IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 161162163164165 256>
Автор
Порака
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 23:45
Ако им смета нашето име,на кое направиле премногу неправдини дека си го сменат они името во Hellass.

Изменето од mamamd - 02.Август.2009 во 07:55
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 00:21
Темата е Преговори за името, не се оддалечувајте!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 05:37
Buggyman, postojano izlagash nadvor od temata, ama toa go pravish IMPRESIVNO!   

Ovoj pat ja imash dopirnato srcevinata na nashata realnost pred koja site ednostavno - zatvoraat ochi!

Retko dobra analiza koja e za nezaborav!

Изменето од Messenger - 03.Август.2009 во 03:26
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ABC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 371
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ABC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 23:03
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

 
јас пак сакам да ти кажам да почнеш да се подготвуваш за мечкин камен ....... и за кое име зборуваш старо со векови и за која држава стара со векови ? ....... минатото е минато ..... свршено , финито , заминато време ..... треба да се гледа кон иднината ........... а тебе никој не ти брани да си имаш спомени кон минатото и нешто што никогаш со сигурност не можеш да докажеш дека било твое .......... а што и ако докажеш во овој неправичен свет и свет заснован на интереси а никако на правдина ...........


Сакаш да кажеш дека Грција во иднина планира да се откаже од сопственото име па ќе се вика Македонија,и затоа ние треба да се откажеме од тоа име во интерес на Грчката иднина?
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 09:08
Се зголемува медиумскиот фронт за промена на името!

Пишува: Александар Авукатов

Како што изминува времето, се повеќе и повеќе се зголемува медиумскиот фронт кои пропагира промена на уставното име на Република Македонија со цел што побрзо влегување во Европската Унија и НАТО алијансата.

Навистина е интересно човек да седи отстрана и да го набљудува начинот на кој едните исти медиуми, и што е уште поинтересно, едните исти новинари, како едни исти настани, појави и ставови, ги именуваат и третираат со различен аршин, со друга терминологија, со временска дистанца од само неколку месеци. Ако се земе во предвид колку е осетлива темата за името како трампа за влез во Европската Унија и НАТО, тогаш оваа појава добива на поголемо значење, но и истата е доста интересна за набљудување ако се гледа како една поголема целина, како едно поголемо сценарио.

За ова сценарио имам пишувано повеќе пати и истото, ако судиме според промените и случувањата, може да се подели на повеќе фази, а денешните случувања и пренесувањето на поголемиот дел од медиумите на некој настани се како еден вид на резултат од сето тоа.

Накратко, сето ова започна веднаш пред добиеното вето во Бук*решт и за време на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2008 години.

Како никогаш досега, цела плејада на медиуми, новинари, политичари, универзитетски професори... се вклучија во ширењето на една колективна хистерија и страв кај граѓаните дека доколку не се влезе во НАТО до крај на 2008 година, тоа ќе значи распад на државата, дека ќе сме пропаднале, дека ќе не парчеле Албанците, Бугарите...

Притисокот продолжи во наредниот период, пред се преку реактивирањето на одредени лица кои беа подолг период неактивни во нашето општество и политичка сцена, а кои имаат, да речеме ’интересно’ минато со нашиот јужен сосед.

Тука, пред се мислам на враќањето од ’мртвите’ на поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Ѓорегиевски и поранешниот министер и кандидат за претседател на РМ, Љубомир Фрчкоски. Едниот близок со Грција со продавањето на ОКТА, другиот со аферата ’анафора’, обелоденета од поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Сите овие настани не беа без соодветната поддршка на медиумите кои се прилепени кон одредени бизнис групи со силни лобија во политичките партии, но и чести сопственици на еден или повеќе медиуми.

Денес, август месец, 2009 година, овие влијанија, игри и интриги, си го направија своето. Поместувањето на речникот на медиумите е лесно заблежителен.

Денес, речениците од типот ’нашата европска иднина е една’, ’нашите ЕУ и НАТО интеграции немаат алтернатива’ се составен дел од вокабуларот на секој политичар и општествен деец кој не сака да биде жигосан како радикал и антимакедонец од медиумите и многуте НВО пророци.

Работите отидоа многу подалеку од ова. Денес, секој оној кој има било какви принципи и се има малку покозистентни ставови за името кои не се во оваа насока, тогаш истиот е заостанат, радикален, антиевропски настроен, и цела една редица на други квалификации од страна на оваа фабрика.

Според сите рејтинзи, на најгледаната телевизија во Република Македонија, во репортажа за семакедонскиот собир во Трново на 2-ри август, обраќањето на Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, беше окарактеризирано како “цврсти и радикални ставови за непроменливост на името”.

Слушајќи ја оваа најава, јас веднаш си помислив дека Петров или повикал на објавување на војна на Грција, етничко чистење на албанците или нешто слично.

Наместо тоа, Петров изјавил дека името на нашата држава не треба да се менува и дека македонците сакаат во НАТО и ЕУ, ама не по цена на промената на името.

Ова, според мене, но и сигурен сум, според скоро сите граѓани на оваа држава, е нормална и искрена изјава, која воопшто не е ниту контроверзна, а камо ли РАДИКАЛНА. Во неа, Тодор Петров не прави ништо друго освен тоа што принципиелно ги изнесува ставовите кои ги кажува веќе години наназад.

Вториот настан кои се случи овие денови, а кои медиумите повторно го третираат “кој како стигне”, беше изјавата на Претседателот на мисијата на Европската Унија во нашата држава, Ерван Фуере, кој конечно, после години и години игра на зборови, дворска дипломатија и секојдневна демонстрација на лицемерието на Брисел, изјави дека без промена на името на Република Македонија, нема датум за преговори за влез во ЕУ.

Е драги мои почитувани колеги новинари, политичари, општествени дејци, колумнисти, самопрогласени експерти и останати гребатори од НВО секторот, ова е изјава која е радикална и скандалозна. Ова е изјава со која паѓаат сите маски и ефтини манири, изјава со која што се кажува отворено дека на ЕУ не сме и потребни какви то сме, туку онакви какви што они сакаат да бидеме.

И, резултатот на сево ова е ... МОЛК!!!

Немаше скандалозни ударни вести со кои се бара Фуере да биде избркан од државава, дека Оли Рен сака да се извини на целиот македонски народ, дека Хавиер Солана патува за Македонија за да ја спаси ситуацијата од ескалација, дека Република Македонија се повлекува од преговорите...

Благодарност до весникот Нова Македонија кои не почестија со репортажа за оваа изјава, како и со соодветната интервенција во колумната на Александар Дамовски, бидејќи како што работи ова наше новинарство, оваа изјава можеше да помине незабележано.

Како да се реагира во едно општество каде тие што треба да бидат гласот на гневниот народ, се истите тие кои го “заташкуваат” скандалот (сите ние знаевме што не чека, ама ваква директна изјава од професионален дипломат е во најмала рака скандал)??!

Како да се крене глава во општество каде однапред сте осуден на жигосување и навреда тукму од страна на оние кои во стилот на “Калимеро нема правдина” цело време се жалат за притисоци и некакви тоталиарни општества, а на нивните методи и еден Гебелс би им позавидел??!

Како човек слободно да го искаже единствениот логичен заклучок во една ваква ситуација??!

После сите овие настани, во ситуација каде Македонија е жртва на отворено непријателство и насилие на една поголема и посилна држава, во ситуација кога се прекршени сите конвенции и претходно склучени договори помеѓу двете држави, и кога евроатланските интеграции секогаш се условуваат со “уште една остапка”, време е да се донесе единствениот логичен потег. Време е Република Македонија да се повлече од преговорите со својот јужен сосед, од едно нелогично прашање кое доликува само на пародија во монти пајтоновски стил. Време е да се испрати порака дека ЕУ и НАТО не се единствените алтернативи (како што многу луѓе пропагираат) и дека ние неможеме со сила да влеземе онаму каде, очигледно, не не сакаат.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 18:22


Mnogu dobar napis koj vistinito ja oslikuva realnosta vo zemjata.

A sostojbata vo zemjata apsolutno se reflektira i na sostojabata na ovoj forum.

Pri krajot na napisot novinarot zakluchuva:

"И, резултатот на сево ова е ... МОЛК!!!"

Jas ochekuvav barem nekakva reakcija od nashive chlenovi koi gi ispokrshija tastaturite na kompjuterite povtoruvanjki gi kako papagali 'faktite" kako Makedonija nema drug izlez od vleguvanje vo NATO i EU vednash i bez nikakvo natamoshno odlaganje, kako morame da gi slushame nash*te dushmani i da gi ispolnime site nivni ultimatumi za da mozheme preku nokj da procvetame i da go sozdademe Rajot na zemjava.

I kako sto spomna avtorot na tekstot, kako tamo - taka i tuka:

"И, резултатот на сево ова е ... МОЛК!!!"

Toa so drugi zborovi se narekuva - masovna hipnoza. Narodot dozvoli da go dovedat do masovna hipnoza i povekje ne znae sto e relanost, a sto e iluzija. Koga kje ja vidi relanosta toj povekje ne ja prepoznava i zatoa ja odminuva kako da ne postoi - so МОЛК!!!

Zapomnete gi ovie istorijski momenti, bidejki eden den kje treba da im gi objasnite na svoite deca i vnuci koga kje ve prashaat kade vi bile ochite i umot vo najbitnite momenti za nivnata tatkovina.




Изменето од Messenger - 06.Август.2009 во 18:39
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 19:10
Интересно е што во Македонската политика не се прават таканаречените "симулации", односно - не се развиваат никогаш можните сценарија во рамки на 20-30 па и повеќе години.
Многу е погрешно Македонија да носи било каква одлука во врска со името, единствено и само врз основа на условот "НATO и ЕУ", без да прави долгорочни планови за своето постоење, политички, економски и социјален развој.
Да не бегам многу темата - медиумите се најмногу виновни за тоа, затоа што до сега не сум сретнал македонски медиум (не само откако сум во Канада, туку претходно, додека работев за истите тие медиуми), да бара од било која влада (или било која интелектуална структура) формирање на национална стратегија и долгорочен план.

Зошто е ова битно? Затоа што без такво долгорочно размислување, се се сведува на дневен пазар. Односно - на проста математика: смена на името=НАТО+ЕУ. Подетален поглед на работите, би барал анализа на тоа што точно би значело влегување во НАТО и ЕУ за Македонија во наредните 20 години? Дали НАТО и ЕУ можат да си дозволат да не ја примат Македонија? Што би значело невлегување во НАТО и ЕУ? Ова е опција која упорно се избегнува од сите, иако има доста солидна основа за размислување! Земји како Лихтенштајн (која не произведува НИШТО), Монако (истотака), Швајцарија итн - не се членови ниту на НАТО, ниту на ЕУ, и токму затоа се успешни, затоа што можат да им служат на соодветните ЕУ земји како банки (на хартија се разбира - Лихтенштајн има повеќе банки, отколку што има жители, но реално, нема ниеден трезор), како бесцарински зони, како зони за забава...
Интересно е што никој во Македонија не игра на таа карта и не размислува за таа опција, иако тоа е единственото што навистина може да помогне.
Сите муабети околу стабилноста на регионот и слично - ЕУ и НАТО немаат никаква врска со тоа. Ако има внатрешна нестабилност, ќе ја има и потоа - погледнете ги случувањата со ЕТА во Шпанија, или со демонстрациите на малцинствата во Франција. Нема никаква гаранција дека ЕУ и НАТО значат стабилност, ниту финансиска (погледнете ја изминатава година во Бугарија и при-Балтикот), ниту социјална (Франција), ниту безбедносна (Шпанија, Британија)...
Do what is right, come what may...
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 16:23
без многу филозофија...
и медиумска кампања...

па дури и на некои членови од форумов...

капата на Петко му е скроена...
уште пред да се роди...

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 16:51
Toa e pesimizam koj minal vo apatija i na krajot vo fatalizam.

Koga lugjeto kje se dovedat do vakov stepen togash so niv mozhe da se pravi s'e sto kje se posaka zatoa sto tie toa go ochekuvaat i se spremni bez nekoj pogolem prigovor da prifatat onoa sto im se "skroilo ushte pred da se rodat" - toa tie pochnuvaat da go sfakjaat kako neshto sudbinsko.

A sudbinata ne mozhe da se smeni, neli?

Celta na neprijatelskata propaganda e narodot da se ubedi deka seto onoa sto mu se sluchuva e sudbinsko i deka okolu toa ne mozhe nishto drugo da se stori.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 16:57
неоправдан ентузијазам...
не ги подобрува работите...
само создава лажна слика за реалноста...
која некои тешко ја прифаќаат...

Ќе се смени името или не...
Прашање е сега...

но не за сите...
за некои е јасно...
за некои, сеуште не...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 17:06
Ne mozhe nishto da se realizira kako "svrhena rabota" dokolku narodot ne go prifati toa.

I tuka lezhi zajakot megju onoa "sto e vo stvarnost" i "sto bi trebalo da bide spored nechii planovi".

Ultimativno, ostanuva do narodot.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 18:30
одлуките ги донесуваат лидерите...
не народот...
за тоа се избрани...
да одлучуваат во име на народот...

ако народот, или лидерите одбиваат било каква промена на името...
тогаш зошто воопшто наши претставници одат на преговори...

значи одат за да се договорат за промена...
договорено...
е дека ќе има промена...

се лажат оние кои мислат дека нема да ја има...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 18:35
Крајот го краси делото - повеке кажано од тоа е излишноголема%20насмевка
Кон врв
ABC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 371
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ABC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 03:23
Инаку поранешниот Државен Секретар на САД ја кажува реалната вистина:

Грците мора да пораснат и треба да признаат дека Македонија има право да се именува онака како што таа сака, смета поранешниот државен секретар на САД Лоренс Игелбергер.

Во интервју за Македонската телевизија Игелбергер посочува дека Грција нема никакво право да се меша, односно да ја блокира и условува Македонија да се вика онака како што се вика и како што таа сака да ја нарекуваат.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112368


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 161162163164165 256>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,268 секунди.