IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Мисирков
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мисирков

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 39>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 16:09
Губи ми се нешто моментот каде Мисирков сака Македонија да се соедини со Бугарија. Дали ќе повториш, те молам!


За јазичното правило - тоа беше цитат на документ. Што сега? Да земам да ја преведам целата статија од руски? Интересна е, ама не сум СТИПЕНДИСТ да трошам толку време на превод, кој накрај пак може да биде избришан.

ПС
Boogie
Статус: Активен
Онлајн статус: Офлајн

Последна посета: 21.Јуни.2009 во 13:29




Изменето од cercetator - 25.Јуни.2009 во 16:09
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 16:23
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Губи ми се нешто моментот каде Мисирков сака Македонија да се соедини со Бугарија. Дали ќе повториш, те молам!


За јазичното правило - тоа беше цитат на документ. Што сега? Да земам да ја преведам целата статија од руски? Интересна е, ама не сум СТИПЕНДИСТ да трошам толку време на превод, кој накрај пак може да биде избришан.

ПС
Boogie
Статус: Активен
Онлајн статус: Офлајн

Последна посета: 21.Јуни.2009 во 13:29




Моментот е Балканските војни ( 1913 година ) кога Мисирков смета дека поарно е Македонија да отиде цела кон Бугарија отколку да се дели!
Во однос на правилата не преговарам. Поставувај линкови и нема да мораш да преведуваш!


Буги исто има право да си земе малку одмор, доволно беше тоа што толку долго време деноноќно чуваше овде на форумот. Нека се одмори малку и тој, заслужил!
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 18:37
ПИСМО НА К.П. МИСИРКОВ ДО СТ.С. БОБЧЕВ
13 мај 1913






Изменето од cercetator - 26.Јуни.2009 во 18:38
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 19:13
  Иронијата е дел од нашето “големо знаење“ ама никако да се прочитаат делови од книги, записи, едноставно само се кажува но ништо не се потврдува до разговорите.

Ако веке сакаме да знаеме нешто повеќе тогаш еве еден дел од дневникот на Крсте П. Мисирков..

БЕЛЕШКИ
ЗА ДНЕВНИТЕ
НАСТАНИ
НА К. МИСИРКОВ

Мемоари на К. П Мисирков Чиф[лик] Климентово, Ахтир[ска] о[колија], Харков[ска] губ[ернија]
5 јули 1913 година
Денес се навршија точно десет месеци од почетокот на Балканската војна, која ce претвори во војна мегу поранешните сојузници. Во ова време минатата година живеев со семејството во викендичката во Одеса, на Средна Фонтана (викендичките на женскиот Михајловски манастир). Таму неколку пати ме посетија студенти-Македонци, мои соплеменици и сонародници, мегу кои беше и Киселинов1, кој, интересирајки се за литературата и главно, за издавачката дејност, почнал некакво словенско издание и на секој начин се трудеше да ме привлече да соработувам во него. И не само тоа, во декември 1912 година, кога престојував во Солун, разбрав од својот поранешен ученик во бугарската Битолска гимназија, а тогаш наставник во бугарската Солунска гимназија, г. Зографов2, дека Киселинов во рекламите испратени во Македонија за неговото издание „Славянский Юг", ме прогласил за соработник на неговото издание, иако јас немав никакви врски со него и однапред ja предвидов неговата жална судбина.
Г. Киселинов имаше ортак во изданието - Србин, студент по право, г. Марковик3, кого Киселинов го доведе кај мене во викендичката и ме запозна со него. Г. Марковик претставуваше потполна спротивност на г. Киселинов. Последниов е со среден раст, малку изразени црти на лицето, вечно возбуден, постојано нешто бара, но и самиот не знае што сака. Тој со засилена тестикулација сакаше да го надополни тоа што не можеше да го изрази со зборови. Впрочем, тој и самиот не знаеше одредено што сака*, постојано спореше со сите и за сешто, без да биде свесен зошто се расправа и зошто толку силно се возбудува. Манирите на г. Киселинов беа зачудувачки карикатурни; тој многу се кршеше, гестикулираше, нервозно се смееше. Општо земено, г. Киселинов оддаваше впечаток на човек мизерен во секој поглед. Неговите другари, студентите-Македонци го осудуваа издавачкото и „литературното" чешање на г. Киселинов, велеа дека ги дискредитира своите сонародници, но покрај тоа тие се трудеа да ги прикријат неговите недостатоци, да повлијаат на него да се откаже од неговите замисли и да стане попозитивен. Мегутоа, тоа тешко им успеваше и ексцентричниот и мизерен г. Киселинов ja продолжуваше неговата карикатурна издавачко-општествена дејност и воопшто не се трудеше да го искористи своето слободно време за потемелно проучување на својата специјалност, која й е толку потребна на нашата татковина Македонија. Тој се правдаше со тоа дека универзитетската администрација на режимот на Левашевски-Герич, наспроти традицијата на Новоросијскиот универзитет, им задржувала значителен дел од нивните стипендии и некои месеци „словенските стипендисти", мегу кои спагаше и г. Киселинов, останувале без никакви средства за егзистенција, и затоа тој бил принуден да се занимава со издавачка дејност.
Г. Киселинов нема ни трага од воспитание, што делумно се објаснува со неговата семејна состојба, тој е син на сиромашна вдовица од гр. Охрид, а делумно со влијанието на турското ропство и со формирањето на бугарската интелигенција од најсиромашиите слоеви - селското и сиромашното градско население на Македонија.
Г. Киселинов претставуваше исклучок, за жал, не може да се каже срекен, мегу своите сонародници. Тој беше студент-филолог, мошне ретка појава мегу Бугарите. Специјалноста на г. Киселинов го издвојуваше од другите студенти - Македонци и Бугари, во изборот на нивната специјалност верни претставници на својата нација, која не залудно беше прочуена како практична нација; тие беа или студенти-медицинари или математичари. Недостигот на филолози мегу студентите-македонски Бугари, како и мегу Бугарите воопшто, се објаснува и со слабото влијание на историско-филолошките дисциплини врз бугарската младина и врз бугарскиот народ воопшто.
Нема друга словенска нација каде што познавањето и почитувањето на националното минато би биле на толку ниско ниво како кај Бугарите. Не знаејки го своето национално
* Во оригиналниот текст „што сака" е пречкртано.

К. П. МИСИРКОВ - ДНЕВНИК
минато, бугарскиот народ не го сака, дури и сосема се свртува од него и на секој начин се труди да ги прифати најновите текови на европскиот културен живот. Нема словенски народ помалку националистички и повеке космополистички настроен отколку што е бугарскиот народ. Бугарите се стремеа да го реализираат својот национален идеал инстинктивно, а не свесно. Тие знаеја дека Македонија е етнички бугарска земја, но не сакаа да знаат за нејзиното минато, не сакаа да вникнат во суштината на претензиите на Србите и на Грците врз Македонија и во упорноста со која овие народи ги образложуваа своите претензии на Македонија. Бугарското училиште лошо го воспитуваше бугарското национално чувство, бугарската интелигенција цел осно беше потоната во партиските спорови, а заштитата на бугарските национални интереси во Македонија им беше оставена на самите Македонци, кои зачудувачки пожртвувано, но крајно еднострано ја водеа борбата за националните интереси. Четничкото движеше и црковно-училишното дело беа единственото оружје на националната борба. Бугарските и македонските дејци целото внимание го свртеа на борбата со Турците и во текот на десетлетија ja водеа таа борба со крајна упорност, воспитувајки кај народот претстава за Турчинот како за единствен непријател на бугарскиот народ. Србите, Грците и Романците не беа интересни за Бугарите и бугарскиот народ беше воспитан или да ги потценува или да биде рамнодушен спрема другите свои соседи, освен спрема Турците.
Не интересирајки се за себе, т. е. за своето минато и за своите соседи, освен за Турците, бугарскиот народ во текот на 35 години од Берлинскиот договор й се посвети на практичната материјална културна работа, сфакајки ja својата историско-национална мисија исклучиво во готовноста да се умре во борбата со единствениот непријател - Турците за да се оствари националниот идеал.
Бугарската практичност, се чини, го напуштила г. Киселинов, кој за своја специјалност го избра Историско-филолошкиот факултет. За жал, овој заклучок се покажа избрзан, бидејки г. Киселинов при изборот на својата специјалност го интересирала литературата воопшто, западноевропските литератури и руската литература, чии дела слабо ги познаваше, но воопшто не го интересираа податоците на историско-филолошките дисциплини што би нашле примена во бугарското и во македонското национално минато. Co еден збор, г. Киселинов даваше лош пример за национално училишно-воспитно влијание на бугарската младина од бугарското средно училиште во Македонија. Тешко дека ке заслужам прекор оти сум пристрасен ако кажам дека и во бугарското царство не е утешно влијанието на средното училиште.
6 јули 1913 г.
Колегата на г. Киселинов во изданието „Славянский Юг", г. Марковик, Србин, студент по право, мошне се разликуваше од него. Марковик беше со висок раст, со сипаничаво долгнавесто лице со истакнати јаболчници, бавен во движењата, разумен. Кога не посети, се извини што не беспокои без да биде запознаен со нас, й ja бакна на жена ми раката кога дојде и пред заминувањето. Тој, заедно со Киселинов, ме молеше да земам учество во „Сла¬вянский Юг". Јас им се заблагодарив за поканата, но одбив поради немање слободно време. Г. Марковик сосема поинаку го сфакаше своето учество во списанието. Додека г. Киселинов ja имаше предвид само материјалната страна на работата и само патем размислуваше за практичното значеше на списанието, г. Марковик со своето учество реши споменатото издание да го направи безопасно за интересите на Србија и, по можност, да го искористи за интересите на српскиот народ. Воведните статии или ги пишуваше, или ги прегледуваше г. Марковик, од чие перо излегоа многу статии и забелешки за Босна и Херцеговина и за другите српскохрватски земји. Цртежот на корицата со слика на Австрија со патерици, која й се заканува на малечката Србија очигледно е исто така сугериран од г. Марковик. Оттука е јасно дека бугарскиот литературен потфат на г. Киселинов беше вешто искористен од умниот Србин за пропагандни цели во корист на српските интереси.
Тука природно се јавува прашањето: кој од претставниците на двете јужнословенски нации излезе попрактичен: Србинот или Бугаринот? Одговорот е јасен. Прочуената бугарска практичност во овој случај испага во мошне неповолна светлина во споредба со практичноста на Србинот. Сега да ги споредиме г. Киселинов и г. Марковик со г. Гешев4 и Пашик5 и ке видиме дека паралелата е целосна: словенофилските расположенија на г. Гешев се покажаа сосема неубедливи во споредба со јасно обмислениот план на Пашик за проширување на границите на Србија. Не треба да се заборава дека раководителите на надворешната политика на Бугарија и на Србија се типични претставници не само на расположението на двата народи за време на Балканските војни, туку и на методите со чие посредство може да се реализираат националните цели на тие народи.

К. П. МИСИРКОВ - ДНЕВНИК
Разликата мегу Бугаринот и Србинот за време на Балканската војна се пројави во безумната храброст на Бугаринот, во неговата готовност да ги жртвува сите свои материјални и духовни средства за победа на бугарскиот идеал. Мегутоа, покрај тоа Бугарите не беа далековиди за да ги обезбедат плодовите од бугарските победи, кои ги искористија послабите бугарски сојузници во војната со Турција.
Сојузниците на Бугарија се покажаа подалековиди. Грците не брзаа кон Битола и Јанина, тие брзаа пред Бугарите да влезат во Солун и со тоа да си го обезбедат не само овој град, туку и целиот поранешен Солунски вилает. Грците и тука не брзаа и ги поштедуваа своите војници, трудејки се да се најдат во Солун со што помал број човечки жртви. Ми кажуваа за време на војната дека само Бугарите ja спасиле армијата на принцот Константин од заробување кај Солун. Мегу Вардар и Солун, каде што Грците биле речиси без артилерија, која пропаднала во калта на запад од Вардар, грчката армија ке беше заробена да не беа бугарските четници* и армијата на ген. Ковачев6, која веке водела борби со Турците, кога Грците зад грбот на Бугарите почнале да преговараат со Таксим-паша7 за предавање на турската армија (Солун[скиот] гарнизон) на сојузниците. Кога го постигнал ова, принцот Константин8 прв влегол во Солун, измамувајки ги бугарскиот престолонаследник Борис9 и ген. Ковачев.
Србите дејствуваа не помалку пресметливо од Грците. Тие даваа необично бомбастични и фалбаписки извештаи за своите малобројни победи врз Турците. Никој од сојузниците не ги демантираше српските воени билтени. Грците исто така се трудеа да не заостануваат зад Србите во тој однос. Србите или мошне пресретливо се однесуваа спрема претставниците на европскиот печат, или воопшто не ги допуштаа до боиштата, постигнувајки европското јавно мислење да им верува на нивните официјални соопштенија за „невиденото" јунаштво на српската армија. Српските воени власти особено упорно ги опколуваа руските дописници и лекари. Србите грижливо се однесоа за време на војната спрема своите културни потреби, заштитувајки ги своите професори од разгром. Професорите и поранешните министри службено гостуваа во Петербург од самиот почеток на Балканската војна за да го обработат руското јавно мислење во корист на српските интереси. Разбирливо е дека притоа Србите не се срамеа од прифатените сојузнички обврски спрема Бугарите. Завладувајки ja Македонија по две битки кај Куманово и Битола, Србите почнаа да ги употребуваат сите механизми со цел да останат во заземените места. Почна насилно претворање на македонските Бугари во Срби, одземање на бугарските манастири и цркви, тепање учители, поранешни четници, буг[арски] свештеници, почнаа преговори со Грција, Црна Гора и со Романија против Бугарија, обвинувања на Бугарија за австрофилство и симулирање љубов и преданост кон Русија. Ова последново Србите го правеа виртуозно. Така на пр. еднаш Србите се обратија во Петербург од името на српските ранети војници со молба да им испратат во Скопје фотографии на царот император со императорското семејство. Молбата беше исполнета и илјадници картички со портрети на царското семејство беа распространети мегу српските ранети во Македонија како знак на благонаклоност на Русија спрема Србите, што требало да им ja истакне на македонските Бугари неменливата желба на Русија да ja остави Македонија под српско владеење.
Словенската идеја е убав збор и истовремено мошне важно политичко оружје во рацете на тие што умеат да го користат. Русија го користеше тоа средство во минатиот век. Таа го искористи во сегашната Балканска војна. Бугарија успеа да го организира словенскиот конгрес (собор) во Софија во 1910 година и да ги демонстрира пред Словенството и пред Европа своите културни успеси и својата благодарност спрема Русија за ослободувањето. Бугарските словенофили во своите органи даваа најдетални извештаи за состојбата кај словенските народи и активно се бореа за општословенските интереси. Бугарските професори Цонев10, Милетич11 и др. на словенскиот конгрес во Софија во 1910 година несебично и упорно се бореа за општословенски јазик како средство за културно обединување на Словените, а како таков сакаа да го видат рускиот јазик, бугарскиот словенски календар изобилуваше со руски портрети и сепак Бугарите не успеаја да ги придобијат цврстите симпатии на Русија, можеби делумно и како последица на непостојаноста на руската душа, а исто така и поради други причини, кои Бугарите не можеа да ги одгатнат. Србите во овој случај се покажаа како подалековиди. Тие ja почувствуваа желбата на рускиот човек за награди и затоа при секој поволен и неповолен случај ги подаруваа своите ордени, трудејки се со нив да врбуваат нови пријатели за Србија. Со фалбаџиски депеши за воените успеси создадоа илузија за превагнување на српските победи над бугарските. Со интригите на проф.
* Се мисли на четниците на ВМОРО.

к. п. МИСИРКОВ - ДНЕВНИК
Кошутик12 и на поранешниот министер Генчик13 во Петербург се успеа да се придобијат рускиот печат и руските словенофили на страната на Србија. Српските агенти во Русија во лицето на архимандритот Михаил, игуменот на српскиот атонски метох* во Москва и во лицето на Србите-соработници во руските весници во врека со словенското прашање дејствуваа без секаква конк*ренција од Бугарите. Понатаму, Србите ycneaja да го искористат руско-австриското непријателство и да се прикажат како сигурна потпора на Русија во идната руско-австриска војна, претставувајки ги Бугарите како непријатели на Словенството, неблагодарни спрема Русија и приврзаници на Австрија. Умешно користејки го австрофилството на Бугарите како плашило за Русија, Србите се прикажуваа како вистински словенофили, а Бугарите ги претставуваа како непријатели на Словенството. Интригите на Србите имаа огромен успех. Тие ycneaja да ja убедат руската јавност дека интересите на Србија на Балканот се интереси на Словенството. Врз таа основа тие ycneaja, без секаков протест од страна на Русија и Словенството, да формираат коалиција со несловенските држави Грција, Романија и дури и со Турција за погром на Бугарија во интерес на Словенството и на несловенските пријатели на Србија. Залудно Бугарија протестираше, залудно се повикуваше на договорените обвреки со Србија, на арбитражата на Русија. Никој не обракаше внимание на бугарските протести. Во интерес на Словенството, Бугарија беше препуштена да ja изедат Србија и нејзините несловенски пријатели. А кога Бугарија се најде осудена да биде жртва на словенското Чудовиште и кога се обиде да бара поддршка надвор од несигурниот, каприциозен, користољубив и одмазднички словенски свет, неочекувано й беше објавена војна и таа со круг од непријатели беше нападната од сите страни. Така плати Бугарија не за своите нескромни апетити, туку затоа што беше премногу доверлива и отворена и слабо ги познаваше своите соседи, а исто така и средствата за постигнување на бугарскиот национален идеал.
Резултатите од Балканската војна за Бугарија, во споредба со претрпените жртви, се крајно скромни и дури ништожни во споредба со загубите што ги поднесе бугарскиот народ во корист на поранешните сојузници, како и во корист на Романија, а можеби дури и на Турција.
За жал, Бугарите во овој случај треба да се обвинуваат пред се самите себеси. Кај нив недостигаше политичка далековидост да ja сфатат реалноста што доагаше. Царот Фердинанд14 постапуваше како Европеец, склучувајки писмен сојузнички договор со Србија и ист таков со Грција. Тој го подготви и го реализира истерувањето на Турците од Европа, но заборави дека живее на Исток, каде што, наместо рицарската чесност на западните народи, постои наследството од византиските обичаи, подмолноста и измамата. Царот Фердинанд правеше се што е можно за да ja направи Бугарија независна држава, која ке влева доверба и симпатии кај двете групи големодржавни сојузи. Тој не можеше и не требаше да води сметка за тоа дека таквата политика на Бугарија може да не им се бендиса на странските словенофили, кои мечтаат за една словенска империја и општословенски цар. Царот Фердинанд е водач на бугарскиот народ, кој има свои национални интереси, мегу кои доминираат обединувањето на бугарскиот народ и мирното сожителство со сите европски држави, без разлика на нациите. Бугарскиот цар правилно ja сфати својата мисија и чесно се трудеше да ja зголеми благосостојбата на својот народ. Тој не е виновен што неговата политика засегна нечии самољубија. Тој не е виновен што не го сфатиле во Русија.
Еден бугарски дипломат (одескиот ген[ерален] конзул Б. П. Кисимов15) пред Балканската војна ми рече: „Целиот бугарски народ е русофилски настроен. Војна мегу Русија и Бугарите не може да се замисли. Тоа е очигледно за сите. Бугарската влада се труди некако да го замаскира бугарското русофилство за тоа да не биде плашило за Европа". Во Русија тоа не го сфатија и што презедоа? Непомирлива позиција во однос на царот Фердинанд. Колку попопуларен беше тој во Бугарија, колку повеке симпатии имаше во Европа, со толку поголемо непријателство се однесуваа кон него во Русија. Царот Фердинанд направи се за да ги заштити интересите на бугарскиот народ; не е негова кривица тоа што Бугарија претрпе неуспех.
Сосема поинаква е положбата на бугарската влада. Таа направи низа грешки, кои му наштетија на делото. Пред се, Македонија требаше да се заземе со заеднички српско-бугарски војски и требаше заеднички да се води војната на тракиското боиште. Мегутоа, во Македонија преку Вардар имаше само мали четнички бугарски одреди, а 15.000
К. П. МИСИРКОВ - ДНЕВНИК
македонски доброволци се наогаа исто така во Тракија. Заедничкото водење на војната во Македонија и во Тракија рамномерно би ги распределило жртвите и тешкотиите на војната, и освен тоа, од една страна, би му овозможило на голем дел од бугарските војски да се одморат во Македонија, од друга - Бугарите таму би имале готов гарнизон, кој би можел да ги брани бугарските интереси, во согласност со српско-бугарскиот договор. Благодарение на грешката на бугарската влада, Србите во Македонија водеа само две битки со Турците во почетниот период од војната: кај Куманово и кај Битола. Двете битки траеја по два-три дена. Сето друго време српските војски одмараа во топлите домови во бугарските населби во Македонија, не трпејки недостиг од ништо.
Не беше исто кај Бугарите. Бугарските војски, по тешките походи и низа големи борби со турските сили требаше: Втората армија пет месеци да стои под Адријанопол*, а Првата, Третата и Четвртата армија до склучувањето на прелиминарниот мир со Турција - под Чаталпа и Булаир, непрекинато борејки се со непријателот. 45000 српски војски исто така се бореа под Адријанопол. Co двајца од нив разговарав во Софија на 5-6 ноември 1912 година. Еден од моите соговорници, кој се вракаше во татковината од Адријанопол, ми ja опиша ужасната слика на војната под Адријанопол. Тој тврдината ja нарече недостапна, условите за борба на армијата што ja опседна крајно тешки и без заземањето на Адријанопол и победата над чаталпанската армија победите на сојузниците се сметаа несигурни. Чаталџа тој ja нарекуваше грлушник затворен со тапа - бугарската армија; ако Турците успеат да се ослободат од таа тапа и да го ослободат Адријанопол, тие лесно ке ja заземат не само Софија, туку и Белград. Други Срби, учесници во војната во Македонија и под Адријанопол кажуваа дека во Македонија не била војна туку прошетка. А еве под Адријанопол е вистинска војна. Во Македонија се наогаше опашката, а под Адријанопол - главата на sвебиван од сојузниците.
Зашто, Бугарите го тепаа „SBepoT" no главата не само кај Адријанопол туку и низ цела Тракија, дури до Чаталца и Булаир. Бугарите ja издржаа целата тежина на војната, давајки огромни жртви и измачувајки ги војниците што останаа живи на позициите кај Адријанопол, Чаталџа и Булаир. Бугарската армија немаше топли зимски станови, таа самата ja дотепа главата на SBepoT, оставајки им на другите сојузници да ja дотепуваат опашката.
Бугарската армија со неверојатна храброст изврши големо историско дело - ги истера Турците од Европа. Но таа таму ги остави своите главни морални и материјални сили. Новата војна со пет држави што й беше наметната, со накршени сили на народот од осуммесечната војна со Турците, й даде можност повторно да покаже неверојатна храброст, но без надеж за конечен успех.
Владата на тој начин нецелисходно и штетно за бугарскиот народ изработи план на воените дејства на сојузниците против Турција. Понатаму, таа премногу им веруваше на сојузниците и видливо не протестираше поради дејствата на сојузниците, кои од самиот почеток на војната пројавуваа намери да ги нарушат условите на сојузничкиот договор. Таа воопшто не ги познаваше своите сојузници и не го подготви народот за можноста од војна со Ерците и со Србите, кои предвидоа таква војна и во текот на многу години, особено Србите, го воспитуваа народот, претставувајки ги Бугарите исто толку омразени за нив како и Турците.
Бугарската влада за време на војната ja уништи бугарската интелигенција, а особено бугарските професори. Овие грешки на бугарската влада ги искористија поранешните сојузници за да го ограбат бугарскиот народ, кој беше истоштен од војната со Турците, одземајки му добра третина од сите земји населени со Бугари.
........... Потрудете се да пронајдете белешки од истиот дневник па може да се дебатира подоцна!


Изменето од macedon_alex - 27.Јуни.2009 во 00:50
Homo homini lupus est...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 22:44
Да се дебатира ама што,дали энаеме ние воопшто кои сме,ај энаеме сега според Мисирков дека Србите и Бугарите биле едно ама ние эар и ние сме едно па сега стануваме две
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 13:19
Тука се делата на Мисирков, кои се прифатливи за македонизмот. Зошто ги нема другите?

Дела
За Македонцките работи, фототипно издание (1903)
За Македонските работи, прилагодено на современиот правопис (1903)

Статии
К . Мисирков: Антируските демонстрации во Софија објавено во „С.-Петербургскија Ведомости“ во мај 1901 година.
К . Мисирков: Македонија и славјанството.Писмо до читателите на „Славјанскија Известија” Петроград,, 1.5.1914, 146-147
Говор на претставникот на Македонците К. Мисирков одржан на општословенското собрание во Одеса на 6 Август 1914 г
К. Пелски : Македонски и Болгарски национали идеали, „Македонскиј голос (Македонски глас)”, II, 10, 13.8.1914, 10-14.
К. Пелски: Борба за автономија, „Македонскиј голос, (Македонски глас)”, II, II 29.11.1914,205-207.
К. Мисирков-македонец, Македонска култура, „Мир“, XXX, 7155, 19.IV.1924, 1.
К. Мисирков: Патот на примирението, „Илинден”, V, 5, Софија, 30.1. 1925, 2.
К. Мисирков: Македонски национализам, „Мир” XXXI, 7417, Софија, 12.3.1925, 1.
К. Мисирков: Самоопределението на македонците, „Мир", 7427, 25. III 1925, 1.



Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 15:26


Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 13:55
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Да се дебатира ама што,дали энаеме ние воопшто кои сме,ај энаеме сега според Мисирков дека Србите и Бугарите биле едно ама ние эар и ние сме едно па сега стануваме две


Србите и бугарите биле еден народ? на тоа мислиш?

Јас лично не би го земал Мисирков како “татко на нацијата“, како милува Герогиевски да каже, бидејки дневникот што го читав е шокантен со голем Бугаризам во него...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 14:02
Buggyman, врати се две-три страни поназад. Дебатирано е зошто е тоа така во дневникот.


Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 19:45
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Buggyman, врати се две-три страни поназад. Дебатирано е зошто е тоа така во дневникот.


Прочитав и немам поим за што се дебатира, доволно ми е да прочитам се што пишува Мисирков за да се разбере. Толкувањето на Мисирков е индивидуална работа, извлекувањето на заклучоци исто така, но тоа тој што го пишува мене повеќе ми укажува на Бугарски корени.

Изменето од Buggyman - 04.Јули.2009 во 19:46
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 14:43
Сакаш М_А фототипни документи? Ете ти стр.105 од „За македонцките работи“
Тоа мислам е и поентата на целата книга на Мисирков.


Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 16:43
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Сакаш М_А фототипни документи? Ете ти стр.105 од „За македонцките работи“
Тоа мислам е и поентата на целата книга на Мисирков.




Черчетатор, многу убаво се си е кажано од Мисирков. Зар самото тоа што ги одвојува Македонците од Бугарите во секоја негова реченица не кажува многу? Зар со самото тоа што кажува дека треба да ги пресечеме врските со Бугарите не е доказ дека ние имаме некоја врска, меѓутоа не сме идентични со вас Бугарите?
И на крајот убаво кажува, ние Македонците да се обединиме меѓу себе, а не со другите народи. Ако бевме исти со Бугарите ќе кажеше само со Бугарите, ама овде говори за други народи. Како што постоела врска со Бугарите, значи постоела врска и со другите народи.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 17:19
Јас ти дадов еден текст, каде мислам е поентата на целата книга. Коментирај конкретно тоа, а не по принцип.

Тука е кажано зошто треба Македонците да се сепарираат од Бугарите.

Или дележ на Македонија, или поставување на македонското прашање на неутрална, чисто македонска основа.
Тоа е!
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 17:22
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Јас ти дадов еден текст, каде мислам е поентата на целата книга. Коментирај конкретно тоа, а не по принцип.

Тука е кажано зошто треба Македонците да се сепарираат од Бугарите.

Или дележ на Македонија, или поставување на македонското прашање на неутрална, чисто македонска основа.
Тоа е!


Па конкретно тоа коментирав. Ајде види си го текстот што си го приложил и види дали се споменуваат и врски со други народи или не. Ако се споменуваат , тоа значи дека Македонците имале врски и со други народи, не само со Бугарите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.