|
Коце Трајановски-градоначалник каков посакувавме |
Внеси реплика | страница <1 9101112> |
Автор | |
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денеска ги видов работниците со оние моторните косачи на трева како ја чистат тревата околу кејот на Вардар.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Teshki raboti mu ostavija na Trajanov. Ako toj ova ne go sredi, nikoj nema da go sredi
По секој дожд, Скопје се дави во вода |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па.. кој колку ќе сработи толку и ќе наплатува... со испоставена сметка на граѓаните на Општината..а секојпат да бидат во можност да бидат заменети..во постапка на наддавање..
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ех кога некој си има голема платичка, кога нема проблеми со неплатени сметки, со дилеми дали да купи месо или да си јад епинџур ке може да донира. Но како и да е, сепак е за пофалба оти ги има многу кои имаат и повеке ама имаат и змија во џебот
Амди Бајрам: Давам плата за бунар
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГРАД СКОПЈЕ И СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ВРЕМЕНО ЌЕ АНГАЖИРААТ ОКОЛУ 1.000 ЛИЦА ЗА ЈАВНИ РАБОТИ
Одлуката на Владата за јавни работи ќе овозможи во општините во Македонија да се ангажираат 5.000 луѓе преку Агенцијата за вработување. Од нив во Град Скопје и во скопските општини би требало да се ангажираат околу 1.000 лица, беше истакнато на денешната седница на Координативното тело на градоначалниците на скопските општини. Како што изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски на паузата на седницата, скопските општини и Град Скопје до 15 јуни треба да поднесат програми и пријави до Агенцијата за вработување, која пак, треба да изврши избор на лицата кои ќе работат во општините и во Градот. - Од 1 јули лицата треба да почнат да работат. Се предвидува тие да примаат надомест од 6.300 денари, да бидат осигурани и ангажирани на шест месеци, изјави Трајановски и посочи дека лицата кои ќе бидат ангажирани во Градот ќе го чистат кејот на реката Вардар, Градскиот парк, Матка, Сарај, Водно... На третата седница на Координативното тело на градоначалниците на скопските општини, се расправаше и за извршување на општокорисни работи во јавните претпријатија, за дезинсекција и дератизација на подрачјето на Град Скопје, како и за резултатите од еколошката акција „Заедно за чисто и зелено Скопје“. За извршувањето на општокорисни работи во јавните претпријатија, Трајановски рече дека времено ќе се ангажираат лица осудени на полесни кривични дела и поединечно со секое лице кое ќе биде ангажирано ќе се потпише договор. Според него, ова е хумана мерка за алтернативно извршување на казните од полесен тип и за прилагодување на лицата кон нормален живот. За дезинсекцијата и дератизацијата на подрачјето на Град Скопје Трајановски рече дека треба да биде координирана во сите скопски општини. Тој потсети дека дезинсекцијата е во надлежност на Град Скопје, а дератизацијата во надлежност на општините. - Дератизацијата ќе има полн ефект доколку се изврши во ист ден, рече Трајановски. Скопскиот градоначалник посочи дека се сублимираат досегашните резултати од големата еколошка акција „Заедно за чисто и зелено Скопје“, и оти ќе се одржат состаноци со претставниците на општините и јавните претпријатија за да се увиди како е прифатена од граѓаните. Градоначалниците попладнево ќе дискутираат и за комуналните редари во Град Скопје и во општините, како и за изработка на нов Генерален урбанистички план на Град Скопје. Сител... Конечно на некој му текна дека освен полнење на градската администрација , треба да се вработат и луѓе кои конкретно ќе работат... Многу ми се допага идејата за запослување на лугето осудени за помали прекршоци ... Мислам дека ова е одлична социјална мерка... |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако продолжи вака Коце ќе биде доживотен градоначалник, а Скопје конечно ќе заличи на главен Град , па можеби некогаш и на Метропола...
Изменето од kultuzin - 09.Јуни.2009 во 12:51 |
|
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
go sakam ovoj covek ... raboti za razlika od nekoi drugi na koi im teknuva deka treba da rabotat mesec dva pred izborite ... sekogas e na teren ... |
|
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги размрда локалните моќници, им покажа со личен пример како може да се работи. Една по една општина ќе с еисчистат. Ќе се задржи ли праксата
АКЦИЈАТА ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА ГОЛЕМО ЧИСТЕЊЕ НА КИСЕЛА ВОДА Акцијата "Заедно за чисто и зелено Скопје" наредните три дена ќе се спроведува во општината Кисела Вода. Стартот на акцијата за чистење го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев. Екипи на Градот Скопје и граѓани вчера започнаа со расчистување на ѓубрето од дивите депонии и ги чистеа шахтите на аголот меѓу улиците Димо Хаџи Димов и Народни херои. - Ова е само почеток на сеопфатна акција за чистење на градот која во Скопје во наредниве години ќе се спроведува континуирано. Јавната хигиена останува еден од приоритетите на Градот Скопје - истакна градоначалникот Коце Трајановски Градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, додаде дека во наредните три дена ќе се чисти шутот и ќе се отстрануваат депонии на повеќе локации, а исто така ќе се поправа и атмосферската и фекалната канализациска мрежа во општината Кисела Вода. Акцијата за чистење што ја организира Градот Скопје и десетте скопски општини е предвидено да заврши до 13 јуни со чистење на општината Шуто Оризари. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па тоа ме зачудува. Човекот барабар со работниците од градска чистока работеше, и младоно момче Конески, градоначалникот на Аеродром, а другине делеа автограми, си стоеја под чадори, одземаа внимание на граѓаните кои се вклучија во акцијата.
Многу си патиме од синдром на големи славни уметници. Да заборавеа на момент дека за некои од нив не знае никој надвор од Македонија па да засукаа ракавите и да поработеа, да не му ја расипуваа акцијата на овој голем ентузијаст и човек желен за средување. Човек кој со личен пример покажува како треба. Засега добри следбеници има во Коневски (кандидат од позицијата) и Јакимовски (кандидат од опозицијата). Другите или се подготвуваат, или се занимаваат со тендери или заспале во фотељите кои незаслужено ги добија (влечејки се на името на Груевски, едноставно беа натурени) Примерот на Трајановски треба да се следи. Еве јас го канам и кај нас, нашиот нешто затајува Изменето од mamamd - 30.Мај.2009 во 19:04 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изгледа ќе го биде човекот, доста е работлив и ентузијаст...
За разлика од многуте му сопартијци |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со кој ентузијазам ги натера да си ги заштитат ’’дворовите’’. Денеска карванот на чистотата на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во Аеродром каде се вклучиле и политичарите и естрадните звезди кои зивеат во оваа населба.
Додуша некои од нашите ѕвезди беа премногу дотерани, некои дури и во бело за чистење ама нејсе, има луѓе за парада, ама и вредни ко нашиот градоначалник. Тој не делеше автограми, не е голема ѕвезда, тој не се рекламира, тој се нафати да работи. Нека го задржи овој ентузијазам. Изменето од mamamd - 30.Мај.2009 во 18:29 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,..."Градоначалникот сакаше лично да провери во каква состојба се некои делови од градот, и тоа навистина го направи на велосипед."
-eeh,..jak shtik ,..nema shto!,...a,kade ona,...i kralot se vozeshe so,..javen prevoz?!,....ili premier beshe,...koj li beshe! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Коце на велосипед во контрола
Трајановски сакал лично да провери каква е состојбата во некои делови на градот, по што веднаш издал наредби за косење трева, кастрење дрвја, расчистување на коритото на Вардар и за крпење дупки на велосипдските патеки Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вчера издал наредби под итно да се почне акција за расчистување на коритото на Вардар, за косење на тревите и грмушките кај трим-патеката покрај Вардар, за сеча на сувите дрвја и кастрење во Градски парк, а побарал и крпење на дупките на велосипедските патеки на булеварите Јане Сандански и Србија. Овие наредби градоначалникот ги издал откако вчера на велосипед се прошетал во Градски парк, возел по трим-патеката покрај Вардар и по велосипедските патеки на булеварите Јане Сандански и Србија. Заедно со градоначалникот велосипед возела и цела свита од Градско собрание, а меѓу рекреативците бил и директорот на "Паркови и зеленило" Азировиќ. Од кабинетот на градоначалникот вчера ни потврдија дека Трајановски прошетал низ Скопје на велосипед. "Градоначалникот сакаше лично да провери во каква состојба се некои делови од градот, и тоа навистина го направи на велосипед. Вчерашните налози за косење трева, кастрење дрвја и за крпење дупки се резултат на завчерашната обиколка", велат од кабинетот на градоначалникот. Скопјани ја искористиле можноста да му се пожалат на градоначалникот за проблемите кои ги имаат, па речиси на сите места каде што се појавил околу него веднаш се собирале луѓе, исто како на митинг. Извор ВЕСТ... Секоја чест за Коце... Од него впрочем и се очекуваше ваква раздвиженост... Секоја чест , а најинетерсно ми беше вчера кога го видов заедно со Јакимовски вклучени во акцијата за чистење на Карпош...Секоја чест и за двајцата , тоа беше една добра порака дека градоначалниците треба да соработуваат без разлика на партиската припадност... Само така нека продолжи Коце и се надевам дека Скопје во блиска иднина ќе заличи на град...во цела смисла на зборот... Патем мамамд ти багодарам за темата , Коце навистина заслужи една тема во која ќе се спомуват неговите активности... |
|
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај, јас прва од милионот да си кажам...
-ПОЗЕРИ ! сепак, морам да си признаам..... би била среќна ако времето покаже дека сум згрешила во изјавата! |
|
Внеси реплика | страница <1 9101112> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |