|
Веронаука!!! |
Внеси реплика | страница <1 323334 |
Автор | ||||||||
гјувеза
Група Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 75 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Не ми се јасни некои ставови за оваа прашање .Кај е овде проблемот,негативното ако се учи веронаука.Против се оние кои недоволно знаат за тоа прашање.Има една поговорка -лесно е да разговараш со тој што знае ,ама многу тешко можеш да му објасниш а уште потешко да му кажеш и притоа да те разбере ..тој што незнае-Дали ние сите сме толку едуцирани по тоа прашање па самите можеме да си ги воспитуваме правилно своите деца?Секој нека си постави прашање колку знае за својата вера,за верата на колегата,комшијата?Моите деца уште од три год.знааеле да ја кажуваат Оче наш..па несе преоптеретени со тоа,напротив се многу примерни и успешни ,колку од вас противниците на веронауката ја знаете молитвата?Авашите деца?Знаат ли што значи АМИН,што значи АЛИЛУЈА?Има многу едноставни прашања кои не ги знаеме одговорите..Сакам да прашам што е страшното тука,од што се плашите?Дека Вашите деца ке веруваат повеќе во Бога одколку во Вас?Или учејќи ги правите патишта по кои треба да одат во животот,се плашите дека ќе ги осознаат Вашите грешки?Не ми е јасно од каде толкава горчина за едно толку племенито и потребно учење?Во време кога младите изгубија секаква пристојност на однесување?Да немаат почит спрема никого?Да не си го почитуваат сопственото тело ,сопствениот живот?Се нафрлиле на разни пороци кои водат до самоуништување?Со верата се учи и големината на постоењето кое е привилегија на секој од нас,ако се добро осознае постоењето повеќе ќе го почитуваат младите и својот живот и родителите,и наставниците и сите околу нив.Дозволете децата уште од мали да ги осознаат вредностите на зивеењето и вербата во себе,во родителите и најблиските, а оттука и во Бога.
|
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
tvoite deca sigurno na tri godini ne go nauchile toa shto go "znaat" u shkolo.........uostalom,..ete ti crkvi , kolku shto sakash i slednite(deca!),...nosi si gi tamu ushte od pred da proodat i prozborat,...samo nemoj na "bezboshcite" da im "objasnuvash" koga ne te razbiraat,...niti sakaat da te razberat.
|
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Големината на секој човек е кога признава дека нешто незнае. Од овој аспект гледано, ти си голем човек. Но, твоите понатамошни размислувања, малку ме доведуваат до забуна.
Сега овде, освен тоа што знаеш за себе, се ставаш во ситуација да го оценуваш и знаењето на другите (макар што тоа е искажано преку поговорка). Демек, според тебе, секој кој верува во бог - знае, а тој кој не верува - незнае. Гледам дека си нова на форумов и затоа верувам дека немаш прочитано ништо од десетиците страници како на оваа тема, така и во подфорумот Вероисповед, па затоа ги поставуваш овие паушални оценки за знаењата. Доколку си доследна на твоите квалитети искажани на почетокот од твојот пост, после читањето на моите пораки во наведените теми, ќе признаеш дека иако сум атеист, многу повеќе знам за библијата од тебе. Основата на верувањето во бог не е само да ја кажеш Оче наш или некоја друга молитва, да запалиш свеќа, да оставиш некоја паричка, да се прекрстиш и, да си заминеш задоволна дека си ја исполнила божјата воља па овој ќе ти се смилува. Верувањето во бог е многу по продуховена, па ако сакаш и по филозовска работа. Е, тоа треба да се знае. А ако тоа што го знаеш го прифатиш - тогаш си теист, а ако тоа што го знаеш не го прифаќаш како такво - тогаш си атеист.
Гледаш како грешиш? Од почеток ти поставуваш теза дека секој мора да има своја вера. А што е со тие кои немаат своја вера, т.е. атеистите? И, ако секој мора да има вера, тогаш зошто ти на сопственото дете му ја наметнуваш твојата вера? Остави го (кога ќе стане полнолетно) тоа самото да си одлучи кон која вера ќе се приклони (ако се приклони). Или, ти мислиш дека твојата вера е најдобра за твоето дете? Во овој контекст, овде ќе го поставам твојов цитат:
Да, се согласувам со тебе и, затоа и јас се прашувам истото. Дали родителите се доволно едуцирани по тоа прашање (во сопствената вера, дали толку многу ја познаваат), па ги воспитуваат (т.е. ја наметнуваат) на сопствените деца? Тоа е една од апсурдностите на религиите.
А зошто да ја знаеме молитвата? За преку неа да се спасиме? И повторно за децата, дали тие ја знаеле!? Зошто пак тие треба да ја знаат? Оставете ги децата самите да си одберат во што ќе веруваат. Не им наметнувајте Ваша вера. Впрочем, зарем така не направил и Исус? Нему родителите му ја наметнале нивната еврејска вера, па затоа и го сунеттисале (обрезале), но сепак на крај (после 30 години) овој ја отфрлил родителската вера и востановил нова. И, btw. ти знаеш што значи „амин“?
Незнам дали истото ова ќе го зборуваш ако утре твоето дете реши да оди во манастир или да живее некој испоснички живот, за нели да биде поблиску до бог, да го сака него повеќе отколку сопствените родители. Знам, како верник сега нема да дадеш слабост и ќе се согласиш со неговиот/нејзиниот избор, но како ќе се чувствуваш длабоко во себе како родител? Верувам нема да ти биде сеедно. А што ако и покрај твоите заложби во насочувањето на твоето дете кон христијанската вера (претпоставувам кон православната), тоа (кога ќе порасне) сепак се одлучи да не ја следи, туку си прифати некоја друга (адвентистичка, протестантска, муслиманска ...)? Доста има овакви случаи. Како ќе реагираш тогаш?
Си ја прочитала библијата? Очигледно не си. А треба. Прочитај ја и (ако можеш и ако сакаш) ќе видиш зошто не треба да се учи веронаука. Барем не во световните училишта. Пак ќе речам, оддвој си неколку часа од твоето слободно време и земи прелистај по странициве на форумов во кој зборуваме на соодветнава тема. Се надевам дека тогаш некои работи ќе ти станат појасни.
Кое е тоа време? Од кога трае? Бидејќи кажуваш дека имаш сопствено дете, сметам дека имаш доволно години за да се сетиш од кога почна ова застранување на децата! Од кога се појавија овие деструктивни однесувања, овие девијантни појави? Пред дваесетина и повеќе години, кога црквата беше оддвоена од државата, моралните вредности на младите беа на несразмерно повисоко ниво, немаше дрога, проституција, убиства, насилство ...! Факт е (што мора да признаеш) дека сите овие лоши работи почнаа да се случуваат токму со се понагласеното влегување на црквата во сите пори на општественото живеење. Е сега, дали тоа е последица од неа самата или само така случајно се поклопиле настаните ... останува секој сам да си даде одговор. И уште нешто. Во развиените земји (кои толку многу ги користите како алиби за оправданоста на изучување веронаука) во кои се учи веронаука, ги нема овие дестурктивности (посебно) кај младите? Изменето од Zlatnik - 21.Мај.2009 во 09:41 |
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Поборниците за изучување веронаука во световните училишта како еден
аргумент го земаат правото на децата да се запознаат со
настанувањето на светот гледано од тој верски аспект.
Соодветно на ова, ме интересира, ако некој знае да ми одговори, дали во средните и високообразовните верски училишта се изучуваат физика, хемија, биологија ... ? Оти нели, децата треба да ги согледуваат сите можни аспекти, како научни, така и верски. |
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
1. Никој не го прочитал мојов претходен пост? 2. Некој го прочитал, но незнае да одговори? 3. Некој знае да одговори, но несака да пише оти ... не му оди во прилог? |
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
На запад учат и те како на верските училишта такви работи. Не се они така наивни. Јас инаку сум против веронаука во основните и средните училишта. Кој сака веронаука нека посетува предавања и к*рсеви во рамките на својата верска заедница или религиозна група. |
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
"На запад учат и те како на верските училишта такви работи. Не се они така наивни."
-aaa,...na zapad li !?....e, pa...daleko e zapad!....osobeno od ...zatucaniov istok! .....i aman vishe od toj zapad!...shto ne go zemete za primer ...celiot....a, ne samo ona shto na nekoj tuka mu odgovara?! |
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Една паметна одлука, да се разгледа, усогласи па потоа спроведе
Од септември ќе нема етика на религиите |
||||||||
Внеси реплика | страница <1 323334 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |