IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 55>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 03:51


Liderot vo generalen plasman, Jenson Button, ovaa nedela uzivase vo vrakjanjeto vo centarot na britanskiot
javen zivot. Vozacot na Brawn vo vtornikot navecer i ja dodeli na avstraliskata pop zvezda Kylie Minogue titulata
za "Zena na godinata" na dodeluvanjeto na nagradite na Glamour magazinot vo London.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 03:59
Ќе го сопре ли некој Батон? Најава – ГН Турција



Трката која е најблиску до нас кога се во прашање F1 трките, таа во Истанбул, е меѓу најпопуларните меѓу гледачите, бидејќи е конструирана така да има повеќе престигнувања.

Во прилог на ова одат и се подобрите перформанси на Ферари. Тука Италијанците треба да покажат дека деноноќната работа ќе се исплати. Тука Кими и Маса конечно ќе треба да ги покажат своите способности, нешто што и тие самите го најавуваат. Впрочем, Бразилецот победи претходните три години на оваа патека, а една година пред него токму неговиот тимски колега. Маса повеќе пати има изјавено дека многу сака да вози во Истанбул и дека патеката му одговара на стилот.

Но, не е се така лесно и едноставно. Браун објави дека за оваа трка има ново предно крило, додека Ред Бул ќе возат со двоен дифузор. И два тимови делуваат стабилно и покажуваат перформанси како на патеката, така и во организацијата. Интересно, Тојота исто така најавува атак на врвот и покрај катастрофалните резултати на претходната трка, за која рекоа дека не му одговарала на болидот.

Би било некоректно да се исклучат и Хамилтон и Алонсо секако. И двајцата се светски шампиони, па и покрај тоа што имаат болиди само за средината на табелата, треба да се очекува добар пласман. Не треба да се изостават ниту Вилијамс, тим кој покажа одлични перформанси во Монако. Од БМВ не би можело да се очекува подобар пласман, бидејќи тие и самите признаа дека болидот не се лепи доволно на подлогата, а патеката во Истанбул е полна со брзи свиоци.

Иако Батон доминира оваа сезона, прогнозата за оваа трка нема да биде лесна. Секако, главните шанси за победа ги има токму Британецот, но, не треба да исклучат ниту Ферари и Ред Бул, кога е во прашање првата позиција, а од позадина најмногу можат да изненадат Тојота и Рено. Според тоа, повторно би требало да гледаме интересна трка, после досадното вртење по тесните улички низ Монако.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 04:10


Себастијан Фетел од екипата на Ред Бул ја освои пол позицијата во квалификациите за ГН Турција, возејќи еден круг за 1:28.316 (просечна брзина 217.591 км/ч). Според признанието на германскиот пилот, подобрените перформанси се должат на нови делови кои ги вградиле на болидот „во последна минута“. Бидејќи немале можност да поработат на штелувањето, не очекувале да бидат убедливи во квалификациите, но се покажа дека се функционира одлично. Возачите се двоумеа во изборот меѓу меките и тврдите гуми, што се покажа во случајот на Батон и Баричело од Браун Мерцедес (на второ и трето место), бидејќи временските услови беа како во петокот но имаше помалку ветер. Се очекуваше дека евентуално потоплото време ќе ги фаворизира потврдите гуми, но Фетел и Батон беа најбрзи на меките, додека за изненадување беше задолжен Баричело кој со тврдите гуми стигна до третото стратно место, само десетинка зад тимскиот колега, односно две десетинки за Фетел. Носителот на пол позицијата за својот избор рече дека не бил убеден во перформансите на потврдите гуми, бидејќи и двете опции биле премногу блиску. Во првата изјава Фетел дури и се збуни мислејќи дека ова му е прва пол позиција годинава, за потоа да признае дека онаа од трката Кина му била неочекувана, а за оваа работеле напорно.

Вториот возач на Ред Бул, Марк Вебер ја потврди формата на неговиот тимски колега со освојување на четвртата позиција, додека во третиот ред се Трули и Раиконен. Трикратниот победник Фелипе Маса ќе стартува од седмо место, пред Алонсо, додека првата десетка е надополнета со Розберг и Кубица во петтиот ред, при што разликата од првиот до десеттиот е само една секунда.

Фетел беше најбрз и во втората сесија кога болидите беа најлесни, возејќи повеќе од една секунда подобро време. Тогаш, меѓу првите десет не успеаја да влезат Хајдфелд, Накаџима, Глок, Ковалаинен и Зутил, при што дури 13 возачи беа во една секунда. Најслабо претставување во првата сесија од квалификациите имаа Хамилтон, Пике, Буеми, Физикела и Бурде, кои ќе стартуваат од 16 до 20 место.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 18:26
Хамилтон: “Треба да конструираме целосно нов болид!”



Актуелниот шампион во F1, разочаран од настапот на квалификациите во Турција, изјави дека болидот кој го вози требало да биде исфрлен многу порано и да се почне на конструирање на нов.

“Добре дојдовте во мојот свет. Ние веројатно уште многу порано требаше да го напуштиме овој болид. Сега е многу касно. Ако го напуштевме, ќе беше голем трошок и ќе имаше многу работа. И каква што е денес економијата, ќе требаше пет до шест месеци за да конструираме нов болид. И кој знае дали пак ќе го направевме добар?” – изјави очигледно збунетиот Хамилтон. Тој на квалификациите во Турција заврши како 16-ти.

На изјавата на Хамилтон се надоврза и поранешниот шеф на тимот на Џордан, Еди Џордан, кој изјави: “Болидот е просто безнадежен. Веројатно најлошиот Мекларен дизајниран досега!”

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 03:53
БОЈКОТ ПО 12 ЈУНИ???



Светската автомобилистичка федерација се уште не реагирала откако пред десет дена екипите учеснички во Формула 1 поднесоа условена пријава за учество во шампионатот за 2010 година и натаму. Двата услова кои беа истакнати се потпишување на договор „Конкорд“ меѓу организаторите и учесниците, како и да нема измени во правилата во однос на 2009 година, со исклучок на предлозите кои ќе бидат доставени од нивна страна до ФИА. Најпроблематичен дел во предложените правила се лимитирањето на буџетите на 40 милиони фунти, како и техничката слобода за оние кои ќе го прифатат тој цензус, наспроти другите екипи кои би имале порестриктивна регулатива, но слобода во формирањето на буџетите.

Два нови детали излегоа на виделина во пресрет на трката за Големата награда на Турција, откако во петокот беше соопштено дека Форс Индија поднела самостојна апликација надвор од заедничката со ФОТА, поради комерцијалните обврски. Најпрвин, англискиот коментатор Мартин Брандл во својата колумна во еден британски весник објавил дека големите фабрики (Ферари, Мерцедес, БМВ, Тојота и Рено) се обврзале дека нема да ја растурат алијансата и во следните 30 дена нема да поднесат самостојни пријави до ФИА. Тоа секој од нив го гарантирал со сума од 50 милиони долари. Дополнително, утрото на денот од трката 16 возачи од осумте екипи кои останаа обединето во ФОТА (без Вилијамс и Форс Индија), имале состанок во моторхоумот на Тојота и донеле одлука да застанат во одбрана на позициите на своите екипи. Според одредени извори, дури било разговарано и за бојкот, што секако ќе зависи од реакцијата на ФИА. Подоцна на прес конференција, Марк Вебер, кој е еден од претседателите на возачката асоцијација, запрашан за ова мошне политички избегна да одговори конкретно.

- Ние целосно ја поддржуваме ФОТА во нејзините барања за подобро управување со спортот. Како возачи, наша определба е да возиме на најдобрите патеки во светот, за најдобрите тимови,- рече возачот на Ред Бул, со што меѓу редови се остава простор евентуалниот шпекулиран бојкот, кој би се случил како најлошо сценарио откако ФИА ќе открие кои имиња се на листата екипи за 2010 година.

Овој отворен конфликт речиси со сигурност ќе доведе и до импликации при есенските избори на ФИА, но Мозли не соопштува ни дали ќе се кандидира, очигледно чекајќи да види дали опозицијата ќе истакне противкандидат
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:15
ВЛЕЗЕТЕ БЕЗУСЛОВНО ПА ПОСЛЕ МЕНУВАЈТЕ ПРАВИЛА



Претседателот на ФИА Макс Мозли напиша писмо до преостанатите осум ФОТА членови во кое ургира да се пријават безусловно за следната година, па потоа може да ја обликуваат Ф1 како што сакаат. Конечната листа со тимови ФИА треба да ја објави во петок.

Во писмото пратено до Ферари, Мекларен, БМВ, Рено, Ред Бул, Торо Росо, Тојота и Браун ГП, Мозли изјавува дека сака да седне со сите тимови кои би се натпреварувале во 2010, при крајот на овој месец, за почеток на разговор за конечно оформување на правилата. Да би се постигнало тоа, тој сака членовите на ФОТА утре да потврдат дека сакаат да се натпреваруваат во 2010, т.е. ги сменат условните во безуслови пријави.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:21
Возачите зад ФОТА во спорот со ФИА



ГП возачите ја изразија својата поддршка за ставот на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) по разговорите во Истанбул пред неделната трка. Возачите и шефовите на осумте члена на ФОТА (од каде беа исклучени Вилијамс и Форс Индија) одржаа 25-минутен состанок во мотор-домот на Тојота пред можеби клучната политичка недела во формула 1. Ова дојде откако Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА) изрази загриженост за влијанието на ситуацијата на кариерата на членовите и фактот што возачите немаат многу влијание во донесувањето одлуки.
"Сите возачи имаат исто чувство - да ја следат ФОТА и да ја почитуваат работата на новите правила за сериозна иднина на Ф1. Тука разговаравме за правилата и за некои работи кои не ги прочитавме со весниците. За правилата, имаме иста визија со ФОТА", вели Јарно Трули од Тојота.
Трули додава дека возачите веруваат дека плановите за иднината не се добри изјавувајќи го ова пред петочниот краен рок кога ФИА ќе објави кои тимови ќе учествуваат во следниот шампионат.
"Мозли мора да сфати дека има некои работи кои не можат да се случат. Правилата за 2010 апсолутно не се добри бидејќи формула 1 мора да остане број 1 на светот, со силна технологија и со производители. Не можете само да донесете други тимови кои немаат идеја како треба да се натпреваруваш на така високо ниво", додава Трули.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:24
Лотус се враќа со Гаскојн и Херберт?



Тим Лотус е последното "воскреснато" име од блескавата историја на формула 1, кое бара влез во Ф1 шампионатот следната сезона. Лајтспид формула 3 тимот од Норфолк, Британија, во соопштение објави дека поднеле апликација за следната сезона под името Тим Лотус. Поранешниот возач на тимот, Џони Херберт се приклучува како "менаџер за возачи и глобален комерцијален амбасадор", додека поранешниот технички директор на Рено, Тојота и Форс Индија, Мајк Гаскојн исто така е вклучен во проектот.
Во исто време Бребем ГП би се вратиле преку германска компанија, Лола и Марч, се славни имиња од историјата. Продрајв исто така има апликација со името на Астон Мартин. ФИА вели дека има слободно место за 3 нови тима.
"Новите регулативи се горда иницијатива за израмнување во спортот за првпат. Со ова се оствари нашата амбиција со Лотус да направиме силен тим", се вели во соопштението.
Тим Лотус беше основан од Колин Чемпмен и дебитираше во 1958 година. Останува четврти најуспешен тим со 73 ГП победи, седум титули кај конструктори и шест кај возачи од 1963 до 1978. Чепмен почина во 1982 година, а името исчезна од Ф1 во 1994.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:27


Рос Браун целосно го поддржа ставот на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) во преговорите со ФИА, и додаде дека нема план да поднесе безусловна апликација како Форс Индија и Вилијамс. "Ја сфаќам позицијата на Френк Вилијамс бидејќи има договор со Берни и со ФИА, нешто што ние го немаме, но опстојувањето на Браун ГП тимот зависеше од поддршката на другите тимови од ФОТА, посебно Мекларен и Мерцедес. Затоа остануваме со нив. Има голем број предлози кои ги имаме за 2010 со кои ќе се заштедат пари", вели Браун.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:29


Повторно се појавија шпекулациите дека иднината на Нелсон Пике Јуниор во Рено е неизвесна, дури и пред стартот на Турското ГП, на кое Бразилецот беше само 16., шест места зад тимскиот колега Фернандо Алонсо. Се шпекулира дека Бразилецот има краен рок до Унгарското ГП следниот месец. "Критиките се околу мене цел живот, така што тоа не ме загрижува, ниту ме прави побавен или побрз", вели Пике
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:37


За двајца млади Германци во Ф1 иднината изгледа блескаво. Еден од нив е Себастијан Фетел од Ред Бул, а втор сигурно Нико Розберг од Вилијамс, кој за првпат призна дека е можно наскоро да вози болид со ѕвездата на Мерцедес. "Мекларен се голем тим, а го познавам Луис долго време, така што би било добро да сум таму. Не сум загрижен од можен дуел со него. Сепак, Вилијамс остануваат опција за мене", смета Розберг.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:41


Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо повторно покажа како не се прават пријатели и како се шири негативна енергија, откако изјави дека има толку малку фанови во Истанбул за Турското ГП, што до крајот на викендот, најверојатно, ќе ги запознае сите. Продажбата за билетите за трката во Турција одеше тешко и се предвидува дека се продадени само 40.000 билети и покрај капацитетот од 120.000.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:43


Светскиот шампион Луис Хамилтон веќе се откажа од одбраната на титулата, а сега вели дека би требало Мекларен да се концентрираат на 2010. "Го загубивме патот со овој болид. Можеби веќе поодамна требаше да се откажеме. Мораме да разбереме каде е грешката за да имаме поголема шанса следната сезона", вели 24-годишниот Британец.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2009 во 01:53
Нема KERS наредната година



Тимовите се договорија да го изостават системот KERS за наредната година и покрај големите напори на FIA да воведе што поеколошки погон во болидите.

Ваквиот потег на тимовите дојде по промената на правилникот, според кој драстично ќе бидат намалени трошоците за наредната година, а се случува токму во време кога тимовите најавуваат излегување од првенството. Инаку KERS системот беше воведен оваа година, но главно поради големата маса, не донесе очекувани резултати. Згора на тоа тој им прави дополнителни трошоци на тимовите.

Само еден тим од организацијата FOTA беше за KERS, но тие се сложија со другите тимови, најверојатно сакајќи да му покажат на Макс Мозли дека знаат да бидат сложни. Од друга страна ова не го менува правилникот на FIA, туку е само интерен договор меѓу тимовите дека нема да користат KERS, што не гарантира дека ново влезените тимови нема да го направат тоа.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,843 секунди.