IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Пливање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пливање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 10:16
Стефановски го преплива Ла Манш

Лондон, 14 август (МИА) - Македонскиот пливач-маратонец Томи Стефановски успеа да го препливува каналот Ламанш за време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди.

Со препливувањето тој се стекна со националното спортско признание популарно наречено спортска пензија и по неговото пристигнување во Скопје свечено ќе биде примен во Агенцијата за млади и спорт.

На францускиот брег, кај пристаништето Кале, македонскиот пливач пристигна изморен, но пресреќен поради својот голем успех, особено што времето што го постигна е за речиси два часа подобро од она што пред тргнувањето во англиското пристаниште Довер го предвидуваа тој и екипата што го придружува.

Стефановски во првата половина од делницата, долга околу 34 километри, имал подобри услови, затоа што брановите биле мали, а ветерот поумерен, но во вториот дел на неговото пливање, на француската страна од каналот, временските услови се влошиле,а и морските бранови биле поголеми.

Томи Стефановски е третиот македонски пливач што ја поминал „класичната“ маратонска пливачка делница меѓу бреговите на Велика Британија и Франција. Пред него, прв тоа го направи Нико Нестор, во далечната 1959 година, а подоцна охриѓанката Атина Бојаџи, која борејќи се со големите и силни струи во Ламанш мораше да плива дури 13 часови за да стигне од Кале до Довер.

Стефановски тргна утринава околу 6 часот од Довер, каде неколку денови се подготвуваше чекајќи ја одлуката на британскиот капетан кога да го започне пливањето преку каналот.

Прв пат овој воден пат, што Англичаните го нарекуваат англискиот канал, а Французите Ламанш, го има препливано англискиот капетан Метју Веб, уште во далечната 1875 година. За овој „историски потфат“ на Веб тогаш му биле потребни повеќе од 22 часа пливање.

Досега над 100 пливачи, мажи и жени, на разни возрасти, го препливале каналот во едната или во другата насока.

Рекордот во препливување на делницата го држи Бугаринот Петар Стојчев кој го преплива каналот за помалку од седум часа.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2009 во 23:48
Томи Стефановски - Пливачкиот херој на Македонија

Пред тргнувањето, Стефановски беше намачкан со вазелин за да се заштити од студената вода во морето

Македонскиот маратонец пливаше од Англија до Франција за 7 часа, 42 минути и 32 секунди

Томи Стефановски излегува на француската страна на Ла Манш, кај местото Кап Гри Не, близу Кале


На француската страна, Стефановски беше пречекан од вработени во македонската амбасада во Брисел



 
 


Изменето од fiks - 31.Август.2009 во 23:49
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 09:02
Уште еден пливачки херој Македонец кој заслужува Национално Признаниеда

Маратонецот Игор Димовски го преплива Ла Манш

Македонскиот маратонец Игор Димовски го преплива вчера каналот Ла Манш меѓу англиското пристаниште Довер и францускиот брег кај градот Кале, јави дописникот на МИА од Лондон.

Димовски е четвртиот македонски маратонец кој го препливал каналот. Пред него тоа им успеа на Нико Нестор во 1959 година, на Атина Бојаџи десет години подоцна и на Томи Стефановски минатата година.

Оваа патека меѓу британските острови и европскиот континент се обиде пред повеќе години да ја исплива и Ристо Бимбиловски, пливајќи во стил пеперутка, но се откажа пред да пристигне до  брегот на Франција.

Оддалеченоста меѓу Довер и Кале од 34 километри, Димовски ја препливал за околу 13 часа, што е повеќе од времето што тој и неговиот тренер го имаа испланирано. Беше предвидено Димовски да плива меѓу 7,5 и осум часа, но денеска времето и водите во Каналот не му беа наклонети на  маратонецот.

Тој тргна утринава рано од Довер во четири часот по совет на капетанот на придружниот брод, во обид да ја одбегне посилната плима што беше најавена. Димовски два дена чекаше и тренираше на британскиот брег додека да се намали силината на ветерот и на морските струи кои во каналот се тешко предвидливи.

Условите за пливање биле толку тешки, што  последните четири-пет километри од патеката Димовски беше принуден да ги плива дури околу пет часа. Тоа и предизвика неговиот подвиг да потрае до доцните попладневни часови.


Според изјавите на неговите придружници, Димовски излегол на францускиот брег мошне исцрпен, но за кратко успеал да се исправи задоволен  што од денеска и тој  е меѓу пливачите кои ја поминале оваа патека во маратонското пливање.


Веднаш потоа, нашиот маратонец и целата екипа што го придружуваше се вратија со бродот што го водеше при пливањето, назад кон Довер.


Ова беше првпат Игор Димовски да се обиде да го преплива Каналот, откако пред седум години целосно му се посвети на маратонското пливање. Тој има 33 години и повеќе од дваесет години е пливач. Досега учествувал на три маратони - на Охридското Езеро, во Грција и на Савскиот маратон кај Шабац.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 09:05
Ова е Игор Димовски,честитки до негода

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/4FE3ACF58152A34295346F9DDEAE5A53.jpg
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 10:05

Почина американски пливач за време на трка

 
Извор: AP

Репрезентативецот на САД во пливање, Френ Крипен, почина за време на трката која се одржа во Обединетите Арапски Емирати. 26-годишниот пливач од Филаделфија се натпреваруваше на трката на 10 километри, која се пливаше во рамките на Светскиот куп во Фуџаријаху, јужно од Дубаи.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2010 во 01:41
Почина Атина Бојаџи
Среда, 29 Декември 2010 10:46

29
На 66 години по кусо боледување, легендата на македонското маратонско пливање почина.


Врв на нејзината спортска кариера се смета препливувањето на Ла Манш во септември 1969 година. Ова нејзино достигнување ќе го инспирира режисерот Милан Ѓурчинов во 1975 година да го сними филмот „Исправи се Делфина“, во кој таа е еден од соработниците.

Атина Бојаџи беше светски шампион во маратонско пливање и повеќекратен победник на Охридскиот маратон. По успешната пливачка кариера, продолжува како тренер во белградскиот клуб „Црвена ѕвезда“, а потоа и во спортскиот центар во Лос Анџелес, САД.

Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет и го додели признанието великан на македонскиот спорт, а беше прогласена и за спортист на векот во Македонија....
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2014 во 15:35

Пливањето е спорт кој најмногу си го сакам.
И да гледам и да го практикувам.
Цело тело ти се активира, без многу напор а што е најважно и без потење.ух
А башка и уживанција, било лето било во зима.



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2014 во 08:07
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

... А башка и уживанција, било лето било во зима.

И во двата случаја на отворено, нели? свиркање

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2014 во 09:11
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

... А башка и уживанција, било лето било во зима.

И во двата случаја на отворено, нели? свиркање



Море Златнику, смешно е ама и не е смешно. голема насмевка големо гушкање
Од самата помисла дека зиме луѓето се бањаат во отворен базен, нели е одма реума да те фати.плазење
Арно ама еве овој подолу на сликите, е еден таков базен на отворено, од комплексот со многу други, со топла вода, џакузи и меурчиња кои масираат.
А до него се излегува од покриениот базен со пливање, преку еден, како да го кажам - канал.
И оп: си пливкаш во топла вода, меурчиња те масираат а на главата ти врне снег.хи, хи...








Изменето од Анастеа - 11.Јуни.2014 во 09:11
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2014 во 12:06
Уф ... убаИни ... посебно оваа вторава слика!  
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,311 секунди.