IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 193194195196197 242>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 00:11
 Ме интересира ако може некој да ги објасни титулите на православните свештеници, особено ме интересира што значи Протајереј-Ставрофор?
Ми звучи помалку строго и мистериозно.загриженост

Освен тоа, ако може и да дознаеме како да се обраќаме на поедини свештеници, т.е. како да ги титулираме?

Благодарамголемо%20гушкање


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 01:32
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

 Ме интересира ако може некој да ги објасни титулите на православните свештеници, особено ме интересира што значи Протајереј-Ставрофор?
Ми звучи помалку строго и мистериозно.загриженост

Освен тоа, ако може и да дознаеме како да се обраќаме на поедини свештеници, т.е. како да ги титулираме?

Благодарамголемо%20гушкање




Прота ме асоцира на грчкиот збор проти- што значи прв, прво. Точно не знам што значи цела титула.
Во однос на титулирањето и обраќањето на свештениците ќе напишам само тоа што го имам во молитвеникот.

Архиепископот- Негово Блаженство ( се обрнуваме до него:Ваше Блаженство )
Митрополитот- Негово Високопреосвештенство ( се обрнуваме до него: Ваше високопреосвештенство )
Епископот- Негово Преосвештенство ( се обрнуваме до него: Ваше Преосвештенство )


Ова го нема во молитвеникот, меѓутоа  кон Игумените треба да се обрнуваме со Ваше Високопреподобие.

Само толку знам, ако некој знае повеќе нека пише, па да се подучиме сите.големо%20гушкање




Изменето од macedon_alex - 04.Јули.2009 во 01:32
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 01:45
Обраќањето до Бог (според Исус) иде вака:
Татко наш небесен...
 
Обраќањето до Архиепископот на МПЦ иде вака:
Неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски господин господин... голема%20насмевка
 
 
Патем, дали некој знае што е тоа "ПРЕОсвештенство"? Дали тоа значи првосвештенство или нешто друго?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 01:50
Види погоре Evangelos, обраќањето кон Архиепископот е само "Ваше Блаженство". Тоа што си го навел ти е титула, ама никој не му се обраќа нему така.голема%20насмевка

Инаку и Бог си има најубави титули, ама зар може сите Негови титули, Неговата милост и Неговата моќ човечки зборови да ја искажат?! Секако дека не!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 02:15
Сепак, Бог иако ги поседува сите великодостојнички титули, Тој е задоволен и ако му се обратиме само со "Татко", за разлика од овие таканаречени великодостојници на кои мора цела песна човек да им ипсее пред да им го каже името смеење
 
Ако некој му се обрати на архиепископот Стефан со "Стефан", ќе биде осуден како некултурен, како непочитувач, како подбивач или сл. Но види, скромниот наш Бог не инсистира луѓето да му редат чествителни титули во нивното обраќање кон Него и воопшто не е некултурно да му се обратиме само со Боже, Татко или сл.
 
Еднаш пишував за апостоливе Петар или Павле, и ги ословуав без никакви титули и една православка ме искара: Како можеш така да ги нарекуваш како да се тие твои комшии или пријатели од улица... треба да речеш: светиот апостол Павле или Свети Петар. Но ете, Бог не инсистира да го нарекуваме Свет Боже. Интересно зарем не?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 17:21
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Ме интересира ако може некој да ги објасни титулите на православните свештеници,
Ima nekolku tipa tituli: monashki; sveshtenichki; djakonski i nekoi drugi.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

особено ме интересира што значи Протајереј-Ставрофор?
Toa e sveshtenicka titula.

Jerej stanuva sekoj diplomiran student po pravosl.teologija(tnr.bogoslov) posle rakopolaganje, no toa e najnizok cin. Protajerej e prviot pomedju jereite, i ima pravo na nosenje na tnr. duhoven mech - crkoven kolan. Dokolku pri liturgija se najdat jerej i protajerej zaedno, protajerejot ima prednost. Protajereite skrateno se narekuvaat prota.

Dokolku nekoj protajerej se stekne so osobeni zaslugi, mozno e da stane Protajerej-Stavrofor(stavrofor na st.grcki=krstonosec). Toj togas kako nadvoresno obelezie ima pravo da nosi zlaten krst na gradite vrz mantijata. So ovie tituli se iskazuva posebna cest i priznanie, inaku svestenicite se pomedju sebe ednakvi
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Ми звучи помалку строго и мистериозно.загриженост
Mozebi ne slucajno.

Isus i apostolite ne bile po profesija teolozi so komplicirani tituli i ne ocekuvale od ludjeto da gi castat so istite, i iako koordinirale so prvite zaednici tie ja ostvaruvale zapovedta "Moli se i raboti" i taka ja obezbeduvale svojata egzistencija.


Изменето од Majkl - 04.Јули.2009 во 17:46
Кон врв
Flix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Клабинг

Регистриран: 14.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 9229
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Flix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 18:16
Ок ај да не го тупам, се си е кажано овде ако сакате да ја знаете вистината вреди да ги погледните следните три дела од овој филм Zeitgeist.

http://www.youtube.com/watch?v=BNf-P_5u_Hw

http://www.youtube.com/watch?v=fVOxFFnXSfo

http://www.youtube.com/watch?v=8pKWzYF3kjg







Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 14:22
Вчера ми падна в раце магазинот Премин. Листајќи го, наидов на некои интересни текстови, кои ми го одвлекоа вниманието.

***
Имено, Горан Величковски-Зевзекманија “целомудрува“ во списаниево на тема Шегобијци. В очи ми падна следниов текст:

    “Си правиме муабет со една госпоѓа која не е венчана а има шеесет и кусур години, две чеда и здрав маж...“ . (Во текстот следува дека дотичнава е регистрирана т.е. има склучено граѓански брак но не и црковен), и сега Зевзеков созерцава: “Женава заради невенчање е подготвена да биде осудена на Вечниот Суд, само и колку да не му попушти на мажот. Кога таа би верувала дека душата ќе и се прпелка (мачи) заради тоа, кога таа би се срамела од тоа што нејзините деца цел живот ќе бидат третирани од Бог како деца од нечестив брак, би трчала пред олтарот....не сакајќи да го стори она што Му е угодно на Бог


По текстов-останав-зевзекната.
Мислам, моите родители не се венчани в црква, кој може да знае и со сигурност да каже дека Бог ме третира како дете од нечестив брак?

Алооооо!

***
И една друга работа...
Разбирам дека секое списание мора да си има некои спонзори кои треба да ги рекламира.

Но, на една страна доминира шише во природна величина од Вин. визба СКОВИН, во позадина е нацртан манастир, а над истиот пишува “Во Бога е вистината“. Значи ако дрмнам едно шише црвено вино Марков Манастир, ќе бидам поблизу до Бога а?
Каква злоупотреба на лат. изрека.

Се разочарав начисто.

Има и др. бисери но овие некако ме потрефија лично.

Што мислите вие за ова?


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 14:38
Ни моите родители не се венчани во црква т.с не се венчани(од Црковна гледана точка)и децата родени од таков граѓански брак се родени во блудство.(читај-јас)
Но и тие деца се примаат во Светат Црква без никакви пречки или условувања зашто тие не се одговорни за постапката на нивните родители.
Тоа за вечниот суд е кажано во смисол дека тие ќе одговараат за блуд бидејќи за Светата Црква сите полови односи вон, од Бога и Светата Црква, благословениот брак се блудство.

Додека за тоа со виното..Тоа со поговорката е навистина така.Во Бога е Вистината(или поточно Бог е вистината) но заклучокот за корелацијата и последиците од пиењето на тоа вино е лично твој.
Јас ја имам видено таа реклама но не сум ја сфатил на тој начин.


Изменето од ahmar1 - 24.Август.2009 во 14:38
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 14:43
Ахмар, поговорката изворно гласи  Во виното е вистината. Можеби и има друга Во Бога е вистината, нека е така.

Да беше њсписаниево наменето за црковни великодостојници, па да рекламираат вино за причест, но јас сметам дека во магазин за духовни вредности нема место за таква реклама која буди страст кон пиењето. СДа не наоѓаме оправдување по секоја цена.
Како си ја сфатил ти пораката тогаш?


Друго, што ако Светата Православна црква не и дала одобрение на мајка ми или татко ми за венчавка (едниот е католик на пример), и што сега? Блуд ли направиле?
Кога децата доаѓале при Исус Тој не ги прашувал дал нивните родители се венчани во црква.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 15:42
Рекламата не сум ја сфатил ништо посебно,маркетинг за некои вино и тоа е тоа.
Виното само што се вика марков манастир(мада монахињите таму немаат,ниту пак одгледуваат лозје)но сепак тоа име е географска одредница,па никој нема авторско право на истото.Инаку за тоа дали е соодветно да има реклама за вино во црковно списание пак не гледам ништо лошо во тоа.Ниту виното,ниту каков било алкохол па ниту пиењето на истиот не е исто што и алкохолизам.
Злоупотребата на алкохолот е проблем а не самиот алкохол.
Истото важи и за сите работи околу нас,тоа е исто кога ја би рекол дека рекламата на мекдоналдс во весник буди желба за прејадување.

За бракот,Православната црква може да даде благослов да се изврши света тајна брак на православен со неправославен христијанин(само во православен храм).
Така да тоа не е некој проблем.
Но ако од икс причини тоа не било направено(мислам на брак склопен во црква)резулаттот е ист- тоа си е блуд.
Но света црква не е инквизитор и не ги прогонува ниту им забранува на тие да бидат дел од Црквата.Сепак Христос дојде за грешниците а Света црква е на некој начин болница за човекот повреден од гревот.
Како што реков претходно децата родени од неблагословен брак не се одговорни за делата на своите родители и се во се рамноправни си сите останати членови на Црквата.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 19:05
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

По текстов-останав-зевзекната.
Кога луѓето посериозно би се запознавале со „својата„ вера но критички набљудувајќи ги работите би станале прилично зевзекнати, што можеби и многумина би ги разбудило и би ги поттикнало на потрага по вистинската духовност која не е содржана ниту во традициите ниту во интелектуалните „мудрувања„ на теолозите.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Мислам, моите родители не се венчани в црква, кој може да знае и со сигурност да каже дека Бог ме третира како дете од нечестив брак?Алооооо!***
Ало, имате погрешен број. Бирајте повторно.

Од Христовите објави дознаваме дека Бог сите нас изворно нè создал како совршени и такви и нè гледа. Не постојат деца од честиви и нечестиви бракови. Но постојат парови кои зачнуваат честиво или нечестиво(во грев) затоа што и самите како личности стојат во грешни мисли, зборови и постапки. Тогаш и душата која ќе биде привлечена од вибрацијата на ембрионот и генетаскиот материјал кој го предале родителите, ќе биде слична: честива или нечестива т.е. со повеќе светли или повеќе темни страни. Но и во едниот и во другиот случај детето кога ќе порасне си има слободна волја да бира помеѓу доброто и злото а со тоа можности и ризици својата душа да ја затемни или просветли.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

И една друга работа...Разбирам дека секое списание мора да си има некои спонзори кои треба да ги рекламира. Но, на една страна доминира шише во природна величина од Вин. визба СКОВИН, во позадина е нацртан манастир, а над истиот пишува “Во Бога е вистината“. Значи ако дрмнам едно шише црвено вино Марков Манастир, ќе бидам поблизу до Бога а? Каква злоупотреба на лат. изрека.Се разочарав начисто.Има и др. бисери но овие некако ме потрефија лично.Што мислите вие за ова?
Рекламата со виното е типичен пример на кршење на божјата заповед примена преку неговиот пророк Мојсеј која по смисла вели дека Божјото име не треба да се злоупотребува(изговара напразно). Во овој случај, Бог и вистината се злоупотребуваат за личен профит(не е проблемот виното). Последиците од овој прекршок ќе го сносат оние кои рекламата ја смислиле, објавиле и пред се оние кои најмногу профитираат од нејзе.

Друг пример за злоупотреба на Божјото име е на пр. кога некоја политичка партија го додава зборот „христијанска„ во своето име или политичка агенда а нејзините акртивности не се во склад со учењето Христово(изнесено во Говорот на Гората) и 10-те Заповеди.

Изменето од Majkl - 24.Август.2009 во 19:07
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 19:22
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Имено, Горан Величковски-Зевзекманија “целомудрува“ во списаниево на тема Шегобијци. В очи ми падна следниов текст:

    “Си правиме муабет со една госпоѓа која не е венчана а има шеесет и кусур години, две чеда и здрав маж...“ . (Во текстот следува дека дотичнава е регистрирана т.е. има склучено граѓански брак но не и црковен), и сега Зевзеков созерцава: “Женава заради невенчање е подготвена да биде осудена на Вечниот Суд, само и колку да не му попушти на мажот. Кога таа би верувала дека душата ќе и се прпелка (мачи) заради тоа, кога таа би се срамела од тоа што нејзините деца цел живот ќе бидат третирани од Бог како деца од нечестив брак, би трчала пред олтарот....не сакајќи да го стори она што Му е угодно на Бог


По текстов-останав-зевзекната.
Мислам, моите родители не се венчани в црква, кој може да знае и со сигурност да каже дека Бог ме третира како дете од нечестив брак?

        Не е ни чудно што си останала зевзекната. А кој не би? Верувам дека ти е познато, но ќе напишам за оние кои не знаат:
Според православната (според мене небиблиска) теологија бракот е една од нивните 7 ткн. "свети тајни". Како и за сите, така и за извршување на оваа "света тајна" е потребно посредништво од православен свештеник. Доколку православниот свештеник не посредува во извршувањето на "светата тајна" т.е. доколку тој не го даде "благословот" таа не може да биде извршена.
 
        Оттука следи следнава православна логика: Доколку некои верни сопружници си склучиле брак без некој ткн. "свештеник" да им прави чириба-чирибу и да им ги префрла од глава на глава круните секој нивен сексуален акт ќе се смета за блудство и тие ќе бидат виновни за вечниот суд. Значи иако тие си биле верни еден на друг и цел живот ја одржувале светоста на нивниот брак и својата постела чиста, тие ќе горат во пеколот само затоа што некој човек ткн. "православен свештеник" не им мафтал со круните над главите среќа
 
        Од друга страна пак, истите тие православни свештеници пред неколку години ги "благословија" вторите бракови на Бучковски и Груевски со изговорот дека првите бракови им биле невалидни затоа што не биле благословени од "Светата Црква" и затоа овие втори бракови всушност не се втори, туку први - гледано од перспектива на "Светата Црква" среќа
 
        Мој заклучок е дека овие свети тајни и особено свештенското посредништво во нив си го измислиле католиците, а потоа наследиле православните како една од алатките да владеат над масите и да ги направат луѓето зависни од свештенството, од нивниот ткн. "благослов" и доколку не го добијат истиот, како што читаме погоре, ќе бидат судени на Вечниот Суд среќа
 
        Зарем не те потсетува ова на папските индулгенции во мрачниот среден век кога католиците ги заплашувале неинформираните верници дека доколку не си купат "прошталници" од папата ќе горат илјадници години во чистилиштето и на тој начин си го терале својот бизнис на сметка на кутрите верници кои за жал ја немале на дофат и на мајчин јазик Библијата за да ги проверат глупостите на тогашната официјална црква.
Денес кај нас е уште потрагично. Ние ја имаме на дофат Библијата на мајчин јазик, но никој не ја чита, а дури и мнозинството од оние кои ја читаат одбираат повеќе да и веруваат на православната црква отколку на Божјиот Збор. Некои пак, одвреме навреме ќе се насмеат на некои вакви зевзекмании (не мислам сега воопшто на тебе maria_magdalena) и пак ќе си продолжат да им ги бацуваат рацете на свештениците и да се поклонуваат на нивниот свет "благослов".
Нека ни е Бог на помош и нека го извади нашиов македонскиот народ од духовното слепило во кое е потонат со векови. Амин!
 


Изменето од EvAngelos - 24.Август.2009 во 23:54
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 20:01
ЕЕЕЕЕВВВВВВВВВВВВ........големо%20гушкање кучо стара големо%20гушкање
многу долг текстов за читање
наминав само за да те изгушкамголемо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање

п.с. женски да се разбереме, Ев ми е мене симпатијаљубов
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 193194195196197 242>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.