|
Бермудски триаголник |
Внеси реплика | страница <1 11121314> |
Автор | ||||
Војо Ушевски
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 09.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 149 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Војо Ушевски - 28.Јуни.2009 во 20:07 |
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Раб на изгубениот свет, триаголник на смртта, гробишта на Атлантикот, Зона на самракот, ѓаволски триаголник, бермудски триаголник – сите овие се називи за имагинарно подрачје на Атлантикот, со кои се врзуваат мистериозни приказни за необјасниви исчезнувања на бродови, луѓе и авиони, необични светла, водени вртлози и слични појави.
Станува збор за подрачје во Атлантикот, Сан Јуан во Порторико на Карибите, Форт Лаудердал на Мајами и Бермудските острови го сочинуваат „ѓаволскиот триаголник“. Зависно од изворите, во бермудскиот триаголник од времето на Кристофер Колумбо до денес се случиле од 200 до 1.000 несреќи. Хауард Росенберг, писател заинтересиран од тајните на триаголникот, во текот на 1973 година во своите истражувања собрал податоци за 8.000 повикувања за помош до американската крајбрежна стража, како и податок дека во ова столетие, „ѓаволскиот триаголник“ без трага однел повеќе од 50 бродови и авиони. Бизарните случувања забележани на ова подрачје датираат уште од времето кога Колумбо допловил во близина на брегот на Средна Америка. И самиот Колумбо бил сведок на необични случувања во Триаголникот: при првата пловидба на неговиот брод Нина, Пинта и Санта Марија, во 1942 година компасот полудел, а Колумбо и екипажот виделе чудни светла на небото, за што постојат записи во бродскиот дневник. Таинствените трагедии во бермудскиот триаголник дополнително се припишани и на откритието на бродот Мери Целеста: бродот во 1872 година исчезнал, па потоа е најден напуштен сред море, околу 400 милји надвор од к*рсот Њујорк – Женева по кој пловел пред да исчезне. Немало трага за десетмината членови на екипажот.
Исчезнување на „Летот 19“Најпознатото, пак, случување врзано со бермудскиот триаголник, од кое всушност и започнува модерната легенда, е исчезнувањето на „летот 19“. Тоа се случило на 5-ти декември 1945 година кога пет морнарски бомбардери мистериозно исчезнале на рутинска задача, а исчезнал и авионот испратен за нивна потрага. Вкупно без трага останале 27 луѓе. Ова подрачје како бермудски триаголник го „крстил“ Винсент Гадис во натписот „Смртоносниот бермудски триаголник“, што во 1964 година го објавил во Аргоса.
Интересирањето за феноменот за подрачјето од кое без трага се исчезнува е вистинска еуфорија, кога Чарлс Берлитц во 1974 година го објавил бестселерот Бермудски триаголник. За подгревањето на еуфоријата многу придонеле и мас-медиумите. И денес, бермудскиот триаголник интригира со своите тајни, но скептиците се сè повеќе гласни: нивната теорија е дека е права мистерија како бермудскиот триаголник воопшто станал мистерија. Таинственото и необјаснивото за луѓето отсекогаш било привлечно и интересно, а со таинственоста, чудата и мистериите никако не одат рационалните објаснувања. Но, всушност такви се објаснувањата кои ги даваат скептиците. Што се однесува до Колумбо, според податоците од неговиот бродски дневник, тој полудениот компас го објаснува како отстапување помеѓу географскиот и магнетскиот северен пол. Светлата кои ги опишал како „големи огнени топки“ најверојатно биле метеори.
Светско проклетство!?Пронаоѓањето на бродот Мери Целеста без екипаж исто така може да се објасни: на бродот не е пронајден ниту еден појас за спасување, што наведува да се помисли дека морнарите го напуштиле бродот за време на олујата мислејќи дека бродот нема да издржи. Но, она што најмногу оддалечува од мистерија е фактот дека овој брод е пронајден далеку од бермудскиот триаголник , дури и во близина на крајбрежјето на Португалија. Различни извори, имено, различно ја одредуваат големината на бермудскиот триаголник: тие варираат од 500.000 квадратни милји до трипати поголемо подрачје. Имагинацијата на некои автори во триаголникот ги вклучуваат и Азорските острови и мексиканскиот залив. Му се припишуваат и несреќите кои се случувале на крајбрежјето на Ирска, на Пацификот и Индискиот океан. Така, триаголникот би можела да се нарече не бермудски, туку „светско морско проклетство“, предупредуваат „реалистите“. Оние кои тврдат дека фактите не ја поддржуваат легендата, даваат објаснување и за случувањата врзани со „летот 19“: екипажот на сите пет авиони го сочинувале неискусни приправници, изоставајќи го водачот на патролата, поручникот Чарлс Тејлор, кој тој ден немал желба да лета, па дури сакал и мисијата да му ја препушти на друг. Иако многу брзо увидел дека компасот не функционира, летот го продолжил на слепо, осврнувајќи се на навигацијата спрема земските ориентири. Но, надошле грмотевици, Тејлор бил дезиорентиран и покрај предупредувањата на приправникот дека „запад е на другата страна“, како и не префрлајќи ја врската на чиста радиска фрекфенција, екипажот го одвел на погрешна страна, далеку на Атлантикот. Притоа, им снемало и гориво. Поради тоа, противниците на теориите за чудата во триаголникот, говорат дека „единствена мистериозна сила била силата на гравитацијата која делувала на авионот без гориво“. Вистина е дека не се нашол ни најмал доказ за ниеден авион, но ако поручникот навистина ги однел далеку на Атлантикот, најверојатно паднале на подрачје каде што океанот брзо се полавил. Внатре во бермудскиот триаголник лежи, всушност, девет илјади длабока порториканска дупка, најдлабока точка на Атлантикот, а авионите и бродовите кои таму потонуваат ретко можат повторно да се видат.
Застанати часовиШто се однесува на „мартин маринер“, авионот пратен во потрага, за кој многумина мислат дека исчезнал во бермудскиот триаголник, навистина не се вратил: експлодирал набрзо по полетувањето, што не било необично бидејќи „маринерите“ биле познати по неисправните резервоари за гориво. Од друга страна, повторно, има многу случувања кои се случиле во бермудскиот триаголник за кои навистина е тешко да се најде какво било разумно објаснување. Во тоа спаѓа, меѓу останатото, случајот на патничкиот лет на националниот авиопревозник 727 кој на 10 минути исчезнал од радарските екрани на мајамискиот меѓународен аеродром. По доаѓањето, екипажот одрекувал дека што било се случило, освен што „десет минути летале низ лесна магла“. Меѓутоа, сите саати во авионот доцнеле десет минути, иако ги провериле од аеродромот непосредно пред необјаснетите десет минути „поминување низ лесна магла“. Уште неколку пилоти имале слични искуства со промената на времето по поминувањето низ ненадејна магла, што нормално ја крева цената на објаснувањата кои не се рационални, но можеби и подобро ја објаснуваат мистеријата на бермудскиот триаголник дури и ако се спротивни на природните закони на физиката. Такво објаснување е на пример она за аберантните енергетски полиња кои креираат временски дупки. Уште еден случај кој ја поддржува оваа теорија е оној на помалку среќниот пилот по име Керолин Цасицо и нејзините патници. Керолин, пилот со лиценца, полетала со чартер лет до островот Турк во бермудскиот триаголник. Кога се приближила на островот, персоналот на земјата видел како нејзиниот авион бесцелно кружи. Радиооператорот на аеродромот не добивал одговори на обидите за радиоконтакт, но ги слушнал зборовите кои таа ги разменила со патникот: Не разбирам! Ова би требало да биде Grand Turk, но долу нема ништо. Право е местото на мапата, обликот е прав, но овој остров изгледа како ненаселен: нема згради, нема патишта, ништо! По неколку кругови, се свртела и одлетала. Керолин и нејзиниот патник веќе не се видени. Лошо време? Временска дупка? Киднапирање од вонземјани? Многу теории се обидуваат да ги објаснат случувањата на бермудскиот триаголник.
Што е вистина!?Вонземјаните, делување на кристалите од Атлантида, лоши луѓе со антигравитациски уреди и други чудни технологии, како и вртлози од четврта димензија, теориите се омилени меѓу писателите на фантастика. Меѓу технолошки ориентираните, пак, омилени се теориите за магнетските полиња за океанските флатуленции, односно метански гас од дното на океанот. Меѓу скептиците се движат теориите за времето (бури, урагани, цунами, земјотреси), лоша среќа, гусари, експлозија на товари, неспособност на навигаторот, како и останати природни и човечки причини. Бројот на бродоломи, кажуваат приврзаниците на реалистични објаснувања, на ова подрачје не е необичен кога ќе се спореди со големината на подрачјето, сместувањето и густината на прометот. Многу бродови и авиони, освен тоа, кои се водат како мистериозно исчезнати во бермудскиот триаголник, воопшто не биле во ова подрачје.
Најпознати несреќи во бермудскиот триаголникБермудскиот триаголник од 1945 година „проголтал“ неколку стотини авиони и бродови, како и повеќе од 1.000 луѓе. Покрај најпознатото исчезнување, она на „летот 19“ од 1945 година, несреќи кои предизвикале најмногу интересирање кај јавноста се:
Последно исчезнувањеВо јуни 1997 година на подрачјето на бермудскиот триаголник британската флота пронашла напуштена јахта. Јахтата, како што се покажало подоцна, му припаѓала на Ралф Шилинг и на неговата сопруга, германски пар чие исчезнување е пријавено 10 месеци потоа. Работниците во британската флота забележале чуден изглед на јахтата: била без едро, јажињата виселе, а внатре е пронајдена облека, полни пепелници и отворена книга која изгледала како некој да ја оставил само за момент. |
||||
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ова баш ме интересира, и многу сум читала околу тоа.незнам која причина за сето ова, мене ми е прифатлива, ама дефинитивно некогаш би сакала да поминам оттаму да видам што се случува
|
||||
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
||||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Eve ja tajnata sto se krie tamu, samo mene mi tekna
|
||||
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
p.s.Prevzemeno od makedonski sajt |
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
gotovo znachi!
sega brodovite mozat na raat da si propagjaat i avinite da si pagjaat,. ..se e jasno ! |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
пу ј‘зк ... не биле вонземјани во прашање
|
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
shteta,..navistina!
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Командантица
Сениор Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ГОТОВО?!? ... па време беше |
||||
..Живеам за да умрам..!
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
shto i da e,...nishto ...nadnaravno!
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Џиновска пирамида пронајдена кај Бермудскиот триаголник на длабочина од 2.000 метриАмерикански и француски научници со помош на сонарни истражувања откриле необична подводна пирамида на длабочина од 2.000 метри во Бермудскиот триаголник. Пирамидата во нејзината основа е долга 300 метри, а широка 200 метри. Од основата до врвот на пирамидата има околу 100 метри. Првичните резултати покажале дека оваа структура има перфектно мазна површина, па се претпоставува дека е направена од стакло или некој материјал сличен на стакло- кристал. Некои западни научници претпоставуваат дека пирамидата која лежи на морското дно, можно е првично да била направена на копно, но разурнувачки земјотрес ја променил структурата на земјата и таа потонала на морското дно. Други научници пак, сметаат дека Бермудскиот триаголник пред неколку илјади години бил еден од местата каде што се одвивале главните активности на луѓето од Атлантида. Според Келвин Џонс од државниот оддел за историски ресурси во Флорида, ова џиновско археолошко откритие најверојатно е изградено меѓу 10.000 година п.н.е. и 6.000 година п.н.е. кога тој дел од земјината кора не бил покриен со вода. Со неговата претпоставка се согласуваат и најголемиот број археолози од Флорида. Ајде да видиме и од оваа работа на крај што ќе излезе...И упс за малку ќе заборавев да пренесам што всушност изјавил горецитираниот Келвин Џонс... "It doesn`t sound too real to me," said Calvin Jones of the Florida state Division of Historical Resources. " I'm always open minded because we`re always learning new things. But the idea of a pyramid structure, let alone one made of glass, under more than 10 feet of water -- the chances are about one in a million." Jones said if it is a genuine archaeological find, the pyramid would have to have been built between 10,000 B.C. and 6,000 B.C., when the continental shelf was not covered by water, said Chisholm. |
||||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Откриена вистината за Бермудскиот триаголникВо последните неколку векови, исчезнувањето на бродовите и авионите на територијата помеѓу Флорида, Пуерто Рико и островот Бермуда се сметаше како резултат на мистерија, виша сила или паранормални појави. И покрај тоа што постојат докази и статистики по кои бројот на
исчезнати во областа на Бермудскиот триаголник не се разликува толку
многу со исчезнати лица во целиот океан, факт е дека многу околности
останаа нерешени, па токму поради тоа овој триаголник стана синоним за
Ѓаволски триаголник. Во 1970 година, крајбрежната стража на САД се обидeла да образложи
одредени причини за исчезнувањето во оваа област. Имено, ова не е
единствена област во која се јавува магнетна варијација и отстапување на
курсот дури од 20 степени. Магнетните варијации е нешто кое капетаните
на бродовите добро го знаат и не е нешто кое би можело да ги вознемири. Легендата за овој триаголник почнала да зазема голем зафат во 1950 година, кога Едвард Ван Винкл Џонс напишал статија во весник во кој го опишал исчезнувањето на неколку бродови и авиони во мошне краток период. Како докази образложил исчезнување на пет американски бомбардери кои исчезнале на 5 декември 1946 година, два патнички авиони чие исчезнување е пријавено дури на 30 јануари 1947 година и 17 јануари 1949 година, а пријавени се вкупно 135 лица за исчезнати. Сепак, критичарот Лари Куше тврди дека некои луѓе
навистина ги преувеличуваат своите статистики и дека многу случаи се
сметаат за мистериозни и покрај тоа што биле навистина јасни. Во
обвинувањата тој објави и неколку инциденти кои биле дел од црната листа
на несреќи во областа на Бермундскиот триаголник, а сепак се случиле на
сосема различно место. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Девет страшни факти за Бермудскиот триаголник!Мистериозната област во форма на триаголник се наоѓа во северниот дел на Атланскиот океан, од Бермудските острови па се до Мајами. Во овој мистичен триаголник досега низ историјата исчезнале многу луѓе, бродови, авиони… Причините за овие исчезнувања варираат од научни па се до мистериозни. Ова се деветте шокантни податоци за Бермудскиот триаголник.
Изменето од Valerija - 07.Декември.2015 во 17:44 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
...ima tamu najmalku edna od onie bosanskite piramidi sto imaat nadcovecka mok da unistat se so svojata nadbozja sila... i..iii....to...jasno kako den.
ja do duse nes sum videl ama mi kazuvase eden bratuced kako e toaaa...trijagolnik ...kako piramida sto lici..
|
||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||
Внеси реплика | страница <1 11121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |