|
Почина МАЈКЛ ЏЕКСОН |
Внеси реплика | страница <1 678910 13> |
Автор | |||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Штом така, респект за нив што му оддале толкава почит на великанот.
|
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секоја чест за дечките.
|
|||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И еве ги ужалениве, почнаа да се јавуваат...
Таткото на Мајк Џексон порача во јавноста дека тој и неговата жена се единствени кои треба да одлучуваат за наследството на нивниот син.
Во соопштението прочитано при доделувањето на наградата БЕТ, Џо Џексон неведе дека тој и неговата жена Кетрин се единствените кои имаат лично и правно овластување да делуваат, за прашањата кои се врзани за нивниот син и неговите деца. Џо Џексон ненајавено се појави на доделувањето на наградите БЕТ кои беа во знакот на неговиот син. Џо Џексон и другите роднини на покојниот пејач, се наоѓаат на семејниот имот во Енсини, пред кој се наоѓаат голем број на обожаватели на Мајкл Џексон и претставници на медиумите кои очекуваат некои нови информации поврзани со Џексон. Џексоновиот татко изјави дека сега негов најголем приоритет ќе бидат внуците, двете момчиња и едно девојче. „Тие се со нас и знаат дека нивниот татко е починат“...........!!! |
|||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мајкл Џексон во моментот на смртта имал само 40 килограми
Мајкл Џексон во времето на смртта на неговите 177 сантиметри висина имал само 40 килограми, а во желудникот имал само остатоци од лекови, но не и храна, покажуваат деталите од аутопсијата, јавува таблоидот „Сан“. Оваа загуба на тежината на некогаш атлетски градениот Мајкл Џексон, како и фактот дека јадел само еден скромен оброк на ден, упатуваат на анорексија. По телото имал повеќе лузни од „најмалку 13-те пластични операции“, носната р’скавица речиси му исчезнала, а десната страна на носот целосно му била уништена, пишува „Сан“. Кралот на поп-музиката, според „Сан“ бил целосно ќелав, а кога починал на главата имал перика. Делот над левото уво му бил целосно ќелав и таму имал голема лузна, што се смета дека е последица на несреќата во 1984 година, кога за време на снимањето на реклама за Пепси му се запалила косата. Од обидите за реанимација имал скршени ребра, а во близината на срцето се регистрирани четири убоди од инјекции, најверојатно од инјектирањето на адреналинот. Неговите колкови и рамена биле избодени со лузни од игли, што се смета дека е последица на инјектирање на аналгетици. Експертите велат дека чудно тоа што лекарите кои биле околу него и кои сигурно добро знаеле да извршат реанимација, направила грешка при масирање на срцето додека тој бил на креветот. При пружањето на прва медицинска помош се вели дека жртвата се става на рамна површина, односно на земја. Тоа е првото нешто што го посоветувал операторот во Брзата помош, кој примил повик од домот на Мајкл Џексон. Дополнителна штета најверојатно е направена со интубацијата и ставањето маска за кислород за време на реанимацијата |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Објавени фотографии 48 часа пред смртта на Џексон
Во јавноста излегоа фотографии од Мајкл Џексон снимени два дена пред неговата смрт. Тој изгледа одлично на сцената, но 48 часа подоцна Мајкл почина во неговиот дом. Фотографиите се направени во Стејплс Центарот во Лос Анџелес на пробата за престојаната турнеја на која требаше да содржи 50 концерти во лондонската О2 Арена. - Тој се подготвуваше за концертите и планираше да направи огромно шоу. Мајкл се смееше и шегуваше со неговите танчери и тешко ми е да сфатам дека по 48 часа почина. Џексон изгледаше дека е полн со енергија, изјави извор кој присуствувал на пробата. Фотографот Кевин Мазур кој ги направил фотографиите рече дека Мајкл на сцената изгледал магично. Според некои шпекулации Џенет Џексон може да го заземе местото на Мајкл и да настапи на концертите во О2 Арената. Промотерот на турнејата разговарал со Jackson 5 да настапат со Џенет во Лондон. Точниот датум за погребот на Мајкл сè уште не се знае, иако од семејството на пејачот најавуваат дека тој ќе биде погребан престтојниот викенд. Извор близок до семејството изјави дека мајката и таткото на пејачот сакале приватен погреб, но сепак биле свесни за ситуацијата со обожавателите и поради тоа се откажале од идејата. Според последните информации на погребот веројатно ќе присуствуваат повеќе од 200.000 луѓе. |
|||
|
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мајкл Џексон не бил педофил
Свет, 30 јуни (Нетпрес) - Момчето кое го обвинуваше кралот на поп музиката за педофилија, наводно признал дека во 1993 година лажел, а на тоа го наговорил неговиот татко.
But, you already did, litle moron. I hope you never get that feeeling of guilt out of your mind to the rest of your missarble live.
|
|||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Цел ден го слушам |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од
првата вест за смртта на пејачот минатиот четврток до вчера во светот
12 лица си ги одземале животите а во пораките што ги оставиле напишале
дека тоа го прават заради Мајкл Џексон. Една девојка дури напишала дека
сака да абортира зошто веќе го нема нејзинито идол
Продуцентот Рафлет фан Ексел испратил вчера порака преку свештеникот Џеси Џексон, инаку пријател на семејството на Мајкл Џексон, дека само за седум часови се самоубиле седум фанови на Кралот на попот. „Ова е време во кое ни е тешко на срцата Чувствуваме голема болка но имаме и голема причина за славење на животот на Мајкл. Мајкл го радуваше кога пееше ’Ние сме светот’. Немојте да се уништувате.“, изјавил пасторот Џеси Џексон. Само во Австралија отворените линии за превенција на самоубиства дневно примаат десетина телефонски повици од обожувачите на Мајкл Џексон. Гери Тејлор, сопственикот на интернетската страница на клубот на обожувачите на пејачот, напишал дека Мајкл би им порачал дека тој сакаа тие да живеат. Според него, треба да се сфати сериозно дека тие луѓе минуваат низ траума, но дека Мајкл никогаш не би се согласил со вакво нешто. И интернетската страница за психолошка помош, Yahoo Answers јави дека прима многу сериозни пораки од обожувачи на Џексон. На пример, една жена која две години се обидувала да забремени со нејзиниот сопруг и на крајот успеале во тоа, напишала дека сега сака да абортира – бидејќи не сакала детето да и расте во свет без Мајкл Џексон. Е стварно секакви будали живеат не светот! |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Малку е невкусно за мене, ама некој така сака. Снежана од сказната Снежана и седумте џуџиња ја ставиле во стаклен сандак, така сега и Мајкл Џексон. Атракција, заработувачка или вистинска жал по идолот?????
Мајкл Џексон во стаклен ковчег пред фановите |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Oд пост мортем наодите не е тешко да се заклучи дека на Мајкл му била потребна психијатѕриска помош, можеби од поодамна, зашто тој иако на сцена изгледал магично повеќе од очигледно е дека внатрешно бил скршен.
Бил осамен, тоа го кажа во едно неодамнешно интервју, многу осамен, призна. Имал само 40-45 килограми, а јадел еден оброк дневно, останатото време се клукал со лекарства. Којзнае колку страдал, а сите мислат дека “ѕвезда“ не може да биде ранлива и скршлива. Да поработел некој сериозно со него од поодамна, уште кога почна да станува зависен од пластичните хирургии, можеби се ќе имаше поинаков исход. Можеби, а можеби и не, зашто како инаку ќе се вивнеше во легендите како Елвис, Мерлинка, Џејмс Дин? Живи брзо-умри млад и буди леп леш. Слава му |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Гери Тејлор, претседател и сопственик на MJJcommunity.com, најголемиот интернет фан клуб на покојниот пејач, за Sky News изјавил: 'Претпоставувам дека досега 12 фанови извршиле самоубиство веднаш по дознавањето на Џексоновата смрт. Тоа што го направиле е навистина грозно, бидејќи сум сигурен дека Мајкл би сакал да живеат.' По дознавање за смртта на Џексон повеќе луѓе се обиделе да извршат самоубиство, но на крај им преовладал разумот.
За да се спречат понатамошните самоубиства, Џес Џексон, Мајкалов близок пријател, на Youtube публикувал краток филм на кој ги моли фановите да престанат да мислат на најлошото: 'Ова е време кога нашите срца се преполни со тага и болка, но всушност сега треба да го славиме Мајкаловиот живот.' Porakata na Dzesi Dzekson do fanovite na Majkl, VIDEO;
Message From Jesse Jackson & Raffles van Excel to MJ Fans
(Ova navistina ne e normalno od strana na negovive fanovi )
|
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Внеси реплика | страница <1 678910 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |