|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика | страница <1 139140141142143 256> |
Автор | |||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ќе дојде,ама во владата нема ни еден што може да парира на неговите метафори,итоа од непотистички причини,не од друго.А можеше многу лесно да има,за мали пари би рекол,за ептен мали трошоци во споредба со онаа фамозна 1.5 милјарда евра за плати на админстрацијата од МЕГА буџетот.Оли Рен е Финец и досега требаше да му најдеме пандан исто така Финец на кого нема толку многу да му се к_урчи и да му мрчи како на било кој Македонски “глауч“ со кого ќе се сретне.Ние ги побаравме Самаковци,Ставревци,Мизовци или Ташковиќи,мислеќи дека се се врти окулу капиталот во кој овие се фалеа дека биле замешани,иако на крај излезе дека се “голо маде“ и никој ни таму не ги есапи,а заборавивме при тоа дека борбата за името треба да ја водиме на сите фронтови и човек на човек ако треба.Па само јас познавам 20 Македонци со двојно Македонско-Финско државјанство,не можевме ли на еден од нив да му понудиме привремена работа во МНР или во владата,токму за вакви прилики?Има Македонци во Финска кој се попопуларни и од самиот Оли Рен,не верувам дека и ним ќе им прераскажуваше анегдоти со жената на Сибелиус,на сметка од Македонскиот народ. Грците тоа го практикуваат со години,инволвираат конгресмени со Грчко потекло,влијателни и популарни бизнисмени во земјите од каде што доаѓаат клучните личности за наша ЕУ и НАТО интеграција,а ние ќе му го пуштиме Милошовски или Јанакиески,зошто Боцевски си замина а другите не ни знаат доволно Англиски да можат да се разберат со Оли кој и онака не разбираше многу од тоа што се обидуваше да го каже на некој “индијански акцент“. Значи зборот ми беше дека за ефикасна и успешна борба на Македонија кон нејзината еманципација и етаблирање со уставното име во списокот на држави,како што е неотуѓиво право на секој народ ние требаше веќе да имаме изградено малку поофанзивна стратегија а не да се однесуваме како “изгубени во преводот“. |
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пред време кажано и одлична анализа за Македонските политичари... [:D/] Го цитирам г-от Макрадули: -“„Да ве замолам господине Рен да престојувате почесто во оваа убава Македонија и да го поминете одморот овде. Тогаш сум убеден дека Владата ќе биде многу поефикасна и многу попосветена“ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111837 ... кога велам дека треба да се соочиме со реалноста, која е пред наши очи, каде моралноста нема вредност.... се е можно па и ваков коментар на наш политичар, пратеник. Затоа и велам дека политичарите ми се најодвратни (не од морална туку од аспект на креативност) |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А овој пак:
„Јас сум пратеник на ДУИ, партијата којашто за сите е идентификувана како најевропска“, рече Џевад Адеми... и остана жив!!! |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mozhebi ova e demant na pesimizmot koj doagja vo vistinski moment - Makedonija ja sudi Grcija na megjunaroden sud! Tvojata zelba...
...e Bozhja naredba! Izgleda deka nashata vlada sepak e popamentna i pomudra otkolku sto mislime. Изменето од Messenger - 23.Јули.2009 во 23:23 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кај нас стана практика да некој политичар “истересе зелена“ и да остане жив. Тие се родени како човечки суштества но растеле како/покрај “мачиња“, па какво и да направат салто мортале, се дочекуваат на нозе... |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дури и обвинението против Грција е премногу задоцнето,после мал милион наши молби и пораки до владата да ја тужиме Грција на сите можни меѓународни судови,на крај го грешија и судот можеби намерно,оти подобро ќе беше да ги тужиме во ОН,за повреда на принципите и проширување на надлежностите настрана од она што го потпишаа во УН,ама сеуште не го ратификуваа во нивниот парламент,а водат преговори иако ветија дека нема да не попречуваат за членство во ни една организација.Преговорите сега се и беспредметни затоа што не се официјално одобрени од Грчкиот парламент,само за нашите “глаучи“ тоа е толку небитно,што забораваат дури и да го напоменат истото пред Нимиц,кој пак води “фарса“ преговори,со самото тоа што Грците не ги ратификуваа преговорите со Македониаја во парламентот и немаат обврска односно мандат да преговараат официјално со нас,со што немаат и не мора да имаат крај. |
|||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Растеле,ама изгледа не дораснале,оти и недораснати мачиња можат да направат салто. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne sum siguren dali e docna za tuzhba bidejki s'e ushte nemame potpishan dogovor za menuvanje na imeto. So tegnenje na pregovite dobivame samo nie. Se slozhuvam deka sega, so podnesenata tuzhba, pregovorite se dovedeni vo prashanje i kje treba da se soprat dodeka ne se reshi tuzhbata. A ne ni bega nitu prilikata za podnesuvanje na tuzhba i do OON... se razbira posle reshavanjeto na ovaa prvata. Nemanjeto kraj na ovie pregovori samo nam ni odi vo prilog. Vremeto raboti za nas, a ne za Grcija. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Види вака,мојот предлог со месеци пред да ја поднесеме тужбата беше иста таква или слична тужба да се поднесе директно во ООН каде ќе имаше дупло поголем ефект,затоа што уште еднаш ќе се прочитаа барем основните начела и принципите за самоопределеност на секој народ,со што Грчкото “копрцање“ ќе станеше повеќе од очигледно и неразбирливо,ама властите не ги послушаа моите апели навреме,па затоа велиме дека поднесувањето на оваа тужба можеби е малку задоцнето и не баш толку аргументирано,особено што кај ни една членка на НАТО нема да наидеме за сојузник во сведочењето дека Грците ни бапнаа ВЕТО.Нивната одбрана ќе се состои од фактот што сите НАТО членки ќе изјават дека не дале взаемна согласност за прием на Македонија,и нема да ја издвојат Грција како посебна членка која ја кочи нашата интеграција. |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тужбата беше поднесена со задоцнување, требаше од порано тоа да се стори уште кога не беше толку искомплицирана ситуацијата, но поарно некогаш отколку никогаш.
Со тужбата не се прекинуваат преговорите, напротив сведоци бевме последниот период на нивно интензивирање па дури и некакво срамежливо наговестување на можно решение. А тужбата си тече како паралелен процес и нејзин предмет не се преговорите за името, туку конкретно прекршување на еден нејзин член (член 11), конкретно за попречување на интеграција и приклучување на нашата земја во меѓународни организации (во случајот со НАТО): Со Апликацијата се бара Меѓународниот суд на правдата: „(а) да утврди и декларира дека (Грција), преку своите државни органи и овластени лица, ја прекршила својата обврска од член 11, став 1 од Времената спогодба; (б) да ѝ наложи на (Грција) веднаш да ги преземе сите потребни чекори во правец на почитување на своите обврски од член 11, став 1 од Времената спогодба и да престане и да се воздржи од секакво спротивставување, директно или индиректно, на членството (на Македонија) во Северно-атлантската договорна организација (НАТО) и/или во било кои други „меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции” во кои (Грција) е членка, доколку во таквите организации или институции (Македонија) се нарекува согласно предвиденото во став 2 од Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.” Изменето од Анастеа - 24.Јули.2009 во 02:56 |
|||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно,ама сепак прекршувањето на спогодбата,односно на само еден нејзин член,ќе биде тешко или практично невозможно за докажување,особено од фактот дека Грците во Бук*решт не го употребија зборот ВЕТО.Многу порационално ќе беше доколку ја тужевме Грција во ОН за ненавремена ратификација на целосната спогодба во нивниот парламент,со што всушност ги направија “магариња“ сите компетентни фактори во самото ОН,а и нас што воопшто започнавме преговори без соодветно ратифицирана спогодба,која нема никаква тежина или важност пред никого со што станува беспредметна. П.С.:-Ама ај да не должам многу кога не сум платен за тоа.Си имаат платено луѓе кој треба да си ја работат таа работа.Кога ќе ги видам на улица без “државна цицка“ во рацете,можеби ќе дадам уште некој предлог. |
|||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Овде зборуваме за ФОРМА , а не и на СУШТИНА на посочената тема.....почитуван колега..
СУШТИНАТА е дена МК НЕ Е интегрирана..таму...каде што според параметрите и (би) требало одамна да припаѓа..а за се се „криви„ ДРУГИ..освен нашите „премудри„ политиканти..кои тогаш беа „резус фактор„ во МК..а се знае ...кои се тие...ГУБИТНИЦИТЕ ...во последните пет по ред Изборни Циклуси..
Нахалната и без консултации со валидните македонски (другите и немаат кредибилитет за тоа) партии..се да се „реши„ проблемот..од премудрите наши „давајгаз„ политиканти..не доведе до ова дереџе..односно ОЧАЈНА и наизглед безизлезна состојба..
Но само ТРПЕНИЕ и СПАСЕНИЕ..е нашиот излез..од овој лавирнинт..во кој не заплеткаа фиромољубивите најмакедонци..
|
|||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па и во привремената спогодба никаде не е споменат зборот ВЕТО туку е договорено Грција да не го попречува и да се спротивставува, директно или индиректно, на членството на Македонија во НАТО, ЕУ и други меѓународни организации и институции. Ќе биде тешко за докажување, но не и невозможно. Спогодбата е потпишана од двете страни, ратификувана во ОН и со самото тоа станува правосилна, со определен меѓународен суд за постапување по евентуални спорови. Тоа и грците не го негираат. Туку да се вратиме на темата, за тужбата има посебна тема, може да се префрлиме таму за дискусија. |
|||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Често...дури и пречесто на„враќајќи„ и се на темава..можам ...само со чудење да искажам..ДЕКА ..само немакедонци и одродници ..односно луѓе без никакво (посебно не МК) национално чуство можеле вака „мудро„ да го одбегнат проблемот..настанат.. со од нив не посакувано распаѓање на љубимата им Југославија..и прогласување на Макеонската Држава..за што и има полно докази..ТЕЛЕВИЗИСКИ..
АМа тие и такви „докази„ сеуште се кријат од прекорниот поглед на јавноста..македонска секако..но времето им е категорија..која не можат да ја исконтролираат..се додека не ги лапне црната земја..ама се ..долговечни..проклетство на епетен старите ..антимакедонци..според неделата нивни.,..сеуште неотворени..низ учебниците..посебно по Историја..
|
|||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|||
Внеси реплика | страница <1 139140141142143 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |