|
Трајко Славевски |
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трајко Славевски стана историја, минато и како и сите кои заминуваат во минатото веднаш покажуваат колку се паметни и колку знаат како треба. Сега зборува дека буџетот е пред колапс, дека вработените ке останат без плата ако се продолжи со истата тактика. Сега кажува дека тој барал ребаланс на буџетот кој ако е вистина дека треба Ставревски сигурно нема да го побара од единствена причина што ке излезе дека Славевски бил во право, а со тоа и дека не требало да се разреши. И пак сме сведоци на суетата пред државните интереси. Ако навистина треба ребаланс тогаш треба да се донесе, па нека излезе Славевски во право.
Смешно е да се очекува Славевски да го прифати отказот тек онака мирно. Бенифициите кои ги имаат нашите политичари не се мали, блиндирано возило, шофер, обезбедени членства во разни управни одбори, комисии, патувања, репезентации, храна која како обични смртници може само да ја сонуваат и што ли не. Повеќе е загрижувачки тоа што полека стануваме сведоци на репризи на ситнење на партиите, сега на ВМРО. Сите наши политичари, од позиција или опозиција за жал многу ја сакаат партијата и се многу активни додека се на одредена функција. Останува да дознаеме дали Трајко Славевски откако ќе му помине инатот ке се предомисли и ке си ја побара апанажата. Сега само тоа му донесе еден плус- не сака апанажа си се враќа на старото работно место. Другите се тепаа за апанажа. |
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сето ова е убаво пласирано од Славевски, но зошто сите политичари кај нас, кога ќе добијат „црвен картон“ од шефовите нивни, наеднаш стануват паметни, лојални на државата и народот, имале генијални идеи кои никој не ги слушал...Не можам да ги почитувам нити да им верувам... Ако биле со такви генијални идеи, зашто јвно не ги пласираат додека се на власт, па да ја понесат одговорноста или ризикот да ги смени шефот оти не мислат како него? Туку најдобро било додека си во власта, терај како вика шефот, молчи и кркај пари, а ако те исфрлат, извади ги сите валкани работи на виделина.... Едноставно - Македонски синдром.... |
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поедноставно кажано, народот ја бира власта за да му служи, власта се рани од данокот што го собира од народот, и тука нема место за сентименталност и симпатии.
Ако власта е крајно ригорозна да го собере данокот од народот, што е нормална и правилна работа, тогаш треба оној што владее и да ги оправда собраните пари со својата работа... Најлесен начин е да кркаш пари од народот, и едноставно кога ќе загусти да речеш- пу,пу, не важи, не играм веќе... Ако сакаш народот да те почитува како политичар, направи нешто за народот додека си на власт, се друго е мачкање очи и борба да се вратиш на власт и да живееш комотно.... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ке прозбори ли сега кога веќе не е министер? Што ке каже ако прозбори? Ке молчи ли ако му дадат место какво посакува? Теми за разговор со ладно пивце на летните тераси, во парк. Времето ке покаже што ќе се случи?
Славески ќе проговори дали ќе остане во ВМРО-ДПМНЕ во септември |
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трајко Славевски ќе остане во ВМРО-ДПМНЕ и ќе добие висока функција и добра позиција. Не треба да бидеш видовит да го погодиш тоа. А можеш и лесно да погодиш зошто така ќе биде, како и секогаш во Македонската политика....
|
|
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |