![]() |
|
kejt-d-grejt |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 40> |
Автор | |
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Додека те чекам,
уморна од жонглирање со уплашени мисли безволно се предавам на сожалувањето. Капи месечината по мојот темен прозор ja потценувам и неа и се' што нема врска со тебе Добра ми е мене болката, ако и таа замине, ќе немам ништо твое.
Имаш поглед за кој вреди да се умре
и ќуд, која не ми дава да живеам.
Се навикна веќе на моите подароци од скршена гордост
Те молам не земај ми ја лагата,
вистината ќе побара да свртам страница, а јас тоа не можам
Додека те чекам, се повеќе верувам дека утрото ќе дојде со празни куфери. Не јадам гомна, избриши ја ако не ти се допаѓа.
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас сум од опозиција и немам пријатели во власта да им ургирам да ми те доделат целиот Кому му е важно, се сомневам ни тебе самиот што не ти се посветувам, туку ти се жртвувам. Еден ден, моите илузии од заседа ќе ме зашамарат. Го чувствувам во потсвеста нивниот кикот: - Најслепи се отворени очи!!! |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
хм...хм... (се накашла)
што сакав всушност да ти кажам... аха...
ништо битно
можеби само дека стално мислам на тебе
на пример наутро кога мијам заби
кога ја чекам продавачката да пресмета 100 денари минус леб и млеко
и кога го расипувам лакот триејќи со жица загорено тенџере
кога бришам прашина
и кога не бришам - кога само ја гледам (упорна една!
![]() кога цртам
кога сликам
кога читам
кога седам
кога шетам
кога лежам...мммм....посебно кога лежам...
( го прочита начкрабаното - глупаво е
- баш ми е гајле!)
Изменето од kejt-d-grejt - 11.Јуни.2009 во 19:02 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Грев најголем знаеш ли кој е?
Да сме среќни, мило мое, да сме среќни
тоа никогаш нема да ни го простат!
Мразам кога морам да ти речам, ти велев!
Уште оваа средба со тагата,
па одиме на кафе кај рамнодушноста
испишана тетратка фрлена во купот
среќата е сепак за некои други
подостојни
Љубовта е Божји дар, а ние сме далеку од Него.
Нити ја заслуживме, нити ја одбранивме,
ја исплукавме за да ги насмееме другите
-за аплауз минутен, ах безвреден!
Ти, мој Максимус, мој Тристан
моја болко со најнежен допир!
мој отрову со најсладок бакнеж
моја чистино извалкана,
моја белино недостижна
мој џелату со најмили очи
најмили... најмили очи...
овој пат убиј ме, место да ме раниш!
Изменето од kejt-d-grejt - 13.Јуни.2009 во 08:23 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Заебан си скроз!!!
а тоа е толку детски симпатично и мангупски возбудливо, што усните си ги прекасувам до крв секогаш кога коктел од перцепција и фантазија се разлее по мојот бел чаршав. Се прашувам ... дали времето ќе ја измазни нашата поезија до немузикална прозаичност? Дали нашите бури беа неизбежен дел од растењето, или сами си ги баравме оти ни е слатко смирувањето... ммм....и мирисно, миличко... ... - како диња... |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ФИНТА ![]() Мора да сум пак тажна штом пишувам. Ти си ко по обичај ужасно зафатен и преку глава ти е од моите ПМС хистерии. Но јас најдов совршен начин за квалитетно самозадоволување. Ја искористувам тагата, а потоа ја фрлам како чорап со испуштен котелец ко испиена конзерва и изџвакана мастика. За да доживееш оргазам со тагата, мораш во неа да останеш доволно долго. Тогаш ќе ти дозволи да ги материјализираш воздишките, Потем гласно прочитај ги... ...и.....свршувај...... |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Отпрвин... се нервирав и тупнував со нога секојпат кога слатко се смееше што не успевам да те изненадам. Потоа... едноставно дигнав бело знаменце и наведнав глава. Полека го зеде, ме завитка со него и ми рече, Сега си моја невеста. |
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
reply една
![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не е точно мили, дека реалноста е сурова - таа едноставно е кичаста како пластично цвеќе во навредлива имитација на кинески порцелан. Сликајќи безобразно субјективен автопортрет на совршеност, полни со себе надмено се кезат. Но тоа не е доказ за злоба, само на неумешност и заспаност. Зошто инаку суетниот би извикувал, - Зло е суетата! И зошто би аплаудирале кога ја цитира глупоста? Бесполезно е да им судиш. Од сите твои совети, овој ми е најдраг, - Тивко пред хиените, мила порази ги со тишина! Во менгеме стегни ги зборовите. До глувите уши ќе стигне само молчењето. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Среќата денес е обврска, извежбан бон-тон пред другите, издеформиран одраз врз совршено светнат Zepter. Не умеам да сум една од нив! Не сакам! Не така! Кога претставата ќе заврши, останува лелекот, замолчен и заклучен во привремен притвор. Ебана промоција... Во ушите одек на расштиман хор од морања, требања, дозволувања и забранувања. Ма, зошто веќе еднаш не заминат без мене... |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поминуваш со опачината на дланката по мојот образ и ми велиш дека сум твоја а потем, постилаш милион објаснувања зошто е тоа така. И јас верувам и се топам ко сладолед оти толку си убедлив што за миг помислувам да те препорачам за преговарач за името. И среќна сум. и се' e совршено... до следниот миг. Јас и ти се возиме по патеки израмнети од туѓи тркала. Кој ни е крив што задоцнивме? Понекогаш... добивам желба да се осветам сама на себе што како глупачка некоја упорно пијам морска вода за да изгаснам жед. Знаеш... го сеќавам часови однапред твоето значајно задумување. И што? Мислиш се плашам што можеш тогаш да проговориш? - Во право си! Усрано се плашам. |
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
уааааууууу....жак превер може вода да ти носи ![]() ![]() |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да знаеа дека постоиш, Израелките и Палестинките не ќе се бореа за глупава земја. Да знаеа дека постоиш, Амазонките ќе решеа да крунисаат крал. Да знаеа дека постоиш, Анџелина и Џенифер ќе го корпосаа Бред. Среќа моја што не знаат, има повеќе од тебе за мене, па те пијам од чаша и те сркам со лажица и те грицкам и те џвакам и се мачкам со тебе, и се покривам со тебе и заспивам во тебе. Ало!!! Гаси ламба! |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |