|
Саладин |
Внеси реплика |
Автор | ||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Август.2009 во 13:09 |
|
Саладин или Сала ад-Дин Јусуфе (1138, Тикрит, Месопотамија, – 4 март 1193, Дамаск, Сирија) бил к*рдски муслимански политичар и воен лидер од 12 век од Тикрит, Ирак, султан на Египет и Сирија.}
Рани години Саладин уште како многу мал бил пратен во Дамаск се со цел да го заврши веќе започнатото образование. Неговиот татко, Најм ад-Дин Ајуб бил гувернер на градот Балбек. Десет години, Саладин живеел во Дамаск и студирал теологија на Исламот. По завршување на неговото образование, тој станал под команда на неговиот чичко Нур Ад-Дин. Иако како млад човек повеќе ги сакал религиозните наместо воените студии, својата воената кариера ја започнал под водство на чичко му, воен командант од династијата Зангид. По смртта на чичко му, Саладин станал везир на династијата Фатмид од Египет. Борба против крстоносците Во два случаи, во текот на 1170 и 1172 година, Саладин отстапил од инвазијата врз кралството во Ерусалим. Овие се биле пуштени од Нур Ад-Дин и Саладин се надевал дека противникот од кралството би можел да остане недопирлив при што Саладин би ја изгубил својата доверба кај својот народ со оглед на тоа што веќе врз Сирија и Египет започнал да ја губи својата контрола. Наследникот на Нур Ад-Дин бил некое момче кое умрело во 1181. Саладин- водач на к*рдските племиња Веднаш по смртта на Нур Ад-Дин, Саладин се вратил во Дамаск каде бил пречекан како добродојден. Тој ја подигнал на големо ниво својата легитимност во последен момент при што се оженил за вдовицата на Нур Ад-Дин. Алепо и Мосул, во кои Нур Ад-Дин бил управител, никогаш не успеал да ги завземе. Сепак својата власт Саладин успеал да ја наметне особено во текот на 1176 година. Додека Саладин бил обземен со мислите како да го завземе градот Алепо, одредена група имала обид да го убие. Такви атентати имало два пати во неговиот живот. Додека Саладин ја зголемувал својата сила во Сирија, неговата војска ги победувала крстоносците во секоја своја битка. Постои само еден исклучок. Тоа било на 25 ноември 1177 година. Тој бил победен од страна на сојузничките сили на Болдвин IV ( кралот на Ерусалим), Рајналд и темпларите. Само една десетина од својата сопствена армија успеела да се врати во Египет.Примирје помеѓу Саладин и противниците било објавено во 1178 година. Последната година, Саладин ја поминал во правање на нови планови за освојувања се со цел одмазда од нанесениот пораз кој му бил зададен во последната борба. Така, борбите биле обновени во 1179 година, а Саладин сепак на крај испаднал како победник и успеал да ги победи своите противници во битката Џејк Форд. Контранападите од страна на своите противници го провоцирале уште повеќе Саладин, посебно оние напади на Рајналд, кој ги вознемирувал муслиманските трговци и оние кои патувале до Црвеното море. Со тоа, Саладин бил свесен дека поморскиот пат мора да биде освоен. Како негов одговор тој изградил 30 флоти со кој во 1182 година го нападнал Рајналд. Тој пак од своја страна го заплашил дека е подготвен да ги нападне двата најголеми муслимански свети града- Мека и Медина. Како негова одмазда, Саладин ја опседнал тврдината во Керак во текот на 1183 и 1184 година. На тоа, неговиот непријател пак одговорил со грабеж на поклоненици кои оделе на аџилак во Мека. Уште повеќе, Рајналд ја заробил и сестрата на Саладин во еден од своите напади, но за ова се уште нема цврсти докази. Но сепак кралот на Ерусалим ветил дека сестрата на Саладин ќе биде безбедна. Во јули 1187 година, Саладин повторно ја преземал контролата на повеќе од кралството на Ерусалим. На 4 јули 1187 година во битката Рога Хатина тој се сретнал прорив комбинираните сили кои се состојат од народот на Лусигн, кралскиот сопруг во Ерусалим и Рајмонд III во Триполи. Армијата на противникот до голем стрепен била уништена од страна на мотивираната армија на Саладин при што катастрофалниот пораз на противниците бил како еден почеток за нови крстоносни војни. Саладин го запленил Рајналд и бил лично одговорен за неговата егзекуција. Два дена по завршувањето на битката Рога Хатина, Саладин заповедел на сите уапсени христијани да им бидат отсечени главите. За самата егзекуција и нејзиното исполнување сведочи и слугата на Саладин, Имад Ад, кој вели: “тој( се смета за Саладин) заповеди дека тие треба да бидат обезглавени, избирајќи да не бидат подложени на мачења или затварени. Во тој момент со него беа еден голем број на учени луѓе и голем број на искрени луѓе; За секој од нив беше даван знак за нивната пресуда, и со сабја беше извршувана таа пресуда, а Саладин радосно ја прифаќаше целата таа егзекуција на своите неверници“. Ова погобување на Саладин не му било прв пат. Тој на 29 август 1179 година го зазел замокот на Ал-Ахазон каде блиску 700 затвореници биле фатени и убиени.коро секој христијански град бил опседнат од страна на Саладин. Тој повторно го освојува Ерусалим на 2 октомври 1187 година по 88 години кога за последен пат на власт беше муслимански човек на чело на градот. Саладин, не се однесувал како крстоносците кои за време на нивното заземање на градот ги убиле или ги прогониле речиси сите муслимани. Беха Ад-Дин ја опишал страшната сцена со двајца фатени заробеници, кој Саладин ги однел и ги обезглавил пред Ричард, кралот на Англија. Тоа било еден вид одмазда за поразот кој Саладин го доживеал во битката кај Арсуф на 7 септември. Врската на Саладин со Ричард била со почит како кон рицарската војска од страна на Саладин така и кон Сарацените од страна на Ричард. Така на пример, кога во битката кај Арсуф кралот Ричард го загубил својот коњ, Саладин му пратил два коња како еден вид надоместок. Со тоа Саладин му испратил и свежо овошје со лед се со цел да биде коктелот зачуван ладен. Ричард му сугерирал на Саладин дека би можело неговата сестра да се омажи за неговиот брат во заедничкиот Ерусалим. Саладин починал на 4 март 1193 година, после смртта на Ричард. Кога бил отворен записот на Саладин кој го напишал пред неговата смрт, дури не оставил доволно пари ни за неговиот погреб, туку парите повеќе сакал да бидат донирани на сиромашните. Неговиот гроб се наоѓа во Дамаск и претставува популарна туристичка атракција.Ова беше копи-пејст од WIKIPEDIA,но целта ми беше да дискутираме околу војната помеѓу неговата армија и крстоносците.А,ако сакате да го гледате филмот,изнејмете го или купете го Kingdom of Heaven! <--- Еве го Саладин. Изменето од Boromir - 10.Август.2009 во 13:11 |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Убаво објаснето - голем политичар и водач
|
||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А,ако сакате да го гледате филмот,изнејмете го или купете го Kingdom of Heaven!
<--- Еве го Саладин.[/QUOTE] Убав филм... |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Убав филм... [/QUOTE] Да,но филмот е базиран повеќе на религиозна база.Нели војната помеѓу муслиманите и христијаните. |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам колку ти си го разбрал филмот, но за мене беше прекрасен филм кој објаснува колкава е глупоста, некој да помине преку 6-7 илјади километри за да војува... |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |