Лука 2:48-49)
Во една друга дискусија кога Исус видел дека фарисеите и закониците цело време го нарекуваат Месијата "син Давидов" (или "потомок на царот Давид"), Тој им одговорил:
"”Што мислите за Христос? Чиј Син е?” Му рекоа: „Давидов.” Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот, Го нарекува Господ, велејќи: ’Му рече Господ (Јехова) на мојот Господ: ‘Седни од Мојата десна страна, додека ги положам Твоите непријатели под Твоите нозе’? И така, кога Давид Го нарекува Господ, како тогаш Му е Син?”"
(Матеј 22:42-45)
Истото прашање им го поставувам и јас на православните:
И така, ако Марија го нарекува Христос Господ, тогаш како може Тој да и биде Син?
Изменето од EvAngelos - 28.Август.2009 во 14:54 |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Jas ke ti odgovoram pocituvan brate Evangelose. Iako ISUS im go postavi toa zbunuvacko prasanje na fariseite i kniznicite, zarem ne e fakt deka ISUS vo Biblijata e narecen " sin Davidov"? (odnosno potomok na carot David)? I taka , iako Deva Marija go narekuva Hristos Gospod zarem ne e fakt deka taa go rodi ISUSA i e Negova majka? Znaci, tocno e i ednoto i drugoto . Pozdrav! |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прашање до сите: Дали верувате дека Марија, мајката Исусова, била навистина обременета натприродно од страна на Светиот Дух?
Значи, Исус зачнат без сексуален однос? поздрав Изменето од Majkl - 28.Август.2009 во 17:02 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа со Семирамида не е потврдено дека е така, затоа што сите историчари не се согласни околу тоа, а и немаат ни некои објективни извори на информации, има милион верзии, па се е само претпоставка.
Инаку во ниту еден случај кај тие божества, аватари или што и да се, не станува збор за Дева, за девствено раѓање и слично. |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако мислиш дека Марија била зачната од страна на Св. Дух, НЕ ВЕРУВАМ. Ако мислиш дека Господ Исус Христос бил зачнат од страна на Св. Дух и Пресвета Дева Марија, ВЕРУВАМ. |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Господ во Светото Писмо никаде не е наречен "пресвет", туку само "свет". Ова е еден од доказите дека вие блажената Марија ја воздигате и над Господ.
Православните веруваат дека се што допрел Исус во времето кога престојувал на Земјава се осветило и денес ние треба да му се клањаме на тоа. Па така тие се клањаат на блажената Марија само затоа што таа го носела во утробата и го израснала. Тие се клањаат на крстови затоа што на крст бил распнат Христос. Тие осветуваат и продаваат свети водички затоа што демек кога Јован Го крстил Исус сите води се осветиле (и сега треба да се продаваат свети водички по православните храмови). Изменето од maria_magdalena - 28.Август.2009 во 19:26 |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, според Бхагавата Пурана, Кришна е роден преку ментална трансмисија на Вашуведа во утробата на Деваки, кое според Хиндуизмот е возможно за просветлените личности. Сепак разликата е што Исус е Син Божји зачнат од Светиот Дух и Пресвета Дева Марија, додека Кришна е син на луѓе, кои претходно имале сексуални односи ( имале 6 деца пред Кришна ), а е зачнат преку ментална трансмисија. |
|||
Внеси реплика | страница <1 199200201202203 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |