|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 89101112 56> |
Автор | |
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден рецепт што го направив прееска, излезе супер
КОЛАЧ СО ВИШНИ 4 јајца 3 филџани шеќер (не го полнам филџанот до врв... обично ставам шеќер помалку отколку што пишува во рецептот) 1 филџан јогурт 1 филџан масло 3 филџани брашно ќесичка прашок за пециво околу 500г вишни филџанот со кој мерам јас е нешто поголем од стандардните, околу 250-300 г) Се матат јајцата и шеќерот како за пандишпан, со миксер, а потоа кога се додаваат останатите состојки се меша со лажица - а се додава прво јогуртот, па маслото, па брашното помешано со прашокот за пециво и откако убаво се измеша, се става во правоаголно длабоко тавче претходно намачкано со масло и брашно - и одозгора се ставаат вишните. Се пече на 200 степени околу 40 мин. може и повеќе, а кога е печено се посипува со прав шеќер... Уживајте! |
|
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден од моите најомилени овошни колачи... Го имам правено и со јагоди- преубав е. Пробај-нема да погрешиш |
|
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, добар е и со јагоди, ама го правам со вишни почесто, бидејќи имам премногу вишни и мора да им го најдам крајот а не е лош ни со јаболка во зима
|
|
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мафини 270 грама брашно, 1 пециво, 200 гр. шеќер, 100 грама маргарин, 2 јајца, 150 мл. јогурт, 5 лажици млеко, 150 грама искршена чоколада за готвење, оревче-лешниче-суво гројзе по желба, може и суво овошје, смокви сецкани (безброј варијации на тема), кора од лимон..... Се матат јајцата со шеќерот, се додава маргаринот стопен, јогурт, млеко, брашното со пецивото а потоа и се останато по желба. Се ставаат во намастени калапи за мафини (најдобро силиконски или оригинал тефлон, никако од пазар зашто се лепат) Се печат онака, регуларно, како кој пече, јас на 180 степени за 20-25 минути. Многу се убави. П.С. Дозава да се дуплира зашто зависи од калапот, ама со оваа доза излегуваат само 6-7. Изменето од maria_magdalena - 14.Август.2009 во 17:21 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Slatko od kromid ....Ima li nekoj recepta
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
JASmislam deka mozam da ja napisam receptata |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали некоја знае како се прават оние парени колачи што се прават за Рамазани/Бајрами, со путер?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
или пак од баклавата што се прави исто за Рамазани/Бајрами, со путер?
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не знам како се викаат тие за кои прашав, ама обично имаат триаголна форма, мислам дека не се полнат со ништо, а се така како лиснати ама не се, парени....ама кој ги пробал знае на кои мислам.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mmmm...Ja obozavam baklavata za Bajram, i site turski delikatesi, ama ne se osmeluvam da napravam: si kupuvam od turska carsija.
Изменето од Kali - 08.Октомври.2009 во 18:36 |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дали некоја знае како се прават шеќер париња ?
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има,има Потребно:1 маргарин,6 лаж. шекер,2 јајца,1 пециво,брачно. За шербет: 750 гр, шекер 700 гр. вода Маргаринот се топи и се додава зејтинот.кога ќе се олади(млако) се става во вангла и додава брашно по потреба(средно,не премногу меко или тврдо),се додаваат 2 јајца и 1 пециво. Се изедначува снесата и се прават топчиња или долгнавести. одозгора може да се стави орев. Се редат во подмачкан плех и се пече. Добар апетит! |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е за Шо-Сана да не мисли дека сум ја заборавила. Знам дека сум бавна ама еве ја рецептата за
ТОРТА СО МОРКОВИ
(кафена лажичка ќе ја означам со кратенката к.л, а супена с.л)
за тестото е потребно
300 гр брашно
2 к.л цимет
1 к.л прашак за пециво
1/2 к.л сода бикарбона
200 гр мек кафеав шеќер
4 јајца
250 мл зејтин (сончогледов или растителен)
1 кора од портокал рендана
1 кора од лимон рендана
200 гр моркови, ситно рендани
150 гр ореви, сецкани (оставете малку ореви за декорација)
227 гр ананас од конзерва, сецкан на парчиња, добро исцеден
(јас го употребувам портокалот што го рендам, да не се фрла, исто ќе му дојде, мокро сочно овошје е, еднаш кајсии, еднаш праски оние големи водени имам употребено)
за Шеќерната крем глазура
125 гр несолен путер на собна температура (значи мек да биде)
50 гр прав шеќер
250 гр крем сирење несолено или Маскрапоне-италијански густ крем за готвење, несолен
(Филаделфија крем сирење несоленото е идеално )
Начин на подготовка
Се загрева рерната на 150 С.
Во сад подлабок се меша заедно брашното, циметот, прашак за пециво и сода бикарбона и се истура шеќерот. Ова со рака убаво да се измеша, да стане еднаква масата, зашто мекиот шеќер е леплив и се грутчи. Добро да се растресе.
Во друг сад се матат заедно јајцата со зејтинот и кората од лимон и портокал. Се истура во смесата од брашно.
Се додаваат и ренданите моркови. Најпосле се додава и сечканото овошје (ананас или портокал) и сечканите ореви.
Фино се заматува целата смеса,се истура во овален сад за печење торта и се пече 1 час и 20 мин. За проверка боцнете со вилушка во тестото, доколку е готово треба да излезе чиста. Се лади убаво.
На крај се нанесува Шеќерната крем глазура
Едноставно заматете со дрвена лажица заедно путерот, шеќерот во прав и крем сирењето се додека не се претвори во мазна компактна маса и нанесете врз оладената торта. Ќе добиете фин дебел слој.
Се украсува со сецканите ореви.
Се става во фрижидер да се олади фино и да се стегне за убаво да се сече.
Тортата е многу едноставна и вкусна и брзо се прави.
Наздравје
Изменето од GlenKlouz - 29.Септември.2009 во 12:40 |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
PBaller
Нов член Регистриран: 28.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |