IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 55>
Автор
Порака Обратен редослед
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 04:55
Браун го има најскапиот болид во историјата



Поранешниот тест возач на Хонда, Александер Вурц, изнесе неверојатни тврдења во интервју за магазинот Ауто, мотор унд шпорт, вклучувајќи го тука и податокот дека била потрошена половина милијарда евра за развој на болидот за 2009 година.

Екипата која за 2008 година имаше оправдување за слабите резултати поради лошото калибрирање на возушниот тунел, па добиле погрешни резултати за унапредување на болидот, според Вурц имала на располагање дури пет возушни тунели! Тие го „изеле“ и најголемиот дел од буџетот, бидејќи болидот бил анализиран во три развојни правци, од кои што два се покажале како погрешни.
Хонда била шокирана од развојот на глобалната економска криза и решила да го затвори тимот, кој потоа му беше даден на тимскиот шеф Рос Браун преку менаџерски откуп.

Почнувањето од „нула“, значеше дека новиот сопственик ќе мора самиот да најде буџет за да го издржува тимот, што пак резултираше со 170 откази во март, веднаш по првата победа во Австралија.

- Браун го има веројатно најскапиот болид, а има најмал оперативен буџет,- вели Вурц.

Во интервјуто австрискиот пилот му дава на Себастијан Фетел оценка „10 од 10“, но вели дека тој нема да има лесна работа до крајот на сезоната. Проценката на Вурц е дека според перформансите, Браун и Ред Бул се изедначени, па за победите во трките ќе одлучува конфигурацијата на патеката, во смисла која од двете екипи има болид што повеќе одговара на некој автодром.

За Ред Бул е познато дека има добра аеродинамика, што му дава предност во брзите свиоци. Браун, поради својот речиси уникатен концепт со двојниот дифузер, генерира поголема потисна сила, која генерално повеќе им е потребна на болидите кога возат на бавните патеки, што се виде и на трката во Монако, кога Ред Бул беше засенет дури и од Ферари. Во кратки црти, Хокенхајм, Хунгароринг и Валенсија на хартија би требало да се наклонети за Браун, додека Монца, Спа и Сузука би биле повеќе за Ред Бул. На крајот на сезоната се и трките во Сингапур, Бразил и Абу Даби, кои повторно би требало да бидат во корист на Браун, освен доколку развојот на Ред Бул не напредне до тоа ниво за да ја престигне конк*ренцијата убедливо.


f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 04:51
Пет можни наследници на Мозли

Пет луѓе се најсериозни кандидати за претседателската фотелја во ФИА, при што сите тие се од различно потекло, со или без искуство како возачи или спортски функционери, а претставуваат пет различни држави од три континенти


Жан Тод е најозборуваниот наследник кој одамна беше во игра, но поради неговото минато со Ферари тој не е омилен во Ф1 заедницата. Дополнително, неговиот ангажман во Ферари заврши чудно и неочекувано, иако беше советник на Монтеѕемоло, бидејки Доменикали ја презема шефовската функција во тимот, додека на позицијата извршен директор беше поставен Амадео Фелиса. Според тогашното соопштение на Ферари, Тод сам побарал да биде ослободен од функцијата, што е и сторено на 18 март, а оставката уследи две недели подоцна. Во јавноста проструи информација дека тој има нарушени односи со Лука, но последниот отказ што го даде беше на ден-два пред избивањето на скандалот во кој Мозли беше уловен со пет проститутки и фрли сомнеж врз целиот настан. Тод е на возраст од 63 години, односно е само шест годни помлад од Мозли, кој најави дека се повлекува поради тоа што веќе нема енергија како пред 20 години кога прв пат почна го презема претседателкскиот кабинет. Медиумите во Малезија објавија дека владата на оваа земја му понудила сума нешто поголема од 400.000 долари за да биде туристички амбасадор на нивната земја, бидејќи тој е верен за поранешната „Бонд-девојка“, Мишел Јео, која потекнува од оваа држава во Југоисточна Азија.


Најголемо изненадување е можната кандидатура на Ари Ватанен, поранешен светски шампион во рели, кој имаше политичка кариера како пратеник во Европскиот парламент, но на последните избори пролетва остана без мандат. Ватанен е човек со многу контакти во светот на Формула 1, бидејќи тимски шеф во Пежо со кој го освојуваше Париз – Дакар му беше токму Жан Тод, а со-возач во период од три години вклучувајќи ја и онаа кога стана светски првак во 1981 година му беше Дејвид Ричардс, човекот кој најави формирање тим со Астон Мартин, но не доби поддршка од Мозли. Негова предност е возраста (57 години) и политичката заднина, бидејќи може да влета како кандидат на местото на Тод, кој се оценува дека ја има подршката од Мозли, па така да добие и голем број гласови од спортските федерации членки на ФИА. Засега, единствена потврда за неговите амбиции се групите за поддршка на Фејсбук.


Тројца од можните пет наследници веќе се спортски функционери и имаат одредено искуство во ФИА и со раководењето на националните федерации. Мишел Боери, претседател на федерацијата на Монако, која ја има лиценцата за организирање на трката во кнежевството, сега е претседател на сенатот, а уште пред Мозли да стане претседател се кандидирал против тогашниот „диктатор“, Жан Мари Балестре. Се оценува дека е еден од клучните луѓе кои стојат зад Мозли, но поради сличната возраст не би се кандидирал самиот. Можноста да го инфлуира изборот на наследникот е исто така голема, бидејќи тој е еден од „играчите“ кои контролираат поголем број други гласови на некои федерации.


Зачудувачки брза кариера во ФИА направи Американецот Ник Кроу, кој има функција потпретседател на ФИА за спорт, по заминувањето на Марко Пичинини (поранешен тимски шеф на Ферари и банкар). Кроу има поддршка од регионот во кој Мозли не котира најдобро, бидејќи федерациите од САД и Германија беа лидери во бунтот против Мозли, што заврши со гласање за негова доверба по скандалот од пролетта 2008 година. Кроу ја дели позицијата во ФИА со Мохамед бен Сулајем, човекот кој на Мозли му обезбеди гласови од Блискиот Исток, па оттука поставувањето на Кроу за претседател би му дало поголема улога и на функционерот од Обединетите арапски емирати.


Последен на листата претседателот на федерацијата на моторспорт клубови од Индија, Вики Чандок, чиј син Карун веќе неколку години се натпреварува во ГП2 серијата. Чандок сениор бил рели возач, мошне популарен во својата земја, а се смета за добар пријател на Берни Еклстоун и Виџеј Малија, со кои се обидува да ја донее Формула 1 во неговата татковина. Дополнително, политичко-функционерските ангажмани на Чандок како еден од луѓето кој ја средил поделеноста на федерациите во сопствената земја, бидејќи таму имало ситуација со двојни асоцијации, но бидејќи само една од нив може да биде членка на ФИА, сега работата е под контрола со Виџеј Малија на раководното место како обединувач на страните од конфликтот.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2009 во 04:10
ФОРМУЛА 1 - МОЗЛИ СО НАВРЕДИ ЗА МОНТЕЅЕМОЛО, ВО ФОТА ОСТАНУВААТ МИРНИ

             Дали кризата се враќа во Ф1?



Мирот пристигна во средата, но по се изгледа објавувањето беше предвремено - во формула 1 повторно се подготвуваат за "војна". Од една страна Макс Мозли постојано се заканува да го раскине договорот со осумте тима членови на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) доколку лидерот на ФОТА, претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло не ги повлече коментарите за него. Претседателот на ФИА е лут што ФОТА објави дека ја добила војната и дека Мозли ветил дека ќе си замине.

"Во моторспорт светот никој не го сфаќа сериозно Ди Монтеѕемоло. На него се гледа како што велат Италијанците 'бела фигура', или стилот пред фактите. Тој е претседател на Фиат, но сериозната индивидуа која ја води компанијата е Серџо Маркионе и не верувам дека тој внимава многу на Лука", вели Мозли во последното интервју за Дејли Мејл.

Според Мозли лут е и Берни Еклстоун, неговиот добар пријател.

"Берни го започна животот продавајќи автомобили, и една од неговите реченици е: 'кога ќе го продадеш автомобилот, престани да зборуваш'. Лука направи нешто уште полошо, не само што не престана да зборува, туку почна да зборува глупости", додава Мозли.

Тој вели дека има голем притисок од членовите на ФИА да се кандидира за уште еден мандат во октомври, иако од ФОТА објавија дека дел од договорот е неговото заминување во историјата.

"Тие направија грешка што танцуваа на мојот гроб пред да бидам закопан. Не е добро тие да велат дека сум готов, кога стојам тука пред вас. Сега имам притисок да останам на позицијата, но не го сакам тоа бидејќи сум малку престар. Кога почнав бев доволно стар да бидам татко на помладите Ф1 возачи, а сега сум доволно стар да бидам дедо на тие кои возат", вели Мозли.

Претседателот на Ферари, Ди Монтеѕемоло пак повика на крај на политичките борби, велејќи дека е уморен од препукување.

"Задоволен сум од договорот и знам дека фановите се веќе лути на оваа серија соопштенија за јавноста, нејасни правила и правила кои се менуваат на шест месеци. Ни треба стабилност, мир, транспарентност. Сите ја сакаме Ф1, но сакаме Ф1 која секогаш е екстремна во однос на технологијата и возачите. Сега треба да сопрат сите полемики, бидејќи мораме да го сочуваме спортот", вели Монтеѕемоло избегнувајќи одговор на прашањето дали ќе му се извини на Мозли.

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер вели дека отварањето на старите рани ќе донесе нова војна со ФИА, која би била "катастрофа".

"Сега да се влегува во нова конфузија и контроверза би било катастрофално за нас, за ФИА и за формула 1. Мозли има завршено фантастична работа во безбедноста во формула 1 и тоа мора да се цени. Се надевам дека пактот нема да се растури", вели Хорнер.

Ферари веќе се фокусира на следната година?

Од Ферари најавија дека по лошиот старт на сезоната 2009, може да го прекратат развојот на Ф60 болидот за да се концентрираат на развојот на болидот за 2010. По осум од седумнаесет трки во календарот, актуелните шампиони кај конструктори се 4. во генерален пласман со неверојатни 79 поени помалку од лидерите Браун ГП. Како Хонда, тимот кој подоцна стана Браун, во 2007 и 2008 се откажа прерано за да се фокусира на следните сезони, сега и Ферари размислуваат за таква опција.

"Сигурен сум дека можеме да ги подобриме перформансите во следните трки, но тешко е, а можеби и невозможно да се сврти сезоната сега, посебно бидејќи немаме тестирање. За несреќа оваа година се фокусиравме на изградба на болид околу КЕРС системот и започнавме со сиви зони во правилата. Тоа ни се врати како бумеранг", вели претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло.


Mosley i Ecclestone se za vo BARDOVCI
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2009 во 05:32
Сезоната не е завршена



Претседателот на Ферари Лука ди Монтеѕемоло инсистира дека сезоната за најтрофејниот Формула 1 сеуште не е завршена. Италијанецот вели дека покрај слабиот старт на сезоната, има време за радост до крајот на сезоната, при што не се отпишува и победата на трка како цел во завршницата на оваа сезона.

Ферари започна катастрофално, без бодови од првите три трки. На четвртата трка во Бахреин, Кими Раиконен ги донесе првите бодови за тимот. Врвот, барем досега во сезоната е постигнат на трката во Монако, каде Раиконен го донесе третото место, претходно квалификувајќи се за старт од првиот ред. По таа трка, беше очекуван напредок и борба за победи, но следните трки не донесоа значајни подобрувања на перформансите на италијанскиот бренд. За споредба, Ферари е четврти тим во поредокот, со само 26 освоени бодови, за разлика од водечкиот Браун со 105 и второпласираниот Ред Бул со 74,5 бодови.

- Морам да признаам дека годината не беше добра за тимот. Има неколку причини за тоа, но убеден сум дека со работата на Стефано Доменикали и целиот тим, вклучувајќи ги и возачите, ќе имаме причини за задоволство до крајот на годината - вели ди Монтеѕемоло за официјалниот сајт на италијанскиот тим.

Италијанецот се осврна и на отфрлањето на КЕРС, кој се покажа како скапа играчка за сите тимови, кои се договориле да не се користи во иднина. Иако овој контроверзен систем го доживеа својот крај по нецела година од неговото воведување, сепак Ферари е единствениот тим кој ќе продолжи со употреба на истиот до крајот на тековната сезона.

- Сите тимови одлучија да не го користат КЕРС во Ф1 следната година. Во рамките на ФОТА, сите тимови разгледуваат неколку опции, со цел да се подигне интересот во деновите пред трката. Има неколку предлози на маса. Ќе ги провериме и ќе дискутираме за нив - додава претседателот на Ферари и ФОТА.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 02:52
Мозли го сака Тод за наследник?



Претседателот на ФИА, Макс Мозли, призна дека Жан Тод може да го наследи на раководната позиција во Париз, иако екипите не го поддржуваат. Меѓу можните кандидати се спомнува и претседателот на сенатот на федерацијата, Мишел Боери, кој е претседател на федерациојата на Монако и кој го презеде договарањето меѓу ФИА и ФОТА по првично постигнатиот договор. Од друга страна, потпретседателот на ФИА, Херман Томчик изјавил во германскиот печат дека нема да се кандидира.

- Не можам да го видам Боери дека е заинтересиран за таа позиција. Тој исто така е доста стар. Не можам да го исклучам Жан Тод. Доколку има повеќе од едне кандидат, ќе дадам моја препорака,- изјави 69-годишниот Мозли, кој ја водеше организацијата во тек на четири мандати.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 04:41


Liderot vo generalen plasman, Jenson Button veli deka prednosta na Red Bull na trkata vo Silverstone ne
bese tolku golema kako sto izgledase, dodeka negoviot sef Ross Brawn veli deka rezultatot mozese da bide i
polos. "Ocigledno Red Bull napravija golem cekor napred so nivniot bolid, no nie sekogas kazuvavme deka
se blisku do nas. Mozebi vo Germanija ke mozam da mu ja rasipam domasnata trka na Vettel kako sto toj ja rasipa
mojata",

hahaha skokotnete me za da se nasmeam
sam si ja rasipa
a Barrichello mozese da bidi daleku ponapred
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 15:05
Формула 1 е спасена! Си оди Макс Мозли
 

Осум тимови од Формула 1 кои се одлучија да стартуваат со сопствено натпреварување сепак се откажаа од своите намери. Цехот го плати претседателот на ФИА кој конечно се повлекува идната година

Ферари, Мекларен, Браун ЏП, БМВ-Заубер, Рено, Тојота, Ред Бул и Торо Росо денеска постигнаа договор со претседателот на Меѓународната автомобилска федерација(ФИА) Макс Мозли, со што завршија стравувањата за распад на Ф1.

По состанокот, Мозли соопшти дека нема повторно да се кандидира за претседател на ФИА, на изборите што треба да се одржат овој октомври. Мозли е на чело на ФИА од 1993 година.

„Нема да се кандидирам в година. Си одам, така што конечно ќе има мир“, рече Мозли.

Водечките тимови во Ф1 беа во судир со Мозли поради новите правила за следната сезона. Според тие правила, тимовите мораа да се согласат на ограничување на своите буџети на 40 милиони фунти. На оние што ќе го прифатат ограничениот буџет им беше ветувана поголема слобода кога се во прашање техничките решенија за болидите.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2009 во 04:35
Кој е виновен?



Хеики Ковалаинен и Себастијан Бурде беа единствените возачи кои не го дочекаа финиот на Британското ГП, по судирот кој го имаа на свијокот број 7, именуван како Стоув. И двајцата се разочарани по прераниот крај на нивната трка, иако целата трка беа во сенка на фаворитите. И Финецот и Французинот меѓусебно се обвинија за инцидентот, изразувајќи жалење дека можеле да имаат добар резултат.

- Разочарувачки е да не се заврши домашната трка на тимот. До моето откажување, болидот беше добар и стратегијата работеше за мене, бевме блиску до целта. Тогаш Бурде едноставно влета во задниот дел од мојот болид и го оштети задниот лев дел. Морав да застанам бидејќи не беше возможно да се вози оштетениот болид. Се повлеков од безбедносни причини - вели Ковалаинен.

- Во врска со колизијата со Ковалаинен, тој ја смени линијата на движење два пати. На излезот од Стоув, јас бев на нормалната линија а тој влезе од внатрешната страна. Влегов однадвор, а тој се придвижи. Морав да го заобиколам од другата страна и тој повторно се придвижи. Сопре прерано, бидејќи штотуку го имаше напуштено боксот со полн резервоар и ладни гуми. Се обидував да сопрам подобро од него, но тој не смееше да ја промени линијата на движење тукутака. Беше фрустрирачки, го загубив притисокот на водата во болидот и морав да застанам во гаражата - вели Бурде со своја верзија за инцидентот.

Во таборот на Мекларен и Торо Росо, не се задоволни од развојот на настаните на трката, но вината не ја препишуваат на нивниот или другиот возач. Двата тима се враќаат од Силверстоун без освоен бод, а единствените болиди кои ја завршија трката беа далеку од местата кои носат бодови; Хамилтон заврши на 16-та позиција, додека Себастијан Буеми заврши како 18-то пласиран.

- Трка за заборав. Нашите перформанси беа далеку од посакуваните и далеку од тие кога победивме на пет од последните десет трки на оваа патека. Не треба да говориме многу, туку да работиме - вели Норберт Хауг, претседателот на Мерцедес.

- Немавме брзина овој викенд и независно од неколкуте технички проблеми, не бевме на нивото кое се очекува од нас. Една причина за тоа е недостатокот на нови спецификации на аеродинамички компоненти. Ќе ги имаме во Унгарија и очекувам да се вратиме на стредина во поредокот - вели Франц Тост, тимскиот шеф на Торо Росо, кој се надоврза на констатацијата на Хауг дека перформансите на тимовите не биле на очекуваното ниво.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2009 во 04:34
Почеток на ново ривалство?



Трката за Големата награда на Британија може да донесе пресвртница во првенството, ако Себастијан Фетел со неговиот Ред Бул е во позиција да ја повтори доминантна победа на следните трки. За да бидат работите покомплицирани за водечкиот Џенсон Батон, Британецот заврши на шестата позиција, што значи Фетел надополни седум поени од неговото водство.

Победникот на трката, кој го украде шоуто пред загреаните Британци, вели дека не сака да го почувствува истото чувство на своја кожа, односно да загуби пред својата публика. Германецот се пошегува со фактот што го победи Батон дома, велејќи дека не сака Батон да му врати “мило за драго” во неговата татковина, на Нирбургринг.

- Бев самоуверен во пресрет на трката и знаев дека имаме добар сетап, но да извозите 60 круга на Силверстоун не е лесно - тоа е една од најпредизвикувачките патеки во светот. Потежок дел од трката е првиот налет, кога можев да притиснам силно и да создавам разлика од секунда по круг. Бев малку изненаден што секој следен круг имав секунда плус на екранот, но тоа беше позитивно изненадување - не би ми пречело да се случи истото на следните трки. Имавме добар ден. Многу сум среќен и мислам дека тоа ни дава подобар моментум и не носи во правата насока. Конк*рентите немаа добар ден, но тоа е и нашата цел - да ги расипеме нивните денови и да ги претвориме во наши! - вели победникот Фетел.

Џенсон Батон го признава поразот на домашен терен, но смета дека неговиот Браун може да се врати на следните трки, бидејќи според него, неконк*рентноста во Британија главно се базирала на уникатните карактеристики на Силверстоун.

- Посилни сме од Ред Бул на сопирање, но нема многу сопирање на Силверстоун. Никогаш не го притискате педалот толку силно. Има многу причини зошто не бевме конк*рентни. Загубив седум поени во однос на Фетел, што е разочарувачки, но добив десет кога тој удри во ѕидот во Монако - вели Батон.

Веќе пристигнаа првите реакции од инсајдерите во Формула 1. Поранешниот трикратен шампион, Ники Лауда смета дека ова е точка на пресврт во првенството, земајќи ја в предвид одличната форма на ревидираниот болид на Ред Бул.

- Фетел не направи ниту една грешка. Едноставно не можете да возите подобро од тоа - перфектно. Ако нештата вака продолжат, може да бидеме сведоци на пресвртна точка во трката за титулата, бидејќи супериорноста на модифицираниот Ред Бул е неверојатна - позитивно изненаден е Ники Лауда.

Со Австриецот се сложува и помладиот сонародник, Алекс Вурц, инаку поранешен возач на Бенетон и Хонда. И Вурц ја оцени трката во Британија како пресвртна точка за Ред Бул и Браун, при што би ги смениле улогите.

- Супер викенд - никој не можеше да го достигне Фетел. Ред Бул покажа до каде може да оди. Дополнително, Браун имаше проблем со наоѓање на оптималната температура на гумите. Тимот во моментов има големо водство, но кога сте под притисок и не сте најбрзи во поредокот, нештата можат многу брзо да тргнат по надолна линија. Има големи шанси да се сврти ситуацијата во шампионатот, и да се врати тензијата за сите инволвирани - вели Алекс Вурц.

Дополнителен притисок врз Џенсон Батон создаде и неговиот постар сонародник, Дејвид Култхард, кој до лани седеше зад воланот на Ред Бул.

- Пред неколку недели реков дека Џенсон ќе ја обезбеди титуката, но чистата победа на Ред Бул на Силверстоун ме натера да го преиспитам своето мислење. Сеуште нема видливи модификации на болидот на Браун, како Ферари и Ред Бул, па ќе биде интересно да се види како Браун ќе реагираат во Германија - вели Култхард.

Додека Формула 1 возачите се подготвуваат за тринеделната пауза, а останатите инволвирани во спортот го коментираат враќањето на Ред Бул во игра, Марк Вебер ќе мора да оди на рутинска операција. При оперативниот зафат ќе бидат отстранети двата шрафа кои беа вградени во неговата десна нога. Австралиецот заработи скршеница на десната потколеница по паѓањето од велосипед на добротворна трка во неговата татковина минатиот ноември.

- Треба да се извадат два фиксирачки шрафа од мојата десна потколеница. Коската заздраве доволно за шрафовите да бидат извадени, што е добра вест. Не е голема операција, само со локална анестезија - вели Вебер.

f1almanah.com
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2009 во 04:30
Во прашање е автомобилот но исто така и талентот



Jenson Button се одбрани од нападите дека за се е заслужен неговиот автомобил, но а не и талентот, впрочем заради кој се наоѓа на пат да ја освои првата титула во кариерата.

Шест победи од осум трки од стартот на сезоната го катапултираа 29-годишниот Британец на 26 поени предност во генералниот пласман на возачите во однос на второпласираниот, што таа разлика во бодовите, поранешната легенда Nigel Mansell, ја гледа како непремостива.

Mansell го опишува болидот BronGP на Button како „магичен автомобил“, како потполна спротивност на минатогодишната Honda, меѓутоа, шампионот од 1992 година истакнал дека Button моментално вози најдобро од било кога во неговата деветгодишна кариера.

Прашањето кое се поставува пред следната трка е токму: колку е во автомобилот, а колку во возачот?

„Тоа е тешко да се одговори, бидејќи секогаш ќе има такви прашања. Кога играте во фудбалски тим, никогаш не се прашувате колку е заслужен голманот, колку одбраната, колку напаѓачите. Се гледа заложбата на целиот тим и токму тоа е Формула 1“, одговорил на ова Jenson.

„Значи во прашање е целиот пакет, и кога сте во еден автомобил и со еден тим толку долго, се чувствувате како едно. Не извојувате поединци. Исто така е и со возачот, кој е битен фактот во автомобилот како и секој друг учесник во тимот“, додава Button.

Шест месеци порано, со Honda која се одлучи да се повлече од овој спорт, судбината на Button и тимот не беше во завидна положба. Тогаш беше незамисливо некој да му рече дека до Силверстон ќе има 26 поени предност.

„Очигледно знаеме колку имавме среќа да дојдеме во оваа позиција, но тоа сепак не ни е дадено на чинија. Работевме напорно за да стигнеме до тука. Сите би требало да бидеме горди на она што го остваривме, и да успееме не само благодарение на брзиот автомобил, туку исто така и со заслуга на целиот тим кој не направи ниедна грешка досега“, заврши Британецот.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 18:38
Тимовите би продолжиле, но само без Мозли?



Осумте тимови членови на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) кои планираат паралелна гран при сериај следната сезона, велат дека со отстранување на Макс Мозли како претседател на Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА) може да има помирување во формула 1.

Мозли, кој минатата година успеа да се извлече од незгодна позиција по објавувањето на фотографии од неговиот личен живот во еден британски таблоид, сега ќе мора да направи многу повеќе да остане на позиција. Тимовите веќе го разгледуваат можниот календар за следната сезона, но со заминување на Мозли од позицијата би се отворила можност за директни преговори со Берни Еклстоун, носителот на комерцијалните права во спортот, со кого би имале поголеми шанси за договор.

Мозли прво во текот на Британското ГП влезе во отворена битка со тимовите кои планираат да си заминат нарекувајќи дел од нив како "лудаци", но потоа во неделата изјави дека е подготвен за договор. Но, од ФОТА го демантираат ова.

"Сега е навистина доста! Ние го кажавме нашето и тоа е многу јасно. Тоа е тоа. Ќе имаме се подготвено во следните неколку недели, бидејќи плановите не се од сега. Сакаме формула 1 шампионат организиран од ФОТА и тоа не се смени. Мислам дека добивме огромна поддршка од јавноста", вели потпретседателот на ФОТА и шеф на Тојота, Џон Хаует.



БРИАТОРЕ БАРА КРАЈ НА НАВРЕДИТЕ НА МОЗЛИ

Флавио Бриаторе, шефот на Рено, пак влезе во остар напад на Мозли, барајќи од него да престане да ја носи битката на лично ниво, велејќи дека 69-годишниот Англичанец не е во позиција да го прави тоа.

"Се обидовме да стигнеме до компромис, покажавме отвореност, дадовме се од себе. Но, вратата која ја оставивме отворена, ни се тресна во лице. Договорот не го прави само ФОТА, туку производителите во Ф1: БМВ, Ферари, Мерцедес, Рено и Тојота. Не знам што ќе се случи", вели Бриаторе.

Мозли прво отворено ги критикуваше ФОТА за состанокот на 40 милиони вредната јахта на Бриаторе во Монако, но Италијанецот се закани дека и тој може да оди лично.

"Макс оди на лични дисквалификации цело време. Јас сум преголем џентлмен да го направам тоа. Но, ако сака така имам многу што да кажам за Макс. Тој треба да престане да не нарекува лудаци и слични работи, бидејќи неговиот приватен живот веќе се најде на насловните страници на Њуз оф д Ворлд", додава Бриаторе.



БЕРНИ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ИДНИНАТА НА Ф1

Од друга страна шефот на Ф1, Берни Еклстоун вели дека не е подготвен да види како спортот колабира со формирање на паралелен шампионат.

"Дадов 35 години од мојот живот и многу на формула 1. Мојот брак се растури поради формула 1, така што нема да оставам работите да се растурат поради никакви причини. Ако се анализираат проблемите, тогаш е јасно дека можат лесно да се решат. Ако ФОТА реши да продолжи со својата серија, тогаш сите ќе тужат некого и нема да има ништо. Се ќе биде завршено - целосна катастрофа. Сите ќе потрошат богатство на адвокати без причина", смета Еклстоун.

Но, самиот Еклстоун смета дека секое барање за Макс Мозли да замине, само ќе го натера неговиот стар пријател да се кандидира за нов мандат како претседател во ктомври.

"Искрено мислам дека Макс не планираше да се кандидира повторно, но проблемот со него е кога има предизвик, тој не се повлекува", додава Британецот.


Доменикали: "КЕРС е само една скапа грешка"

Шефот на тимот на Ферари, Стефано Доменикали вели дека Системот за поврат на кинетичка енергија (КЕРС) во формула 1 е само грешка, на која тимовите инвестираа милиони евра. ФИА инсистираше на промоцијата на КЕРС за оваа година, систем со кој се добива дополнителна енергија од сопирањето. Се шпекулира дека тимовите трошат по 300.000 фунти за системот по трка, а од четирите тимови кои користеа КЕРС оваа година, Мекларен, Рено, БМВ Заубер и Ферари, само Скудерија го возеше системот на Британското ГП.

"Да, едноставно се работи за грешка. Знам дека потрошивме милиони евра, кои да ги потрошевме на други работи ќе бевме брзи како Ред Бул. Но, на почетокот мислевме дека се работи за добра идеја и не можеме да се криеме", вели Доменикали.


Дали Шуми е мистериозниот "Стиг"?

Михаел Шумахер е Стиг, познатиот анонимен лик на познатата Топ Гир емисија на ББЦ. Во неделата во последното шоу, Стиг, кој обично вози со бела кацига возеше Ферари ФХХ и го сруши предходниот рекорд за 7 секунди, по што официјално беше соопштено дека Стиг всушност е седумкратниот формула 1 шампион Михаел Шумахер. Но, подоцна ББЦ и водителот на емисијата Џереми Кларксон изјави дека се работи за шега и дека никогаш нема да откријат кој навистина е "Стиг".

Ф1 ФЛЕШ

Новиот американски формула 1 тим, УСФ1 размислува за Даница Патрик како можен возач за првата ГП сезона следната година. Патрик, која направи име со победа во Мотеги во ИРЛ минатата година, призна дека разговара со тимот кој вети барем еден Американец за новата сезона. "Дојдовме до моментот кога мораме да почнеме да размислуваме за возачи, и Даница е на нашата листа бидејќи е најдобропласираната Американка во ИРЛ", вели Питер Виндзор, спортскиот директор на УСФ1.

Новите формула 1 болиди можеби се поблиску еден до друг, но повторно не е лесно да се претекнува. Ова го признава и возачот на Ферари, Фелипе Маса, кој вели дека двојните дифузери ги расипаа обидите на Техничката работна група за подобро тркање. "Како што беше планирано од ФИА, беше полесно да се претекнува. Но, кога се дозволија двојните дифузери, планот целосно се сврте", вели Маса.

Рубенс Баричело призна дека до третото место во Силверстоун стигнал и покрај тоа што Британското ГП го стартувал со неиздржлива болка во грбот. Бразилецот од тимот на Браун ГП призна дека го повредил грбот при патувањето дома во Бразил. "При враќањето во Англија почнав да чувствувам болки во долниот дел од грбот и сакам да им се заблагодарам на лекарите кои ми помогнаа воопшто да ја стартувам трката", вели бразилскиот ветеран.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 20:59
Конечен распад на Ф1 - од 2010 две натпреварувања
19/06/2009 20:45


Ниту на последниот состанок на претставниците на ФИА и ФОТА (Здружението на Ф1 тимови) не е постигнат договор за правилата за следната сезона, пред се по прашањето за ограничување на буџетот на 45 милиони евра.

Така, oсум екипи на ФОТА (Ферари, Мекларен Мерцедес, Браун ЏП, БМВ-Заубер, Тојота, Ред Бул, Торо Росо и Рено) од следната сезона ќе ја напуштат Формула 1 и ќе формираат сопствено првенство.

Од тимовите кои сезонава настапуваат во Формула 1 ќе останат само Вилијамс и Форс Индија.

Конечната одлука за преземање на ваков чекор ФОТА ја донесе денеска, по состанокот со челните луѓе на Меѓународната автомобилска асоцијација (ФИА) и претседателот за комерцијалните права за натпреварите Берни Еклстоун.

„Стана јасно дека повеќе не можеме да правиме компромиси околу фундаменталните вредности на овој спорт и затоа одбивме да се пријавиме за трките во Формула 1 следната сезона. Не ни преостанува ништо друго освен да формираме сопствено натпреварување. Тоа натпреварување ќе има транспарентна управа, со свои правила и ќе поттикнува приклучување на нови екипи, а ќе ги слуша и желбите на навивачите, како и на важните деловни партнери и акционери“, се вели во денешното соопштението на ФОТА.

„ФИА е разочарана, но не и изненадена од неспособноста на ФОТА да постигне компромис во најдобар интерес на спортот. Во ФИА не можеме да си дозволиме нова ’финансиска трка во наоружување’“, се наведува во соопштението на ФИА.

Последниот рок за пријави за следната сезона во Формула 1 истекува вечерва. ФИА за новата сезона во Ф1 трките предвиде 13 екипи односно 26 болиди. До сега учество најавија Форца Индија и Вилијамс од годинашниве, како и новите екипи Кампос, Менор и УС Ф1.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 04:04
Додека едни екипи го дочекуваат британското гран при со новитети на болидот, оние кои што дигнале раце од годинешнава сезона за овој викенд имаат нов дизајн на кацигата.

Ферари објави дека шасијата на болидот Ф60 за Силверстоун ќе биде полесна, но не прецизираа кои делови од повеќето тестирани новитети со сигурност ќе бидат употребени. Се знае дека било тестирано ново предно крило заедно со придружни делови во неговата периферија. Дополнително, направен е исчекор во геометријата на предната суспензија, што би требало да овозможи подобра дистрибуција на масите во предниот дел на болидот. Тоа пак, ќе придонесе за подобар аеродинамички баланс и за подобар контакт на предните гуми со подлогата, што најголем ефект треба да даде во квалификациите, бидејќи ќе овозможи постигнување на оперативна температура на пневматиците. Сите овие промени се во насока на експлоатирање на сите придобивки од КЕРС уредот, бидејќи тој со својата тежина драматично влијае врз распоредот на масите, а за ова трка и тој би требало да е олеснет. Поради сите овие промени, болидот Ф60 морал повторни да го мине и задолжителниот креш-тест на ФИА, што е сторено без проблеми. Сепак, според верувањето на Фелипе Маса, Силверстоун е слична со патеката во Турција каде што има брзи свиоци, а тоа не е конфигурација на која нивниот болид може да се истакне, за разлика од Монако. Досега пласманите во квалификациите постојано им се од шесто до осмо место, при што Маса најдобрата стратна позиција ја имал во Шпанија кога бил четврти, а Кими во Монако кога се избори за второ место. За разлика од Маса, Раиконен е оптимист дека може да освои пласман на пиедесталот.

Масивни промени на болидот ќе направат и во Форс Индија, со што се надеваат дека ќе го продолжат позитивниот тренд на резултати. Тие на два пати во последните две трки ја минуваат третата квалификациска сесија и одат во втората, поради што сопственикот Виџеј Малија смета дека се добри играчи од средината, а очекува тимот да се бори за подиуми во 2011 година кога ќе се вози трката за ГН Индија. На Силверстоун возачите Физикела и Зутил ќе имаат на располагање ново предно крило, придружни детали, како и нов под, но ќе има уште помали промени во секоја област.

Техничкиот директор на Тојота, Паскал Васелон, гледа добра шанса на Силверстоун да продолжат со пласмани во бодови од страна на двајцата возачи, како што и завршија во Турција.

- Очекуваме да бидеме силни тука бидејќи подлогата ни одговара. До сега, бевме екстремно конк*рентни на патеките кои бараат висока воздушна ефикасност, па оптимисти сме за настапот на Силверстоун. Турција беше враќање во форма за нас и очекуваме да ги надградиме тие перформанси и да имаме конк*рентен болид. Нашите перформанси за време на зимските тестирања и на почетокот од сезоната покажаа дека одиме во вистинската насока со TF109 од самиот старт на подготовките. Немаше потреба од ревидирање на оригиналниот концепт, иако моравме да работиме на решавање на некои проблеми по Монако. Би рекол дека немаме фундаментални проблеми со болидот,- очекува директорот на одделот за шасии на Тојота.

Водечката екипа Браун најави дека и за ова трка ќе имаат новитети, и тоа предно и задно крило, иако она напред веќе го апдејтирааа за трката во Истанбул. Според Рос Браун, тие тивко напредувале минатиов период, и серија на надградби наскоро би требало да бидат имплементирани. Тој очекува Баричело да биде еден од конк*рентите за победа бидејќи добро ја познава патеката и му одговара што резултатот не зависи од сензитивноста на сопирачките, што инаку често му е критична точка на другите автодроми. Баричело ги потврдува своите победнички амбици, тврдејќи дека иако добро се согласува со Џенсон, знае дека тој не би се стеснувал да победи во Бразил. Лидерот во шампионатот пак, очекува конк*рентите од Ред Бул да бидат повторно блиску, но истовремено вели дека ако Рубенс победи, а тој ја земе титулата, нема да биде разочаран.

За разлика од овие размислувања на победниците, Луис Хамилтон на овој гран при викенд ќе има нов дизајн на кацигата. Тој е минатогодишен победник на оваа трка, а отако во Истанбул изјави дека сите проблеми со годинешнава неконк*рентност произлегуват од болидот, на оваа трка сака да им се заблагодари на навивачите за поддршката. Во таа насока, на врвот од кацигата ќе биде поставено знамето на Обединетото кралство, што е прва промена која некогаш ја направил на дизајнот по дебито во 2007 година. Хамилтон вели дека тоа ќе покажело не само дека е британски спортист, туку и ќе ја идентификува поддршката што ја добива од навивачите на Силверстоун.

И тој, како и многумина други Британци кои се бројни во Ф1 светот, е загржен за иднината на оваа патека, велејќи дека Формула 1 нема да биде иста. Батон можеби посакува да биде запаметен како последен победник па го презакажа за август учеството во еден триатлон натпревар кој му беше предвиден за сега, но неговиот тимски шеф Браун смета дека е најважно прво да се обезбеди иднина на британското гран при како целина.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 10:21
Пред последната F1 трка во Силверстоун

Батон подготвен за домашна победа

Џенсон Батон вели дека е пресреќен што се враќа на својата домашна гран при трка како лидер во генерален пласман. Откако победи на шест од првите седум трки оваа сезона, со што го израмни рекордот на Џим Кларк и на Михаел Шумахер, британската публика ќе има шанса да има домашен победник втора година по ред во возачот на Браун ГП.

Кога пристигна на Силверстоун во 2008, Џенсон Батон беше само 16. во генерален пласман и 45 поени зад тогашниот лидер во генерален пласман Фелипе Маса. Една година подоцна, Батон влегува на патеката во Нортхемптоншајр на првото место со 26 поени предност пред колегата и најблизок конк*рент во шампионатот, Рубенс Баричело.

"Британското ГП секогаш е неверојатен викенд и едвај чекам да се тркам во Силверстоун пред домашните фанови во недела. Да се води во генерален пласман пред домашната трка е нешто што досега го немам искусено и затоа имам насмевка кога размислувам за тоа", вели Батон.

Негов најдобар пласман во Британија е 4. место за БАР во 2004 година, но сега има 61 поен од можните 65 и не може да биде претекнат најмалку до Унгарското ГП на 26 јули, иако од второто до четвртото место разликата е само 7.5 поени. Трката ќе биде преместена на Донингтон Парк во 2010, со што ќе се прекине серијата од 23 години оддржување на Силверстоун, поранешниот аеродром на кој се оддржа првата ГП трка во 1950.

"Силверстоун е една од класичните тркачки патеки како Сузука и Спа и за мене една од најдобрите патеки. Секој возач кој барем еднаш возел тука ја сака патеката, бидејќи е брза и бидејќи можеш да одиш до лимит. Навистина е чудно кога ќе размислиш дека ова е последната трка во Силверстоун и навистина не можам да замислам дека нема има Британско ГП на оваа патека", додава Батон.

БРАУН ГП СО НОВИ КРИЛА ВО БРИТАНИЈА

Лидерите во генерален пласман, Браун ГП ќе имаат сосема ново предно и задно крило на Британското ГП. Откако ги завршија подготовките на трката во Истанбул, тимот од Брекли ќе вози првпат со новите компоненти на петочниот тренинг. Со 96 поени и огромна предност од 39.5 поени пред второпласираните Ред Бул Рејсинг, најверојатно тимот ќе ја скрши бариерата од 100 поени.

"Бевме посебно добри во Турција, и покажавме дека на патека како Истанбул Парк можеме да бидеме конк*рентни. Направивме доволно прогрес во последните неколку недели и имаме пред нас серија подобрувања, вклучувајќи ги новите предни и задни крила за овој викенд. Во недела ќе имаме посебно собирање во нашата фабрика за сите кои работат за нашиот тим. Силверстоун е одлично место", вели Браун.

Британскиот гениј вели дека неговиот пулен Батон за првпат има болид со кој може да го потврди својот талент.

"Џенсон вози посебно добро оваа година. Лани видов малку од неговите квалитети при тешки услови, но не ја видов вистинската работа. Луѓето во тимот ми кажуваа дека ова не е Батон во најдобрите денови, а сега знам дека е способен за многу поголеми работи. Но, последните две години ја удираше главата од ѕид поради лошиот болид", додава Браун.

Рос Браун уште признава дека неговиот тим веќе почнал со работа на дизајнот на нивниот втор формула 1 болид и покрај тоа што нема сигурно место поради несогласувањата со ФИА.

"Морате да планирате за формула 1, бидејќи немате за што друго да планирате. Не смееме да дозволиме оваа политичка битка да биде пречка за нашите инжинерски и тркачки планови. Работиме на новиот болид веќе цел месец и една третина од времето во воздушниот тунел трошиме на новиот болид", признава Браун.


ФИА не отстапува - ќе има ограничен буџет за 2010

ФИА избра да продолжи со плановите за ограничен буџет од 45 милиони евра следната сезона. И покрај повеќето преговори помеѓу тимовите и ФИА во последните месеци, ФИА реши по состанокот со членовите на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) да не ја менува шемата околу новите правила . Со четири сегашни тимови (БМВ, Браун, Мекларен и Тојота) се уште под условна апликација за влез во 2010, останува да се види реакцијата на ФОТА.

"По состанокот со финансиските експерти на ФОТА, решивме да останеме на ограничениот буџет, бидејќи тимовите не беа подготвени да разговараат за тоа правило. Како резултат на тоа, не можевме да ги исполниме нашите цели без ограничен буџет. Во недостаток на вистински дијалог, стана јасно дека тимовите нема да можат да се ограничат на трошење без наше системско поставување", се вели во соопштението на ФИА.

Во исто време стјуардот на ФИА, Алан Донели се најде под притисок и дури 8 тима потпишале петиција за негово отстранување од позицијата поради конфликт на интереси. Донели го превзеде местото на Тони Скот Ендруз на стартот на сезоната 2008, но сега проблемот е неговото мешање во Ф1 политиката.

"Беше јасно дека на Турското ГП се оддржуваа неколку разговори помеѓу Донели и неколку претставници на тимовите со јасна цел - да се предизвика раздор во Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА)", оценува британскиот Гвардијан. Од ФИА го отфрлија ова барање.


Вебер ужива во битката со Фетел

Возачот на Ред Бул Рејсинг, Марк Вебер вели дека ужива во битката со својот тимски колега Себастијан Фетел, и дека најголемо задоволство му причинува неговата еднаквост со младиот Германец. Фетел оваа година дојде во "големиот" тим на Ред Бул откако лани дебитираше цела сезона со Скудерија Торо Росо.

"Уживам во битката со Себастијан цела година. Првпат да имам некој толку брз клупски колега и секогаш сум велел дека мораш да се мериш со најдобрите. Фетел завршува одлична работа, но има само 1.5 поен помеѓу нас двајца. Ќе биде еднакво до крајот на сезоната. Луѓето ме прашуваат дали сум под притисок, но мислам дека Себастијан вози под поголем притисок. Во очите на фановите, јас не треба да го правам тоа што го правам", вели Вебер.

Сепак, австралискиот ветеран смета дека на трката во Британија овој викенд неговиот тим повторно ќе биде послаб од Браун ГП.

"Ние сме единствениот тим кој го совладал Браун оваа година и тоа на дожд во Кина. Очекувам да бидеме силни во Силверстоун, но не знам дали тоа ќе биде доволно", додава Вебер.

Ф1 ФЛЕШ

Официјално лице од познатата трка на издржливост 24 Часа Ле Ман ги покани формула 1 тимовите на следната трка во Франција. Претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло го означи официјалниот старт на трката минатиот викенд и јавно изјави дека Ле Ман е алтернатива за италијанскиот тим. "Колку повеќе дојдат, тоаа подобро. Ако сакаат да дадат предлози, тука ќе ги слушнеме", вели Реми Бруар, генералниот менаџер на организаторот на трката, Аутомобил Клуб де Л'Ест (АЦО), кој исто така ја води и европската Ле Ман серија.

Поранешниот трикратен светски шампион, Австриецот Ники Лауда остро ја нападна политичката криза во формула 1 која се случила поради "егоцентричните менаџери" кои се вклучени во "лични пресметки". "Апсурдно е што сите се согласуваат за проблемот за намалување на трошоците, но најголемата шега е тоа што поради ваквото однесување може навистина да ја снема формула 1. Сите се загрижени повеќе за своите лични амбиции. Најчудни се Ферари, единствениот тим со договор со ФИА до 2012, кои предходно добија 100 милиони евра повеќе од конк*ренцијата", вели Лауда, кој две од трите титули ги освои токму со Ферари.

Фелипе Маса верува дека можеби сега е вистинското време за почеток на паралелен шампионат, бидејќи на прв поглед има единство помеѓу осумте членови на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА). Возачот на Ферари признава дека ситуацијата го загрижува, прво околу неговата иднина, но и околу иднината на спортот. "Ситуацијата изгледа лошо во моментов, но ако се дојде до договор Ф1 има блескава иднина. Ако, не, тогаш треба да се разгледа која е најдобрата опција, бидејќи тимовите се обединети", вели Маса.

Тимот на Вилијамс се уште нема определено датум за деби на нивната уникантна КЕРС технологија. Тимот од Гроув најавуваше дека по шест-седум трки ќе се монтира новиот систем за поврат на кинетичката енергија, но плановите се променија. "Се уште работиме на КЕРС системот за ФВ31 болидот. Ние купивме компанија која го развиваше системот, и во последните 18 месеци дадовме доста ресурси за развој на технологијата", вели Австралиецот Сем Мајкл, техничкиот директор на тимот.

Лидерот во генерален пласман, Џенсон Батон минатата недела не се појави како што се најавуваше на Нокиа Виндзор Триатлонот. Возачот на Браун, кој редовно учествува во трки на издржливост се повлекол бидејќи не сфатил дека доаѓа само една недела пред Британското ГП. Тој се уште планира да настапи на триатлонот во Лондон во август, кој се поклопува со паузата во формула 1 шампионатот.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.