|
Љубен Пауновски: Ми се заканува ликвидација! |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Јули.2009 во 16:42 |
ЕКСЛУЗИВНО:Љубен Пауновски: Ми се заканува ликвидација!
Поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски, кој треба да одлежи казна затвор од три и пол години поради злоупотреба на службената должност, вели дека може да биде ликвидиран во затворските ќелии. Причина за тоа се информациите кои ги поседува за периодот пред и за време на вооружениот конфликт во 2001 година. За целиот тој период раскажува во 45 минутно обраќање до јавноста. Тврди дека сè започнало во 2000 година кога од тајните служби на Армијата исчезнала опрема купена од Американците, а за која вели дека немал никаква информација. “Во октомври 2000-тата година амбасадорот на САД со негови соработници побара средба со мене во врска со веќе набавената опрема за следење на комуникации од САД, која веќе била испорачана но не се знае каде е. За набавка на таква опрема прв пат слушнав тогаш од американскиот амбасадор. Началникот на разузнавање на АРМ беше повикан и пред амбасадорот соопшти дека знае за таква набавка, дека кај нив има некои елементи, но ги нема најбитните за кои не знае дали се стигнати. Дека мене не ме информирал и дека тоа била набавка од поред 1 година во мандатот на академик Никола Кљусев и неговиот претходник Сашо Мијалков. До почетокот на јануари 2001-ва истрагата што беше спроведена со низа писмени наредби немаше резултати ниту за опремата ниту за фирмата која била добавувач.Околу 10 јануари 2001-ва беше испратено писмо до МВР за да направи проверка во поштата и царината дали е влезена таква пратка во Македонија, бидејќи АРМ нема право да истражува во цивилните служби. По неколу денови во јавноста излезе аферата за прислушкувањето. Во МО и АРМ и натаму немаше сознанија зошто тоа се случувало, како и кој ја примал и каде биле софистицираните елементи.Потоа почна војната“ Тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, по започнувањето на конфликтот во првата фаза, според Пауновски, не дозволил решителни акции против вооружените групи во регионот на Танушевци, иако армијата била подготвена за тоа. „За време на воениот кофликт, АРМ за Танушевци подготви план за акција веќе 3-иот ден, но тој план беше дозволен дури по 30-тина дена. АРМ презентираше еден вид на информации, а МВР сосема друг. Два пати бев кај претседателот Борис Трајковски на разговор дека треба да се направи или итна политичка акција за да се дојде до причините и разрешницата, или безбедносна акција, и два пати од него беше речено дека и самиот гледа дека секоја вечер Георгиевски дава инструкции само да бидат ’освежени’ тие во Танушевци со минофрлачки проектили колку да се случува нешто, и дека нему му дава инструкции планот за акција да почека. Го предупредив дека ваквата тактика води кон провоцирање на широка внатрешна војна (кон провокација на таква војна и таков исход, по која ќе ја нема ниту Македонија ниту Македонците, но дека ќе заврши со меѓу-македонска војна), за што најодговорно тврдам дека ми соопшти дека е целосно свесен и е крајно загрижен за тоа“ Подоцна, продолжува екс-министерот, дошол предлогот на Георгиевски и на тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска за поделба на Македонија. Нивната крајна цел била обединување со Бугарија. „Во април 2001, по еден од редовните ноќни состаноци на државниот-политички врв и на безбедносно-командниот врв, Георгиевски и Диомовска остана во кабинетот во МО.Георгиевски директно ми соопшти дека мора да се разделиме со Албанците, да им дадеме територии кај дебарско и гостиварско-тетовско ( со прст ги означи териториите на картата на Македонија), а остатокот да го носиме кај нашите во Бугарија (ова посебно го потенцираше Димовска). Георгиевски дека тоа сега конечно треба да се одработи, а главната работа е да се извадан сите тенкови во најкус моижен рок, за ден-два и да с епсоитават по должината на патот Скопје-Гостивар, на еднакви растојанија од левата страна на патот гледано кон Гостивар. Го псотавив прашањето за сите мои предупредувања пред војната, и за сите ситуации во текот на војната на кои укажував и за кои изнесував сериозни индиции дека се опструират па и се местат судири и жртви од ’непознати’ кругови во системот, на што добив одговор дека тие работи се сега зад нас“ Пауновски вели дека во Македонија и понатаму постојат одредени кругови кои не се откажуваат од идејата за поделба на Македонија, која не би била возможна, додава тој, без поттикнување конфликт со Албанците. „И денеска патриотската демагошка храброст има иста цел за ’патриотско’ укинување на Македонија и Македонците, само методите и тактиката се променети, но без да се отвори одново внатрешниот конфликт со Албанците та цел не може да успее“ Оваа снимка и раскажување на Пауновски овие денови е испратена и до сите меѓународни претставници во земјава како и до државните институции. Тој е осуден со три и полгодишна казна затвор бидејќи во тоа време злоупотребил 3 милиони германски марки со кои пари ù исплатил на една компанија средства за снабдување на армијата со храна, но со поминат рок. Пауновски вели дека и по цели девет години од монтирањето на овој случај против него, сè уште живее под закани за негова ликвидација поради информациите кои ги поседува и тврди дека тоа може да му се случи во затворот кога ќе треба да ја одлежи казната. Затоа се решил овие работи да ù ги раскаже на јавноста. Извор: http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/15232.html Прочитајте го искажувањето на Пауновски кое отвара многу аспекти... А пред се уште еднаш ја докажува ориентираноста на ЉуБчо кон Бугарија и неговите планови за поделба на Македонија и припојување на едниот дел кон Бугарија... |
|
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубен требаше ова да го изјави пред 9 години,а не сега.Можеби му требаа 9 години да смисли “напад“ за одбрана,зошто има една изрека која вели дека -Нападот е најдобра одбрана.Морам да потсетам дека токму на денот кога беше сменет од функција,многумина наши бранители во тенковите влегуваа по патики,оти немаше соодветни чизми.А за парите кој беа дадени по “виртуелни паштети“ и станови кој никогаш не се изградија,можеше да се изградат барем две фабрики за чизми.Доколку јас се прашувам не би му ни дал право на одбрана со оглед на тогашната мизерна и парадоксална состојба на нашата армија со опремата.
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакал некој да го ликвидира, ќе чекал толку години... туку ај ........!!! |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро е што птиците почнаа да пеат...
Не дека Паун е чист тој треба да крка затвор , ама ако ништо друго уште еднаш ќе не потсети на идеите на ЉуБчо бидејки како што гледам многумина го прославуваа после дуелот со Паско... |
|
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има вистина во тоа што го изјавува Пауновски. И таа вистина се поклопува со потезите што ги направи подоцна лоповот-предавник-бугарин.
Само едно не ми се поклопува во неговата приказна: Доста Димовска која отворено се декларираше за „бугарофил“, излезе на крај дека многу добро соработувала со Белград и со нашата ДБК. Дали во моментите кога Доста и Љубчо го правеле муабетот со Љубен таа била во улога на двоен шпиун, или се раководела од онаа - „Прај се пријател со сите и на крај викај ура заедно со оној кој ќе победи.“ |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но ..кој (кај нас особено) знае тоа ..да го цени , кај такви луѓе..посветени само на Науката.
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас се прашувам зошто вакви луѓе, се решаваат да проговорат за некои работи дури откако ќе се соочат директно со некоја, по нив животна или друга опасност?
Зошто Пауновски досега не проговорил за случувањата во 2001-ва, за исчезнатата опрема, за ноќните состаноци со Љубчо и Доста...? Слично како и Тупурковски, кој соочен со казна затвор реши да проговори за случувањата од пред безмалку 20 години а во врска со нашиот прием во ОН и заврзламите околу името, обвинувајќи ги истите луѓе дека му го сместиле и затворот поради одмазда...? Зошто досега молчеле?! Од страв или...? Не велам дека во зборовите на Пауновски нема вистина, напротив. Сите ги знаеме монструозните идеи на Љубчо за поделба на Македонија со ѕидови, а кои идеи беа прифатени и од некои академици, за неговото нескриено бугарофилство, за Доста... Исчезнување опрема за следење комуникации од тајните служби не е мала работа! Но зошто досега ова не го кажал? Ова ќе да е некој синдром на ранета зверка... |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
koga site onie koi manipuliraat i igraat majtap so drzavata i narodot poslednive 20 godini JAVNO bi kazale za site vistini , ne bi im pomognala ni vizna liberalizacija ......... podobro neka si molcat ... i za niv samite , no i za narodot ... taman rabota da svati kako go veslale godinite od osamostojuvanje pa navaka
|
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чинам дека... следниот на ред за/на „исповедание„ ...(би) требало да е другарот , а сега ете господин..Тито 5-Коски..па во низот веднаш да си се наредат..и другите ..а списокот им е... позамашен...глигоров,андов,црвенко,малески,гошев...ииии целата нивна кумпанија..од тоа време..а кои секако имаат што да (ни) кажат..за тоа време на ..водење на (ептен) „мудра„ политика... Но како велат..само трпение-спасение..од мудриве ..секако.
Изменето од novace - 18.Јули.2009 во 15:15 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i ne samo toj .... tuku i ministerot za ekonomija od vladata na " vojvodata " ljuBco ... onoj preku kogo pominaa site OGROMNI zdelki za prodazba na drzavni firmi ... pocnuvajki od OKTA .... onoj poradi koj se napravi greska koja Makedonskiot gradjanin morase da e plati so kazna od preku milijarda dolari ili evra , koj znaes to li banknoti kje bea ....... od drzavniot budjet , sekako
Изменето од miroslav_g8 - 18.Јули.2009 во 15:21 |
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
fakt e deka paunoski kako del od vladata na georgievski e dobro zapoznat so site matni zdelki na togasnite ministri vklucuvajki se i samiot .... a uste pogolem fakt e deka ima golem strav zosto ne sekoj moze da si go dozvoli luksuzot da nekomu se zakanuva kako sto nekoj mu se zakanuva nemu i da pritoa , zasega , ostane nerazotkrien i nekaznet .... i koga covek kje podrazmisli , koj ostana nekaznet od taa vlada i od togasnite ministri vo taa vlada koj i den denes ima dovolno sila , politicka i sekakva druga da nekomu mu pretstavuva zakana po zivot samo dokolku toj nekoj pocne da zboruva za matnite zdelki na ministrite od taa vlada civ clen bese i toj samiot
Изменето од miroslav_g8 - 18.Јули.2009 во 15:46 |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |