![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 55> |
Автор | |
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Button: Јас сум најдобар возач на сите времиња
![]() Водечкиот во овогодинешниот шампионат на Формула 1, Британецот Jenson Button, мртов-ладен, се прогласил за најдобар возач во историјата на својот спорт. Во интервју за јулското издание на магазинот GQ, Button на прашањето кој го смета за најдобар возач во историјата како од пушка одговорил:„Јас, јас сум најдобар“. Иако британските медиуми, кои ја пренесоа оваа изјава, не наведуваат детали, за претпоставка е дека Британецот одлучил да се пошегува. Одговарајќи на прашањето за сонародникот Lewis Hamilton, минатогодишниот првак, Button рекол: „Не ме интересира кој победува ако тоа не сум јас. Сакам да победувам и љубоморен сум на сите други кои победуваат. Но, титулата на Hamilton беше добра и за мене бидејќи го насочуваше вниманието на британските медиуми на него, а јас можев да се спремам за оваа сезона“. Button во болидот на Brawn-Mercedes победи во шест од осум трки од оваа година и со 64 поени убедливо води на Ф1 табелата. najdobar si ako se lazime ![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВАТАНЕН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИА
![]() Поранешниот светски рели првак Ари Ватанен потврди дека ќе се кандидатира за Претседател на ФИА на Октомвриските избори. "Одговарајќи на барањата на многубројните авто-мото асоцијации членки на ФИА, јас решив да се кадидатирам на претседателските избори во ФИА, во Октомври оваа година", изјавил Ватанен. Мислам дека е време за промени. Мој главен фокус ќе биде помирувањето внатре во ФИА, транспарентност во работата. Должност на претседателот е да се заштитат милијардите автомобилисти и авто-мото спортот." Ватанен ја донел оваа одлука како последица на неизвесноста за тоа дали моменталниот Претседател Макс Мозли ќе се номинира повторно за оваа функција или нема да го направи тоа. Од ФОТА сакаат Мозли да замине, па затоа со носителот на Ф1 комерцијалните права, ЦВЦ се обидуваат да постигнат договор со кој ќе се гарантира заминувањето на Макс Мозли, како би се осигурала иднината на Ф1. Следен чекор на Ватанен сега треба да биде доставување на список од 22 члена кои ќе пополнат одредени места во структурата на ФИА, ако тој биде избран. |
|
![]() |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тимовите од Ф1 ја бојкотираа средбата со ФИА
![]() Изненадувачки, ФИА им даде до знаење на членовите на ФОТА дека немаат право на глас и не можат да учествуваат во дискусијата околу новите правила бидејќи не фигурираат во конечниот список за 2010 година. Откако го разбраа тоа, сите претставници на ФОТА демонстративно ја напуштија средбата. "Соопштението на ФИА, дека ќе немаме право на глас е нешто ново, бидејќи на 24 јуни успеавме да се договориме со нив и бевме вклучени во списокот. Тогаш најдовме решение и за многу посложени работи, а сега наеднаш не нема на фамозниот список", објаснија од ФОТА. На средбата на Нирбургринг освен членовите на ФОТА - Ферари, Мекларен-Мерцедес, Рено, Тојота, БраунГП, БМВ, Ред Бул и Торо Росо, присуствуваа уште и Вилијамс-Тојота, Форс Индија и трите нови тима Манор, Кампос и УСФ1. Како што е познато, Макс Мозли пред некој ден писмено ги извести екипите на ФОТА дека не можат сами да ги определат правилата освен ако нема апсолутен консензус меѓу сите екипи. Друга главна пречка во целиот настан беше изјавата на ФИА која вели дека од следната сезона ќе воведе буџетско ограничување за секоја екипа од 40 милиони фунти. Иако многумина мислеа дека војната меѓу ФИА и ФОТА е завршена, ни оддалеку не изгледа така. Кризата се повеќе се продлабочува и сигурно ќе се одрази врз трките на најелитното автомобилско натпреварување. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Екипите не можат сами да ги одредуваат правилата
![]() Асоцијацијата на тимови во формула 1 (ФОТА) не може сама да ги определи правилата за 2010 година освен ако нема согласност и на тимовите и на организацијата. Осумте тима на ФОТА ќе треба да се сретнат на Нирнбургринг со претставниците на Форс Индија, Вилијамс и трите нови екипи за да ги разгледаат плановите за следната сезона. Од ФИА се едногласни, потребен е апсолутен консензус меѓу противничките екипи за промена на правилата. Претседателот на федерацијата на ФИА, Макс Мозли, прати писмо до сите учесници со изјава: "Како што знаете, според член 66 од меѓународниот спортски правилник, не може да се променат веќе публикуваните правила без одобрение на сите учесници во првенството. За тоа ќе ве советувам да одржите состанок со ФОТА и да побарате спогодба од сите тимови. Кога ќе го завршите тоа, ќе треба веднаш да ја известите ФИА за правилата да бидат публикувани", заврши Мозли. Во друго писмо испратено до Лука ди Монтеѕемоло, на тимовите членови на ФОТА им се препорачува строго да се придржуваат кон правилата и ги потсетува дека не смеат да вршат никакви измени без да биде известена ФИА. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Жак Вилнев планира враќање во Формула 1?
![]() Поранешниот светски шампион во Формула 1, канадскиот возач Жак Вилнев најави можност за враќање во ова натпреварување. Вилнев, кој во 1997 година беше светски првак во болидот на Вилијамс, последната трка во Формула 1 ја извозе во 2006 година. "Јас сум возач и секогаш ќе бидам. Затоа, размислувам за враќање во Формула 1", изјави 38 годишниот Вилнев, кој веќе разговарал со една екипа од Формула 1, но не сакаше да открие за која станува збор. "Не можам да кажам што ќе се случи, но имам желба повторно да возам во Формула. Денешните болиди се поатрактивни за гледање, а верувам дека наредните години ќе бидат уште побрзи", додаде Вилнев. Во минатите три години, Вилнев возеше во натпреварувањето НАСКАР, кое е многу популарно во северна Америка. "Формула 1 престана да биде интересна кога ја напуштив. Всушност, полоша беше атмосферата надвор од патеката. Многумина се врзаа со компјутерите, а само половина час дневно проаѓавме со инженерите". Вилнев во Формула 1 возеше од 1996 до 2006 година и во тој период оствари 11 победи. |
|
![]() |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Formula 1 se vraka na Suzuka
Трката од шампионатот во Фромула 1 за големата награда на Јапонија од 2010 година нема повеќе да се вози на стазата Фуџи спидвеј Инаку во сопственост на Тојота, бидејќи оваа автокомпанија сака да ги намали своите трошици поради светската економска криза. На оваа стаза се одржаа последните две трки за Големата нафрада на Јапонија, а во периодот од 1987 до 2006 година трките се возеа на стазата Сузука. која судејќи по се, повторно ќе му биде домаќин на "најбрзиот циркус на светот". |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Slednata sezona vo F1 i dve pripadnicki na ponezniot pol? |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Подобро диктаторство отколку демократија?
![]() Берни Еклстоун е мета на напад на еврејските здруженија откако во интервју за Тајмс изјави дека демократијата не е најдобро решение за сите ситуации, како и дека Адолф Хитлер бил добар пример за тоа како една работа треба да биде завршена! Промотерот на Формула 1 од својот пријател Макс Мозли (како претседател на ФИА) ги откупи правата за емитување на спортот во следните 99 години, при што се знае дека овој е син на Сер Освалд Мозли, претседателот на Фашистичката странка на Британија пред Втората светска војна. Еклстоун во интервјуто застанал во одбрана на Мозли, тврдејќи дека никој нема право да го осудува за приватниот сексуален живот, кој излезе на виделина кога еден таблоид од Англија објави слики од него и пет проститутки во униформи од нацистички логор. Сепак, кога се појави скандалот тој побара Мозли да даде оставка, по што нивните односи се заладија. Имајќи предвид дека во октомври ќе се спроведат избори за наследник на Мозли (доколку се повлече како што најави), очигледно е дека Берни сега настојува да биде што е можно поласкав кога е во прашање неговиот пријател, па дури би сакал да го види и како премиер. - Луѓето можат да прават што сакаат. Го знам Макс повеќе од 40 години и немав идеја дека е инволвиран во ваква работа. Поточно, му реков „Бев поканет на сите твои состаноци, но заборави да ме поканиш на овој“. Преферирам силни лидери. Маргарет Тачер носеше одлуки во од и ја вршеше работата. Таа беше една од оние кои ја изградија оваа земја пополека. Сега ја пуштивме да оди надолу. Овие момци, Гордон и Тони (актуелниот и поранешниот премиер, н.з.) се трудат да ги задоволат сите, постојано. Макс би бил супер лидер. Мислам дека неговиот бекграунд нема да биде проблем,- тврди Еклстоун, но натаму разврзува на други политички теми. – Политичарите се често загрижени за изборите. Направивме грозна работа кога ја поддржавме идејата да се тргне Садам Хусеин, бидејќи тој беше единствениот што можеше да ја контролира таа земја. Исто е и со Талибанците. Одиме во земји каде што немаме поим за нивната култура. Американците во Босна веројатно мислеле дека тоа е град во Мајами. Има луѓе во Африка кои се прегладнети, но ние седиме и не правиме ништо, а се инволвираме во работи кои треба да ги оставиме на страна. На прашањето дали има омилен диктатор, Еклстоун не се двоумел многу, иако му биле понудени имињата како Сталин и Мусолини. - Меги (Тачер, н.з.) си замина... На м,ногу начини, иако е страшно да се каже, надвор од фактот дека Хитлер се занел и продолжил да прави нешта за кои немам идеја дали ги сакал или не, тој беше некој што можеше да командува многу луѓе кои беа способни да ја завршат работата. На крајот, се загубил и не бил многу добар диктатор. Или знаел што се случува и инсистирал на тоа, или само продолжил покрај тоа, но и во двата случаи не бил диктатор. Од друга страна, Берни ги осудил расистичките испади во Шпанија против Луис Хамилтон. - Ако уште еднаш направат нешто, ќе одам и ќе ги најдам, а потоа ќе ги натерам да дојдат и да се сретнат со Луис,- тврди 78-годишниот Еклстоун, кој го оправдува возачот на Мекларен што поради даночни причини заминал во Швајцарија. – Ако работиш напорно, те оданочуваат повеќе. Би сакал да се ослободам од тоа. Има доста работни места ако луѓето ги сакаат. Овие луѓе се гребатори,- тврди седокосиот бизнисмен. Тој исто така целиот свој бизнис го имаше регистирано на сопругата Славица, поради помали даночни зафаќања, но со неа се разведе во март. Тој тврди дека биле среќни, иако таа тврдела дека поради работата го запоставил семејството. Во интервјуто открива дека ќерките Петра и Тамара го повикувале секој ден за да прашаат дали се храни, а тој тврди дека знаел да приготвува само салати. Но, од друга страна, открива дека го сака редот. – Мора сите конзерви во фрижидерот да ми бидат подредени. Ако сликата не е остра, мора да ја изострам,- открива Еклстоун, кој предвидиува дека Јужна Америка и Азија ќе ја засенат европската економија. – Европа ќе има економија како земјите од Третиот свет, особено Британија. Во Јужна Америка и Азија работењето е прашање на морал. Овде се сакаат бесплатно. Би требало да ја водиме земјата како бизнис, а не како социјална грижа,- завршува Берни, откривајќи дека одбил да биде дел од аристократијата со тоа што не ја прифатитил титулата „Командир на Британската империја“. f1almanah.com |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Забраната за дополнување по планираното
![]() Иако овогодинешните правила во основа ќе останат непроменети и во 2010 година, предложените правила за забрана за дополнување на гориво за време на трката сепак ќе бидат воведени следната сезона. Бидејќи дојде до примирје помеѓу асоцијацијата на тимовите на Ф1 – FOTA и управувачкиот дел во овој спорт – FIA минатата среда, решено е „правилата во 2010 година да бидат со регулативите од 2009.“ Бидејќи тимовите веќе започнале со работа на болидите за следната сезона засновани на забраната за дополнување со гориво, тоа правило ќе биде спроведено по планираното, изјави шефот на McLaren Martin Vitmarsh, за новинарите. „Сигурен сум дека забраната за дополнување на гориво се воведува. Сите се сложивме околу тоа уште во претходните фази бидејќи претставуваше фундаментална основа за дизајнот на болидите.“ Martin признал дека McLaren засега го завршил основниот концепт на болидот предвиден за 2010 година, со значително поголем резервоар за гориво. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ф1 од 2011 во Бугарија?
![]() Претставници на бугарскиот автомото сојуз следната недела ќе имаат состанок со сопственикот на комерцијалните правата на Ф1, Берни Еклстоун, во Германија и ќе се обидат да го договорат доаѓањето на најелитната автомобилистичка трка во својата земја во 2011 година. Од следната година во Бугарија ќе возат најдобрите светски рели тркачи, а со МотоГП е договорена петгодишна соработка со старт од 2012 година. Претставникот на автомото сојузот на оваа балканска земја, Румен Петков, ќе разговара со Еклстоун на трката на Нирбургринг и се надева дека ќе успее да договори соработка со која Бугарија ќе се најде на календарот на Ф1 од 2011 до 2015 година, со можност на продолжување на соработката до 2020 година. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ферари ги отфрли шпекулациите околу Алонсо
![]() Голем број написи низ медиумите тврдеа дека Фернандо Алонсо на големата награда на Италија ќе биде назначен за нов член на Ферари, сепак, челниците на италијанскиот гигант побрзаа да ги демантираат овие информации. Низ шпанските медиуми во петок информираа дека на 11 септември во пресрет на големата награда на Италија во Монца, Фернандо Алонсо и официјално ќе биде претставен за нов член на Ферари. "Не сакаме да си го губиме времето околу коментирањето на вакви шпекулации. Сите знаат дека Фелипе Маса и Кими Раиконен имаат договори до 2010 година", изјави портпаролот на Ферари. Главен проблем во целата приказна би претставувал фактот што еден од актуелните возачи Маса и Раиконен би морал да биде "шутнат" од тимот иако имаат важечки договори. Меѓутоа, шпанските медиуми се уверени дека целата оваа приказна е вистинита и дека Ферари кон средината на ноември ќе направат своја фешта за обележување на крајот на сезоната во Валенсија и на тој начин да му искаже благодарност на новиот спонзор, шпанскиот Сантандер кој ќе ги прати во 2010 година, а во пакет ќе пристигне и Алонсо. Според пишувањата на шпанскиот Диаро АС, возачот на Ферари би добил договор до 2014 година. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Алонсо сигурно во Ферари, Кими размислува за рели трки?
![]() Шпанските медиуми повторно ги кренаа шпекулациите дека има договор меѓу нивниот миленик Фернандо Алонсо и тимот на Ферари и дека деталите ќе бидат објавени на 11 септември на Италијанското ГП во Монца. Двократниот светски шампион, кој настапува во Рено, веќе подолго време е поврзуван со италијанскиот тим и не ја крие желбата да настапи во црвен болид, а традиционално во Монца се соопштуваат многу важни работи околу Ферари. Шампионот од 2005 и 2006, по двете титули со Рено си замина за Мекларен, каде што имаше контроверзна сезона 2007 во која јавно не се согласуваше со британскиот колега Луис Хамилтон и со шефот Рон Денис, за на крајот да се врати во Рено, каде што очигледно не е задоволен од слабата форма на тимот. Покрај ова се верува дека тој има клаузула во својот договор со која може да си замине на крајот на сезоната. Шпанскиот Диарио АС посочува дека Италијанското ГП е често сцена на комерцијални соопштенија од Ферари за следните сезони, а покрај трансферот на Алонсо би се случило и доаѓање на шпанската банка Сантандер како главен спонзор. Шпанците тврдат дека Алонсо ќе добие договор до 2014 година, но дека главното прашање е кој од двајцата сегашни возачи на Ферари, шампионот од 2007 Кими Раиконен и вицешампионот од минатата сезона Фелипе Маса е подготвен да си замине. ![]() КИМИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА РЕЛИ ВРЦ ДЕБИ Од друга страна Раиконен ќе дебитира во Рели ВРЦ шампионатот против возачи како Себастиен Леб и Мико Хирвонен на своето домашно Финско рели на крајот на јули. Шампионот од 2007 веќе се натпреваруваше на три релија оваа година, а сега ќе вози со Фиат Абарт Гранде Пунто и сонародникот Кај Линдстром како со-возач. Линдстром претходно беше со-возач на четирикратниот светски шампион Томи Макинен. "Финското рели е едно од потешките. Релијата кои ги возевме со Кими беа помали, но сега се работи за супер-долго тридневно рели со голем интензитет. Имаме два дена да ги направиме забелешките за патеките, но Кими го прави тоа одлично. Многу е талентиран и сигурен сум дека нема да има проблеми", вели Лидстром. Финското рели стартува во петокот по Унгарското ГП во Будимпешта на 26 јули. 29-годишниот Раиконен има настап на две локални релија во Финска и едно во Италија на стартот на годината. Тој има само 10 поени од осумте ГП трки оваа сезона. ЗАУБЕР ГО САКАЛ БАТОН ВО 2002? Џенсон Батон многу лесно можеше да се најде зад воланот на БМВ Заубер. Основачот на швајцарскиот тим, Петер Заубер во последната колумна за швајцарскиот Блик напомена дека се обидел да го земе Британецот на крајот на сезоната 2002. "Батон влезе во 2000 во формула 1 како супер-талент. Но, некако потоа успеваше да најде вистински тим во погрешно време. Тогаш ѕвездата не сјаеше толку силно", вели Заубер, кој го продаде тимот од Хинвил на почетокот на 2005. По две лоши сезони во Бенетон/Рено, шефот Флавио Бриаторе го "шутна" Батон за Фернандо Алонсо, и Британецот заврши во БАР на Дејвид Ричардс. Тој тим потоа стана Хонда, а сега Браун. "На почетокот на 2002 се обидов да го донесам Батон во Швајцарија, но тоа не успеа. Ми се допаѓа бидејќи е навистина добро момче", признава Заубер. ФОТА сака трка во Северна Америка Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) се обидува да добие трка во САД, откако спортот веќе две години нема Американско ГП на календарот. Според ФОТА, тркањето во САД е "апсолутно неопходно" за формула 1. Откако последен пат се тркаа во Индијанаполис во 2007, минатата година се одржа и последната трка во Монтреал за Канадското ГП, што значи дека оваа година Ф1 нема да патува во Северна Америка, клучен пазар за автомобилската индустрија. "Трка во САД е апсолутно неопходна. Северна Америка за нас претставува дел од нашата историја со многу важни победи за Ферари во Себринг и Дејтона", вели претседателот на Ферари и ФОТА, Лука ди Монтеѕемоло. Откако се вратија во САД во 2000, трката во Индијанаполис имаше серија проблеми. Во 2001 година тоа беше првото интернационално спортско натпреварување по терористичките напади, а во 2005 година таму се извозе една од најбизарните Ф1 трки, кога само шест болиди излегоа на патеката, откако Мишелин објави дека нивните гуми не се безбедни за трка. "Се сеќавам на некои победи на Михаел Шумахер во Индијанаполис кои беа фантастични. Сакаме да се вратиме дека ги сакаме САД, и дека тоа е нашиот најголем пазар", додава Монтеѕемоло. ![]() Роси: "Тоа се разговори за со кафе!" Мото ГП светскиот шампион Валентино Роси повторно ги отфрли последните шпекулации кои го поврзуваат за трансфер во Ф1, како "разговори за со кафе", иако самиот беше цитиран дека би можел да вози трет болид на Ферари за две години. Роси стигна до јубилејните 100. победи во Асен минатиот викенд, по што посочи дека е можно во 2011 да направи трансфер во Ф1. "Се работи за обичен разговор за со кафе, кој е направен за да се стимулира имагинацијата на фановите. За 2010 имам договор со Јамаха, а с$ уште не сум направил одлука за трансфер. С$ ова почна кога бев брз на некои приватни тренинзи, но едно нешто е да си солиден на тренинзите, а друго е да се натпреваруваш во формула 1", вели Роси, кој има и неколку настапи во Рели ВРЦ трки, последен пат во декември на Велшкото рели. Ф1 ФЛЕШ Марк Вебер ја пополнува тринеделната пауза во Ф1 календарот со нова авантура. Тој прво беше на супербајк трки, пред да оди на тренинг со австралискиот крикет тим предводен од неговиот сонародник и добар пријател Рики Понтинг. "Рики ме покани, така што се работеше за добра шанса да се видиме", вели возачот на Ред Бул, кој ќе го посети и Вимблдон. Дизајнерот на неговиот тим, Адријан Њуи, пак, минатиот викенд настапуваше на Бриткар трката во Спа-Франкоршамп. Карлос Гарсија, шефот на Шпанската автомобилистичка федерација и член на Светскиот совет на ФИА, се сомнева во шпекулациите дека претседателот на ФИА, Макс Мозли, го подготвува поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод како замена. "Доколку Макс не полудел повеќе отколку што мислев, нема да го поддржи Жан бидејќи сите знаеме од каде тој доаѓа. Не го поддржувам Макс до смрт, но Ди Монтеѕемоло претера. Нема да ме изненади Макс да остане уште за еден мандат", додава Гарсија. Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, инсистира дека двајцата возачи Себастијан Фетел и Марк Вебер се еднакви во битката за титулата. По осум трки, Фетел има две победи и е трет во генерален пласман со само 3.5 поени пред Вебер на четвртото место. "Нема возач број 1 кај нас. На болидите се работи паралелно и така ќе остане до крајот на сезоната", вели Хорнер. Рос Браун вели дека неговиот тим ќе мора да направи голем чекор напред во перформансите на Германското ГП за да се одбрани од предизвикот од Ред Бул. "Тие се блиску до нас цела сезона, така што мораме да пронајдеме екстра перформанси по Силверстоун. Дали сега имаме вистинска битка пред нас? Да, јас го кажував тоа цело време", вели шефот на Браун ГП. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Новаците Мејнор велат дека "одат на жив песок"
![]() Шефот на новиот формула 1 тим, Мејнор Гран При, Џон Бут призна дека подготовките за нивната прва сезона во шампионатот се како "одење на жив песок". Тимот од јужен Јоркшир е прифатен за следната сезона заедно со американскиот проект УСФ1 и шпанскиот ГП2 тим Кампос, но откако апликацијата им беше прифатена, иднината на спортот стана неизвесна поради битката на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) и претседателот Макс Мозли со осумте актуелни тима собрани во Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА). Според првиот план за влез, тимовите требаа да имаат ограничен буџет од 40 милиони фунти, но сега по "мирот" меѓу ФИА и ФОТА тоа е неизвесно и може да го остави тимот со с$ поголем буџет и на крај со повлекување од спортот. "Секогаш кога ќе помислите дека некои работи се средени, с$ се менува од почеток - како да одиме на жив песок. С$ додека не го видиме Конкорд договорот, не можеме да коментираме ништо. Недостатокот на ограничен буџет е многу голем проблем, но бидејќи се обврзани да ги намалат трошоците би требало с$ да биде в ред", вели Бут. Тој признава дека најверојатно не би аплицирал во шампионат под правилата од 2009. "Најверојатно не. Но, дали навистина остануваме на правилата од 2009? Нема да има дополнување гориво и тоа е многу важно, но за другите работи навистина не знаеме што ќе се случи", додава Бут. Добра вест за него може да се шпекулациите дека Ричард Бренсон по "експериментот" со Браун ГП оваа сезона, следната година брендот Вирџин ќе го пресели токму во Мејнор Ф1 тимот. Проблемот е што со фантастичниот успех на Џенсон Батон и на Браун тимот, цената на спонзорство на тимот одеднаш скокна и за разлика од 250.000$ по трка, како што беше на почетокот на сезоната, сега се бараат далеку повеќе пари. "Вредноста на Браун скокна од ништо на 50 милиони фунти годишно! Пресреќни сме за нив, но најверојатно следната година цената ќе биде астрономска и ќе мораме да одиме со помал тим", изјави самиот Бренсон за ББЦ. Мејнор тимот вози во Ф3 Евросеријата, а кај себе го има одличниот експерт, Ник Вирт, поранешниот шеф на Симтек. Тие имаат амбициозен проект со кој ќе го имаат првиот болид целосно дизајниран на компјутери со ЦФД технологијата место со воздушни тунели. Во помалите серии Мејнор во своите болиди имаше возачи како шампионите Луис Хамилтон и Кими Раиконен. Ф1 ФЛЕШ Откако нивниот болид победи на 3/4 од сите трки оваа сезона, Алекс Вурц ја откри тајната на успехот на БГП001 машината на Браун ГП. Минатата година, тогашниот тим на Хонда имаше дури пет воздушни тунели на располагање вели нивниот поранешен тест-возач и буџет од половина милијарда евра. "Болидот беше однесен во три различни насоки во воздушниот тунел. Две од нив беа погрешни, така што тимот само се префрли на третата страна. Болидот на Браун најверојатно е најскапиот Ф1 болид со најмал оперативен буџет", вели Австриецот. Хеики Ковалаинен е опуштен во тимот на Мекларен и не е загрижен за неговата иднина како формула 1 возач. Финецот, кој ја вози својата трета Ф1 сезона и втора со тимот од Вокинг вели дека и покрај лошите резултати нема проблем со мотивацијата. "Не знам зошто, но тоа не било проблем за мене никогаш. Знам дека го давам мојот максимум и тоа е доволно", вели Ковалаинен. 38-годишниот Дејвид Култхард вели дека се пензионирал една година предвреме, иако извозе речиси 250 трки во 17 сезони. И покрај двете досегашни победи на неговиот заменик во Ред Бул, Германецот Себастијан Фетел, Култхард вели дека би бил одличен во 2009. "Се прашував дали имам уште енергија за формула 1, но регулативите оваа година без тестирање се навистина лесни. Но, знаев дека Ред Бул го чекаат Себастијан и дека беше време да заминам", додава Култхард. Од Ферари сега се дистанцираат од можноста да настапат на познатата трка на издржливост 24 Часа Ле Ман. Овој месец, претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, направи посета на познатата трка во Франција и најави дека е можно тимот да се пресели од Ф1 на Ле Ман. Но, сега со смирувањето на страстите, Монтеѕемоло вели дека Ле Ман е тежок проект да оди паралелно со формула 1. "Да се тркате на Ле Ман морате да одделите многу месеци за подготовка, тестирање и развивање на автомобил. Тоа е невозможно да се направи ако во исто време сакате да бидете во врвот на Ф1", објаснува Монтеѕемоло. |
|
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |