|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика | страница <1 157158159160161 256> |
Автор | ||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Good point brother. Замислете по тој критериум требаше да има референдум дали да се воведат патриотски каси, дали да се зголеми основицата за данок, дали да се воведат бруто плати..... и тн. Но видовме дека немаше. Грујо нека не не мота со тој референдум за да си ги испере рацете од одговорност. Нека каже едно од двете решенија (без референдим): а) Нема промена на името и тоа е нашата одлука б) Прифаќаме нашето име да биде тоа и тоа Па нека ги сноси последиците од одлуката што ќе ја донесе па макар која и да е одлука |
||
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се ќе беше во ред ако наместо да збориш во минато време, да го направеше во идно време. Решението се наметна поради ХХХ причини во тоа време (секако дека имало некаква причина да се прифати референцата БЈРМ), од тогаш поминаа 16 години, сега е ред да се согледа иднината. Како и да е, во статус кво состојба сме, и само мудрост или некое “чудо“ може да не спаси од промената на името. |
||
Homo homini lupus est...
|
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чудото е во тек,18 години трае и никако не можат да сфатат како издржавме толку многу без да попуштиме од неменливоста на името.А според јавното мислење ќе издржиме уште 10 пати по толку,ама името нема да се смени.Всушност мудроста е во самите нас,а мудрите секогаш создаваат чуда. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од каде знаеш бе миломое ти кого јас сум бирала и дали сум бирала? Избори со референдум немаат ама баш никаква врска, референдумот е уставна категорија и еден од најважните видови на непосредна демократија во цел свет, на кој се гласа за одлуки од посебно значење за државата. Ако прашањето за промена на името за тебе не е од такво значење, за мене е! И не сакам никој друг да одлучува за тоа во мое име, па кој сака нека биде! |
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Refrendumot e mozebi edninstvena sansa za izlez od pregovorite no i golem rizik...
Vo slucaj na referendum da se izjansime deka ne sakame da go smenime imeto, togas pregovorite gubat sekakva smisla , sto bi bilo idealno resenie... No nie se pokazavme kako majstori da ja zaebeme rabotata tokmu za vakvi vazni prasanja, se sekavate na referendumot za teritorijalna organizacija, NELI? Odtuka postoi i opasnost od negativen rezultat... Sepak ako ima referendum treba na site Makedonci koi se naogat na zemjinata topka da im se ovozmozi da glasat... |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, ризик е и тоа голем и ако се одлучат на таков чекор ќе треба добро да се разгледаат сите можни сценарија, референдумското прашање, излезноста, кампања...
За референдумот за самостојноста многумина се сомневаа дека ќе успее и прашањето беше поставено како што беше поставено, па не излезе така: 95% од излезените гласачи се одлучија за самостојна Македонија. На референдумот пак за територијалната поделба се покажа колку партиите во комплет со сателитските “невладини“ организации и загрижените емисари кои ЕУ ни ги праќаше секојдневно, може да имаат огромна убедителна моќ врз гласачкото тело: референдумот беше неуспешен, со излезност од 25-6%. Прашањето е деликатно и екстремно важно во ваков момент и за вакви судбоносни одлуки, па пред да се одлучи било што, треба добро да се изанализира состојбата на теренот, оти за вакви работи поправен испит нема!!! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Do esenta nema da ima referendum.
Vo toj period Gruevski treba da ja poseti nashata emigracija vo Severna Amerika. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хм,не би рекол дека поправен испит нема,за едно прашање може да се прават референдуми во недоглед,мислам дека секоја година одново и одново,ако не се лажам.Меѓутоа и самиот референдум окулу сопствено име е чиста глупост,такво нешто при здрав разум и чиста совест не смее ни да се замисли,а па камо ли да се спроведе,особено во земја каде најмалку 30% од потенцијалните граѓани воопшто не ги засега позитивниот исход од таквиот референдум.Референдумот за независност е нормален референдум и тоа е веќе во границите на здрав разум,ама да побараш референдум за сопственото име е исто како да си излегол со референдумско прашање на кое граѓаните би требало да се изјаснат дали се “скотови“ или луѓе.Впрочем јас во евентуален референдум за сопственото име гледам повеќе перверзија одколку сериозен човечки пристап кон еден ваков највисок чин на демократијата и современиот начин на живеење кај разумното човеково битие. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, но ако референдумското прашање се постави така да со успешност на референдумот (излезност над 50%) се изгласа и промена на името, тогаш нема поправен испит!
Промената ќе се направи врз основа на резултатот од референдумот (зависи како ќе се спроведе, дали резултатите ќе бидат обврзувачки) и готово, ојде името јабана! Јас знаеш како гледам на референдумот: ако веќе политичарите донесат одлука за промена на името, а сигурно дека ќе донесат како што стојат работите, тогаш референдумот би ни бил единствена шанса на нас граѓаните да не го дозволиме тоа, со своите гласови. Значи ако политичката гарнитура донесе одлука за промена на името, нас нема ни да не праша. Додека со референдум постои некаква, макар и теоретска шанса граѓаните да кажат НЕ за промена на државното име и притоа нивните гласови да се земат во обзир. |
||
milomoe
Нов член Регистриран: 21.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pa ako i sami kazavte deka mozno e partiite da donesat resenie za menuvanje na imeto togas referendumot ke zavrsi vo nivna korist, zasto na sekoj graganin vo drzavava mu e povazno rabotnoto mesto i i da gleda so sto da gi ishrani svoite deca otkolku da mu se sprotivstavi na direktorot. I zatoa nee potreben referendum badijala da se trosat nasite pari.
|
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мое мислење е дека не треба ни да дојде до референдум по било кое прашање за името Македонија,за такво нешто треба човек да нема воопшто сопствени национални чувства,или ако мисли да прави референдум за сопственото име (а со тоа и сопствениот идентитет),тогаш значи дека се сомнева дали е Македонец или пес. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хмм, па не се работи сигурно за немање национални чувства, туку за различен пристап кон прашањето: е понижувачки, да, и воопшто целата ситуација во која се наоѓаме е таква.
Но дали не е уште попонижувачки некојси Никола, Ѓорѓе, Антонио, Трајко, Петко да реши наместо мене како јас ќе се викам? Оти едно е повеќе од јасно: тие сигурно ќе одлучат во наше име! Што е попонижувачки: да дозволам некој друг да ме прекрсти или да се изборам за шанса да го дадам својот глас ПРОТИВ?! Може така да се погледне на работите? |
||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па нели ти е јасно дека никој нема мандат да го смени името на оваа држава и овој народ,без разлика дали во моментот бил председател,премиер или деспот.Таквото сменето име ќе биде додека тој е на власт,ама следниот ден (кој ќе дојде многу брзо ако се дрзне да го направи тоа),името пак си се враќа како никогаш да не било сменето.Искра надеж за Грците е референдумот кој може на мал милион начини лесно да биде изманипулиран за нивни потреби,и кој наизглед барем пред светот делува како врвен чин на демократијата,иако во поглед на името кај истоимениот народ делува како одлука на луѓе кој немаат ни ронка национално чувство во себе,односно апсолутно никаква домосаканост. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како мислиш никој нема мандат?
Правен мандат е даден на државата Македонија, поточно на нејзини официјални политички претставници со потпишувањето на Привремената спогодба и Резолуцијата 817. Друго прашање е зошто и како дошло до тоа и дали некој има морално право да преговара и да го менува името на државата (јас такво право апсолутно никому не би дала!). И не ми е јасно како тоа евентуално променетото име ќе трае додека оној што го сменил е на власт и после пак ќе си го вратиме назад?! |
||
Внеси реплика | страница <1 157158159160161 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |