|
Се скараа Власите во Македонија |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Јуни.2009 во 18:36 |
Во редот на скарани и поделени меѓусебе народи се вброија и Власите.
Одземената лиценца на Фершпед ги скара Власите. Вчера претседателот на Демократскиот сојуз на Власите Никола Бабовски изјави дека во Македонија се организира хајка против фирмите кои се раководени од Власи. Денеска коалициониот партнер на ВМРО, претседателот на Партијата на Власите, Мите Костов изјави дека нема вистина во вчерашната изјава на претседателот на ДСВМ. Еј што ти прави власта и владеењето. Не рекле џабе, парите се отепувачка. |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не може во еден транзиционен период кога некои луѓе застанаа и станаа моќници во РМ, да ние, како жив штит, застанеме позади таквите“, изјави Митко Костов, претседател на Партија на Власите. Штерјо Наков важи за еден од најмоќните луѓе во земјава, според многумина - олицетворение на матната приватизација во '90-тите.Се смета за близок на Црвенковски, во чии време е приватизиран и „Фершпед“. Империјата на Наков потоа брзо се шири....!!!Станува доминантен сопственик на Лотарија, купува хотели на охридското крајбрежје, гради во Скопје. Влегува и во винарскиот бизнис, а од скоро и во медиумскиот бизнис. Неговата телевизија важи за жесток критичар на скоро сите владини политики. Најави за преиспитување на начинот на кој го стекнал имотот, имаше уште во времето на Георгиевски. Но, прв кој го чепна бизнис царството на Наков е Груевски.... Прво го замрзна имот на „Фершпед“ и побара ревизија на приватизацијата. Процес кој се уште е во судските лавиринти. Потоа ја одзеде лиценцата за игри на среќа на Лотарија, го затвори Автопазарот, за на крај, сега на ред да дојде лиценцата за шпедицијата, најпрофитабилниот бизнис во групацијата..... Царината и Владата демантираат, луѓето блиски до Штерјо Наков убедени, дека има политика во одлуката за одземање на лиценцата на „Фершпед“..... Како и да е ќе читаме и ќе пишуваме уште за ова..... |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sega se zamesa i Unijata za kultura na Vlasite. I tie kako Makfest i drugi manifestacii zavisea od sponzorstva na Fershped. Zasega 2:1. Da vidime shto ke kaze i ligata na Vlasite, ili ke molcat.
Во Македонија нема место за Власите Фактот што "Фершпед" беше позната како "влашка фирма" е причина што
ударот врз неа сите Власи го чувствуваат и како удар врз целата влашка
заедница, се вели во реакцијата на Унијата за култура на Власите во
Македонија по повод случајот "Фершпед". "Ова нe тера да мислиме дека
во Македонија како да нема место за Власите, ако се има предвид дека
беа удрени и други фирми каде што директори беа Власи", се вели во
вчерашното соопштение. |
|
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мора да продолжи борбата против корупцијата и криминалот во Македонија, и покрај сите аномали во нашето општество како корумпираните политички елити, судство и државни институции....
Деновиве, империјата на олицетворението на криминалната транзиција и вечниот партнер на Бранко Црвенковски, Штерјо Наков преку неговиот ФЕРШПЕД, доживеа уште еден удар со забраната за работа на неговата шпедиција од страна на Царинската управа.......
Срамно е што човекот на кого не беше доволно што се збогати на оној начин на кој што се зботати, па мораше да применува се и сешто за да ја шири својата империја, излегува политичка партија која се претставува како претставник на цела етничка заедница во Македонија, со обвинување. Ако на сево ова се додаде и фактот што Демократскиот сојуз на Власите е една од 7-те партии од коалицијата Сонце на СДСМ и нејзин вечен привезок, во тој случај работите стануваат многу јасни....!!! |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Najveke mrazam koga nechija nesposobnost, kriminal, korupcija....vo moment na nemok za opravduvanje na svoite postapki probuvaat da ja svrtat temata na druga strana, koja najchesto i sekogash se nasochuva kon , verskata, ethnichka ili rasna pripadnost, so shto samo ushte podlaboko se zakopuvaat vo sopstvenite lagi i go pokazhuvaat nivniot kriminalen karakter za "reshavanje".
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Arno ama da ne zaboravime deka Pertijata na Vlasite e koalicionen partner na sirokata koalicija za Makedonija. A spored denesen Vest pretsedatelot na ovaa partija mu dolzel pari na Fersped cij dolg sega ke se reaktiviral. |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E pa seto toa e povrzano inaku ne bi funkcionirale tie kako shto treba, ne? Zatoa sekomu spored zasluga.
|
|
VLA
Група Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 59 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I da ne zaboravame, mislam deka username mi kazuva se. Inaky fersped bese zatvorena primorana na koja i namestija dolgovi od 10.000 evra mada tie pari se neznacitelni tie pari bea plateni ama ne vo predvidenite 8 dena za plakjanje na danok, smesno e ova so fershped mislam cela javnost se smee i cela makedonska populacija, fershped zarabotuva mesecni milioni evra isto tolku vnesuvase vo budzetot na RM sto e vekje odamna prazen. Rabotinicite vo firmite na Gospodinot Nakov, se zadovolni, zadovolni povekje od bilo koja administracija drzavna pozadovoleni se od pratenicite. A naprotiv prasajte gi rabotnicite vo firmite na bratucedite na Gruevski kolku se zadovolni i kako rabotat. Samo bez gajle Sterjo e dovolno mokjen da go kupi Dpmne i Gruevski i da im naredi da mu bacuvaat nozi sekoe sabajle, ima kapital nadvor od Makedonija potocno vo Grcija itn itn... Videte problemot e toa sto vo ten ka kriza se potpomagaat firmite, a ne se zatvoraat, ama pa ok e nema nekoj vo vlasta sto moze da go sfati toa, site se za... :)
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Капиталот..во (според твоево кажување) грција..е од македонски компании собран..и мора да си се врати назад..
Само ...начинот за неговото враќање во татковината..е досега неистражен.
По се изгледа ...доаѓа времето на израмнување на сметките..на граѓаните на Македонија... со нивните крвопии..во секаков облик.
Изменето од novace - 09.Јуни.2009 во 19:16 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
VLA
Група Регистриран: 24.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 59 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bi sakal da ti ostavam replika novace, no ne mozam da razberam sto imas napisano bidejkji ima nogu tocki... vaka i ne znam neso kapital grcija kompanii i ima nonstop tocki megju niv dali znaci deka prekjinuva recenicata ili prodolzuva vo ist kontekst, pojasni te molam! pOZz
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точките помеѓу..ти преставуваат реки од солзи..крвави ...на испокрадените македонски семејства..во минатото и сега..во „транзицијата„..
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Борбата за позиција, владеење и лагоден живот, позиции кои нудат многу привилегии се неколку чинители кои ја чинат бескомпомисната и бескрупулозната борба за опстанок и задржување на тие позиции и привилегии. Не бирајки средства за девалвација на противникот се оди тотаму што државните се ставаат над личните интереси. Деновиве сме сведоци на повампирувањето на идеите кои ги протежираше некогашниот премиер Љубчо Георгиевски, (барем според написите по весниците во тоа време) за поделба на Македонија по етничка основа односно формирање чисти етнички територии па дури се одеше и до идеја за преселба на народите, но сега насочени кон еден друг етнос. Колку и да се негира фактот дека случувањата околу Фершпед немаат национална конотација праксата зборува друго. Барајки оправдување за девалвирање на опозицијата се пушта пробен балон за блискоста на популарните ’’влашки фирми’’ или фирмите на таканаречено ’’влашкото лоби’’ и нивно затворање заради наводно незаконско работење. Секој иоле паметен се прашува зошто токму сега- кога Бранко Црвенковски се враќа на политичката сцена, а јавна тајна е дека неговите противници како најголем грев му го препишуваат токму тоа- наводната блискост со моќните бизнис луќе на кои на сите им се става етикета ’’влашко лоби’’.
И треба ли на Македонија национализам во ова време кога се труди да докажува дека континуирано се врши национално негирање во соседните земји?!И треба ли на Македонија поделби по етничка основа во време кога на Македонците им е оспоруван националниот идентитет, Македонците се ставени пред проблем на менување на името а со тоа и националниот идентитет?! Кој им помага на негаторите? Пред да даде изјава дека има хајка по етничка основа претседателот на Демократската партија на Власите во Македонија треба да размисли дали навистина е тоа вистина?! Пред да даде изјава во која го негира претходното претседателот на партијата на Власите треба прво да застане и да си ги праша коалиционите партнери зошто Власите ги ставаат како монета за поткусурување со опозицијата и зошто секогаш во дневно политички цели го популаризира фатаморганското ’’влашко лоби’’?! Размислуваат ли и едните и другите дека нивните дневно политички игри и борба з аопстанување/враќање на власт и носат катастрофални штети на Македонија?! Кому му носат добро ваквиве наслови Лавот го жигоса Влавот Ќе им врзат ли жолти ленти? Има ли вистина во ова?! Мисли ли некој дека Европа ќе дозволи повампирување на фашизмот? Треба ли премиерот Груевски да расчисти со националистите во своите редови? Треба ли да размислат Власите зошто дозволуваат да бидат искористени во партиските расчистувања на другите и девалвирања на Власите во тие борби? Треба ли разноразните филства да го кршат стапот од грбот на Власите? Треба ли Власите да премолчат на ваквиве етикетирања и ке дозволат тие да бидат синоним за сите транзициски несреќи што ја снашле земјава. ? Изменето од mamamd - 10.Јуни.2009 во 06:54 |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neznam dali se prochita shto si napishal odkako go postirashe, pa bi te zamolila da se koregirash dokolku se raboti za propust.
Nitu Sterjo nitu pak bilo koj drug NEMOZHE DA KUPI NIKOGO...i so samiot toj nachin na rezoniranje, ti sega samo go podvrduvash nivnoto KRIMINALNO FUNKCIONIRANJE!
A toa shto si Vlav, ne ti dava za pravo da branish nechij kriminal so kriminalni izjavi i pretenje. Kriminalot si e kriminal i pred nego site sme ednakvi.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Такви бомбастични и тенденциозни наслови во весниците служат само за подгревање на атмосферата и палење страсти.
Нема ништо спорно во постоењето на најразлични лоби групации, тие се реалност која постои на најразлични нивоа. Проблематично е кога ќе се открие или докаже криминал кај одредени делови или членови т.е. остварување на бизнис или политички интереси преку нелегални средства и криминал. А пред криминалот не смее да се замижува, без разлика на било каква лоби-припадност или не, на етничка, национална , верска или било каква друга припадност и без разлика на неговата големина: дали било за лижавчиња или за спејсшатли... На криминал не е имун никој, ниедна етничка група, ниеден народ и не смее на настанот да му се дава непотребна етничка димензија. Штерјо е влав, но не е СИТЕ ВЛАСИ во Македонија. Како што Даравелски е македонец, но не е СИТЕ МАКЕДОНЦИ во Македонија. Како што Сејдиу е албанец, но не е СИТЕ АЛБАНЦИ во Македонија. Криминалот не познава националност, тука сите МОРА да се еднакви пред законот. “Немало место за власите во Македонија..., ќе им ставале жолти ленти“... не е ништо друго туку небулоза и апсурд, ширење говор на омраза и поттикнување уште еден раздор. Ако немало место, ќе немало ни партија на власите како актуелен учесник во власта, многу просто. Власите се интегрирани во сите пори на македонското општество и нема никаква потреба од сеење раздор таму кај што го нема. |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |