|
Дигитална телевизија во Македонија |
Внеси реплика |
Автор | |
maestro13
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 428 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Јуни.2009 во 01:08 |
Наесен - дигитална телевизија
Сите домаќинства бесплатно ќе добијат уред за прием на дигиталниот ТВ-сигнал, домашните телевизии ќе се емитуваат без надоместок, а месечната претплата за странските телевизии ќе биде околу 500 денари Телеком Словенија од септември на македонскиот пазар почнува со услугата дигитална телевизија. Словенечката компанија ја доби лиценцата за пренос на услугата дигитална телевизија од претседателот на Агенцијата за електронски комуникации Петар Ивановски. Според директорот Предраг Чемерикиќ, покрај 301.000 евра, колку што платиле за лиценцата со времетраење од 10 години, Телеком Словенија во наредните три месеци ќе инвестира повеќе од 30 милиони евра. За стартот на дигиталната телевизија во најголем дел ќе се користи инфраструктурата на мобилниот оператор „Космофон“, чиј сопственик од неодамна е словенечкиот оператор. Телеком Словенија е подготвен да ги финансира сите приемнички уреди за користење на услугата за целото население во Македонија. Во зависност од бројот на домаќинствата заинтересирани за услугата, максималната инвестиција на словенечкиот инвеститор би била околу 90 милиони евра. - Должни сме да ги пренесуваме сите македонски национални терестријални (земски) телевизии. Од економски причини, за да ги покриеме инвестициските трошоци, ќе се пренесуваат и квалитетни странски содржини, преведени на македонски со одобрение од Советот за радиодифузија - рече Чемерикиќ и додаде дека месечната претплата за странските програми ќе биде 423 денари плус данокот на додадена вредност, а домашните нешифрирани канали ќе се гледаат како и досега бесплатно.Според Чемерикиќ, Телеком Словенија ќе нуди недискриминаторски услуги за сите постојни учесници во радиодифузниот пазар. - Нема да градиме телевизиска куќа за пренос на програма, туку мрежа за пренос на постојните медиуми, кои имаат национална лиценца во Македонија - нагласи Чемерикиќ.Претседателот на АЕК, Петар Ивановски, истакна дека со доделувањето на лиценцата почнува дигитализацијата во македонската радиодифузија, а граѓаните ќе имаат можност да ги следат телевизиските програми со многу подобар квалитет. - Од Телеком Словенија се очекува да го реализира тоа што го понуди, а ние ќе го следиме нејзиното работење и ќе обезбедиме навремена и квалитетна поддршка - рече Ивановски. Коментирајќи ги најавите од Центарот за развој на медиумите за оспорување на тендерот, Ивановски рече дека АЕК легално ја спровела постапката за избор на понудувач за дигитална телевизија во Македонија. - Согласно Правилникот и Законот АЕК распиша платформа врз основа на која ќе се пренесуваат телевизиски канали, а таа платформа може да ја сметате исто како кабелска, односно само радио платформа. Во согласност со Планот за распределба на радиофреквенции, фреквенциите 470862 покрај за радиодифузна дејност се доделени и за ваков вид пренос на услуги, односно за дигитална телевизија - објасни Ивановски. Транзицискиот период за премин од аналогна во дигитална телевизија за земјите членки на ЕУ е 2012 година, а за Македонија 2015 година. Основната предност на дигиталната дејност е емитување поголем број ТВ-канали со иста искористеност на фреквенцијата. Дигиталниот систем обезбедува висококвалитетна слика и напреден повеќенаменски тон. За прием на дигиталната телевизија населението мора да поседува конверторска опрема или современ ТВ-приемник со вграден тјунер. Македонија има одобрение за 9 мултиплекс радиофреквенциски канали за пренос на дигитални телевизиски сервиси. Државата засега ќе искористи само три. Од нив, според програмата за дигитализација на земската телевизија, еден мултиплекс канал ќе добие јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“, а другите ќе се распределат на конк*рс. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1BEC33C3D3E084408EAC9373A6F52CA0 Сега малку појаснување од тој што се разбира - што и како. Дали ова значи дека од есен ќе имаме македонски HD канали? |
|
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бесплатни ке бидат домашните канали?!да , само што тие ке одат комплет со странските, иначе тешко да си ги извадат словените парите.
|
|
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
|
ss_derIvat_ss
Сениор Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja sum rekol, LCD televizor so dimenzii na trpezarija ne kupuvam dodeka ne vidam VISTINSKI digitalen signal.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Сега малку појаснување од тој што се разбира - што и како.
Дали ова значи дека од есен ќе имаме македонски HD канали?" -..........toa samo znachi deka makedonskite ke si bidat kako i dosega,..(.HD-to zavisi od "proizveduvachot"na tevelizijata a, ne od "distributerot"),..a, stranskite,..ako izvorno emituvaat HD signal ,..bi trebalo i nie takov da go primame,.. |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А кои странски канали ќе бидат пренесувани,има информација за тоа?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
koi i da se,..sigurno nema da gi ima najinteresnite,...discovery,...geigraphic,animal..histori,...explorer,..tie nemaat makedonski prevod,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама може да ги направат баш тие канали Брзо да бидат титлувани.
Не верувам дека освем канали со документарна содржина или филмови или некој споретски од типот на Еуроспорт ќе бидат други преведени.
Ако преведуваат канали овие им се најверојатно први на листа.
Да не беа ови што ги спомна јас воопшто немаше да гледам телевизија.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i jas,..ama , ako ovie stvarno ke gi ima,..moze i ke im ja "zemam" tevelizijata,...iako ,..mora da se priznae,.mekdonskiot i ne e bash nekoj si asalen prevod,..osobeno ako preveduvachot e nekoj ....bukvalist ...
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
maestro13
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 428 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве што рекоа од менаџментот на Алфа пред една година: Техничката опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Базирана е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата). Ова значи дека Алфа ќе емитува преку сигнал со драстично подобар квалитет од сигналите на останатите македонски телевизии, што ќе придонесе за еден исклучително квалитетен краен изглед на програмата. Со оглед на тоа што според европската регулатива, дигитализиацијата на преносот на телевизискиот сигнал ќе биде задолжителна почнувајќи од 2012 година, во почеток супериорниот квалитет на програмата на Алфа телевизија гледачите нема да можат во целост да го забележат. Значи до 2012 година еден дел од квалитетот ќе се губи во самата конверзија на записот од дигитално во аналогно, при самото влегување во сегашните предаватели. Дотогаш, гледачите ќе ја гледаат дигиталната програма на Алфа ТВ со еден редуциран квалитет, односно дури за четири години ќе можат да гледаат и со полна резолуција сe она што го работи Алфа. Значи Алфа би требало да премине во HD прва. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
togash odma ke treba da se gleda takva,..t.e...koga slovencite ke pochnat da ja reemituvaat!
inache,..alfa e grchka,..kolku shto znam,..nemojte nekoj sluchajno da ja gleda,.. |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
maestro13
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 428 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aлфа веќе не е грчка, сега е на Штерјо Наков. А, според мене имаат најдобра сопствена продукција во споредба со другите телевизии. |
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
staj si satelitska.... |
|
nikita
Сениор Регистриран: 29.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1610 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eee ima na ovie prevod samo srpski,sto spored mene e dovolno |
|
She sells seashells by the seashore...
|
|
Petar.MK
Нов член Регистриран: 29.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зашо српски? Срби ли сме ние? Да се направи македонски превод!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |