IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 15:15
 
 
Додека те чекам,
уморна од жонглирање со уплашени мисли
безволно се предавам на сожалувањето.
Капи месечината по мојот темен прозор
ja потценувам и неа и се' што нема врска со тебе
Добра ми е мене болката, ако и таа замине, ќе немам ништо твое.
Имаш поглед за кој вреди да се умре
и ќуд, која не ми дава да живеам.
Се навикна веќе на моите подароци од скршена гордост
Те молам не земај ми ја лагата,
вистината ќе побара да свртам страница, а јас тоа не можам
                              
Додека те чекам,
се повеќе верувам дека утрото ќе дојде со празни куфери.
 
Не јадам гомна, избриши ја ако не ти се допаѓа.
 

 
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 23:33


Јас сум од опозиција
и немам пријатели во власта
да им ургирам
да ми те доделат целиот

Кому му е важно,
се сомневам ни тебе самиот
што не ти се посветувам,
туку ти се жртвувам.

Еден ден, моите илузии
од заседа ќе ме зашамарат.
Го чувствувам во потсвеста нивниот кикот:
- Најслепи се отворени очи!!!


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2009 во 19:00
 
хм...хм... (се накашла)
што сакав всушност да ти кажам... аха...
ништо битно
можеби само дека стално мислам на тебе
на пример наутро кога мијам заби
кога ја чекам продавачката да пресмета 100 денари минус леб и млеко
и кога го расипувам лакот триејќи со жица загорено тенџере
кога бришам прашина
и кога не бришам - кога само ја гледам (упорна една!лутина)
кога цртам
кога сликам
кога читам
кога седам
кога шетам
кога лежам...мммм....посебно кога лежам...
( го прочита начкрабаното - глупаво е
                  - баш ми е гајле!)
 
 


Изменето од kejt-d-grejt - 11.Јуни.2009 во 19:02
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2009 во 07:54
 
 
Грев најголем знаеш ли кој е?
Да сме среќни, мило мое, да сме среќни
тоа никогаш нема да ни го простат!
Мразам кога морам да ти речам, ти велев!
Уште оваа средба со тагата,
па одиме на кафе кај рамнодушноста
испишана тетратка фрлена во купот
среќата е сепак за некои други
подостојни
Љубовта е Божји дар, а ние сме далеку од Него.
Нити ја заслуживме, нити ја одбранивме,
ја исплукавме за да ги насмееме другите
-за аплауз минутен, ах безвреден!
Ти, мој Максимус, мој Тристан
моја болко со најнежен допир!
мој отрову со најсладок бакнеж
моја чистино извалкана,
моја белино недостижна
мој џелату со најмили очи
најмили... најмили очи...
овој пат убиј ме, место да ме раниш!
 
 
 


Изменето од kejt-d-grejt - 13.Јуни.2009 во 08:23
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 18:50

Заебан си скроз!!!
а тоа е толку детски симпатично
и мангупски возбудливо,
што усните си ги прекасувам до крв
секогаш кога коктел од перцепција и фантазија
се разлее по мојот бел чаршав.

Се прашувам ...
дали времето ќе ја измазни нашата поезија
до немузикална прозаичност?
Дали нашите бури беа
неизбежен дел од растењето,
или сами си ги баравме
оти ни е слатко смирувањето...
ммм....и мирисно, миличко...
... - како диња...



Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2009 во 00:20

ФИНТАнамигнување


Мора да сум пак тажна штом пишувам.

Ти си ко по обичај ужасно зафатен
и преку глава ти е од моите ПМС хистерии.

Но јас најдов совршен начин за квалитетно самозадоволување.
Ја искористувам тагата,
а потоа ја фрлам како чорап со испуштен котелец
ко испиена конзерва и изџвакана мастика.

За да доживееш оргазам со тагата,
мораш во неа да останеш доволно долго.
Тогаш ќе ти дозволи да ги материјализираш воздишките,
Потем гласно прочитај ги...
...и.....свршувај......


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 14:32



Отпрвин...
се нервирав и тупнував со нога
секојпат кога слатко се смееше
што не успевам да те изненадам.

Потоа...
едноставно дигнав бело знаменце и наведнав глава.
Полека го зеде, ме завитка со него
и ми рече, Сега си моја невеста.






Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 14:35
големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2009 во 14:38
reply една големо%20гушкање за блу
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 18:58


Не е точно мили, дека реалноста е сурова -
таа едноставно е кичаста
како пластично цвеќе
во навредлива имитација на кинески порцелан.

Сликајќи безобразно
субјективен автопортрет на совршеност,
полни со себе надмено се кезат.
Но тоа не е доказ за злоба,
само на неумешност и заспаност.

Зошто инаку суетниот би извикувал,
- Зло е суетата!
И зошто би аплаудирале кога ја цитира глупоста?
Бесполезно е да им судиш.

Од сите твои совети, овој ми е најдраг,
- Тивко пред хиените, мила
порази ги со тишина!
Во менгеме стегни ги зборовите.
До глувите уши ќе стигне само молчењето.



Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 09:24


Среќата денес е обврска,
извежбан бон-тон пред другите,
издеформиран одраз врз совршено светнат Zepter.
Не умеам да сум една од нив!
Не сакам!
Не така!
Кога претставата ќе заврши,
останува лелекот,
замолчен
и заклучен во привремен притвор.
Ебана промоција...
Во ушите одек на расштиман хор од
морања, требања, дозволувања и забранувања.
Ма, зошто веќе еднаш не заминат без мене...



Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 15:06


Поминуваш со опачината на дланката по мојот образ
и ми велиш дека сум твоја
а потем, постилаш милион објаснувања зошто е тоа така.
И јас верувам
и се топам ко сладолед
оти толку си убедлив
што за миг помислувам
да те препорачам
за преговарач за името.
И среќна сум.
и се' e совршено...
до следниот миг.

Јас и ти се возиме по патеки израмнети од туѓи тркала.
Кој ни е крив што задоцнивме?

Понекогаш...
добивам желба да се осветам сама на себе
што како глупачка некоја
упорно пијам морска вода за да изгаснам жед.

Знаеш...
го сеќавам часови однапред
твоето значајно задумување.
И што?
Мислиш се плашам што можеш тогаш да проговориш?
- Во право си! Усрано се плашам.



Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2009 во 12:41
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:



Не е точно мили, дека реалноста е сурова -
таа едноставно е кичаста
како пластично цвеќе
во навредлива имитација на кинески порцелан.

Сликајќи безобразно
субјективен автопортрет на совршеност,
полни со себе надмено се кезат.
Но тоа не е доказ за злоба,
само на неумешност и заспаност.

Зошто инаку суетниот би извикувал,
- Зло е суетата!
И зошто би аплаудирале кога ја цитира глупоста?
Бесполезно е да им судиш.

Од сите твои совети, овој ми е најдраг,
- Тивко пред хиените, мила
порази ги со тишина!
Во менгеме стегни ги зборовите.
До глувите уши ќе стигне само молчењето.




уааааууууу....жак превер може вода да ти носиголемо%20гушкање...ме остави без здивхипнотизиран
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 09:49


Да знаеа дека постоиш,
Израелките и Палестинките не ќе се бореа за глупава земја.

Да знаеа дека постоиш,
Амазонките ќе решеа да крунисаат крал.

Да знаеа дека постоиш,
Анџелина и Џенифер ќе го корпосаа Бред.

Среќа моја што не знаат,
има повеќе од тебе за мене,
па те пијам од чаша
и те сркам со лажица
и те грицкам и те џвакам
и се мачкам со тебе,
и се покривам со тебе
и заспивам во тебе.

Ало!!! Гаси ламба!






Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.