![]() |
|
Македонија - Шпанија |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345> |
Автор | |
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Karti vo Biletari ili vo Prodavnici kako i da e veke nema i ni vo FFM...site se dadeni...ima samo sute nekoj lugje sto gi preprodavaat za malce povisoko...
|
|
|
|
![]() |
|
хулиган ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 103 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() Crnoborsadzijte sa za utepuvanje napravo
![]() ![]() |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Е после сите шпекулации ФФМ најави дека ќе ги смени влезниците за мечот Македонија - Шпанија.
http://ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=284:2009-08-07-11-31-10&catid=55:vesti-prva-stories-410-200&Itemid=97&lang=mk ФФМ ги повлекува влезниците за натпреварот со Шпанија ![]() Скопје, 7 август (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги повлече сите влезници кои беа пуштени во продажба за натпреварот со Шпанија поради официјалните информации добиени од надлежните органи дека во јавноста се дистрибуирани поголем број фалсификувани билети. Дополнително ќе бидат изработени влезници со нумерација и соодветна заштита за сите оние кои веќе имаат набавено влезница и ќе може да ја заменат на местото каде што истата е купена. На официјалната веб страница на ФФМ стои дека секое лице при замената на билетот е должно да носи лична карта за идентификација. Замената на влезниците во Скопје ќе почне во понеделник на 10 август по 12 часот. Во останатите градови каде што беа дистрибуирани билети за продажба преку општинските фудбалски сојузи замената ќе се изврши во истите во вторник во 10 часот. Гратис влезниците ќе бидат заменети во просториите на ФФМ. Вип билетите кои досега се дистрибуирани нема да се менуваат бидејќи веќе се нумерирани. По повод 100 години македонски фудбал и пуштање во употреба на новата северна трибина на Арената „Филип Втори“ македонската фудбалска репрезентација на 12 август ќе одигра против европскиот шампион, селекцијата на Шпанија. Изменето од fiks - 07.Август.2009 во 16:33 |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"Фуријата" со најдобрите во Скопје
![]() Шпанскиот состав кој во среда ќе настапи во Скопје ќе биде најсилниот и најскапиот кој некогаш газел македонска трева. Тоа ќе биде вистински предизвик за нашите фудбалери кои против себе ќе го имаат најдоброто од Европа и селекција која гази сед пред себе. За дуелот на 12 август во Скопје шпанскиот селектор Висенте Дел Боске ги повика следните фудбалери: Голмани: Реина (Ливерпул), Касиљас (Реал М.), Диего Лопез (Виљареал). Одбрана: Мендез (Виљареал), Пујол (Барселона), Марчена (Валенсија), Раул Албиол (Реал М.), Пике (Барселона), Ерасо (Осасуна), Арбелоа (Реал М). Среде ред: Давид Силва (Валенсија), Чави (Барселона), Фабрегас (Арсенал), Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Риера (Ливерпул), Бускетс (Барселона), Казорла (Виљареал), Мануел Мата (Валенсија). Напад: Давид Виља (Валенсија), Фернандо Торес (Ливерпул), Гуиза (Фенербахче). |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Neptun74 ![]() Сениор ![]() ![]() Orbiter Регистриран: 23.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 2643 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ajde da vidime... Samo kako sto jas ja tolkuvam izjavava, ispagja deka onie sto dobile gratis vleznici - ke gi dobijat pak, samo ovojpat ke bidat numerirani... Bidejki nekoj se drznal da napravi falsifikat vleznici i da proba da vleze na "PRIVATNATA ZABAVA"... |
|
DeepBlue
|
|
![]() |
|
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
бидејќи се работи за припремен и пријателски натпревар , мислам дека ќе ни попуштат па нема да изгубиме со повеќе од 3 гола разлика ..........
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
sepak rekoa od denes ke ima povtorno karti
![]() |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Daj be prestanete so takvi raboti!!! sto baras ti na stadion so takva negativa! Ke igrame kako i sekoaj druga utakmica sme igrale i so drugi jaki ekipi i sme gi tepale ili sme izvadile nereseno! A za ovaa utakmica uste tolku ke se motivirani nasite fudbaleri i ke izvadat dobar rezultat... Изменето од Vardar1947 - 10.Август.2009 во 10:28 |
|
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Почнува дистрибуцијата на новите билети за натпреварот со Шпанија![]() Старите влезници ќе се менуваат на местата каде што биле набавиле. Секое лице при замената на билетот е должно да носи лична карта за идентификација. Замената на влезниците во Скопје ќе почне попладне по 12 часот, а во останатите градови во вторник во 10 часот и ќе се врши преку општинските фудбалски сојузи. Гратис влезниците ќе бидат заменети во просториите на ФФМ. Вип билетите кои досега се дистрибуирани нема да се менуваат бидејќи веќе се нумерирани. По повод 100 години македонски фудбал и пуштање во употреба на новата северна трибина на Арената „Филип Втори“ македонската фудбалска репрезентација на 12 август ќе одигра против европскиот шампион, селекцијата на Шпанија. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Метеж и турканици за промена на билетите пред стадионот![]() Неопходна е голема трпеливост, упорност и издржливост за да се стигне до шалтерот на билетарницата, јави репортерот на Макфакс. Откако едно лице ќе успее да ги замени билетите, маките не се завршени, бидејќи е потребен натчовечки напор да се излезе од пред билетарницата. Дел од навивачите се качуваа на кровот на билетарницата и скокајќи од другата страна си заминуваат, бидејќи е невозможно од големиот метеж да се вратат назад. Возило на брза помош се наоѓа во непосредна близина, подготвено веднаш да интервенира, доколку дојде до несакана случка. Не е исклучено, поради спарното време, или поради турканиците, на некого да му биде неопходна медицинска помош. Замената на билетите започна денеска точно напладне, откако Фудбалската федерација на Македонија реши да ги повлече старите билети, бидејќи не беа нумерирани. Секое лице при замената на билетот е должно да носи лична карта за идентификација. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Eli ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лелееее дадоа на вести..што турканици,гимнастика морало да се изведува за да дојдеш до шалтерот..цццц..ах ова само кај нас го има!
|
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Е ко не мислеа од ФФМ на почеток сега нека се резилат,додуша тие цело раководство ако имаа малку осет до сега требаше да си поднесат оставка,ама тое е тоа.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пандев: Не можевме да посакаме подобра контрола од оваа со Шпанија
"Несомнено ни претстои добар контролен меч, за среќа за противник го имаме европскиот шампион Шпанија, чии квалитети не треба дополнително да се анализираат. Нашата цел е и на овој меч успешно да ја спроведеме нашата тактика, со брзи додавања, игра до нога со брзи и прецизни акции. Ќе биде потешко да го оствариме она што ќе се договриме поради квалитетот на противникот во сите линии, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Напротив, ова е натпревар по мерка за она што не очекува во решавачките квалификациски дуели со Шкотска и Норвешка. Од тоа што го видов на тренинзите фудбалерите се во добра кондиција, повредени нема, а по вечерашниот тренинг ќе ги знаеме имињата на 11-те фудбалери со кои ќе го започнеме мечот." - изјави селекторот Мирсад Јонуз на денешната пресконференција. "Сите знаеме против кого играме, но ние не сме преокупирани со квалитетите на противникот. Најважно е да одиграме машки, да направиме добар резултат и да ја задоволиме Македонија" - додаде капитенот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски. "Не можеше да посакаме подобра контрола од оваа со Шпанија, која слободно ќе кажам игра технички најдобар фудбал во Европа. Но ние не се оптоваруваме со противникот, треба да ја играме нашата игра. Не очекува одличен меч, а резултатот и не е најважен. Најважно е да го дадеме максимумот и добро да се подготвиме за одлучувачките квалификациски мечеви кои ни претстојат на почетокот на месец септември со Шкотска и Норвешка." - категоричен е Горан Пандев. Инаку, на утрешниот меч официјално простување од дресот со националниот грб ќе има Артим Шаќири, кој од ФФМ и Агернција за млади и спорт ќе добие симболични признанија. Потсетуваме, Европскиот шампион Шпанија во Скопје гостува по повод одбележувањето на јубилејот 100 години фудбал во Македонија, како и пуштањето во употреба на новоизградената северна трибина на Арената Филип Втори во Скопје. Благодарница за изградбата на северната трибина ќе добие и Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. Пред стартот на мечот предвидена е и богата културно уметничка програма, а за сите оние кои не успеаа да стигнат до влезница на Градскиот плоштад Македонија ќе биде поставен видео бим за заедничко следење на пријателскиот меч меѓу Македонија и Шпанија. Останува да ги оставиме зад нас сите нервози и лоши спомени од изминатите денови поврзани со набавката на влезници и да создадеме атмосфера адекватна за празникот на фудбалот кој ни претстои. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Добра игра против европскиот првак
Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар со Шпанија македонските репрезентативци и стручниот штаб посакуваат да се престават во добро издание на промоцијата на новиот лик на „Арена Филип Втори“. Селекторот Мирсад Јонуз на денешната прес-конференција напомена дека подобар противник од европскиот шампион пред важните квалификациски дуели во септември со Шкотска и со Норвешка не сме можеле да посакаме. - Познат ни е квалитетот на европскиот првак, селекција која до пред некоја недела беше и на првата позиција на ранг листата на ФИФА. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра со брзи додавања, но ќе биде тешко да се направи тоа. Мотивацијата кај играчите нема да изостане, впрочем противник е Шпанија. Тоа е селекција чија тактика е добро позната, изјави Јонуз. Тој додаде дека сите репрезентативци се подготвени, а стартниот состав ќе го соопшти по вечерашниот тренинг. Капитенот Гоце Седлоски напомена дека ова е одлична контролна средба за престојните квалификациони дуели. - Наше е да одиграме добро и да ја задоволиме Македонија, да прикажеме добра игра на отворањето на новата трибина, рече Седлоски. И за Горан Пандев подобар противник од европскиот шампион пред важните натпревари не сме можеле да посакаме и да добиеме. - Треба да дадеме максимум и да се обидеме да ја играме нашата игра. Од Шпанија како противник поголем мотив не ни е потребен. Пред натпреварот, како што беше најавено на денешната прес-конференција, Фудбалската федерација на Македонија на премиерот Никола Груевски ќе му врачи благодарница за придонесот за изградбата на новата трибина. По повод простувањето од националниот дрес, благодарница ќе му бид врачена и на Артим Шаќири кој има одиграно 72 натпревара и постигнато 15 голови. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |