|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 121122123124125 137> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Fala, fala i ova da te najde
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ииииии....... и' го искинал фустанот....ццц...ццц...
море, мангуп еден
и' купи барем после нов?
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.......................
|
|
apce
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Maestro
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... и кога мислиш дека изгледаш глупаво сепак си неодолива, и кога мислиш дека претеруваш иако никогаш не признаваш тоа го правиш на сладок начин. Секогаш гледам љубов, нема зошто да ти простувам иако никогаш тоа не го ни бараш, кога би знаела каква си во себе би се заљубила, не знаеш, за мене добро е.
Меко, чисто и скоро прозрачно битие во тебе се гледа, потскокнуваш, заради крилата кои ти вибрираат на ветерот, кога би ми поверувала, ќе одлеташе, за мене добро е. Кога сме заедно сенките споени ни’ се во една, не се заврте да погледаш, напред ме водиш, не се колебаш, посегнувам да земам бар нешто од она што беше, велиш да го оставам, подобри работи пред нас има, мислев дека претеруваш, за мене и тоа недостижно беше. Од секој твој допир некаде длабоко во себе затреперувам како твоите проѕирни крила на ветерот кои не знаеш дека ги имаш, ми се чини дека лебдам, понекогаш личи дека те прегрнувам, но се потпирам заради зашеметеност, сепак машко сум, не смеам да признам, но и вака за мене добро е. Заради мојата маска од воздржан восок, понекогаш несигурност те обвива, но очите ме издаваат, само кон тебе кога ќе погледнам добиваат сјај, насмевката ти се враќа, лесно ме спознаваш. Кога ме прашуваш како нешто стои на тебе, ме зачудуваш, ниеднаш не помислувам на тебе облечена, според моите очи ја сфаќаш разликата. Разголеноста е ден, облеката е ноќ, но за мене и кога те галам во ноќта додека спокојно дишеш, но сепак крилата ти треперат, добро е ... |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... слаткост и мекотија, усните ми се лепат како од зашеќерена благост, дури и случајно ако некој го изговори твоето име, во моите мисли тоа име само тебе ти припаѓа, како да доѓа по заслуга. Нагалено те повикувам со мил призвук од кој и самиот се изненадувам, никогаш не сум очекувал дека ќе сакам да бидам мил, фраерите се груби со лут израз, пред тебе таа маска од восок се топи депилирајќи ми ги влакната. Само на градите ми стојат како знак дека сеуште понекогаш се колебам да ти се препуштам, кога сакам да ти подвикнам луто од мојата уста излегува мелодичен глас, заради тебе фраерскиот костим на кул - мен ми стои во ќошот зад вратата паднат од закачалката да упива прашина, веќе се собра дебел слој. Понекогаш се заборавам и одам да купам леб со папучи, среќа за машки се, сеуште мојот статус на полумускулест со блага полумесечинка на стомакот со кого нема играчки го чувам како спомен од некое минато, сеуште така ме гледаат, не смеам ги згрешам папучите.
Кога минувам си леткам како балон “Еј видете ме !“, ми се причинува како да велат „ Еј ама високо лета ! “. Минувам, предизвикувам погледи со мојата надуеност како да велам “ Цврст сум, нема да пукнам и знам каде одам “љубопитност ме прати. Но, кога ќе дојдам пред тебе, го снемува балонот, издишува бргу, те бакнувам бргу балонски, а потоа издишан се склупчувам околу твоите нозе...колку ти се повеќе разголени нозете побргу паѓам пред тебе...останува напумпан само оној дел за кој ќе решиш да ти биде потребен ... |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... не е светот рубикова коцка, топка е, јас не сум јас, ти не си ти,
само мислиме дека сме она што мислиме, а нешто мораме да мислиме, не
тера нешто, најчесто не се прашуваме што е тоа. Писмени сме, а најчесто
не сме, суштината почна хиероглифи да пишува или не сакаме да видиме
кои сме, во бара од страв жаби со рогови крекаат, како да завиваат,
како и да е ќе помине, во хаос не сме навикнати да живееме, нема да
дозволиме.
Клекнат и на тупаници потпрен, оштри камчиња кожата ми ја кинат, тивко ржење низ грло ми минува, ме прашуваш што ми е, не се работи за нас, меѓу мене и злото е, се плашевме да се нападнеме додека не ме потисна, веќе немам каде, итар е, јас сум само силен...или бев. Ме прашуваш што ми е, нешто друго е, немој да ми стоиш на патот, залет земам, низ аморфна маса се пробивам, од вода погуста е, правиот момент е секој, залудно чекав на него. Ме прашуваш што ми е, за тебе наменето не е, за мене е адресирано е, лично е. Ме прашуваш зар не си дел од мојата личност, нешто друго е, подмолно е, ти возвишена си, најсветлата ѕвезда во ноќта, не ти е доволно, сакаш да знаеш, дали да ме планираш или отпишеш, до мене веќе не е, судбината пишаното го крие. Ми го вртиш лицето кон тебе, во очите твои се освежувам како во две соседни езерца, претрчувам од едното во другото, ти ги спуштам рацете, погледот сега на друга страна ми е вперен, фрчам како бик, поаѓам додека забите гласно ми чкрипат... |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... глупави ветришта дуваат, со песок се, во очи влегуваат, немаат компас, безврска се, чудно, секогаш старото училиште го заобиколуваат, како да се плашат нешто да научат, но тогаш ќе тежат и нема ветер лесно да ги развејува. Никогаш ништо не никнува од нив, во цветот влегуваат, да го загушат сакаат, да ги прашаш, не би знаеле да кажат зошто тоа го прават, едноставни се. Зрнце песок никогаш за мисла не знае, тоа не е ни мисла, мислите одат горе, а за зрнцата успех е во чевел испотен да се вгнездат и во фалба да се претворат.
Поинакви чевли носиме и кога врне лесен ни е чекорот, не ни се лепи кал, чисти остануваме. За рака те водам, не те испуштам се додека не почнеме да лебдиме, над многу нешта сме, не верувавме, сега знаеме, а зрнца песок бевме и ние некогаш. Многумина мали останааа, по нив газиме сега ненамерно, не знаеме дека постојат, а ни тие. Во очите твои се капам, секогаш свеж останувам, кога ќе те прегрнам искри светкаат, во твојата коса се кријам и се смеам палаво додека мракот ме бара иако е доцна и се е освоено до каде погледот допира. Зад грб на темницата и се појавувам и велам : “ Бу ! “, панично бега и понекое време застанува, гледа наоколу глупаво и се чеша, дури жал ми е. Знам која си, темнината не знае, си пасе од песокот, ти велам биди сонце, поинаква си, затоа и ти велам, од песок сонце не постои. Осветлен ми е патот и со затворени очи го наоѓам, со тебе лесно е, а не беше, среќен сум, а не бев ... |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... низ шума трчаме, се’ довикуваме, се’ посакуваме, преку паднати трупци прерипуваме. Паднатите трупци нема да се кренат никогаш, јасно ни’ е, но кога ќе се измориме зад нив се криеме и ништо сем тишина од нив не очекуваме, не знаат дека сме тука, зафатени се со свето трулење. Крадешкум кон високи и раскошни крошни погледнуваме, паднати плодови од нив собираме, тешки сме да се качуваме, од пад се плашиме, од свежи плодови се откажуваме. Малку ни’ е бар момент висина и свежина, се навикнавме на трајна горчина. Скапаниот дел го обрезуваме, но сепак неговиот вкус го чувствуваме и таму каде навидум има свежина, се тешиме, бар за око е добро ако го завртиме оној дел без дупки кон нас, се обидуваме да заборавиме и на момент се излажеме дека е плодот е цел и само за нас, дека среќа сме имале, дека најпосле ќе можеме вистински да се пофалиме.
Од паднатите трупци далеку не одиме, ориентација ни’ се колку далеку смееме, ни’ се чини многу повеќе можеме, не забележуваме дека се’ помалку желба имаме за надежи нови затоа што и тие што беа скапаа, заедно со парче од душа ги обрезавме. Се гледаме задишани, вечност во секунда правиме, кон небото потоа погледнуваме, и кон мракот и трупците кои ни’ се чини дека не’ чекаат. Одиме по земја и се враќаме, небото е измислица, си велиме... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одиме по земја и се враќаме, небото е измислица, си велиме...
- ех... Изменето од kejt-d-grejt - 08.Август.2009 во 23:38 |
|
Внеси реплика | страница <1 121122123124125 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |