|
Црвенковски старо-нов лидер на СДСМ |
Внеси реплика | страница <1 3031323334 35> |
Автор | |
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Crvenkovski e veke star politicar i nikoj ne mu veruva na negovite lagi.Koga dojde toj na vlast na 15 septemvri 2002 god za 4 god ukral stotici milioni evra od drzavata koj uste ne gi vraka.Za toa apeliram do MVR da go najjdat vo koja dupka se krie i da go nosat tamu kade sto mu e mestoto.Jas kako pretsedatel na drzavata go priznavav a sega ne.
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...Овој пак, од конгресот наваму, како во земја да пропадна...!!! ни на живо се радува, ни на мртво тагува...!!! |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е пропаднат..си има друга работа:
Споредете ги овие две слики..и заклучете си самите..
пс
Зашто..обајцата кои се дојдени за/на бакнирака..се без коса??
А бакнуваните ..охохоооо си ја имаат!!!
Изменето од novace - 18.Јули.2009 во 13:43 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темата е за Бранко Црвенковски, а ако продолжите со лични препукувања ќе одморите по некој ден.
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па не заџабе е Џан Франко Бранко...
Како и да е ни Македонецот не е тоа што беше се сруши култот... Ќе проба да искористи уште некој џокер од под ракав, а насилните играчи му се медиумите и судството, ќе проба со валкани игри за на крај да сфати дека светот па и Македонецот се измениле во меѓувреме... |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Извинување од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски побара координативно тело „Паљурци – македонско и европско наследство“.
Тие бараат Црвенковски да се извини за делот од својот говор на саботниот конгрес на СДСМ во која навредливо го спомена селото Паљурци.
„Во својот последен говор Бранко Црвенковски со навреди зборуваше за Паљурци и за сите села во Македонија. Бараме јавно извинување од Црвенковски, поранешен претседател на сите граѓани на Македонија, па и на нас кои по потекло сме од селата. Црвенковски треба да знае дека не е во ред да ги навредува селата, затоа што како Паљурци има илјадници села во Македонија. Во Паљурци секогаш чесно се живеело и се сакала Македонија“, изјавуваат од координативното тело. Црвенковски на конгресот на СДСМ во Универзална сала во саботата во својот говор порача дека со новата партиска програма Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел и кон Европа, а не кон Пела и Паљурци. Од координативното тело на потомците од жителите на Паљурци одговараат дека патот до Брисел не се оди со навреди на македонските села, туку со почит кон своето. .........
Жителите на Стојаково, Ѓавато, Богданци, Селемлија, Грчиште, Мрзенци, соседни села на Паљурци денеска се придружија на барањето на Координативното тело од ова село Бранко Црвенковски да им се извини на сите граѓани што живеат во селските месни заедници.
Како што стои во соопштението од месните заедници на шестте села, тие ја осудуваат навредата на Црвенковски кон сите села во Македонија преку симболиката на Паљурци. „Црвенковски кажа дека Паљурци било само симболика. Значи, зборовите и навредите на Паљурци беа наменети против сите нас. Поради неговата симболика, тој упати навреди и до Стојаково, Ѓавато, Богданци и Селемлија. Неговата ароганција кон селата и селаните ја оправдува со неговиот пат кон Брисел“, пишува во соопштението. „Во нашите села живееме чесно, со труд и со љубов кон Македонија. Затоа, заслужуваме повеќе почит од човекот кој беше претседател на сите граѓани на Македонија“, пишува во соопштението потпишано од соседните месни заедници. Жителите од Стојаково, Ѓавато, Богданци и Селемлија се нашле погодени во саботната изјава на лидерот на СДСМ бидејќи голем дел од семејства што живеат во нив имаат свои предци во Паљурци.„ Го прашуваме Црвенковски, ние граѓаните од село Грчиште кое е дел од општина Валандово, каде да гледаме ние селаните?“, се вели во писмото за поддршка до Паљурци од селото Грчиште. .........Makfax............ Преписката помеѓу СДСМ и паљурчани почна во вторникот, кога Координативното тело од ова село реагираше на говорот што Црвенковски го имаше на 11. Конгрес на партијата во саботата. Тој тогаш рече дека државата повеќе не треба да биде свртена кон Пела и Паљурци, ами кон Брисел и Европа. Откако Координативното тело на селото побара извинување од Црвенковски, СДСМ преку соопштение проба да го оправда својот лидер со тоа што тврдат дека станало збор за недоразбирање и дека селото било споменато само симболично. |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што тоа кажа Црвениот за тоа си некое село Паљурци?
|
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
најверојатно нешто со кое нешто ги повредил чувствата на селаните кои од него за време на неговото премиерување не добиле како што добиле сега од сегашниов ...... некоја “ субвенција или слободна економска или индустриска зона “ ....... кој ќе знае .... мора да е нешто сериозно штом некој селанец или група нив се навредиле па дури и имале време да размислуваат за поплаки и барање за извинување ....... зошто како што кажале луѓето , “ до Брисел не се оди со навреди на македонските села, туку со почит кон своето “ .... што знаеш , можеби еден ден токму таму и во таа индустриска зона ќе никне некоја силиконска долина на чии производи ќе стои МАДЕ ин Мацедониа
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Момче Македонче, имаш убав ник, аватар, потпис... убаво би било да знаеш кое било тоа таму некое село Паљурци, чии селани (индиректно и сите други селани во Македонија) Црвенковски ги навреди со неговата изјава. “Паљурци во 1900 година имало училиште кое било дел од манастирскиот комплекс каде децата од сиропиталиштето и од селото се школувале и учеле на својот македонски јазик. Во 1900 година, покрај македонскиот учеле и француски и италијански јазик. Во тоа село некое време се криеле и македонски револуционери за што лично Гоце Делчев има пратено писмо до католичкиот Надбискуп во Пловдив во кое ја искажува својата благодарност на управата на манастирот во село Паљурци Во селото престојувал и се молел Апостол Павле, наведува координативното тело.“ |
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ете сега прочитав доста убави работи село Паљурци, сепак се извинувам за моето незнаење, и се надевам дека е точно тоа дека во 51 година Апостол Павле престојувал во тоа село. Не ги делам луѓето на селани и граѓани, но стварно не ми е јасно што кажал папата затоа што членката која ја објавила оваа информација не ја има кажано изјавата на Б.Ц.
Инаку, оваа слика: Беше во антипропагандата за СДСМ која беше ширена по пат на летоци по Скопјево и претпоставувам е дело на „оние кои не се плашат од ништо“ И сега, ќе замолам некој, доколку може да ја најде изјавата од Б.Ц. поради која жителите на с. Паљурци се навредени. И Анестеа... Изменето од Момче Македонче - 19.Септември.2009 во 00:22 |
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве вака беше отприлика: Црвенковски на конгресот на СДСМ во Универзална сала во саботата во својот говор порача дека со новата партиска програма Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел и кон Европа, а не кон Пела и Паљурци. |
|
Момче Македонче
Сениор Регистриран: 16.Август.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам на информацијата, и би им порачал на селаните од Паљурци дека не вреди да се чувствуваат навредени од човек на кој најдобрите пријатели му се цигарите и вискито.
|
|
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....Ако подобро, се прочита текстот, тогаш ќе се забележи дека
реченицата што ја има напишано Анастеа, е извадена, токму од
тој текст...така да не е грешката во членката, туку до членот , кој
не дочитал, како што треба, за да разбере нели ... ???
|
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што му требаше на Бранко таква изјава, ги крена селаните на бунт!
„Селанска буна“ против Црвенковски Месните заедници Стојаково, Ѓавато, Богданци, Селемлија, Мрзенци и Грчиште вчера покренаа „селанска буна“ против претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Во писмените реакции тие ја осудуваат неговата навреда кон „сите села во Македонија, преку симболиката на Паљурци“ и побараа јавно извинување од него. |
|
Внеси реплика | страница <1 3031323334 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |