|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика | страница <1 195196197198199 242> |
Автор | |||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Да навистина е така, па нели при Исус доаѓаше секаков народ, и митници и грешници и блудници, и сите ги примал, не прашувајќи дали родителите склопиле брак пред Бог или само во “матично“. Навистина сум изненадена и засегната од текстот-лично. Каков апсурд! |
|||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Ајде по ред брате евангелосе...тешко е апологија против сарказмот но ај да се обидам...
Абе кратко и јасно без благослов на Црквата(тука е битно што правоверните подразбираат под Црква,а не баптистите) не постои брак,па ти наречи го како сакаш али тоа не е брак. Убаво тоа што тие си се верни едни на други но тоа не го ублажува фактот дека тоа е заедница која нема благослов од Бога. Друго е што баптистите немат свештенство/презвитерство(и покрај многуте недвосмислени пораки од светото писмо) па затоа и разбирлив е сарказамот кон православното свештентсво(презвитери,ѓакони и епископи).
Ако се занемарат наводниците,тоа е навистина така.
Е ова е веќе бисер !Него еве сериозно те прашувам, кога точно тоа ,ваљда тука мислиш на римокатолиците, ги измислиле тие свети тајни,на кои толку им се потсмеваш. Друго е што повеќе тука мислиш за свештенството отколку за бракот.(да не испадне послем само дека ја идам офф топик)
Чиста комунистичко-маркситичка критика за религијата. Ја очекував тука некој библиски доказ а не Карл Маркс и остала багра. Друго е што имаш неточно историско разбирање за католицизмот,правоверието(термини кои се надополнувата еден со друг) и РИМОкатолицизмот кој е сосема нешто друго.
Уште небулози и наведување на нелогични заклучоци. Прво и основно терминот "мрачен среден век" е мнооооогу дискутабилен од историска перспектива. Мрачен како за кого брат. На исток ја имаш Ромејската Империја.А на запад имаш манастири во кои се негувала писменоста и препишувачката дејност. И види што е најинтересното,баш тие "мрачњаците" од исток и од запад се "виновнци" што баптистите сега со истата таа Библија, која они ја запишувале и ја пренеле до нас денес, да плукаш по нив. Чистилчиште,индулгенции и на крај краева цезаро папистичкиот-РИМОкатолицизмот е одамна отфрлен и осуден од Едната Света Католичка(Соборна)и Апостолска Црква. И не само тоа туку за разлика од баптистите, правоверните со безбројни мачеништва претрпени од раката на Римокатлиците ја заштитиле неповредена верата која ни ја предале Светите Апостоли. Тезата дека во средниот век Библијата не им била достапна на луѓето зашто Рим не го сакал тоа е едно доста старо и излитено адвентистичко обвинување. Ја немале зашто најголем дел од населението било неписмено. Потоа, концептот на национален јазик не постоел во тоа време(затоа латинскиот бил официален). Додека на Исток Ромејците ЈА ПРЕВЕДУВАЛЕ БИБЛИЈАТА и на други јазици.Затоа и ја имаме библијата на старо-словенски јазик(подоцна наречен црквено словенски).
Многу смела изјава. Првин велиш никој не ја чита па послем испаѓа дека сепак има некои кои ја читаат Библијат. И ако тие читатели ги критикуваат вашите верски ставови тогаш тие уствари и не ја сватиле Библијата па затоа и ве критикуваат. Освен една мала група на просветлени спасени души кои се собираат во една куќа близу апче(на која има крст одозгора)е само они ја разбираат правилно Библијата.
Ако претходната реченица беше смела ова е веќе дрска самофалба.Бидејќи иде со тезата дека само авторот на оваа реченица не е во духовно слепило додека останата раја не цел живот туку пази со векови е во духовно слепило! Изменето од ahmar1 - 26.Август.2009 во 14:17 |
|||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Аха, сега сфатив! Значи милионите луѓе* кои немаат склучено православен брак во црква, фактички не се во брак и сега горат во пеколот поради тој нивен грев! И, секако, според гледиштето на православната црква, сите нивни поколенија се копилиња! По сето ова испаѓа дека на светов се е копиле до копиле! Браво Многу убава лекција. Би било добро сето ова да го знае и Груевски, како главен поборник на идејата за воведување веронаука во училиштата, па да го искористи и овој аргумент за оправдување на оваа негова (фикс) идеја! Така децата ќе има што да научат и ќе нема зад себе да оставаат копилиња. Ами како! * - Овде ги вбројувам припаднците на другите, неправославни религиски заедници и атеистите. |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Zlatnik....
Требаше да дадам појаснување за православото гледање на бракот но реков ај да не бидам предолг. Но очигледно ќе мора да се појаснувам уште еднаш изгледа зашто испаѓа дека све само копилиња имало тука и во светот(вклучувајќи ме и мене нели). Институцијата брак е општо човечка и е застапена кај сите култури.Јас во моите постови мислев нели секако на христијански брак, или барем меѓу такви што се декларираат како христијани. Црквата го почитува бракот меѓу неверниците.Тоа уште и Апостолот Павле во неговите посланија го вели дека ако некој поверувал а неговиот сопруг/сопруга не поверувал/а да не се одвојува од него/нејзе. Црквата дава епитимија(7 години без причест) за оние на пример кои живеат во вонцрковен брак со нехристијани на пример. Дава и дозвола за брак под одредени услови и со неправославни христијани. Толку за ригидноста на Црквата. Друго.. Тоа плашење на мали деца со казан со врел зејтин као демек тоа е пеколот, го има само во главите на неверниците. Господ не е суров судија кој е навреден од нашите гревови(тоа е така за РИМОкатолиците,протестантите и атеистите). Ние нема на последниот суд да даваме сметководствени одговори што сме згрешиле туку колку сме се обожиле и колку сме станали слични на Христа. Во тој контекст е и тоа што го кажав,да може ти да си имаш брачна/небрачна заедница со кого сакаш но дали тоа ќе ти помогне или одмогне во спасението и уподобувањето на Христос е сосема нешто друго. Како вели Апостол Павле СЕ МИ ДОЗВОЛЕНО НО НЕ Е СЕ ПОЛЕЗНО.* *парафразирам зашто немам сега толку време да го побарам точно како звучеше. Изменето од ahmar1 - 26.Август.2009 во 16:05 |
|||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
ahmar1, никогаш Бог не кажал дека бракот меѓу двајца сопружници треба да го благослови црквата, односно да посредуваат црковни свештеници за добивање Божји благослов.
На неколку места се спомнува во Библијата како да се однесуваат сопружниците за да не навлекуваат грев врз себе. Инаку дека мора да се венчаат во православна црква, па ако не го сторат тоа дури и нивните деца ке бидат нечестиви во очите на Бог. Тоа нема никаква Библиска смисла. Еве една од обврските кои се наведени во Новиот Завет и Бог бара од сопружниците да ги почитуваат и практикуваат: Евреите: 13:4 Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците. Значи ако венчавањето пред свештеници (православни, католички) е толку важно за Бог, Тој тоа ке Го објавеше во Библијата! Изменето од izvoren - 26.Август.2009 во 18:12 |
|||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||||
Vlad Tepesh
Сениор Регистриран: 07.Април.2008 Локација: Romania Статус: Офлајн Поени: 540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
~,,~Kaj se MUHAMEDANCITE~,,~ ich ne svracaat tuka u zadnje vreme
Изменето од Vlad Tepesh - 26.Август.2009 во 18:39 |
|||||||
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
|
|||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Рамазан им е, “постат“ па се трудат да се воздржуваат од лоши зборови, но затоа по нивните форуми “рушат“, таму е се дозволено, нели... |
|||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
секој петел на свое гумно пее најубаво
|
|||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Правоверните и мнозинството ткн. баптисти во светот имаат идентичен став во однос на она што е Црква, што е пак радикално спротивно на она што адвентистите подразбираат под тој термин.
Но тоа не е важно. Важно е дека бракот како институција си постои уште пред да биде создадена било која црква, уште пред христијанството. Не велам дека е лошо брачниот завет сопружниците-христијани да го дадат во црква, но да се вели дека тоа е морално или пак дека ако не го дадат таму и со посредноство на некој православен ткн. "свештеник" дека тогаш тие прават грев и дека блудствуваат - тоа е крајна ерес.
Како што кажав, пак ќе повторам: Католиците (а по отцепувањето и православните) си го измислија ова свештенско посредување и "давање благослов" за да можат да ги држат луѓето зависни од нивната управа, а секако и да ќарат некоја пара од нивниот "свет благослов" при вртењето на круните над главите на суеверните сопружници. Ех, додека некој со пот копа по рудници за да си го нахрани семејството, некое попче си префрла две круни од една глава на друга и пак заработува повеќе од рударов Ама, како што рекле старите: додека има овци, ќе има и волна. Изменето од EvAngelos - 27.Август.2009 во 01:03 |
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Следниве се твои цитати. Во нив секој може да препознае меѓусебна контрадикторност:
Еднаш не го признава, а друг пат го признава! Кога е така (кога го почитуваат световниот брак), зошто велат дека децата од невенчан брак в црква се нечестиви (или како веќе ги нарекоа, незнам!)? |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
taka ti e koga nekoj mesto da ja bara vistinata, slepo se drzi za covecki povelbi koi ne se dadeni od Boga i Bog ne gi bara.
ahmar1 Gospod neka ti gi otvori ocite da ja uvidis vistinata koja poteknuva od Isus a ne od svestenici i popovi. Bog neka te blagoslovi. Isus veli: Jas sum patot vistinata i zivotot zatoa ako sakas da znaes deka nesto e vistina procitaj sto Isus veli za toa. Изменето од fileo - 27.Август.2009 во 18:54 |
|||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Дали некој може да појасни што значи Бдение и зошто и кога се изведува?:
Ете по повод утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица, во Црквата Св. Богородица вечерва ќе има бдение. Што се прави, како изгледа, која е библиската позадина на истото итн. Имајте убаво дружење |
|||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
За жал Библиска позадина нема. |
|||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||||
Внеси реплика | страница <1 195196197198199 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |