|
Албански паралелки по медицина |
Внеси реплика | страница <1 45678 15> |
Автор | |||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
кога администрацијата ќе се растерети од партизацијата , ништо не е опасно ......... а во тој дел за растеретување спаѓа и здравството ........... мислам дека тогаш секој може да учи што сака а прашање е на знаење и покажана стручност од наученото кој ќе работи според изученото ........
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Здравството потона поради партизацијата, за жал. Купови медицински кадар останаа на биро, а почнаа да се вработуваат бивши продавачки како сестри, доктори со купени дипломи и слично. Тоа е тоа. А училиштето беше ПОИМ (навистина не знам како е сега, знам дека многу работи се сменети, ама штом сеуште има толкав интерес и потреба од испити и селектирање, не е за фрлање) |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
значи , проблемот сепак не лежи кај родителите туку кај оние кои носат закони кои закони тие самите не ги почитуваат .........
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Темата е отворена за актуелниот случај со албанските паралелки и ве молам не се оддалечувајте.
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
актуелниот случај е случај кој се дискутира и по кој се дискутира ........ партизацијата и непочитувањето на законите од страна на оние кои тие закони ги носат , доведува до тоа што се случи , случувало и ќе се случува ........ не гледам никакво оддалечување од темата .........
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ти не мора да реплицираш на секоја моја опомена и запамти дека секоја опомена не се однесува на тебе или само на тебе.
За да не отиде дискусијата во друг правец, коментирајте за ова:
|
|||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Токму од такви “ПОИМИ“ ние страдаме,како народ во оваа држава,која за жал наместо приватни средни школи започна со дозволи за отварање на приватни универзитети,кој не вредат ни “5 пари“.Со законот пак за задолжително средно образование,не смее во државава да има никакви “ПОИМИ“ од средни школи,всушност нивната вредност и престиж треба да биде само формална а паралелките да се отвораат онолку колку што им дозволуваат капацитетите на тие школи и колку што има потреба од нив,без разлика за која струка се работи. -Ако некој е присилен да заврши средно образование со закон,тогаш барем треба да му се овозможи тоа средно да го заврши според сопствените желби и правото на избор,без разлика на успехот што дотогаш го постигнувал,етничката припадност или “нафатираните“ родители,како што е во случајов со проблемот во Панче Караѓозов. |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сума сумарум-проблемите не се решаваат со бунтување. И многу Македонци не се запишуваат каде што сакаат, па не прават џева. |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа е... не само обично бунтување, туку и вршење притисоци на сите начини врз власта па и плачење по странски амбасади, секогаш кога нешто не им одговара.
Ако Македонците или некој друг го направи истото, тогаш е национализам, шовинизам, газење на нивните права, дискриминација... Двојни аршини, кога како мене ми одговара. Тортура на малцинството врз мнозинството, оти така им се дало и им се може! До кога ќе се толерира ова којзнае... |
|||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Никој не треба да прави џева окулу некакво запишување во било кое средно училиште.Во случајов државата односно Министерството за Образование е тоа кое ја предизвика “џевата“,а Македонците се будали што не си ги бараат правата,макар и со “џева“,да бидат запишани во “принудни“ средни училишта,со насока каква што ќе си одберат по желба и сопствени убедувања,затоа што државата со закон е обврзана тоа и да им го обезбеди. |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Епа затоа и ми беше погорниот текст. Не, Македонците не се будали. И верувај, и на тој пусти запад, децата ни приближно немаат можност да бираат каде ќе учат, зашто нивните јавни средни училишта се чкљ-критериуми. А за факултети-уштѕе помалку можат да бираат зашто најчесто тоа се најспособните кои добиваат стипендии или пак многу богатите, таму школувањето е на цена, се плаќа ама после на пример и заработуваш (пр. 100-200 ооо долари годишно ако си лекар, правник и сл.) Затоа многу од овие општества се запослуваат по средно, се дообразуваат на к*рсеви и често бираат занатски струки кои ти така ги потцени. Државата е со закон должна да обезбеди средно кое сега за пофалба, стана задолжително, амна ќе признаеш не може секој кај ќе му текне, ај сеа јас сакам Корчагин а математика сум дудук. Затоа ти реков, секој ќе си го најде своето чаре, ако не ОДМА и СЕГА, има време, кога се сака се се може, а со вакви работи само се уназадуваме. |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас не знам како го замислувате тоа секој да може да учи тоа што сака, без оглед на предиспозициите и квалитетите кои ги има или нема?
Некоја селекција мора да има инаку ќе настане хаос со далекусежни последици. |
|||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Абе кој Корчагин кој “џвртал“,па тоа не е приватна гимназија да не може секој да се запише.Средните школи во Македонија мораат да имаат ист степен на вреднување,затоа што средното образование стана задолжително.Викаш дека од Корчагин не излегуваат “дибеци“ и таму се запишуваат само “вундеркинди“?Е па не си во право,јас можам да потврдам дека од Корчагин излегуваат најголемите дебили што постојат на планетава,и дека квалитетот на образование кое таму го стекнале одредени средношколци не може да се мери ни со квалитетот на некоја од новоотворените гимназии во новите општини. Афинитетите и способноста никогаш не треба да ги цениме според тоа кој каде завршил,доколку средните школи се државни и доколку со закон е зацртано задолжително средно образование.Мислиш ли дека со пиштол ќе го натераш некој ученик да заврши за бравар,бербер или молер?Јас понајмалку ги потценувам сите овие струки,но потенцирам дека секому треба да се дозволи да учи средно во било која насока за која се определил,без разлика дали блиската средна школа ќе му се вика Корчагин,Жинзифов,Јосип Броз Тито или Георги Димитров.Најважен критериум за запишување во едно средно училиште треба да биде близината на пријавеното место на живеење а не спорниот рејтинг или “извиканите“ имиња на средните школи. Ако државата сака да направи елитни државни средни училишта тогаш тоа е друга работа,ама барем треба некој “повикан“ од Министерството да излезе и да им каже на децата и родителите: -Абе “мрсници“ едни,што мајка барате во оваа гимназија или во ова Средно Медицинско Училиште,кога сте “партали“ и не сте достојни за да посетувате ваква “елитна“ школа.Па овде имаат пристап само деца на доктори,директори,олигарси или високи службеници од Македонската администрација.Овде не смее некој син или ќерка на земјоделец,бравар,столар или било каков друг работник ни да се приближи,а па камо ли да се запише......Ај “сиктер“ таму,кршете глава по тоа “затуцаните“ школи,каде не мора ни да посетувате настава за да бидете “добри“ земјоделци,фризерки,козметичари или РТВ механичари.Па ние сме држава која го класира сопствениот народ и немој сега да се расправаме овде,да ми цимолите,оти во ова школо нема да се запишете дури сум јас,или ова другарчево мое на власт.Затоа што вие само не избирате да ве клецаме до кочан,вас и вашите деца,предодредени да ни бидат слуги и робови иако располагаат со IQ=200.00.,кој ви е сега крив. |
|||
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
kazi mi mene koga Stip , Prilep i Bitolla bille alternativi za eden allbanec ????
NIKOGAS !!!!!!
eden allbanec da studira vo Bitolla ili vo nekoj drug grad kade sto ima samo makedonci e mnogu tesko ... toa go kazuvam od licno iskustvo ...
Изменето од Анастеа - 22.Август.2009 во 21:39 |
|||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
|||
Внеси реплика | страница <1 45678 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |