|
Турција (Анталија) |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | ||||||||||||||||
marija-92
Сениор Регистриран: 22.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 333 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Иам отидено у Анталија Белек и си поминав наАаАјубаво
|
||||||||||||||||
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Кушадаси бев 2002 , многу е гужва на плажа, ама ние си одевме со едно мини бусче до Лонг бич и таму беше супер.
Инаку луѓето се многу гостопримливи и љубезни и посебно не сакаат нас. А во Анталија не сум била, но, би сакала некогаш да отидам |
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Анталија – најубавото од Турција
Анталија со години е еден од најпосетените турски градови. Тоа е место каде освен странски туристи летуваат и Турците.
Она што ја прави Анталија толку величествена е градот сокриен под
прекрасните плажи, луксузни хотели кои ви нудат сѐ што ќе посакате, но и
историски знаменитости кои ќе ја задоволат вашата желба да научите
нешто ново.Анталија е сместена во јужниот дел на полуостровот Анадолија, а нејзиното име значи сјајна ѕвезда на Средоземното море. На Анталија ѝ припаѓаат областите Каш, Алања, Манавгат и Кемер. Градот Анталија, главен град на истоимената покраина, има 603.190 жители, но летно време во текот на туристичката сезона, тој број се искачува на 2 милиони. Анталија е многу живописен град, опкружен со планини, шуми, медитеранска клима и многу археолошки наоѓалишта. Од аеродромот во Анталија може да се отиде до било кој дел на таканаречената Турска ривиера, која ваквиот назив го добила поради природните и историски убавини кои ги поседува. Анталија, градот во кој се измешани историја и култура, го заслужува називот „главен град на турскиот туризам“, како што многумина го нарекуваат. Денес овој град живее во златното доба, бидејќи е трансформиран во културно и историско средиште со тематски хотели кои ја „претставуваат“ Венеција или катедралите во Москва. Тука сеуште можат да се видат траги од византиската, римската и селџучката архитектура. Иако има многу природни убавини, Анталија е најпозната по своите златни плажи. Плажите Клеопатра и Инцекум се наоѓаат во западниот дел од градот и се долги 2 километри. Плажата Клеопатра е позната по митот дека египетската кралица се капела на тоа место. Лара е вистински дел од рајот со своето тиркизно сино море, полни барови и ноќни клубови. Што се однесува на сместувачките капацитети, Анталија изобилува со луксузни хотелски ресорти од кои нема потреба да излегувате во текот на одморот, бидејќи нудат буквално сѐ што ви е потребно: спортски центри, хемиско чистење, изнајмување автомобил, менувачници, лекарска помош и т.н. Анталија има и многу богат ноќен живот. Особено во текот на летните месеци кога улиците и клубовите се преполни со туристи. Има и места со жива музика, а ако сакате рок, техно и хип-хоп, имате безброј опции. Овде ноќните клубови прават тематски забави, танцувачки перформанси, и отворени се до раните утрински часови. Ноќниот живот во Анталија е уште поатрактивен за време на одржување на Меѓународниот „ Golden Orange “ филмски фестивал. Изборот е навистина голем – можете да бирате од помирни места каде во пријатна атмосфера ќе го пиете својот пијалак, па до огромни дискотеки на отворено каде можете да лудувате до раните утрински часови. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |