|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 3738394041 55> |
Автор | |||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Себастијан Бурде си замина...
Себастијан Бурде го раскина договорот со неговиот тим, Торо Росо. Седиштето на Французинот беше загрозено и пред трката во Германија, а гласините за неговото заминување се покажаа како точни. Тимот на Торо Росо објави соопштение во кое се објаснети причините кои довеле до разидување на двете страни. - Во втората година на Себастијан со нас, партнерството не ги исполни очекувањата и оттаму одлучивме да го замениме за следната рунда од светскиот шампионат, ГН на Унгарија, - стои во соопштението. Веќе се шпекулира со наследникот на Бурде. Претходно беше објавено дека Себастијан Леб е заинтересиран за место во Торо Росо, но е фокусиран на одбрана на петтата еднподруго круна во светскиот рели шампионат. Иако Французинот изјави дека тоа не претставува проблем за него, бидејќи календарите на двете паралелни натпреварувања не се поклопуваат, според него, пречка е недоволната физичка подготвеност која е потребна за Ф1 трките, наспроти рели натпреварите. Покрај Леб, резервата на Ред Бул, Хаиме Алгуерсуари предвреме коментираше дека Бурде го напушта Торо Росо и самиот се наметна како наследник на Французинот во болидот број 11. Сепак, официјалната замена од тимот ќе биде објавена пред трката во Унгарија. Откако Бурде стана првата “жртва” во сезоната 2009, некои извори велат дека и позицијата на Нелсињо Пике е нестабилна во тимот на Рено. Според Бразилска телевизиска станица, Германија била последа трка за младиот Бразилец, кој има 27 трки зад воланот на Рено. Според истите извори, сонародникот Лукас ди Граси е најсериозен кандидат за празното место во Рено. Пике нема освоено ниту бод, наспроти 13-те на контото на Фернандо Алонсо, а на трката во Германија Бразилецот успеа за прв пат да биде подобар во квалификациите од шпанскиот ас, дури по 26 трки. f1almanah.com |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тод и Ватанен ја почнаа борбата за место претседател на ФИА Поранешниот шеф на тимот на Ферари, Жан Тод потврди дека ќе се бори за местото претседател на ФИА оваа година. Само 24 часа откако претседателот Макс Мозли го посочи Тод како идеален кандидат за негова замена, Французинот потврди дека ќе влезе во трката. Тој е втор кандидат кој се промовираше во последните недели, откако поранешниот шампион во рели, Ари Ватанен ја објави својата кампања. "По одлуката на Макс Мозли да не бара нов мандат и неговата несомнена поддршка кон мене, напишав писмо до членовите на ФИА со мојата кандидатура. Мојата цел е да ја продолжам фантастичната работа на претседателот Мозли, кој 16 години неуморно работеше да ја засили ФИА и големите шампионати и да ја позиционира ФИА како глас на јавноста, активно промовирајќи безбедносни услови за сите. За позиција на заменик за мобилност би го предложил Брајан Гибонс, шефот на Автомобилската асоцијација на Нов Зеланд, за заменик на спорт Греем Стокер, претседателот на британската асоцијација, а шеф на Сенатот би бил Ник Кроу, сегашниот заменик претседател на ФИА. Мислам дека со овој лидерски тим ќе имаме одлично лидерство во спортот", изјави Тод. Французинот исто така најави дека планира да ги намали трошоците во сите форми на моторспорт. "Имав среќа што во мојата кариера имав огромен успех во моторспортот и ги користев придобивките кои ги направија поранешните претседатели на ФИА. Сега мислам дека е време да се врати нешто на спортот и на ФИА", додава Тод. ВАТАНЕН: "СО ТОД ПРОДОЛЖУВА ЕРАТА НА МОЗЛИ" И покрај тоа што инсистира дека не сака да почне валкана кампања, Ари Ватанен вели дека изборот на Жан Тод за претседател на ФИА нема да ги донесе потребните промени. Поранешниот Рели ВРЦ шампион од Финска пред Германското ГП најави дека ќе се кандидира за претседател на ФИА, а сега вели дека е грешка да се избере Тод поради неговите блиски врски со Мозли. "Тие се многу добри пријатели и работеа добро кога Жан беше во Ферари, а Макс во ФИА, но тоа може да биде хендикеп. Треба да се добие нова ѕвезда, независна личност која ќе ја претставува промената во спортот. Не сакам да одам против Жан, но ова е отворање", вели Ватанен. И покрај тоа што смета дека Тод не е вистинската личност за позицијата, Финецот додава дека нема да оди на валкана кампања. "Сакам да бидам конструктивен во текот на целата кампања. Мораме да гледаме напред и да не даваме лоша слика за ФИА. Ни треба интегритет и чест", смета Ватанен. Торо Росо и официјално го "шутнаа" Бурде Кариерата на Себастиен Бурде со Торо Росо и официјално заврши. Неуспехот на Французинот да го оствари својот потенцијал е главната причина што тимот реши да го отпушти поранешниот Чемп Кар шампион. "Во втората година на Себастиен со нас не беа исполнети нашите очекувања. Затоа тој ќе биде заменет од Унгарското ГП", вели шефот на тимот Франц Тост. 30-годишниот Бурде стигна во Ф1 во 2008 по освојувањето на четири едноподруго Чемп Кар титули во САД од 2004 до 2007, но успеа да освои само 6 поени од 27 ГП трки во кои учествуваше. Лани тој беше во сенка на фантастичниот Себастијан Фетел, кој ја донесе првата победа на тимот, додека оваа година швајцарскиот дебитант Себастиен Буеми го совлада 7-2 во деветте трки досега. Торо Росо ќе ја објават неговата замена пред Унгарското ГП, додека главен фаворит е Шпанецот Хаиме Алгуерсуари. Актуелниот Британски Ф3 шампион е дел од развојната програма на Ред Бул и ќе стане најмладиот возач во Ф1 ако дебитира во Унгарија со 19 години 126 дена, совладувајќи го рекордот на Мајк Теквел од Нов Зеланд, кој на Канадското ГП во 1980 беше 57 дена постар. Ф1 ФЛЕШ Марк Вебер ќе оди на нова операција по Унгарското ГП по инцидентот со велосипед од ноември. 32-годишниот Австралиец скрши рамо и нога во инцидентот, но минатата недела стигна до својата прва победа во кариерата. "Титаниумската прачка ќе се извади на крајот на сезоната, но морам да одам на операција", вели возачот на Ред Бул. Во исто време се шпекулира дека Вебер почнува со преговори со Ред Бул за нов договор бидејќи сегашниот истекува на крајот на сезоната. Во Мекларен веруваат дека имаат болид со кој можат да стигнат до победа на Унгарското ГП по големиот чекор напред на Германското ГП. По подобрувањата на подот и на предното крило, МП4/24 беше побрз по 0.7 секунди по круг. "Имаше голем прогрес во Германија и сега мислам дека имаме добри шанси за следната трка. Секогаш одиме на победа, но немаме секогаш опрема за тоа. Во Унгарија тоа може да се смени", вели шефот на тимот, Мартин Витмарш. Ф1 тимовите се чекор поблиску до нов Конкорд договор по состанокот во Женева во средата, иако нема потпишан документ, тврди Аутоспорт. Претставници на сите 13 тимови за 2010 се состанаа во седиштето на ФОТА во Швајцарија, а првите известувања велат дека се работело за отворен дијалог и дека нема поголеми пречки за новиот договор. Нелсон Пике ја извозе последната трка за Рено во Нирнбургринг минатиот викенд, тврди бразилската СпорТВ. Според Бразилците, 23-годишниот Пике ќе биде заменет на Унгарското ГП од резервниот возач на францускиот тим, Роман Гросжан, додека резервното место ќе го пополни Лукас Ди Граси. Изменето од Iron Man - 18.Јули.2009 во 03:58 |
|||
|
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ферари за Фетел: Никогаш не вели никогаш!
|
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ПОЧНАА ГОЛЕМИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ТРАНСФЕРИ СЛЕДНАТА СЕЗОНА Пике засега останува во Рено, Бурде се заканува со тужба!
Тимот на Рено потврди дека Нелсон Пике Јуниор ќе вози на Унгарското ГП следниот викенд. Се шпекулираше дека Бразилецот ќе го загуби своето место во францускиот тим поради слабите резултати, а дека швајцарско-францускиот ГП2 возач Роман Грожан веќе е подготвен да биде негова замена. Но, во официјалната најава на трката на Хунгароринг тимот од Енстоун го цитира Пике, кој вели дека "поените мораат да бидат цел во Унгарија". Во интервјуто 23-годишниот Бразилец вели дека лошата трка во Нирнбургринг била резултат на тоа што тој ги немал истите подобрувања на болидот како колегата Фернандо Алонсо. "Треба да ги имам истите компоненти како Фернандо во Унгарија и затоа мислам дека можам да бидам подобар", додава Пике. Во исто време, Себастиен Бурде, Французинот кој беше отпуштен од тимот на Торо Росо во средина на сезоната, вели дека е фрустриран од одлуката на јуниорскиот Ред Бул тим, но и дека може да се реши на тужба поради прекршување договор. Поранешниот четирикратен Чемп Кар шампион се мачеше со контролата на својот Торо Росо болид оваа година и имаше послаби резултати од дебитантот Себастиен Буеми. "Навистина сум шокиран од одлуката на Торо Росо. Сметам дека со тоа тие го прекршија договорот со мене, а мислам дека во моето однесување немаше ништо што би ја оправдало таквата постапка и побарав од моите адвокати да ги разгледаат опциите. Мојата мотивација останува. Посветен сум на мојот формула 1 проект поради кој ја прекинав успешната кариера во САД", додава Бурде. РОЗБЕРГ ГО БАРААТ ЧЕТИРИ ТИМА? Преселбата во Браун ГП е една опција за Нико Розберг во 2010, додека Рубенс Баричело и Хеики Ковалаинен разговараат со тимот на Вилијамс. Откако "изби" мирот во формула 1, конечно почна да се шпекулира за трансфери кај возачите, оценува германскиот Ауто Мотор Унд Спорт. 24-годишниот Германец Розберг наводно разговара со дури четири тима - неговиот сегашен Вилијамс, но и со БМВ и Мекларен, а интерес покажува и тимот на Рос Браун. Негова замена следната година може да биде 21-годишниот Германец Нико Хулкенберг, кој на своја страна го има менаџерот Вили Вебер, најпознат како менаџер на Михаел Шумахер. Актуелниот Ф3 Евросерија шампион настапува во ГП2 со АРТ тимот на синот на поранешниот шеф на Ферари Жан Тод, Николас, а ја има поддршката и на германските спонзори на Шумахер, Декра и Дојче Фермогенбератунг. Австриските медиуми, пак, велат дека Кристијан Клин ќе се врати во формула 1 следната сезона и тоа со тимот на БМВ Заубер. Поранешниот возач на Јагуар/Ред Бул би го преземал местото на Ник Хајдфелд. Експрес весникот од Келн, пак, вели дека Тимо Глок се преселил од Келн со што се зголемуваат шпекулациите дека кандидат за местото на Хеики Ковалаинен во Мекларен следната сезона, а се јави и веста дека Тојота размислува за повлекување од Ф1. Што се од овие шпекулации ќе се оствари останува да се види. ВО РАМКА Мекларен со КЕРС цела сезона, Вилијамс нема да го користи Мекларен Мерцедес најавија дека ќе продолжат да го користат Системот за поврат на кинетичка енергија (КЕРС) и во остатокот на сезоната 2009. Британскиот тим и нивните италијански ривали Ферари се единствените два тима кои го користат КЕРС, додека другите тимови решија да се откажат од скапиот систем. "Мислам дека е јасно дека нема да го отфрлиме КЕРС, а имаме среќа што имаме одличен пакет кој е вграден во болидот. Ако се решиме да го напуштиме КЕРС потребен ќе биде целосен редизајн на болидот", вели шефот на тимот, Мартин Витмарш. Од Вилијамс, пак, велат дека не би било голема штета доколку тимот воопшто не го користи својот КЕРС систем во Ф1. Тимот од Гроув има уникатен кружен систем за КЕРС, кој не е вграден во ФВ31 болидот. "Технологијата беше многу корисна, и има понатамошна комерцијална употреба за нас. Така ќе си пронајде свој живот подалеку од болидот", вели Сер Френк Вилијамс. ВО РАМКА Во Торо Росо недостасува Фетел Техничкиот директор на Скудерија Торо Росо, Џорџо Асканели, вели дека отсуството на Себастијан Фетел оваа година се чувствува во италијанскиот тим. Фетел лани им ја донесе деби победата на Торо Росо во Италија и го предводеше тимот до победа пред поголемиот Ред Бул Рејсинг сестрински тим, но оваа година малиот тим порано познат како Минарди има само 5 поени. "Лани италијанските медиуми ме фалеа како успеав да ги надмудрам 'братучедите' од Ред Бул, но краткиот одговор е дека Фетел е голем возач. Јас не бев гениј лани, но не сум ни толку идиот оваа година", вели Асканели. |
|||
|
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ексклузивно: Зошто болидите BrownGP се така супериорни |
|
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Почина синот на Џон СартизПонеделник, 20.07.2009 |
Во несреќа која вчера се случи на патеката Брендс Хеч, за време на Ф2 трката во Британија, загина синот на поранешниот Формула 1 шампион Џон Сартиз. Хенри Сартиз бил пренесен во локалната болница крај патеката во бесознание, а откако неговата состојба била стабилизирана префрлен е во болницата Ројал во Лондон. За жал, 18-годишниот Хенри доцна вечерта им подлегнал на повредите. Несреќата се случила откако Сартиз бил удрен од тркало кое се одделило од болидот на Џек Кларк. Кларк загубил контрола врз својот болидот и излетал на излезот од свијокот број шест, наречен Вестфилд, при што тркалото го погодило Сартиз директно во визирот. По ударот, болидот на несвесниот возач продолжил и удрил во ѕидот крај патеката. Навремената реакција на медицинските лица крај патеката се покажа како залудна. |
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во Ред Бул со големи амбиции во оваа сезона
По две 1-2 победи на Британското и Германското ГП, во Ред Бул Рено имаат доволно причини да се чувствуваат самоуверени пред вториот дел од Ф1 сезоната. На осум трки пред крајот тимот од Милтон Кејнс го има моментот на своја страна во битката со Браун Мерцедес во шампионатот на возачи, но и во тој на конструктори. "Работиме до максимум за да добиеме перформанси колку што можеме побргу. Сите во фабриката се мотивирани, а темпото на работа за да се прилагодиме кон овогодишните правила е неверојатно. Има многу вистински херои во фабриката, кои трошат многу часови за да ги обезбедат компонентите", вели Кристијан Хорнер, шефот на тимот. Додека РБ5 е доминантниот болид во моментов, поради развојот на болидот, заедно со долгорочните цели на дизајнерскиот тим, во тимот мораат да имаат целосно детален план. "Имаше добри знаци уште минатата сезона, кога РБ4 имаше солидни резултати во првиот дел од сезоната, додека во вториот дел Ред Бул Технолоџи имаше добри резултати со Торо Росо, во скоро идентичен болид", оценува Хорнер. Ред Бул заостанува само 19.5 во трката во шампионатот на конструктори зад Браун Мерцедес, додека во шампионатот на возачи ситуацијата е покомлицирана, со Џенсон Батон од Браун на 68 поени, а двојката на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер релативно еднакви на 47 и 45.5 поени. Хорнер вели дека во ваква ситуација нема да има тимски наредби. "Ќе продолжиме да работиме со двајцата возачи еднакво. Помеѓу нив е само 1 и пол поен, така што и двајцата се конк*ренти за светска титула. Но, има долг пат пред да го стигнат Џенсон Батон", оценува Хорнер. Техничкиот директор на тимот и според многумина творецот на успехот оваа сезона, Адријан Њуи, признава дека ќе мораат да го развиваат РБ5 болидот до крајот на сезоната, што може да има негативно влијание на развојот на болидот за 2010. Во слична ситуација оваа сезона се наоѓаат Мекларен и Ферари, откако лани Фелипе Маса и Луис Хамилтон се бореа за титулата до крајот на сезоната. "Во моментов мораме да работиме напорно бидејќи се бориме за титулите, но не знаеме какво влијание ќе има тоа за 2010. Тоа е проблем кој го имаат сите. Лани развојот на РБ4 болидот не влијаеше на оваа година бидејќи имаше нови регулативи, но сега деловите од РБ5 ќе можат да се користат и следната година", смета Њуи. |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Raikkonen на чекор од напуштање на Формула 1
Додека водечките возачи во рели шампионатот буквално се туркаат во Формула 1, финските медиуми денес го јавуваат она што веќе некое време се навестуваше – бившиот светски првак Kimi Raikkonen можеби ќе го напушти елитното натпреварување на крајот на оваа сезона за да се занимава, обратно – со рели. „Kimi веќе и не зборува за Формула 1. Зборува само за рели“, изјавил за весникот „Veikkaaja“ еден пријател на Raikkonen. Raikkonen би требало да се натпреварува во класичното финско рели во Jyvanskyli кон крајот на овој месец, а ќе во вози Abarth Grande Punto S2000. Raikkonen победи во Формула 1 во 2007 година, возејќи за Ferrari, но минатата година беше слаб, а ни оваа година не го следат сјајни резултати. Raikkonen оваа година во девет трки во Формула 1 освои само 10 поени. Во Ferrari пак, наводно не би имале нешто против ако 29-годишниот Финец се посвети на своето хоби, бидејќи со тоа би отстапил место во екипата. А сигурно добро би го пополнил Fernando Alonso. koli.com.mk |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Алгуерсуари ќе стане најмладиот во Ф1
Тимот на Торо Росо потврди дека ќе му даде шанса на младиот шпански возач Хаиме Алгуерсуари да стане најмладиот возач кој настапил на една Формула 1 трка. Како што е познато од неодамна, сега веќе возачот на Италијанскиот тим в недела ќе има точно 19 години и 125 дена, со што ќе го подобри рекордот на Мајк Таквел од 1980 година за 57 дена. - Би сакал да се заблагодарам на Ред Бул кои ми дадоа шанса да се натпреварувам во Формула 1. Откако ја започнав кариерата, ова беше мој сон и благодарение на Ред Бул Јуниор програмата сега ќе ми се оствари амбицијата да бидам дел од поредокот на ГП трка. Свесен сум дека се соочувам со тежок предизвик, бидејќи влезот во Формула 1 не е лесен, а влезот на средината на сезоната е уште потежок и без тестирање е навистина тешко. Но, веќе чувствувам дека добивам голема подршка од тимот, кои имаат голема репутација, барајќи млади возачи, - изјави среќниот Алгуерсуари. Среќна околност за младиот Шпанец е тоа што тимот воведува нов аеродинамички пакет за Унгарија, при што возачот веќе веднаш го добива во својата прва трка. Не е непознато дека редизајнот на болидот на Торо Росо се одвиваше најбавно од сите останати и самиот тим имаше недостаток на подобрувања, при што Италијаните во досегашниот тек на првенството се бореа за последните позиции во поредокот. Во меѓувреме, претходниот тест возач на Ред Бул, Брендон Хартли призна дека не бил спремен за Формула 1. Новозеланѓанецот спортски “го призна поразот”, изјавувајќи дека очекувал Алгуерсуари да го заземе празното седиште во Торо Росо, нешто што го заслужил младиот возач. - Знаев дека Алгуерсуари ќе го добие седиштето во Торо Росо и морам да кажам дека кога ги слушнав вестите, бев разочаран. Но всушност, за мене е погрешна одлуката да возам во Формула 1 во овој момент. Не очекував да бидам возачот кој ќе го замени Бурде и чувствувам дека сеуште не заслужувам да бидам Формула 1 возач. Ако бев поставен таму, ќе беше убаво и возбудливо, но сите останати би рекле дека не заслужувам да сум таму, - искрен е Хартли. f1almanah.com |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во Браун веруваат во победа
Шефот на Браун ГП, Рос Браун, е оптимистички расположен околу шансите на неговиот тим да се бори за врвот на Унгарското ГП по, како што самиот кажа, двете фрустрирачки трки во Силверстоун и Нирнбургринг. Тимот и лидерот во генерален пласман Џенсон Батон ја загубија огромната предност на двете трки, откако ривалите од Ред Бул беа едноставно недостижни на двете трки. Браун се мачеше со ниските температури на патеките, по што Батон беше само шести и петти, додека во исто време Ред Бул оствари две 1-2 победи. Рос Браун инсистира дека невообичаено ниските температури се главната причина за слабите перформанси, а очекува во Унгарија овој викенд да има добра можност Батон и Рубенс Баричело да се борат за победа. "Последните трки во Силверстоун и Нирнбургринг беа фрустрирачки за тимот бидејќи не успеавме да го достигнеме вистинскиот потенцијал на нашиот болид, додека ривалите направија голем чекор напред. Но, сигурни сме дека перформансите на БГП001 кои се покажаа во првиот дел од сезоната не исчезнаа и дека проблемите ќе бидат надминати. Знаеме дека можеме и далеку подобро. За Будимпешта имаме големо подобрување на аеродинамиката и ќе мораме да продолжиме со вакво темпо до крајот на сезоната. Сигурен сум дека ќе останеме лидери до крајот", вели Браун. |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вебер доби нов договор, заедно со Фетел и следната сезона
Ред Бул Рејсинг потврдија дека Марк Вебер ќе продолжи да вози покрај Себастијан Фетел за сезоната 2010. Австралиецот дојде во тимот од Милтон Кејнс во 2007 година, пред да стигне до својата прва и засега единствена победа на претходната трка во Нирнбургринг. 2010 ќе биде деветта едноподруго сезона за Вебер во формула 1. "Пресреќен сум што успеавме со Ред Бул да се договориме за нов договор за следната сезона. Дури и во потешките години, како кога ја почнавме соработката, уживав работејќи со Ред Бул, така што сега по успесите е вистинско задоволство да имам нов договор. Пред нас е многу интересен финиш на шампионатот, во кој ќе работиме за титулите. Во исто време продолжуваме со развојот на РБ6 болидот за 2010", вели Вебер. Шефот на тимот, Кристијан Хорнер, исто така е задоволен што има договор со Вебер за четврта година во тимот. "Одлично е што Марк останува со нас и за 2010. Тој покажа огромна посветеност кон тимот оваа сезона и покрај тоа што ја скрши ногата на крајот на минатата година. Неговите резултати сега се најдобри во неговиот живот, посебно по победата на Германското ГП, така што не беше тешко да се одлучиме на ваква одлука. Според мене, го имаме еден од најсилните возачки состави во формула 1, со Марк и со Себастијан", вели Хорнер. |
|||
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ПРЕД УНГАРСКОТО ГП (НЕДЕЛА, 14.00) ВОЗАЧОТ НА БРАУН ПРЕДУПРЕДУВА
Батон: "Ред Бул може да нe уништат на Хунгароринг!" Џенсон Батон признава дека неговиот Браун ГП тим мора да почне да победува повторно и тоа многу бргу, ако сака да се одбрани од предизвикот за светската титула од Ред Бул Рејсинг, но додава дека неговите амбиции нема да бидат на цена на неговиот тимски колега. Британецот можеби победи на шест од првите седум трки, но нема победа од Турското ГП во јуни, а двојката на Ред Бул Рејсинг, Себастијан Фетел и Марк Вебер постигнуваа одлични резултати со две 1-2 победи, така што разликата во поени на Батон се уште не е толку голема да се опушти пред Унгарското ГП овој викенд. По Германското ГП, на кое Вебер победи по првпат во кариерата, Батон има 21 поен повеќе од Фетел и 22.5 повеќе од Вебер, и влегува на Хунгароринг со "удобност" од една трка на која може да не освои поени, но со голема желба да се врати на првото место. "Чувството да се биде лидер во генерален пласман е сензационално, но не ја сфаќам ситуацијата толку едноставно бидејќи нема да биде лесно во вториот дел од сезоната, бидејќи Ред Бул се многу конк*рентни. Ми се допаѓа позицијата во која се наоѓам, но не смееме да губиме поени од Ред Бул. Мораме да почнеме да победуваме, и тоа е главната цел овој викенд. Тие н$ победија на последните две трки, така што можат да н$ уништат во шампионатот. Следните неколку трки се клучни за нас", оценува Батон. Унгарија е важна за Батон и Браун. На оваа патека Британецот стигна до својата прва Ф1 победа во 2006 со тимот на БАР, а се работи за една од "најжешките" трки во сезоната, услови кои сигурно ќе донесат предност на БГП001 болидот во споредба со Ред Бул РБ5. "Мораме да ги предизвикаме. Овае трка во која ќе имаме некои нови аеродинамички делови, а температурата ќе ни одговара", додава Батон. За Унгарското ГП може да се постави претходно изречениот епитет за трката во Монако - интересна е колку возење велосипед во својата бања. Но, ако по некоја случајност како во 2006 се случи дожд, тогаш трката станува епска. Ова е критична трка и за Ред Бул бидејќи ако го повторат резултатот од трката во Монако, тогаш ќе имаат многу тешка задача во остатокот на сезоната. Кими Раиконен и Ферари се надеваат дека оваа трка ќе биде "последно ура" во сезоната 2009 за Скудерија пред фокусирањето на работата на 2010. Луис Хамилтон ги отфрла шпекулациите дека има шанси за победа во Унгарија, откако Мекларен го подобрија својот болид за 0.7 секунди по круг на Германското ГП. Шефот на тимот, Мартин Витмарш, изјави дека одат на победа во Унгарија, но Хамилтон не сака да верува на ова ветување. Мекларен и Ферари ќе можат да ја користат својата единствена предност во оваа сезона, КЕРС системот во Унгарија, каде што стартно/целната рамнина е доволно долга да добијат екстра моќ на стартот. Затоа е можно Браун и Ред Бул да одат со полупразни болиди да избегнат ваков маневар на стартот на трката. Ако остане суво, не може да се очекува многу претекнување во Будимпешта, но од тактичката и стратегиската страна, може да има вистинска битка. ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВОЗАЧИ 1.Џенсон Батон (Браун) 68 2.Себастијан Фетел (Ред Бул) 47 3.Марк Вебер (Ред Бул) 45.5 4.Рубенс Баричело (Браун) 44 5.Фелипе Маса (Ферари) 22 6.Јарно Трули (Тојота) 21.5 7.Нико Розберг (Вилијамс) 20.5 8.Тимо Глок (Тојота) 13 8.Фернандо Алонсо (Рено) 13 10.Кими Раиконен (Ферари) 10 11.Луис Хамилтон (Мекларен) 9 12.Ник Хајдфелд (БМВ) 6 13.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 5 14.Себастиен Буеми (Торо Росо) 3 15.Роберт Кубица (БМВ) 2 15.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2 КОНСТРУКТОРИ 1.Браун ГП Мерцедес 112 2.Ред Бул Рејсинг Рено 92.5 3.Тојота Панасоник 34.5 4.Скудерија Ферари 32 5.Вилијамс Ф1 Тојота 20.5 6.Мекларен Мерцедес 14 7.Рено Ф1 13 8.БМВ Заубер 8 9.Скудерија Торо Росо Ферари 5 -.Форс Индија Ферари 0 *** Ривалите против "премладиот" Алгуерсуари! Со 19 години и 125 дена Хаиме Алгуерсуари можеби ќе стане најмладиот Ф1 возач во 60-годишната историја на спортот на Унгарското ГП, но ривалите на Шпанецот не се убедени дека тој е подготвен за предизвикот велејќи дека е премлад и дека Ф1 не е "училиште". Алгуерсуари доаѓа од Светската серија на Рено, за да го замени четирикратниот Чемп Кар шампион Себастиен Бурде, кој беше отпуштен од тимот. Досега поради забраната на тестирање, Шпанецот има само два теста со болидот. "За мене тој е премлад! Кога влегов во Ф1 немав многу искуство за тоа што се бара од мене и правев грешки. Разликата е што јас поминав цела зима тестирање формула 1 болиди, искуство кое тој го нема. Погрешен потег бидејќи може да изгори бргу. Можеби има огромен талент, но ова не е добро за него", вели Фелипе Маса од Ферари, кој самиот дебитираше на 20 години со Заубер во 2002, по што направи една година пауза како тест возач на Скудерија пред да се врати во спортот. Актуелниот лидер во генерален пласман, Џенсон Батон, кој имаше само 20 години кога возеше со Вилијамс пред девет години, вели дека не може да го критикува Алгуерсуари, но дека потегот може да му ја уништи кариерата. "Не знам зошто тој доби шанса, но нема да им помогне да го развиваат болидот", вели Батон, на што се надоврза неговиот ривал за титулата, Марк Вебер од Ред Бул: "Треба да бидеш подготвен за Ф1, бидејќи ова не е училиште". Алгуерсуари ја доби супер-лиценцата откако ја освои Британската Ф3 титула лани, а неговиот сонародник Фернандо Алонсо беше единствениот кој го поддржа. Двократниот светски шампион дебитираше на 19 години исто така со Минарди во 2001. "Очигледно можеби нема да е подготвен 100% за оваа трка, но тоа не значи дека не може да се снајде", смета Алонсо. *** Луис и Хеики на врвот за Мекларен Луис Хамилтон ги предводеше Мекларен до 1-2 "победа" на првиот тренинг во Унгарија, првпат оваа сезона, зголемувајќи ги шансите за победа на тимот. Двата болиди на Мекларен имаат значајни подобрувања на својот болид, откако само Хамилтон ги имаше на Германското ГП, по што актуелниот шампион успеа да го совлада својот колега Ковалаинен, кој цело време беше прв на последниот круг. Хамилтон го заврши денот со 1:22.079, само 0.047 пред Ковалаинен, додека Нико Розберг беше трет со Вилијамс со 0.075 секунди заостанување. Всушност, само 1.097 секунди разделуваа 19 возачи, додека дебитантот Хаиме Алгуерсуари беше последен со 0.776 послабо време од колегата од Торо Росо, Себастиен Буеми. Во топ 5 беа и Марк Вебер и Себастијан Фетел, кои меѓу себе го имаа вториот Вилијамс на Казуки Накаџима. Рубенс Баричело беше шести за Браун ГП, додека лидерот Батон само 13. Двојката на Ферари, Кими Раиконен и Фелипе Маса беа на 11., односно 18. место, и очекуваат далеку повеќе на денешните квалификации. *** Бразилецот Рубенс Баричело, најискусниот формула 1 возач и најстар возач во моментов, призна дека размислува за повлекување. "Следната сезона е предалеку. Го сакам овој спорт, го правам ова 17 години. 95% од моите чувства велат дека треба да продолжам, но 5% почнува да вели 'зошто ти е ова потребно'. Знам дека е само 5%, но ми останува во главата", вели 37-годишниот возач на Браун ГП, кој во Унгарија ќе го има својот рекорден 278. Ф1 старт. Конечно решение на политичката криза во Ф1 нема да биде решена овој викенд, но крајот е блиску, вели шефот на БМВ Заубер Марио Тајзен. Берни Еклстоун пред една недела изјави дека Конкорд Договорот ќе се реши за само 48 часа, но сега Германецот вели дека е оптимист за решение. "Навистина сум оптимист. Во минатото не верував во договорот, но сега изгледа дека можеме да го решиме многу бргу. Во Унгарија? Кога имате тркачки викенд морате да размислувате на други работи", додава Тајзен. Нико Розберг призна дека за во 2010 има избор меѓу три тима: Мекларен, БМВ и Вилијамс. 24-годишниот Германец вози за Вилијамс, тим со кој дебитираше пред речиси четири сезони, но договорот му завршува на крајот на оваа година. "Очигледно, Мекларен и БМВ може да се интересни опции за следната сезона. Вилијамс е друг избор, бидејќи тимот работи одлично за мене. Во моментов ние сме третиот најсилен тим со Ферари. Тоа е многу добра позиција", додава Розберг. Дејвид Култхард не правел доволно да го "турка" Марк Вебер во тимот на Ред Бул, вели сопственикот Дитрих Матешиц. Пред оваа сезона 38-годишниот Култхард се пензионираше и беше заменет од Себастијан Фетел, по што Вебер пред две недели во Германија стигна до деби триумфот. "Во минатото Дејвид Култхард не го туркаше Марк доволно. Ривалството со колегата е многу важно, така што кога дојде Себастијан, стариот борец Марк виде предизвик и затоа победи", вели Матешиц. Џенсон Батон е апсолутен фаворит за светската титула оваа година, вели Фернандо Алонсо и покрај кам-бекот на Ред Бул во последните две трки. "За мене, Батон е голем фаворит бидејќи има предност од 20 поени. Ред Бул имаат 1-2 победи во последните две трки, но тоа нема да продолжи. Ако морам да се обложам тоа секако ќе биде на Џенсон", вели Алонсо. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Posle nesrekniot incident Masa bil dobar, no nema da nastapuva utre...
|
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Алонсо оди на три, другите на два стопа?
Фернандо Алонсо е најлесниот возач на Хунгароринг, што ја објаснува неговата пол позиција. Шпанецот зад воланот на Рено очигледно типувал на големото влијание на квалификациите кое се покажало пресудно во минатото. За екипата ова е прв ваков успех по шампионската 2006 година, наспроти другите лични успеси на Алонсо. Со вкупна тежина од 637,5 килограми, од кои на празен болид отпаѓаат 605 килограми, на располагање за трката се 32,5 килограми гориво, а предвидената потрошувачка е 2,5 килограми по круг. Тоа е вкупно 13 кругови, но имајќи предвид дека болидите трошат гориво за еден круг при излегување од боксот и еден круг за загревање, Алонсо може да се очекува да го направи првиот пит стоп по истекот на десеттиот круг. Фетел на второто место има дополнителни 18 килограми повеќе, а бидејќи и тој користи мотор на Рено со идентична потрошувачка, би значело дека планира да застане во боксот седум круга подоцна. Сепак, Фетел не е втор најлесен, туку Хамилтон (+13 од Алонсо, или пет круга), па Раиконен и Вебер (исто како Луис, евентуално шест круга), па Розберг со +17 што е блиску до состојбата на Фетел. Осмопласираниот на квалификациите, Џенсон Батон, имал можност да сврти само еден летечки круг бидејќи неговите механичари од предострожност го менувале делот кој откажал претходно кај Баричело. Така, тој на стартот ќе биде 27 килограми потежок (+15 круга), но во својата изјава призна дека поради недостатокот на време не можеле да ја остварат стратегијата која била за четири круга покуса. Се возат вкупно 70 кругови, а возачите ќе мора да ги употребат и двата типа на гуми кои се донесени за оваа трка, а поради нивното однесување (трошење), стратегиите дополнително ќе се искомплицираат. Стартот е во 14 часот. |
|||
|
|||
Внеси реплика | страница <1 3738394041 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |