IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Астрономија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Астрономија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 01:19
eve eden interesen podatok голема%20насмевка



Нов рецепт за џуџести галаксии: започнете со преостанатиот гас…


Очигледно, џуџестите галаксии можат да се појават “од никаде”.

Со Истражувачот на галактичка еволуција (Galaxy Evolution Explorer – GALEX) на НАСА неочекувано се забележани нови галаксии во содѕвездието Лав за чие формирање, се чини, не било потребно ништо повеќе од  чист гас, за кој се мисли дека е преостанат од периодот на раната Вселена. Гасот не содржи темна материја и метали, за кои претходно се мислеше дека се основните елементи при формирањето на една галаксија.

GALEX за прв пат открива џуџести галаксии кои се формираат од ништо повеќе отколку чист гас, остаток од раната Вселена.

Џуџестите галаксии се релативно мали групи на ѕвезди кои често орбитираат околу поголемите галаксии, како што е нашиот Млечен пат. За овој нов вид на џуџести галаксии се смета дека се многу почеста појава во далечната и рана вселена, каде чистиот гас преовладува во многу поголеми количества.

Ново-опишаните галаксии се наоѓаат во огромен облак од водород и хелиум кој личи на испрекинат прстен околу две масивни галаксии во соѕвездието Лав. За облакот се верува дека е исконски објект, одн. антички остаток од материјал кој опстојал релативно непроменет од најраните денови на Вселената. Овој прстен, кој е откриен пред околу 25 години во радио спектарот, не е дел од видливата светлина.

Научниците велат дека никогаш порано не биле забележани ѕвезди во гасовитите предели на прстенот, но GALEX, кој е особено осетлив на ултравиолетова светлина, им открива мал но доволен доказ за неодамнешната формација на масивни ѕвезди. Тие велат дека детекцијата на формирање на галаксии од исконски гас е огромно изненадување.

Нашата локална Вселена содржи две големи галаксии, Млечниот пат и Андромеда. Секоја од овие галаксии е дом на стотици милијарди ѕвезди. Тука е и галаксија Триангулум која брои неколку десетици милијарди ѕвезди. Нашата локална Вселена исто така содржи и над 40 многу помали џуџести галаксии, кои имаат само по неколку милијарди ѕвезди. Невидливата темна материја, пак, која може да се детектира преку нејзиното гравитационо влијание, е составен дел и на гигантските и на џуџестите галаксии. Исклучок од ова правило, меѓутоа, се плимните џуџести галаксии.

Овие галаксии се кондензираат од рециклираниот гас од други галаксии и се одделени од најголемиот дел од темната материја со која првично биле поврзани. Тие се создаваат кога галаксиите се судираат и нивните гравитациони маси взаемнодејствуваат. Во суровоста на взаемодејството, гејзери од галактички материјал се отргнуваат од родителот-галаксија заедно со прстен од темна материја кој ја опкружувал таа иста галаксија.

Поради тоа што кај нив недостасува темна материја, новите галаксии видени во прстенот од соѕвездието Лав наликуваат на плимни џуџести галаксии. Во својата основата, меѓутоа, тие се разликуваат од нив. Гасовитиот материјал, од кој се состојат плимните џуџиња, веќе има кружено во самата галаксија при што се има збогатено со метали одн. елементи потешки од хелиумот, кои настануваат како што ѕвездите еволуираат. Џуџињата од прстенот во Лав, пак, се изградени од многу почист материјал кој не содржи метали.


Формирањето на џуџестите галаксии е видливо во далечниот ултравиолетов спектар, претставено со синилото на десната страна на сликата.  Видливата светлина од синиот дел на спектарот е претставено со црвено. Грутките (во круговите) се изразито сини, што укажува на тоа што тие се примарно видливи во далечната ултравиолетова светлина.

Ова откритие е од големо значење, бидејќи им овозможува на научниците да го проучуваат формирањето на ѕвездите во сè уште необогатен гас. 

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 02:33
Ќе ми дозволите да го искористам форумов и да се пофалам дека на републичкиот натпревар по астрономија, кој во организација на македонското астрономско друштво се одржа на 28-ми Март на ПМФ, мојот син (VIII одделение) го освои второто место и, тоа во конк*ренција од триесетина средношколци од цела Македонија!задоволство Ем мал, ем умен => малоумен на тато!плазењељубов
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 16:41
veruvam deka i skromen ke bide,...na tatko mu! намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 20:57
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ќе ми дозволите да го искористам форумов и да се пофалам дека на републичкиот натпревар по астрономија, кој во организација на македонското астрономско друштво се одржа на 28-ми Март на ПМФ, мојот син (VIII одделение) го освои второто место и, тоа во конк*ренција од триесетина средношколци од цела Македонија!задоволство Ем мал, ем умен => малоумен на тато!плазењељубов



Zlatnice aj sto e pameten i mnogu ubav bil... i toa na tato? голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

Vo sekoj slucaj cestitki, decata pokazaa izvonredni znaenja големо%20гушкањеголемо%20гушкање
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
traktorce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Brm Brmm

Регистриран: 19.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај traktorce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 03:13
100 часа астрономија (2-5 април)


Добредојдовте во деновите кога во целиот свет се одвива проектот 100 часа астрономија. Еден глобален настан, кој има за цел да им ја доближи многу повеќе астрономијата на обичните граѓани, да им се покажат убавините на ноќното небо и да се запознаеме како работат професионалните опсерватории низ светот. Во овие 4 дена, било да е со правење на некоја активност само неколку часа или, пак, 100 часа маратонски настан, важно е учеството и желбата да се биде дел од оваа глобална активност која ги поврзува сите астрономи и жители на нашата планета.





Кои се настаните кои покрај илјадниците настани низ целиот свет ќе се оджат на едно глобално ниво:

- Свеченото отворање ќе се одржи во Френклин институтот во Филаделфија и таму ќе биде прикажан еден од првите телескопи што ги користел Галилео.
- Вебкаст во живо од научни центри, каде што ќе има дискусии на одредени теми на 2-ри април. Набљудувања во живо и други најразновидн програми.
- Околу светот со 80 телескопи. 24 часовна програма во живо од најпознатите опсерватории во светот. Професионалните астрономи ќе ве поведат на една прошетка низ нивните опсерватории во текот на 24 часа на 3-ти април.
- 24 часовна глобална астро журка. 24 часа телескопи низ целиот свет ќе им бидат достапни на граѓаните за да ги погледнат низ нив планетите и Месечината. Целта е што повеќе луѓе во еден ден да погледнат низ телескоп.
- Ден на Сонцето. На 5-ти април ќе биде организиран денот на Сонцето од посбната група за сончева физика. Ќе се слави денот на нашиот најблизок ѕвезден придружник со негово набљудување и со најразновидни предавања на тема Сонце.
- 100 часа далечинска астрономија, каде од 2-5 април неколку опсерватории во светот ќе дозволат бесплатно користење на нивните телескопи. Може да се пријавите и да превземете контрола од некој од тие телескопи неколку часа. Астрономско предзнаење не е потребно.
- 100 часа астрономија џуниор - ова е соработка помеѓу двата проетки на МГА, 100 часа астрономија и проектот Познавање на Универзумот. Овој дел ќе биде насочен кон најмладите.

 
Постерот на 100 часа астрономија


Настани на локално ниво ќе се одржуваат низ целиот свет: набљудувања со телескоп, предавања, астрономски изложби, специјални емисии и многу други работи, а доколку сакате можете и да го снимате вашиот настан за време на 100 часа астрономија и да го пратите на следниот линк http://www.youtube.com/group/starparties, каде што ќе бидат објавени сите пријавени настани за време на 100 часа астрономија кои ќе испратат видео од самото случување. Видете што се случувало низ светот. На официјалниот сајт можете да ги пронајдете сите потребни линкови и да ги гледате снимките во живо од целиот свет. А посетете го и форумот, до кој што модерораат членови на нашето друштво, и таму може да се прочитаат многу интересни настани.

 

Со предавањето за телескопите и небесните координати започна 100 часа астрономија кај нас


Скопското астрономско друштво со своите телескопи ќе биде на плоштадот Македонија на 4-ти април (сабота) од 19 часот, па се додека има заинтересирани граѓани со цел да им овозможиме на граѓаните на Скопје и Македонија да земат учество во овој глобален настан. Со телескопите ќе може да ги погледнете планетата Сатурн и најблиското тело до Земјата, нашата Месечина. На сите кои што ќе набљудуваат ќе им бидат поделени и налепници со објектот кои што го погледнале низ телескопите. Ве покануваме да дојдете на плоштатод во Скопје и сите заедно да уживаме и учествуваме во овој прекрасен настан. Телескопите ќе бидат ставени на располагање на сите без никаков надоместок.

100-те часа веќе започнаа, приклучете се и вие. Откријте ја Вселената


Изменето од traktorce - 02.Април.2009 во 03:14
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!
Кон врв
traktorce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Brm Brmm

Регистриран: 19.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај traktorce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 03:17
Sunny i ti ke sedis so kolegite od drustvoto na plostad збунетост(Ti vo ova drustvo bese, neli?)

Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 11:03
Originally posted by traktorce traktorce напиша:

Sunny i ti ke sedis so kolegite od drustvoto na plostad збунетост(Ti vo ova drustvo bese, neli?)



Samo da ne vrnit i tamu ke mojs da me najs голема%20насмевканамигнување
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 14:16
Е штом е така, идеме и ние! големо%20гушкање
Ако не Врнит, разбира се!плазење големо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 12:59
Originally posted by Sunny Sunny напиша:


Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Не сум знаела за ова
цццц.... како сум можела да пропуштам вакво нешто...
фала ти многу Sunny
ќе пробам да ги контактирам....



Evenstar sto napravi vide za amaterskoto drustvo?




Пишав Сани... ќе видиме дали ќе одговорат....
Evenstar ти вратија нешто овие?збунетост



Не... никаде ги нема
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 10:16
Ако кафената боја не е боја, каква боја се кафените џуџиња?
31.05.2009

Во астрономските кругови се зборува за кафените џуџиња со години. Тие се т.н. „пропаднати“ ѕвезди: објекти со мала маса, недоволна да се покрене нуклеарна фузија во нивното јадро. Наместо да светат со црвена, жолта или бела светлина, тие се загреани од гравитацискиот колапс на материјата од која се составени. И затоа се наречени кафени џуџиња, иако може да се изненадите кога ќе дознаете дека тие и не се така кафени. Всушност, невозможно е да се добие кафена светлина! Па, тогаш каква боја се тие?


Уметнички приказ на кафено џуџе.

Поимот „кафено џуџе“ бил првично воведен од Џил Тартер (Jill Tarter) во 1975 година, со цел да се опишат овие објекти. Имало и други предлози за имиња, како на пример планетар или субѕвезда, но сепак се задржал поимот „кафено џуџе“.

Но, кафената не е боја?

НЕ за астрономите. Кога тие расправаат за бојата на некоја ѕвезда, тие всушност зборуваат за брановата должина на светлината која ја зрачат ѕвездата. Ѕвездите зрачат светлина на различи бранови должини и оние фотони кои најмногу се зрачат се оние кои ги гледаме. Жолтите ѕвезди зрачат претежно жолти фотони, црвените претежно црвени фотони и.т.н. Но, не е можно една ѕвезда да зрачи кафени фотони, бидејќи кафената „боја“ е всушност незаситена жолта боја. Не е можно кафените џуџиња да бидат кафени, бидејќи е невозможно да се емитираат кафени фотони. Па, тогаш која боја се тие?


Вистинската боја на кафените џуџиња.

Др. Кенет Бречер (Dr. Kenneth Brecher) е професор на универзитетот во Бостон и главен истражувач за проектот LITE. Ова е експеримент кој треба да открие како луѓето ги гледаат боите. Сигурно имате сретнато доста од оние оптички илузии на интернет, каде црно-бели тркала кога се вртат брзо всушност создаваат различни бои во нашиот мозок. Бречер направил презентација пред членовите на Американското астрономско друштво на која ја претставил вистинската боја на кафените џуџиња, која е всушност темно-портокалова. Нема шанси да ја забележите оваа боја на кафените џуџиња, освен ако фотоните не ве погодат право во очите. RGB вредностите за оваа боја се R-235, G-75 и B-37.

*** превземено од сајтот на Македонското Астрономско Друштво среќа
Кон врв
sasebt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sasebt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 02:06
decki, jas najdov eden mnogu dobar softver, bez pari e, + open source (ako na nekoj mu znaci toa nesto)

go simnav, i odvaj cekam da go isprobam nekoja vecer (od obvrski). posto se zanimavam i amaterski so fotografija, mnogu mi e interesna i astrofotografijata, ali za toa treba da si stargazer. se nadevam linkot ke vi pomozi.

http://www.stellarium.org/
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 23:04
Vikendov vo Ohrid ke pristigne Astronomskiot karavan , pa ako ste vo mozhnost ne bi bilo losho da go posetite големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 17:38
Многу ме интересира астрономијата и истражувам на оваа тема веќе 3 месеци. Ако може некој да постира нешто за астронијата и сите кои се љубители на астрономијата ќе разменуваме мислења тукасреќанамигнување

Поздрав
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 06:44
Не сум многу по астрономија, но пред се еве вовед.

Астрономија од грчкиот збор Астрос, што значи ѕвезда и Номос што значи право е наука која ги проучува небесните тела и феномени кој потекнуваат надвор од атмосверата на планетата Земја. Таа се занимава со еволуцијата, движењето и формирањето на елементите од универзумот.
Астрономијата е една од најстарите науки. Уште од минатото луѓето се занимавале со проучување на она што е околу нив, а далеку од нив преку гледање на методско гледање на небото ноќе. Пред да се развие модерната наука како астрономија неопходно било пронаоѓањето на телескопот.

Еве нешто за ВАЖНА.

Астрономи аматери
, придонеле многу важни астрономски откритија, и астрономијата е една од малкуте науки каде што аматерите можат да играат активна улога особено во откривањето и следењето на привремените феномени.среќа

П.С.
ВАЖНА си одбрала прекрасна наука која ќе ја истражуваш и никогаш нема да бидеш заситена од истраженото, бидејќи вселената е бесконечна, така и знаењето не е ограничено за нејзе. Можеш да сметаш на мене како соговорник на оваа тема.среќа




Изменето од DDarko - 16.Ноември.2009 во 06:46
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.