IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига Европа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига Европа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 16:29
Македонија со три екипи во купот на УЕФА

Европската фудбалска асоцијација-УЕФА денеска ја информира ФФМ дека Македонија во купот на УЕФА ќе биде претставена со три претставника.

Покрај второпласираниот тим во првенството и третопласираната екипа ќе учествува во ова елитно натпреварување, додека победникот на купот (или финалистот) ќе се пласира директно во второто квалификациско коло.

Шампионот на Првата македонска фудбалска лига ќе игра квалификации за Лигата на шампионите.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 10:52
Куп УЕФА - во полуфиналето украински и германски тимови

Фудбалерите на киевски Динамо се пласираа во полуфиналето од Купот на УЕФА, откако во реванш мечот лесно излегоа на крај со Парис Сент Жермен. Успешен беше и другиот украински претставник, Шахтјор, кој во Марсеј оствари уште една победа и ги потврди големите амбиции.

Највозбудливо беше во Удине. Домаќините на полувремето имаа резултат кој им гарантираше продолженија, но тимот од Бремен предводен од Бразилецот Диего во продолжението од средбата си обезбеди пласман во следната рунда. Рано постигнатиот гол од страна на Гереро му овозможи на Хамбургер мирен меч во Манчестер. "Граѓаните" се трудеа и успеаа да направат пресврт, кој сепак беше недоволен за пласман во следната рунда.

Резултати:

Динамо Киев - Парис Сент Жермен 3:0 (прв меч 0:0)

Бангура 4', Лондро 16'(аг), Вукојевиќ 61'

Олимпик Марсеј - Шахтјор 1:2 (прв меч 0:2)

Бен Арфа 43' - Фернандињо 30', Луис Адријано 90'

Манчестер Сити - Хамбургер 2:1 (прв меч 1:3)

Елано 17'(пен), Каиседо 50' - Гереро 12'

Удинезе - Вердер 3:3 (прв меч 1:3)

Инлер 15', Кваљарела 30', 38' - Диего 28', 60', Писаро 73'

Полуфиналните дуели се играат на 30 април и 7 мај, а ќе се сретнат Вердер - Хамбургер и Динамо Киев - Шахтјор.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 01:34
Украинците и Германците во 1/2 финалето на УЕФА
 

Image

Две германски една против друга, Вердер - Хамбургер и две украински екипи меѓусебе, Динамо Киев - Шахтјор се полуфлиналните двојки од Уефа Купот...

     По првиот меч ко заврши со 0:0 во Париз, Динамо рутинирано во Киев го совлада Пари Сен Жермен со 3:0 со погодоците на Бангура и на Вукојевиќ и со автоголот на гостинскиот голман Ландро.

     Шахтјор со триумф и на Велодром од 2:1 го елиминираше Марсеј, иако и во Доњецк го совлада со 2:0. Гостинскиот успех беше во реализација на бразилцското дуо Фернандињо-Адријано, голот на Бен Арфа не е утеха за лидерот во француското првенство кој се збогува од ова натпреварување.

     За двете германски екипи клучни беа домашните победи од 3:1. Хамбургер загуби од Манчестер Сити само со 2:1, со тоа единствениот англиски претставник во оваа фаза беше исфрлен од ова натпреварување. Најпрвин Хамбугер поведе со голот на Гереро, резултатот го свртија Елано од пенал и Саиседо, недоволно за полуфинале.

     Вердер се извлече кај Удинезе, 3:3 иако Италијанците на полувреме имаа 3:1. За Удинезе погодија двапати Кваљарела и Инлер, Диего беше двоен стрелец за Вердер, конечниот резултат го постигна Пизаро за пласман на германците во 1/2 финалето од УЕФА Купот.

     За прв пат Украина ќе добие финалист во УЕФА Купот. Тоа ќе биде одлучено од дуелот на ривалите Динамо Киев и Шахтјор. 

     Вердер и Хамбургер со меѓусебното полуфинале ќе и донесат 14-ти обид на Германија за седмиот трофеј. Последен пат Бундес-победник на Купот на УЕФА беше Шалке пред 12 години.



Изменето од fiks - 29.Април.2009 во 01:34
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 12:07
Почнува разврската за украинско-германското финале

Со денешните први полуфинални натпревари почнува разврската за финалето во Купот на УЕФА што на 20 мај ќе се одигра во Истанбул.

Едно е познато дека ќе има по една екипа од Украина и од Германија.

Во првото полуфинале вечерва Динамо Киев го пречекува Шахтјор, додека во второто ќе се состанат германските екипи Вердер и Хамбургер.

Прв меч е довобојот помеѓу Динамо К. - Шахтјор со почеток во 18:30,додека Германското полуфинале е со почеток во 20:45.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 11:54
Триумф на Хамбургер, реми во Киев

Хамбургер со една нога е веќе во финалето на УЕФА-купот, а пресметката за пехарот во Истанбул му се насмевнува и на Шахтјор, по првите дуели од полуфиналето на купот на УЕФА.

Хамбургер со 1:0 славеше кај Вердер во Бремен, а Шахтјор се избори за реми 1:1 кај Динамо во Киев.

Шахтјор извлече одлично реми со постигнат гол на гости во Киев против Динамо, што го носи во подобра позиција за пласман во последното финале на УЕФА-купот.

На „Валери Лобановски“ стадионот, домашниот тренер Јури Семин се надеваше на првата победа во последните пет средби со украинскиот конк*рент, откако на средина од првото полувреме дефанзивецот на Шахтјор Дмитриј Чигрински си даде автогол.

Динамо пропушти неколку шанси за поголема предност, а казна за неефикасноста доби точно на средина од вториот дел, кога Фернандињо го постигна злато вредниот израмнувачки погодок.

Хамбургер му испорача слатка одмазда на омразениот регионален ривал за минатонеделната пенал-елиминација во полуфиналето на германскиот Куп.

Идентично, тимот на Мартин Јол вечерва возврати со успех на гостински терен, победувајќи го вердер на „Везер“ во Бремен со 1:0 со голот на Пјотр Троховски во 28. минута.

За пресврт во двомечот, екипата на Томас Шаф ќе мора да слави во реваншот во Хамбург.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 01:25
Вердер во Финале
ImageБременскиот Вердер со 3-2 победи во Хамбургер, и по основ на повеќе постигнати погодоци во гости, избори пласман во финалето на Купот на УЕФА кое ќе се одигра на 20 мај во Истамбул.

По првиот натпревар во Бремен, Хамбургер имаше предност од 1-0, но во вториот натпревар скапо ја платни ноншалантната игра во одбрана, но мораме да признаеме дека Вердер одигра далеку подобро од тоа што го покажа во првиот натпревар, вкупно земено подобрата екипа во 180те минути.

Веќе во 13. минута Хамбургер преку Ивица Олиќ дојде до предност од 1-0 или вкупно земено тоа беше добар во тој момент резултат од 2-0, кој гарантираше финале за домаќините.

Но Вердер го возврати удаарот преку Диего кој во акција со Пизаро ја посрамоти целокупната одбрана на Хамбургер.

Диего имаше шанса да постигне уште еден погодок во првиот дел, но неговиот топовски удар заврши во гредата.

Во продолжението Вердер играше се подобро и подобро па така во 52 минута постигна и погодок преку Пизаро кој беше поништен поради сомнителна офсајд ситуација, но четиринаест минути подоцна, истиот играч сепак донесе водство за Вердер.

По гужва во шеснаесетникот одлично се снајде Бауман и го постигна третиот погодок за својата екипа а тоа значеше 3-1 и обезбедено финале за гостите од Бремен.

До крајот на натпреварот домаќините повторно преку Олиќ успеаа само да го намалат резултатот на 3-2, што беше недоволен за обезбедување виза за Истамбул.

Куп УЕФА, полуфинале, реванш:

Хамбургер - Вердер 2-3 / 1-0

/Олиќ 13,87 / Диего 29, Пизаро 66, Бауман 83

Шахтар - Динамо Киев 2-1 / 1-1

/Јадсон 17, Илсинхо 89 / Бангуора 47



Изменето од fiks - 08.Мај.2009 во 01:26
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 01:37
Шахтјор ќе ја брка својата прва Евро титула
 
ImageТимот на Шахтјор е првиот финалист во Купот на Уефа по победата над Динмо Киев во првото 1/2 финале.

 

      Тоа претставува првиот тим кој ќе стигне до завршницата на Уефа Купот. Се очекуваше тврд натпревар со малку погодоци, но украинското 1/2 финале не беше такво. Гледавме добар меч кој возбудливата завршница го даде победникот, т.е Шахтјор на самиот крај дојде до 2:1.
      На самото отваранје на мечот нешто подобра игра понуди Динамо Киево, но многу брзо Шахтјор успеа да воспостави рамнотежа и од првата опасна ситуација пристигна водството. Во 17-тата минута кога Срдна сјајно нафрли во опасниот дел пред голот, по лошата реакција од страна на одбраната на Динамо искористи Жадсон со топовит удар од 15 метри ја испрати топката под пречката на немоќниот Богуш.
      Погодокот на Жадсон додатно ги ослаби и онака бледите обиди на гостите. Единствената шанса за гол во првиот дел Динамо Киев ја оствари во 38-та минута. Алијев од слободен удар упати остар центаршут во 16-тикот на Шахтјор, а Вукојевиќ ја подметна ногата и ја затреси мрежата на домаќините. Славјето на хрватскиот репрезентативец кратко траеше, затоа што судијата оправдно го поништи погодокот поради офсајд.
      Подобро отварање на 2-от дел Динамо Киев не можеше да посака, затоа што во 2-та минута од 2-от дел момците од Киев стигнаа до изедначуцање. Беше тоа мат од 3 потези. Милевски беше со грб свртен кон голот па затоа му подаде на Алијев, па тој му намести шанса на Бангура, која напаѓачот од Гвинеја рутински ја искористи за 1:1.
      Раниот погодок на Динамо прилично ги здрма момците на Луческу кој требаше 10 минути да го сврти мечот. Откако Шахтјор повторно ја превзеде инцијативата, додека Динамо пред се се ориентираше на одбрана на својот гол преку контранапади беше незгоден преку Бангура.
      Кога веќе се чинеше дека мечот ќе оди на продолженија, на сцената во 89-тата минута повторно на сцена стапија Шахјоровите бразилци. Вилиам ја нафрли топката на десната страна за Илсињо, а бразилецот со сјајен дриблинг го сломи Аил и ја пласира топката во спротивниот агол за големо славје на домаќините.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 23:05
Шахтјор и Вердер утре го играат финалето од Купот на УЕФА



Фудбалска Европа се подготвува за првиот дел од расплетот оваа сезона. Утре во Истанбул дуелот меѓу Шахтјор и Вердер ќе го понуди последниот првак во Купот на УЕФА кој заминува во историјата. Од идната сезона најмасовното натпреварување со ново име и нов формат, Европа лига. Германците кои го елиминираа фаворитот Милан, се надеваат на првиот континентален трофеј по ’92. Кога славеа во КПК, ако во тоа не успеат, Шахтјор ќе пишува во украинските историски учебници. Украинска екипа не успеала да стигне до насловот по распаѓањето на Советскиот сојуз. Диего и Хуго Алмеида поради казни нема да можат да му помогнат на составот Бремен, а и покрај проблемите со повреди, Жадсон најверојатно ќе му биде на располагање на Мирчеа Луческу. Шпанецот Медина Канталехо ќе ја дели правдата на „Шукру Сарачоглу“ стадионот, во првата воопшто пресметка на овие два тима. Седум дена подоцна во Рим следува големото финале од Лигата на шампионите Манчестер Јунајтед - Барселона.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 11:16
Се очекува последниот победник на Купот на УЕФА

Украинскиот Шахтјор и германскиот Вердер ја добија честа да го одиграат последниот натпревар во постоењето на Купот на УЕФА кое од идната сезона ќе се вика Лига на Европа. Ова натпреварување постои од 1955 година, но прво го носеше името Куп на саемски градови, а во 1971 година го смени името во Куп на УЕФА. Со цел да се зголеми атрактивноста на овој куп кој по формирањето на Лигата на шампионите комплетно падна во втор план, раководството на УЕФА одлучи да го смени форматот, па од есен во главната фаза ќе учествуваат 48 екипи поделени во 12 групи.

Двете екипи имаат големи мотиви да го освојат последниот трофеј во Купот на УЕФА. Шахтјор има шанса да стане првиот украински клуб со титула во ова натпреварување, додека Вердер може да го додаде овој пехар на оној од Купот на победниците на куповите од 1992 година. И двете екипи дојдоа до финалето откако сезоната ја почнаа во Лигата на шампионите и ова ќе биде трет случај во финалниот натпревар од Купот на УЕФА да се сретнат противници кои претходното играле во елитното европско натпреварување. Шахтјор и Вердер на патот до ова финале елиминираа голем број славни европски клубови. Украинците беа поуспешни од Тотенхем, ЦСКА Москва, Марсеј и Динамо Киев, додека Вердер ги елиминира Милан, С.Етјен, Удинезе и Хамбургер. Сепак, мала предност во финалето и покрај тоа што доаѓа од послаба лига има Шахтјор поради играчките проблеми со кои се соочува противникот. Тимот од Доњецк неодамна ги загуби шансите да ја освои титулата во домашниот шампионатот, но затоа има шанса сезоната да ја заврши со два трофеи: во Купот на Украина и во Купот на УЕФА.

Фудбалерите на Луческу можат да се пофалат дека се единствените кои оваа сезона ја совладале Барселона во европските купови и тоа во последното коло од фазата по групи кога Шахтјор славеше со 2:3 на Ноу Камп иако каталонскиот тим настапи со младинскиот состав. Луческу нема апсолутно никакви проблеми околу составувањето на екипата, бразилското трио Жадсон-Фернандињо-Луис Адриано се подготвени за настап, како и целиот тим на Шахтјор, кој сезонава се одликуваше со офанзивна игра.

"Во последните години квалитетот на украинскиот фудбал имаше голем напредок и затоа дојдоа и успесите на меѓународна сцена. Оваа сезона три екипи од Украина дојдоа до четврт-финалето на Купот на УЕФА, а еве имаме и претставник во големото финале. Заслуживме да бидеме овде и се надевам дека во Доњецк ќе се вратиме со трофејот", изјави 63-годишниот тренер на Шахтјор, Мирчеа Луческу.

"Многу ќе ни недостасува Диего во Истанбул, но не смееме поради тоа да се предадеме. Мислам дека за гледачите ќе биде најважно тоа што ќе видат добар фудбал затоа што двете екипи негуваат напаѓачка игра и веројатно ќе има многу голови. Ние игравме слабо во домашното првенство, но во Купот на УЕФА остваривме неколку добри резултати како онаа елиминација на Милан - тим кој беше најсериозен фаворит за титулата во Купот на УЕФА. Сега треба да ја земеме наградата за тоа", смета тренерот на Вердер, Томас Шаф.

Познавачите на фудбалот не ја исклучуваат можноста последниот победник на Купот на УЕФА да се добие по изведување пенали. Тоа би бил трет таков случај откако финалните натпревари се играат со еден натпревар. Прв победник на пенали беше Галатасарај против Арсенал во 2000 година, а Севиља пред две сезони го совлада Еспањол. Шахтјор и Вердер немаат големо искуство со пенали. Германците досега немале можност на овој начин да го решаваат победникот, додека Шахтјор само еднаш играл на пенали и тоа против Бриж во 2003 година кога загуби со 4:1.

ПАТОТ НА ШАХТЈОР ДО ФИНАЛЕТО

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

16.09.2008 Базел - Шахтјор 1:2

01.10.2008 Шахтјор - Барселона 1:2

22.10.2008 Шахтјор - Спортинг 0:1

04.11.2008 Спортинг - Шахтјор 1:0

26.11.2008 Шахтјор - Базел 5:0

09.12.2009 Барселона - Шахтјор 2:3

КУП НА УЕФА

1/16-ФИНАЛЕ

19.02.2009 Шахтјор - Тотенхем 2:0

26.02.2009 Тотенхем - Шахтјор 1:1

1/8-ФИНАЛЕ

12.03.2009 ЦСКА - Шахтјор 1:0

19.03.2009 Шахтјор - ЦСКА 2:0

1/4-ФИНАЛЕ

09.04.2009 Шахтјор - Марсеј 2:0

16.04.2009 Марсеј - Шахтјор 1:2

1/2-ФИНАЛЕ

30.04.2009 Динамо К. - Шахтјор 1:1

07.05.2009 Шахтјор - Динамо К. 2:1

ПАТОТ НА ВЕРДЕР ДО ФИНАЛЕТО

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

16.09.2008 Вердер - Анортозис 0:0

01.10.2008 Интер - Вердер 1:1

22.10.2008 Панатинаикос - Вердер 2:2

04.11.2008 Вердер - Панатинаикос 0:3

26.11.2008 Анортозис - Вердер 2:2

09.12.2008 Вердер - Интер 2:1

КУП НА УЕФА

1/16-ФИНАЛЕ

18.02.2009 Вердер - Милан 1:1

26.02.2009 Милан - Вердер 2:2

1/8-ФИНАЛЕ

12.03.2009 Вердер - С.Етјен 1:0

18.03.2009 С.Етјен - Вердер 2:2

1/4-ФИНАЛЕ

09.04.2009 Вердер - Удинезе 3:1

16.04.2009 Удинезе - Вердер 3:3

1/2-ФИНАЛЕ

30.04.2009 Вердер - Хамбургер 0:1

07.05.2009 Хамбургер - Вердер 2:3

*Шахтјор е основан во 1936 година како ФК Стакановец (според основачот Александар Стаканов), а десет години подоцна го смени името во ова кое го носи денес. Прекарот на клубот е "Рудари" поради тоа што Доњецк е рударски град, а и на логото го имаат рударскиот симбол - два вкрстени чекани. Ова е прво европско финале во историјата на клубот.

*Шахтјор освои четири Купа на СССР и дв пати заврши на второто место во првенството на поранешната држава. Во 1980 година го даде и најдобриот стрелец во шампионатот, Виталиј Старукин, кој постигна 26 гола и беше прогласен за играч на годината.

*Шахтјор е познат на просторите на поранешниот СССР по својата извонредна младинска школа. Оттаму излегоа екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андриј Канчелскис, потоа некогашниот капитен на руската репрезентација Виктор Онопко, како и големиот талент Сергеј Ребров, кој заедно со Шевченко во 1999 година го однесоа Динамо Киев до полуфиналето на Лигата на шампионите.

*Вердер е формиран во 1899 година како ФВ Вердер. Во 1920 името е сменето во СВ Вердер Бремен и само една сезона поминал надвор од Бундес-лигата, и тоа 1963/64.

*Вердер е познат по големите, речиси неверојатни, пресврти на домашен терен во европските натпреварувања. Во сеќавањата се уште се четири натпревари кои се наречени "чудата од Весер":

1. Во сезоната 1987/88 во Купот на УЕФА загуби на гости од Спартак Москва со 4:1 на гости на првиот меч, но дома победи со 6:2.

2. Во 1988/89 во КЕШ беше поразен од Динамо Берлин со 3:0 како гостин, но на Весер славеше со 5:0.

3. Во сезоната 1993/94 во втората сезона од Лигата на шампионите губеше од Андерлехт со 3:0, но победи 5:3.

4. Во сезоната 1999/00 во третото коло од Купот на УЕФА загуби од Лион на гости со 3:0, а дома славеше со 4:0.

*Таткото на Месут Озил, Мустафа, и мајка му Зонгулдак се од Турција каде вечерва ќе се игра финалето. Мустафа имал само две години кога неговите родители се преселиле во Германија, па Месут Озил има германско државјанство и настапува за репрезентацијата на оваа земја.

ФИНАЛИСТИТЕ НИЗ КУПОТ НА УЕФА

ШАХТЈОР

Одиграни натпревари 52

Биланс 25-8-19

Гол-разлика 71:68

Најубедлива победа Биркиркара - Шахтјор 0:4

Најубедлив пораз Австрија - Шахтјор 5:1

ВЕРДЕР

Одиграни натпревари 86

Биланс 38-21-27

Гол-разлика 165:105

Најубедлива победа Вердер - Металург Д. 8:0

Најубедлив пораз Бордо - Вердер 4:1

КУПОТ НА УЕФА НИЗ БРОЈКИ

НАЈМНОГУ ТИТУЛИ

3 Интер (1991, 1994, 1998)

3 Јувентус (1977, 1990, 1993)

3 Ливерпул (1972, 1976, 2001)

ИГРАЧИ СО НАЈМНОГУ ТИТУЛИ

3 Реј Клеменс (Ливерпул и Тотенхем)

3 Џузепе Бергоми (Интер)

3 Никола Берти (Интер)

ТРЕНЕРИ СО НАЈМНОГУ ТИТУЛИ

3 Џовани Трапатони (Јувентус)

2 Хуанде Рамос (Севиља)


ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ ТИТУЛИ

9 Италија

6 Англија, Германија

5 Шпанија

ИГРАЧИ СО НАЈМНОГУ НАТПРЕВАРИ

96 Џузепе Бергоми (Интер)

76 Франк Рост (Вердер, Шалке, Хамбургер)

69 Енцо Шифо (Андерлехт, Интер, Бордо, Оксер, Торино, Монако)

НАЈМНОГУ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ

37 Хенрик Ларсон (Феенорд, Селтик, Хелсингборг)

29 Дитер Милер (Келн, Штутгарт, Бордо)

27 Шота Арвеладѕе (Динамо Тбилиси, Трабзон, Ајакс, Ренџерс, АЗ Алкмар)

НАЈМНОГУ ГОЛОВИ ВО ЕДНА СЕЗОНА

15 Јирген Клинсман (Баерн 1996)

14 Џон Ворк (Ипсвич 1982)

12 Дерлеи (Порто 2003)

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 09:39
Шахтјор го освои УЕФА Купот по продолженија

Продолженијата и Шахтјор, како последен освојувач го испрати Купот на УЕФА во историја. Во 38. финале на натпреварувањето што од следната сезона ќе се трансформира во Лига Европа, Шахтјор го совлада Вердер со 2:1.

Од азискиот дел на Истанбул, УЕФА пехарот првпат ќе замине за Украина. Бразилскиот шмек на Шахтјор беше поконкретен. Сите голови беа креација на кариоките.

Шахтјор беше поумешен и го искористи неиграњето на суспендираните, а многу важни за вердер, особено Диего, па и Алмеида. Во 25. минута Луиз Адријано и се заблагодари на грешката на Германците за украинско водство од 1:1.

Само десет минути подоцна, Налдо ја анулираше предноста по киксот на голманот Пјатов и го однесе мечот во продолженија. 97. минута го запиша украински Шахтјор како УЕФА куп победник од 16. земја.

Капитенот Срна одработи за Жадсон и за триумф од 2:1. На вечната табела, Германците ќе останат зад Италијанците со шест трофеи и со осум загубени финалиња.

    

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 13:06
nemase potreba da odat do prodolzenija...vo tekot na celiot natprevar Shahtjor imaa poveke sansi i bukvalno gi nadigraa i ja iskoristija prednosta sto klucnite napagaci na Verder ne igraa....
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 11:20
 Крусејдерс - Работнички
 

Уште еден наш преставник утре ја започнува својата Евро авантура. Нашиот победник на купот Работнички му гостува на Крусејдерс од Северна Ирска.

Дебармаалци имаа доста среќа во ждребот и влегуваат како апсолутен фаворит во овој дуел.

Исто како и нашиот тим и островјаните се победници на својот домашен куп, а лани завршија како третопласирани во домашното првенство.

 

Дебармаалци имаа доста промени во составот летово. Тимот го напуштија Ѓоке мојсов и Милан Перендија кои преминаа во Отелул во Романија. Заминаа и Сашко Пандев, Арслани и Дени Масев.

Додека како нови засилувања пристигнаа: Никола Глигоров и Васко Божиновски од Вардар, Бразилецот Да Силва Марсио, Србинот Родиќ од Војводина, Туневски од Турново, Сашко Ристов од Милано и Гоце Тодоровски од Шкенидија. 

Овој тим ќе биде голема непознаница за “романтичарите“. Ова го изјави за Утрински весник тренерот Зоран Стратев.

Одиме да се соочиме со непознат противник. Ќе мора да бидеме претпазливи барем во почетокот на натпреварот, но тоа не значи дека ќе бидеме во тотална дефанзива. Мора така да се однесуваме од причина што не знаеме со каков тим имаме работа. Во целина добро е што првиот меч го играме во гости иако и тоа може да биде релативно.“

Се обидов да дознам нешто повеќе за Крусејдерс, но безуспешно. Имам искуство од минатото за екипите од Островот. Пред некоја година со Вардар игравме против Бери Таун од Велс. Сите знаеме каков тип на фудбал се негува таму. Игра претежно на високи топки, силни дуели на земја и во воздух. Не верувам дека е нешто поинаку во Северна Ирска. Затоа се подготвувавме за таков вид на натпревар и мислам дека адекватно ќе одговориме.“

Имавме солидни подготовки, одигравме неколку мечеви со квалитетни противници, задоволен сум од прикажаното, од формата на екипата, од пристапот на играчите кон тренинзите.“ - заврши Стратев.

Да се надеваме дека Работнички ќе не израдува со позитивен резултат од Северна Ирска.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 11:38
Европска лига квалификации

1 КОЛО КВАЛИФИКАЦИИ

02/07/2009

09/07/2009

Agg

Прв натпревар

Втор натпревар

Олимпи 4 - 0 Б36 2 - 0 2 - 0
Анартозис 7 - 1 Каерјенг 5 - 0 2 - 1
Славен Белупо 1 - 0 Биркиркара 1 - 0 0 - 0
Зимбру 3 - 2 Окзетепес 1 - 2 2 - 0
Лисбурн 1 - 11 Застафони 1 - 5 0 - 6
Хелсингборг 4 - 2 МИКА 3 - 1 1 - 1
Валета 5 - 2 Кафлавик 3 - 0 2 - 2
Динабург 2 - 1 Номе Калју 2 - 1 0 - 0
Транс 1 - 6 Рудар Велење 0 - 3 1 - 3
Мадервел 3 - 1 Ланели 0 - 1 3 - 0
Банантс 1 - 2 Широки Брег 0 - 2 1 - 0
Спартак Трнава 5 - 2 Интер Баки 2 - 1 3 - 1
Динамо Минск 3 - 2 Ренова 2 - 1 1 - 1
Рандерс 7 - 0 Линфилд 4 - 0 3 - 0
Симург 0 - 4 Бнеи Јехуда 0 - 1 0 - 3
Фрам 4 - 2 ТНС 2 - 1 2 - 1
Сутијеска 2 - 3 МТЗ РИПО (aet) 1 - 1 1 - 2
Лахти 4 - 3 Динамо Тирана 4 - 1 0 - 2
Гревнмачер 0 - 6 Ветра 0 - 3 0 - 3
НСИ 1 - 6 Розенборг 0 - 3 1 - 3
Халадас(ag) 2 - 2 Иртиш 1 - 0 1 - 2
Слиго 2 - 3 Влазниа 1 - 2 1 - 1
Будичност 1 - 2 Полонија 0 - 2 1 - 0
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 11:49
Парови за второ квалификациско коло на Уефа Евро Лига.
 
Agg. First leg Second leg
Sliema - M. Netanya 14/07 » 23/07 »
Crusaders - Rabotnicki 14/07 » 23/07 »
Zestafoni - Helsingborg 16/07 » 23/07 »
Milano - Slaven Koprivnica 16/07 » 23/07 »
Naftan - AA Gent 16/07 » 23/07 »
Žilina - Dacia Chişinău 16/07 » 23/07 »
Flamurtari - Motherwell 16/07 » 23/07 »
Liepājas Metalurgs - Dinamo Tbilisi 16/07 » 23/07 »
Sevojno - Kaunas 16/07 » 23/07 »
Dinamo Minsk - Tromsø 16/07 » 23/07 »
Honka - Bangor 16/07 » 23/07 »
Donetsk - MTZ-RIPO 16/07 » 23/07 »
FC Zimbru Chişinău - Paços de Ferreira 16/07 » 23/07 »
Skonto - Derry 16/07 » 23/07 »
Bnei Yehuda - Dinaburg 16/07 » 23/07 »
Rosenborg - Qarabağ 16/07 » 23/07 »
Anorthosis - FK Petrovac 16/07 » 23/07 »
Vėtra - HJK 16/07 » 23/07 »
Sūduva - Randers 16/07 » 23/07 »
Elfsborg - Haladás 16/07 » 23/07 »
Cherno More - Iskra-Stali 16/07 » 23/07 »
Sigma - Fram 16/07 » 23/07 »
Rapid Wien - Vllaznia 16/07 » 23/07 »
Sturm - Široki Brijeg 16/07 » 23/07 »
Basel - FC Santa Coloma 16/07 » 23/07 »
Steaua - Újpest 16/07 » 23/07 »
Omonia - HB 16/07 » 23/07 »
Tobol - Galatasaray 16/07 » 23/07 »
AaB - Slavija 16/07 » 23/07 »
Legia - Olimpi 16/07 » 23/07 »
Gorica - Lahti 16/07 » 23/07 »
Differdange - Rijeka 16/07 » 23/07 »
Rudar Velenje - Crvena Zvezda 16/07 » 23/07 »
Brøndby - Flora 16/07 » 23/07 »
Sarajevo - Spartak Trnava 16/07 » 23/07 »
Juvenes/Dogana - Polonia Warszawa 16/07 » 23/07 »
Falkirk - Vaduz 16/07 » 23/07 »
NAC - Gandzasar 16/07 » 23/07 »
St Patrick's - Valletta 16/07 » 23/07 »
KR - Larissa 16/07 » 23/07 »

First-leg home team shown first.
First-leg home team score shown first for both legs.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.