![]() |
|
kejt-d-grejt |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 40> |
Автор | |
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Те сакам, и чувството е прекрасно, а јас уживам кога ме преплавува... и сосема ми е добро така. Не терај ме да направам чекор спротивен на мојата гравитација. Јас веќе долго време размислувам кој е всушност датумот на моето раѓање. Ако сакаш да заминеш, направи го тоа сместа. А јас ќе останам склупчена на овој квадратен центиметар помала од зрното грашок што до вчера ми го реметеше сонот, со лице залепено за дланките, бескрајно ќе повторувам, ... Поважно е да сакаш, одколку да бидеш сакан... |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
О, немој да ми завидуваш. Мојот свет е глупава копија на "Сончогледите" залепена на капак од бомбониера. Во мојот свет јагодите мирисаат на најлон, а секоја насмевка значи, Дај пари! Лесно е да видиш што има зад маската ако ја погледнеш од профил. Развратни калуѓери продаваат морал (денар по денар, ќе си купат Џип) Јас сум извежбан жонглер со неостварена амбиција да стане поет. Не наведнувај се премногу кога сакаш да ме потфатиш. Може да те повлечам. Ти мирисаш на планински врвови гревота е да се извалкаш со тиња. Мразам кога зборовите звучат поинаку од нивното значење. ...Извини! |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како се мие извалкана љубов? Расипи ми го денов! И тој пред него и тој по него Ти не можеш да ме повредиш колку јас што можам да те сакам. Се прашувам, ме прави ли простувањето поголем верник или поголем слабак? Како ли се мие извалкана љубов... Би сакала денес никому да не требам Да не приметат дека сум заминала 170km/h - страв ми е ама убаво е Го менувам разумот за адреналин а совеста за болка. Она што нема да те убие, ќе те остави сама да се докрајчиш. Како ли...како ли се мие извалкана љубов... |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Секое мое утре ќе го бара нашето вчера. Јас знам дека беше тешко да ме следиш премногу сенки, илузии, колачиња тага маскирани со шлаг од потребни насмевки. Не мораше толку силно да ме ошамариш. Имам душа потрпрена на дршка од есенско ливче дувни ме, ќе паднам сега...и тебе дланките те болат. Само спушти ја ролетната и оди. Време ми е да го започнам своето непостоење. Тие веќе раздаваат за душа - сепак е ова нивни свет. Поштеди ме од лицемерие или не дај боже сожалување. Не е важно дали се каеш смртната казна е пресуда без право на жалба. Не требаше вака да биде. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еј, батали! ништо веќе не е важно Не биди ми тажен - доста е! Насмевни се мангупски со едниот крај на устата и бакнувај ме. Ако престанеш да ме бакнуваш, мислам дека ќе се угушам. Ми се причини како да заборавивме да бидеме среќни луда мисла - јас уште полуда Нели се договоривме, солзите се за сентиментални серковци. Ај да се смееме ко зелени ти на моите глупости, јас на твоите. Ја обожавам мојата трансформација во второ лице еднина. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Правилата се напишани за луѓе кои најсигурно се чувствуваат кога ги цитираат. ![]() Јас сум од оние кои се возбудуваат кога ги прекршуваат и докажуваат дека и вака може. Укради го она што е веќе твое. Излажи ме за да имам што да ти простам Убиј ме, оти слатко е кога ме оживуваш. Оти ти си мојот Идол и јас немам други Богови освен тебе. ![]() Понекогаш не сакам да одам кога ме викаат Баш ми е удобно во мојата ќелија и скроз ми е таман што сум помала од прашинка пред тебе. ![]() Изменето од kejt-d-grejt - 22.Август.2009 во 18:14 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Проколнета на вечна потрага по тебе, се уморија улиците од моите чекори. Тоа што го држиш во раката е мојот живот и да го изџвакаш, сеедно ќе потонам во екстаза. Еден ден ќе ти напишам песна за среќата еден ден...сега не сега сеуште не умеам да ја римувам. Ти си единствената спонтаност во моето стерилно секојдневие. Јас верувам - само ми е тешко да се навикнам. Ги сакам тие груби дланки - ми ја размладуваат кожата и начинот на кој ми го земаш во нив лицето... Не бакнувај ме сеуште дај ми да те мирисам играј ме, дури лиги не ми потечат. Само не гледај ме длабоко ќе видиш нешто, што јас нема да умеам да го објаснам и ќе го расипам моментот а тоа загрижувачки често го правам... |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Си заминува и овој ден оставајќи зад себе слики од холограм се појавуваат и исчезнуваат, па полека се гасат. скапи производи, ефтини зборови, Mercedes критериуми зомби костумосани и sugarfree чесни зборови. Изменето од kejt-d-grejt - 01.Септември.2009 во 00:26 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
E da
![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
е да, оти стилов повеќе личи на збунет, од колку на кејт ![]() фаќај гушка -------> ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
на Блу, мојата форумска умница-убавица Се кладам во идниот цут на една цреша дека по цели ноќи се прашуваш - лузерите ли само одат во рајот? Многу си убава - како бел крин случајно никнат на испрашен тротоар среде отпушоци и стуткани кесиња од смоки Свесна ли си колку е тоа криминално и безобразно? Твојата суптилна ароганција е магично несекојдневна би дале царства за неа, но не им стои добро, затоа ќе те мразат. Ќе ти нудат слобода само кога ќе немаш избор. Со поглед преку рамо ги анализирам своите минати солзи би сакала да ти дадам драгоцен совет, жалам, но изгледа не ме направија попаметна. Кога си млад, немаш концепт за времето Понекогаш и самата релативност е релативна. Сепак, спакувано во украсна хартија, со розева машна, како што прилега за девојче, ова ти е од мене: Направи ги зборовите рамка за тишината. И никогаш... немој никогаш да дишеш од навика. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум јас душиче ни посебно мека, ни мазна, ни жена само... кога премногу долго седиш во темно, и најмала капка светлина заслепува или... така ми велиш оти тогаш скокотливо ти се смешкам ти добар, добар, нежен кавалеру. Не туркај ме назад во светот во кој сите мислат дека се подобри од другите. ќе се угушам дишејќи засмрден морал. Откривајќи ја твојата душа, како да ја чистам мојата. Сите сме ние сирови цепаници, додека не се пронајдеме во некого. Не прекинувај ме! Баш сакав да ти кажам, дека те сакам... |
|
![]() |
|
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() Те читав многу страници наназат.........генијалка си станала ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |