![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 55> |
Автор | |
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"Реформа на ФИА или паралелна серија!"
![]() Тензиите помеѓу ФИА и Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) не се смирија по објавувањето на листата на учесници за сезоната 2010 во петокот, и Монтеѕемоло јасно става на знаење дека тие не се подготвени да ги послушаат ФИА. Зборувајќи при посетата на трката 24 Часа Ле Ман во саботата, Монтеѕемоло вели дека нема сомнеж дека проблемите ќе се решат набргу, но не знае на кој начин. "Во следните неколку години проблемот со формула 1 ќе биде разрешен, како што навистина се надевам со одговорна ФИА, како што сакаме, или како во другите спортови, со организација на нов шампионат. Бидејќи кога имаш мотори, менувачи, брендови, технологија, организација, можност за инвестиција не е тешко да се организира. Не сме задоволни и ќе продолжимево иста насока", вели Монтеѕемоло. ТИМОВИТЕ САКААТ ДА ГО ЗАОБИКОЛАТ МОЗЛИ? Формула 1 тимовите и производителите по се изгледа сакаат да го заобиколат влијанието на Макс Мозли, откако пратија писмо до сенатот на ФИА и до Светскиот Моторспорт Совет (ВСМЦ) барајќи нивна помош за пронаоѓање решение веќе следната недела. Во исто време Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА) издаде остро соопштение во кое посочи дека "сегашниот систем на водење на спортот не може да продолжи". "Мораме да дојдеме до заклучок дека на ФИА и треба модернизирано и транспарентно водење на спортот, вклучувајќи и ревизија на уставот. БМВ, Ферари, Мерцедес, Рено и Тојота заедно со другите не-европски тимови се одлучни во својот став да најдат нов начин за водење на спортот во кој ќе има јасност, сигурност на правилата и водењето и фер-распределба на финансиите", се вели во соопштението на АЦЕА. ЕКЛСТОУН БАРА СМИРЕНОСТ ОД СИТЕ Берни Еклстоун побара смиреност по сите несогласувања помеѓу ФИА и ФОТА кои само се зголемија во текот на викендот. Според италијанската Ла Република, вклучувањето само на Ферари и на двата тима на Ред Бул безусловно во шампионатот беше спротивно на нивната желба и е само провокација по која "производителите ќе му објават војна на Мозли". Според друг италијански весник, Кориере Дело Спорт, сега несогласувањата и незадоволството е толку големо што конфликтот се претворил во "барање на главата на Мозли". Британскиот Тајмс обидот на ФОТА да се избегне Мозли и да се оди директно кај Светскиот Моторспорт Совет е "само доказ дека на производителите им е доста од Мозли и дека сакаат да го видат надвор од ФИА". Во исто време Берни Еклстоун, носителот на комерцијалните права во спортот, бара мир. "Би побарал од сите наместо да фрлаат со кал еден на друг во јавност, или од зад грб, да бидат тивки и да ги остават работите да се смират сами од себе", вели Еклстоун. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сите сегашни тимови остануваат во Ф1
Тимовите што годинава се тркаа во Формула 1 се најдоа на листата на екипи на кои ФИА им одобри натамошно натпреварување, вклучувајќи и три нови Во соопштението на ФИА се вели дека McLaren, BMW Sauber, Renault, Toyota и Brawn испратиле условни пријави за кои се очекува до 19 јуни да бидат преименувани во безусловни. Планирани се дополнителни разговори околу спорните членови на Конкорд договорот и правилата. Од соопштението може да се забележи дека Ferrari Кој најмногу се бунеше и се закануваше со заминување, заедно со двата тима на Red Bull, Williams и Force India испратиле безусловни пријави. Од новопријавените тимови, ФИА се реши да им дозволи на два американски и еден шпански да се вклучат во првенството. Тоа се Team US F1, Manor Grand Prix и Campos Grand Prix. Листа на тимови за 2010 година SCUDERIA FERRARI MARLBORO SCUDERIA TORO ROSSO RED BULL RACING AT&T WILLIAMS FORCE INDIA F1 TEAM CAMPOS GRAND PRIX MANOR GRAND PRIX TEAM US F1 VODAFONE McLAREN MERCEDES* BMW SAUBER F1 TEAM* RENAULT F1 TEAM* PANASONIC TOYOTA RACING* BRAWN GP FORMULA ONE TEAM* * Овие тимови упатиме условни пријави и ФИА ги повикува да ги преименуваат во безусловни до 19 јуни, до кога се планирани дополнителни разговори со тимовите. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Берни: Ќе ја тужам FOTA за стотици милиони
![]() Сопственикот на најголемиот циркус во светот, Formula 1, им порача на тимовите дека ќе ги тужи ако организираат нова, паралелна серија на F1. Според него, тој би добил стотици милиони фунти за тоа. Бидејќи последниот ток за дефинитивна пријава на тимовите е во петок, расте тензијата меѓу тимовите и FIA. Првите бараат смена на правилникот со двоен аршин и се закануваат со организирање нова серија, додека FIA, заедно со Берни Еклстоун, се заканува со големи тужби. “Ако се обидат да организираат нова серија, а не ни мислам дека можат, ќе се соочат со големи проблеми” – изјави Берни за Daily Express и дополни: “Настрана од договорите со тимовите, кој и да отиде кај некои од нашите луѓе, компании, телевизии, ние ќе го разгледаме многу сериозно! Тоа ќе биде прекршување на нашите договори и тоа е нешто што јас не го правам и нема да дозволам да се случи. Секоја нивна акција ќе може да ги чини стотици милиони фунти, или којзнае колку?!” – заврши со заканата Еклстоун. Од друга страна, тимовите веќе најавија дека нема да попуштат пред телата на FIA, изјавувајќи дека новото првенство би било нефер ако се применат предложените правила. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шуми: Драстичните промени се нереални
![]() Најуспешниот возач во историјата на Formula 1, Михаел Шумахер, застана зад тимовите во целата хајка околу тоа дали тие ќе учествуваат наредната сезона или не. Според него толку големи промени не смеат да се прават преку ноќ. Иако Германецот изјави дека е за кратење на трошоците, тој појасни дека тоа е направено многу драстично и појасни дека не може да се очекува од гигантите да преземат толкав чекор за наредната сезона. “Не можете да очекувате толку драстични промени да бидат прифатени од многу важни производители. Да, имате цел, сакате да ги намалите трошоците, но тоа мора да се направи постапно, не можете да го превртите светот за еден ден – тоа е невозможно!” – се обрати на FIA големиот шампион, преку официјалниот сајт на Ферари F1. Шуми дополни и дека не би можело да замисли во првенството да го нема Ферари и сите други производители што учествуваат толку долго време. |
|
![]() |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ФИА и ФОТА се многу блиску до договор?
![]() Формула 1 по се изгледа е блиску до договор со кој ќе се заврши "војната" помеѓу тимовите и Интернационалната Автомобилистичка Федерација (ФИА). Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) и ФИА се во преговори за пристигнување до компромис околу несогласувањата околу правилата за од следната сезона и воведувањето на контроверзниот ограничен буџет. Според изворите на ББЦ, преговорите се во "деликатна" фаза, но двете страни се надеваат на договор. ФОТА решија да одговорат на писмото од претседателот на ФИА, Макс Мозли, во кое тој бараше тие да поднесат безусловна апликација за следната сезона, по што тој гарантира дека со сите потврдени тимови за 2010 ќе разговара и ќе ги слушне нивните предлози за формирање на правилата за 2010. "ФИА доби писмо со различни додатоци од ФОТА, чија содржина не е целосно негативна и во моментов ние ги разгледуваме сите документи", вели портпаролот на ФИА. Ова не е првпат да се има решение на дофат, откако во Монако ФИА и ФОТА имаа серија состаноци по кои немаше решение. Состанок помеѓу возачите и шефовите на осумте членки на ФОТА имаше и на Турското ГП. Постојат стравувања дека осумте тима можеа да се повлечат од неделната трка поради проблемот, но тоа не се оствари. Во ФОТА членуваа сите 10 формула 1 тимови, но Вилијамс и Форс Индија беа исклучени од асоцијацијата откако поднесоа безусловни апликации за учество до 2012. ФОТА инсистира дека тимовите ќе потпишат договор за до 2012, но само ако правилата од оваа година се пресликаат и за 2010. Во меѓувреме има место за уште три нови тимови во формула 1 за следната година, а крајната листа ФИА ќе ја објави во петок. Постои шпекулација дека ФИА ќе објави листа на тимови со само пет членки: Вилијамс, Форс Индија и трите нови тимови. Со ова ќе се добие време осумте ФОТА тимови да дојдат до компромис со Мозли. Но, втора шпекулација вели дека на листата сигурно ќе бидат и Ферари, Ред Бул и Торо Росо, бидејќи имаат обврзувачки договор со ФИА до 2010. Извор од ФИА тврди дека покрај писмото на ФОТА, било пратено и посебно писмо од Мозли до Ферари. Но, шефот на италијанскиот тим, Стефано Доменикали не смета дека тимот е обврзан да учествува следната година. "Имавме договор со ФИА, но сметаме дека обврските во тој договор се прекршени, така што договорот не е валиден", изјави Доменикали. Шефот на Ф1, Берни Еклстоун пак се закани дека формирање на ривалска серија е предавство. "Покрај договорите со тимовите, ако некој побара раскинување на договорите, тоа ќе чини стотици милиони фунти", вели Еклстоун. Повторно во улога на смирувач на ситуацијата се јавува и Мекларен, откако новиот шеф на тимот Мартин Витмарш изјави дека сака договор. "За несреќа на тимовите, ФИА и носителот на комерцијалните права не секогаш се согласуваат со нас, но би било погрешно да се растури се што е градено во последните 60 години. Ова е спорт со силни личности во него. По некое време, некој смета дека не му требаат тимовите. Но, на крајот компромисот е можен", вели Британецот. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
F1: Тимовите ќе организираат паралелна серија?!
![]() Ред Бул, Тојота, Ферари, Рено, Мекларен, БМВ и Торо Росо се заканија со организирање на паралелна серија на F1, доколку не се исполнат нивните барања за смена на предложениот правилник за наредната сезона. Истите тимови веќе дадоа пријави за 2010, но само условно. Според истите информации, тимовите веќе имаат добиено поддршка и од своите возачи, меѓу кои се Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Јарно Трули, Фелипе Маса, Марк Вебер и Ник Хајдфелд. Според тоа, не само што ќе си отидат моќниците од Формула 1, туку и некои од најдобрите возачи. Поддршка за организирање на нова серија, секако доколку дојде до најлошото, тимовите добија и од организаторот на Moto GP трките, Dorna Sports. Таа компанија е веќе позната по префрлањето на моќта од Мотоциклистичката Интернационална Федерација, на тимовите во најпопуларното првенство на две тркала. Dorna Sports се сложила да им помогне на тимовите во брзото организирање на нова серија, во која ќе има нови правила и нови трки. Истото што го најавуваат F1 тимовите, се случи пред 15-тина години во САД, кога Indy Car серијата се раздвои во две серии, од кои токму таа на тимовите, Indy Racing беше поуспешна. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нема KERS наредната година
![]() Тимовите се договорија да го изостават системот KERS за наредната година и покрај големите напори на FIA да воведе што поеколошки погон во болидите. Ваквиот потег на тимовите дојде по промената на правилникот, според кој драстично ќе бидат намалени трошоците за наредната година, а се случува токму во време кога тимовите најавуваат излегување од првенството. Инаку KERS системот беше воведен оваа година, но главно поради големата маса, не донесе очекувани резултати. Згора на тоа тој им прави дополнителни трошоци на тимовите. Само еден тим од организацијата FOTA беше за KERS, но тие се сложија со другите тимови, најверојатно сакајќи да му покажат на Макс Мозли дека знаат да бидат сложни. Од друга страна ова не го менува правилникот на FIA, туку е само интерен договор меѓу тимовите дека нема да користат KERS, што не гарантира дека ново влезените тимови нема да го направат тоа. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Светскиот шампион Луис Хамилтон веќе се откажа од одбраната на титулата, а сега вели дека би требало Мекларен да се концентрираат на 2010. "Го загубивме патот со овој болид. Можеби веќе поодамна требаше да се откажеме. Мораме да разбереме каде е грешката за да имаме поголема шанса следната сезона", вели 24-годишниот Британец. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо повторно покажа како не се прават пријатели и како се шири негативна енергија, откако изјави дека има толку малку фанови во Истанбул за Турското ГП, што до крајот на викендот, најверојатно, ќе ги запознае сите. Продажбата за билетите за трката во Турција одеше тешко и се предвидува дека се продадени само 40.000 билети и покрај капацитетот од 120.000. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() За двајца млади Германци во Ф1 иднината изгледа блескаво. Еден од нив е Себастијан Фетел од Ред Бул, а втор сигурно Нико Розберг од Вилијамс, кој за првпат призна дека е можно наскоро да вози болид со ѕвездата на Мерцедес. "Мекларен се голем тим, а го познавам Луис долго време, така што би било добро да сум таму. Не сум загрижен од можен дуел со него. Сепак, Вилијамс остануваат опција за мене", смета Розберг. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Повторно се појавија шпекулациите дека иднината на Нелсон Пике Јуниор во Рено е неизвесна, дури и пред стартот на Турското ГП, на кое Бразилецот беше само 16., шест места зад тимскиот колега Фернандо Алонсо. Се шпекулира дека Бразилецот има краен рок до Унгарското ГП следниот месец. "Критиките се околу мене цел живот, така што тоа не ме загрижува, ниту ме прави побавен или побрз", вели Пике |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Рос Браун целосно го поддржа ставот на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) во преговорите со ФИА, и додаде дека нема план да поднесе безусловна апликација како Форс Индија и Вилијамс. "Ја сфаќам позицијата на Френк Вилијамс бидејќи има договор со Берни и со ФИА, нешто што ние го немаме, но опстојувањето на Браун ГП тимот зависеше од поддршката на другите тимови од ФОТА, посебно Мекларен и Мерцедес. Затоа остануваме со нив. Има голем број предлози кои ги имаме за 2010 со кои ќе се заштедат пари", вели Браун. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лотус се враќа со Гаскојн и Херберт?
![]() Тим Лотус е последното "воскреснато" име од блескавата историја на формула 1, кое бара влез во Ф1 шампионатот следната сезона. Лајтспид формула 3 тимот од Норфолк, Британија, во соопштение објави дека поднеле апликација за следната сезона под името Тим Лотус. Поранешниот возач на тимот, Џони Херберт се приклучува како "менаџер за возачи и глобален комерцијален амбасадор", додека поранешниот технички директор на Рено, Тојота и Форс Индија, Мајк Гаскојн исто така е вклучен во проектот. Во исто време Бребем ГП би се вратиле преку германска компанија, Лола и Марч, се славни имиња од историјата. Продрајв исто така има апликација со името на Астон Мартин. ФИА вели дека има слободно место за 3 нови тима. "Новите регулативи се горда иницијатива за израмнување во спортот за првпат. Со ова се оствари нашата амбиција со Лотус да направиме силен тим", се вели во соопштението. Тим Лотус беше основан од Колин Чемпмен и дебитираше во 1958 година. Останува четврти најуспешен тим со 73 ГП победи, седум титули кај конструктори и шест кај возачи од 1963 до 1978. Чепмен почина во 1982 година, а името исчезна од Ф1 во 1994. |
|
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |