|
Изборно гласање од дијаспората |
Внеси реплика | страница <1234 54> |
Автор | ||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koga veke zboruvame za nameri bi sakala da te prasham da proverish po forumov samo, ne treba poveke, kolkav e brojot na onie shto veke zhiveat vnatre a se so namera da zaminat pa samo chekaat da im se ukazhe prilika za toa. Kako ke ja vrednuvash nivnata namera?
Dali vo sluchajov, ke ja vrednuvash poveke "namerata" na onie koi veke zhiveat nadvor a so celoto svoe bitie se vnatre vo MK, pa go pratat sekoj chekor na sluchuvanjata i znaat duri poveke od mnogumina shto veke se vnatre ILI pak ke ja vrednuvash poveke namerata na onie koi zhiveat vnatre i edvaj chekajki da izlezat od MK, nishto ne gi interesira i postojano samo negiraat neshto ili nekogo?
|
||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pa i tie imaat makedonski pasosi. I tie imaat familija vo Makedonija. I niv gi boli za toa sto ovde se slucuva, a sekako planiraat i da se vratat nazad. Ima nekoi koi sto sekoj den lobiraat za posilna pozicija na megunarodna scena na Makedonija. Sekako deka treba da se ostvari pravoto na glas.
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А ако живееш во Австралија... Ти си помала Австралијанка од другите затоа што си и Македонка...??? А ако толку те интересира судбината на Македонија... зошто не седиш тука... туку уживаш некаде надвор... си ја следела политиката... и што...??? ќе гласаш за некои мајмуни... кои ќе не цепаат со даноци за дишење воздух ... ќе плаќаме најскап бензин... ќе возиме стари југовци... ќе молиме корумпирани службеници по општиниве да не удостојат... ќе чекаме на клинички со месеци за прегледи, за операции да не споменувам... ќе собираме по некоја паричка за какво такво одморче...од 200-300 евра платички... а ти тогаш кај ќе (си) бидеш...??? ќе си уживаш во благодетите на твојата втора држава... ќе слушаш каков секс имаме овде... и ќе ни солиш памет... пу..пу..ако такви како вас гласаат за некои кои само за да дојдат на власт и добијат паричка... вас странските патриоти ви го дадат она за што болувате... "чесни чувства" за македонското прашање и македнското национално единство, проткаено со нишки на агресивна носталгија за 18-век... па тие некои не воведат во војна, недај боже... каде ќе бидете вие ... овде...или таму...??? да гласа дијаспората...???? кога јас ќе дојдам кај тебе дома да ти кажам дали парите ќе ги потрошиш на нова кола.... или ќе одиш на Хаваи... или ќе купиш нова куќа... или зошто да не да ми ги дадеш мене... тогаш и ти ќе можеш да гласаш за мојата судбина... а до тогаш... полнете им ги џебовите на народњациви што ви пеат патриотски песни... кои никој не ги слуша и знае... освен самите они... и се разбира ...вие... П.С. Иако постот е во прво лице-еднина... далеку е од тоа дека се однесува само на marija1000... нејзиниот пост ми послужи само како провокација... Изменето од којсумјас - 12.Јуни.2009 во 06:46 |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И пак доаѓаме до вечната дилема... јајцето или кокошката.
Имаат ли право тие кои заминале од тука да одлучуваат за судбината на овие кои се тука, да им избираат која политичка опција да ги води притоа не знаејки ни кои се ни како владеат? Имаат ли право овие кои живеат тука да одлучуваат како ке се викаат оние кои се надвор, односно само овие што с етука да одлучуваат на референдум за името на државата која е на сите. Се откажале ли тие што се надвор од државата со тоа што земале пасош и државјанство на државата каде се наоѓаат?! Го направиле ли тие својот референдум со изборот на туѓото државјанство, па нека е тоа и двојно?! И како најцрно решение, имаат ли право овие што се тука да одлучат за одредени отстапки во име на некоја визна либерализација и потоа со отворањето на границите да заминат од тука и никојпат да не се вратат?! |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас колку што знам, правото на глас на дијаспората законски веќе е остварено т.е. со промените во изборниот законик, дијаспората ќе може да гласа за избори во Македонија од септември 2009-та и тоа само за парламентарни избори.
Не се согласувам за гласање од дијаспората за било какви избори во Македонија, освен за гласање на евентуален референдум за промена на името, што е нешто кое се однесува на сите Македонци, било каде да се наоѓаат и за што сите треба да се слушнат. И ова не е прашање на патриотизам, да не ги мешаме работите, туку прашање за ПРАВО НА ОДЛУЧУВАЊЕ во името на граѓаните кои живеат во Македонија, за нивната иднина и секојдневен живот. Макар и да си поголем патриот од многумина кои живеат дома, што е лично чувство, не смееш да си дозволиш право да одлучуваш за секојдневието на друг, да одлучуваш кој ќе ја води државата која е и твоја, ама во која не живееш... Од страна можеш да имаш свое мислење, можеш да следиш, да знаеш и да се грижиш за состојбите, но не и да решаваш во името на луѓето кои се дома и ќе ги трпат на грб последиците и од твоето гласање. Според мене не е исправно... и не е чесно... Изменето од anastea - 12.Јуни.2009 во 11:41 |
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чуден ли свет сме ние..Македонците ???
Кој е тој овде и секаде..слично е опишано и во Библијата..кој ќе го „фрли„ каменот (прв) по грешниот!!!?.
Македонец..и на северниот пол да е... и насекаде ...си останува Македонец..освен ако со промена на националната свет ..сам (или со помош на други) си го видоизменил тоа чуство...како некои (ептен познати) кај нас...и често споменувани овде и насекаде...
Или си или не си Македонец..трето (со подвиткани кичми и давајгаз позиции) не се сметаат за Македонци..туку човечки изроди..
|
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа само од морален аспект.
Инаку, како ќе се организираат избори во амбасади и конзуларни претставништва, колку дополнителни пари ќе се потрошат, како ќе се реши проблемот со неажурираниот изборен список и фантомските гласачи, лоша инфраструктура во повеќето македонски претставништва низ светот, како помалиот број амбасади ќе покрие поголем број земји каде има наши иселеници, кој ќе ги контролира можните манипулации... Еден куп прашања... Македонија има многу поважни проблеми во моментов, отколку да се занимава со гласањето на дијаспората. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Новаче, не разбрав на што конкретно ми реплицираш... или каде не се согласуваш со мојот став?
Посебно последната реченица: на кој се однесува? |
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Контекстот е само случајно кај тебе најден...и е само искористен..за она што и сакав и да го кажам на сите..дека Македонец си е секојпат Македонец..каде и да е..и дека се додека не се откаже од него..тој си опстанува Македонец..
ни помал ни поголем од нас..
Нема „наши„ и ваши„ Македонци..овдешни и тие што среќата си ја побарале на некое друго место од Земјата..сите се тие неодвоив делод Македонското ткиво..
пс
Последното се однесува.... на СИТЕ кои работат ПРОТИВ интересите на Македонската Нација и Држава..и кои когаш-тогаш ќе бидат соодветно казнети..
|
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Имаат ли право овие кои живеат тука да одлучуваат како ке се викаат
оние кои се надвор, односно само овие што с етука да одлучуваат на
референдум за името на државата која е на сите.
Мислам дека треба да гласаат (за било што)исклучиво оние кои живеат во државата. Да,државата е на сите и на нас кои сме во неа и на оние надвор.Само што има една разлика,последиците од гласањето ги трпиме ние,не оние надвор. Да ја следиш политиката во државата од надвор преку медиуми (кои патем се добро штеловани)е едно а да живееш секојдневно со таа политика на грб е нешто сосем друго |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали сум дома или надвор е ирелевантно за името.
Јас сум МАКЕДОНКА, и ако сака некој да ми го промени тоа, ќе треба прво да ме праша!!! |
||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И според тоа..има право на се што останатите го имаат..
А може ...и да живее во странство..кога се знае дека некои од нив...овде кај нас престојуваат повеќе од 2-3месеца..секоја година по ред..
И самопоради тоа не смеат да бидат помалку вреднувани..одоние кои се населуваатовде..неконтролирано..и полека и „тивко„ ја „окупираат„ Земјата на Македонците...
|
||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој данок го плаќаат печалбарите ?
Плавиот дел тие катастрофа
Изменето од zenmaster - 12.Јуни.2009 во 17:06 |
||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Se smeam koga citam deka onie koi sto se nadvor od Makedonija, ne treba da glasaat zatoa sto ne se zasegnati kolku nas i ne im e gajle. Pa nie sto ziveeme vo Makedonija da znaevme da glasame, nemase da dojdeme do vakvo deredze.
|
||
Внеси реплика | страница <1234 54> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |