IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекување од зависности
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекување од зависности

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Лекување од зависности
    Испратена: 22.Мај.2009 во 23:46
Кога веќе еднаш ќе се престане на младите наркозависници да се гледа како на криминалци од кои општеството како од куга ќе бега?
Кога конечно ќе се најде начин и систем да се изградат центри за помош на овие млади луѓе, на патот кон зрелоста, да НЕ станат  криминалци со пореметени психи (под дејство на зависностите и изолирањето од страна на општеството) и на товар на земјата во понатамошниот живот?
КОга веќе еднаш ќе немаме комплекси или застарени припрости убедувања и предрасуди кон зависниците, на кои наместо сурово бездушно одбивање им е потребна рака за ПОМОШ?
 
 
Овој текст од денешен Дневник многу вознемирува:
 

Скопје не сака да лекува зависници

Лекари не ги сметаат за болни и ги избегнуваат, a градоначалниците не дозволуваат изградба на центри за нивно лекување во своите општини




Скопје нема центри за дневно лекување на наркозависниците. Единствениот Центар за лекување на болести од зависност, кој се наоѓа во Кисела Вода, е местото каде што тие ја примаат својата метадонска терапија. Условите во кои тие се лекуваат во овој центар се повеќе од катастрофални. Раководителот на Дневниот центар за лекување на болестите на зависност, Лилјана Китева-Игњатова, признава дека нивните пациенти не се доволно добро третирани и дека капацитетот е преполнет, а на листата на чекање има над 50 пациенти.

- Четворица лекари на 160 пациенти не се доволно за да им го посветат потребното внимание на секој поединечно. А имаме вкупно 346 зависници. Нормално е дека Програмата нема да даде доволно добри резултати. И просторно и бројно не е возможно да се постигнат подобри резултати. Затоа повеќе не примаме нови. Единствено сме ограничени на итните случаи, зависници што излегле од затвор, бремени жени зависнички од дрога, иако тие се поретки, пациенти со цироза на хепарот, како и ХИВ-позитивните - потенцира Игњатова.Таа жали што не може да се најде решение со кое би им се помогнало на овие лица. Вината ја гледа кај самите лекари, кај градоначалниците, но и кај граѓаните со предрасуди кон зависниците. Се случувало соседите да им ги остават расфрланите шприцови од пациентите пред вратата на Центарот.

- Од друга страна, очајните родители, кои бараат помош за своите деца-зависници, сами нудат решение. Еве, ќе ви го отстапам мојот двор да изградите центар, ми се обрати еднаш мајка на мој пациент. Многу ми е жал што самите лекари не го сфаќаат овој проблем. Меѓу себе не можеме да постигнеме консензус за тоа дали зависноста е болест. (Какво незнаење, неинформираност!!!!!!!!!!!!!!!!!лутина ).

Се разбира дека е болест на мозокот, иако некои од колегите велат дека пациентите сами си го направиле тоа и дека, според тоа, би требало да ги препуштиме сами на себе - истакна Игњатова.
 
(Па така и сите пушачи кои имаат проблеми со белите дробови (воспаленија, бронхитис, рак) треба да се остават да цркнат? Или луѓе кои многу јадат и имаат проблеми со желудникот (чир, гастрит) да drop dead пошто не си водат сметка и не одат на фитнес секој ден? или кои што паднале (од коњ, во тек на некоја спортска игра, при орање нива или берење јаболка) и скршиле нога - нема зашто да се лечат - кој ги терал да се изложуваат на ризик? Не можам да верувам дека докторите се толку неупатени и без елементарно чувство на емпатијаизненадувањеизненадувањеизненадување
 
 
За постоењето потреба од повеќе центри, во кои на зависниците ќе им се обезбедат пристојни услови и достоен третман за лекување на болеста, се говори десетина години. Министерството за здравство требаше да го реализира тоа, за што и доби средства од Глобалниот фонд за борба против туберкулоза и маларија, во износ од 5,8 милиони долари.

ПРОПАЃААТ ПАРИ ОД ГЛОБАЛНИОТ ФОНД

- Откако е направена првата Национална стратегија за ХИВ/СИДА за периодот 2003/2006 година, државата преку Министерството за здравство се пријави за добивање средства до Глобалниот фонд, кој се однесуваше за периодот од 1 ноември 2004 до 30 октомври 2007 година. Тогаш од Глобалниот фонд беа доделени вкупно 5,8 милиони долари. Со тие средства требаше да се отворат повеќе центри во поголемите градови, онаму каде што навистина се судираат со овој проблем. Во Скопје требаше да профункционираат три центри. Вакви служби во периодот 2005/2006 беа формирани во Струмица, Куманово, Охрид, Тетово, Гевгелија и во Штип, како и во КПД во Идризово.

Во Скопје не дојде до отворање на центрите. Општините се откажаа од тоа, иако според законот се должни да обезбедат амбулантско лекување на наркозависниците. Граѓаните не дозволуваа да се градат во нивно соседство, а Министерството за здравство не најде начин, иако „бараше“, како да се реализира идејата. Тој рок се продолжуваше од Глобалниот фонд, но државата секогаш наоѓаше причина да се одложи рокот за отворање на центрите, под изговор дека треба да се распишат тендерски постапки за реновирање, па не се прави тоа во избори - изјави Христијан Јанкуловски од невладината организација ХОПС, која се занимава со овој проблем. Според него, последниот датум до кога требаше да се отворат вакви центри бил 1 април 2009, па Министерството ќе мора остатокот од доделените средства од Глобалниот фонд да ги врати назад. Поради недостиг од центри во Скопје, повеќе од 30 лица секојдневно патуваат во Тетово и во Куманово за да си ја земат сопствената терапија, бидејќи во главниот град владеат невидена стигматизација, предрасуди и маргинализација и од институциите што се занимаваат со овој проблем, но и од самите жители - констатира Јанкуловски.

МИНИСТЕРСТВОТО МОЛЧИ

Министерството засега молчи и не сака да одговори која е причината зошто такви центри не се отворени во Скопје. Државата ги маргинализира овие луѓе од општественото живеење и им го скратува уставното и законско право да добијат соодветен лекарски третман и да се ресоцијализираат во средината во која живеат. Нивниот единствен коментар е дека Министерството за здравство се залага што побрзо да изнајде погодно решение за воспоставување служби за превенција и третман од злоупотреба на дроги во Скопје. Оттаму велат дека дел од планираните активности е отворање служба во Шуто Оризари, а дека се чека одобрение од Владата такви да се отворат и на други места во градот.

- На овој начин, државата влијае тие зависници да станат криминалци. Кога зависникот од дрога една или две години нема да добива соодветна терапија и не е на програмата за третман, бидејќи единствениот Центар е преполн, нормално е тој самиот да најде начин да дојде до дрога, односно до пари за дрога со тоа што нешто ќе украде. Со тоа државата подлежи на дополнителни трошоци за полиција, судски и затворски трошоци, бидејќи само едно рочиште чини 1.200 денари, кое се преповторува повеќепати - истакна Јанкуловски. Тој додава дека нетретирањето на проблемот ни го прави системот за наркозависници најскап во Европа. Лекувањето само на еден хепатит државата ја чини 19.000 евра, а еден центар што би опслужувал 50 клиенти, во кој тие би добивале секојдневен третман и во кој би имало вработено 5 лица, ќе ја чини 20.000 евра на ниво на една година, нагласува Јанкуловски. Од Градот велат дека помагаат во решавањето на овој проблем преку членовите на Координативното тело за дроги.

- Планирани се повеќе активности на ова поле (едукација, подготвување едукативни материјали, превентивни активности во основните и средните училиштата, отворање советувалишта и младински канцеларии), потенцираат од Одделението за односи со јавноста во Градот. Влатко Деков од ХОПС информира дека, според Националната стратегија за дроги, во земјава има 8.000 лица што проблематично употребуваат дрога, од кои околу половината се во Скопје.

- Овие лица земаат хероин, кокаин и амфитамински тип дроги и тие имаат сериозни здравствени, социјални и психолошки проблеми. Но, во тој број не се вклучени лицата што употребуваат дрога периодично, во различни пригоди. Со нив, таа бројка значително би се зголемила - тврди Деков.Според податоците на СВР Скопје, само во главниот град досега се регистрирани вкупно 4.600 наркозависници, а бројот на нерегистрираните, односно таканаречената темна бројка е три пати поголема. Во 2008 година до април годинава се регистрирани нови 234 зависници. Од нив, 209 се машки, а 25 женски лица. Најголем број од нив, 141, се на возраст од 19 до 25 години, а најмал број, 20, се на возраст од 15 до 18 години, додека 73 лица се на возраст од над 26 години - соопшти Лиза Бендевска, портпарол во СВР.

Сите бегаат од нас како од чума

- Првпат пробав бели метадонски апчиња на 23-годишна возраст. Сакав да се развеселам за Нова година. Ми рекоа дека се екстази. Пробав, ми се допадна чувството и решив да го побарам момчето што ми ги даде, за да земам повторно. Но кога му реков дека сакам уште, тој цинички се насмеа и ми рече: ха, ха, ха, оди во Дневниот центар за зависности и таму ќе најдеш. Тогаш се' ми беше јасно. Но, назад немаше - вели 32-годишната Е.А.

Седнати на клупата пред Дневниот центар, чекајќи ја својата терапија заедно со Х.Р., кој е на иста возраст, одвај дочекаа некому да се исповедаат за маките што мора да ги минат, бидејќи не се третирани онака како што треба.

- Државата треба да се грижи подеднакво за сите заболени, онака како што налага Кодексот на лекарската етика - вели зависничката.

- На хероин сум од 13-годишна возраст. Не сум задоволен од тоа како не' третираат. Треба да се отворат повеќе дневни центри во Скопје, но државата тоа не го стори. Во Дневниот центар за зависности повеќе нема место за нови. Колку што сме на Програмата за терапија, уште толку се на листата на чекање. А не дај Боже да се разболиш од нешто - вели Х.Р.

На тоа, Е.А. брзо се надоврза:

- Каде и да одиш на преглед, лекарите одвај чекаат да се ослободат од тебе. Пред се матичниот, па и стоматологот. Да не зборувам за луѓето од околината во која живееме. Бегаат од нас како од чума, им се гади од нас. Ние бараме само помош. Никому не правиме ништо лошо - вели Х.Р.

 
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2009 во 23:53
ova ispagja-so si nadrobil toa srkaj  si.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 15:19
Ne znam sto povejke da se komentira tuka....se sto e napisano e 100% tocno. Site begaat od narkozavisnicite se dodeka ne se pojavi narkozavisnik vo nivnite domovi. E posle kasno e. Kaj nas se uste ova e tabu tema, barem za postarite a onie pomladite ne znaat koi se posledicite od konzumiranje na tie teski drogi. Treba pogolema edukacija na ovaa tema, pa zosto da ne i da se vovede kako nastaven predmet vo ucilistata, zatoa sto sekoj den zaminuva po nekoj blizok vo taa grupa na zavisnici. Znaete kako rekle podobro spreci otkolku da lecis. Ako se progovori otvoreno na ovie temi, pa zosto da ne i nekoi od zavisnicite da go spodelat svoeto iskustvo so nas, ako ima predavanja kade sto ke mozat i postarite da naucat nesto za ovoj problem i da znaat kako da pristapat ako nekoj od nivnoto semejstvo go ima toj problem. Ama kaj nas takov e mentalitetot, ima uste mnogu komunisticki i zastareni mislenja sto tesko mozat da se iskorenat, pa zatoa ovie luge se otfrleni.

A za toa deka nema centri kade bi se lekuvali tie lica, ne znam sto da kazam. Pod hitno treba da se otvorat takvi centri, za da se izlekuva ova nase bolno opstestvo. Na kraj kraeva, drzavata e kriva sto ne moze da spreci vnesuvanje ogromni kolicini na drogi vo nasata zemja.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 16:09
Слушнав дека програмата Нарконон е многу успешна за лекување зависности, при што не се користи метадонска терапија, туку исклучиво витаминска терапија, работна терапија и други алтернативни методи. Центарот е сместен во село Конопиште, и е дел од истоимената светска мрежа на вакви центри.
Разговарав со едно момче кое веќе се смета за излечено.

Нарконон“ програма
 
Зависници%20од%20дрога
Се чини дека психата е решителна при откажувањето
Во Македонија се одвива алтернативна терапија за лечење на зависниците од дрога. Но се вели дека крајниот успех сепак најмногу зависи од волјата на наркозависниците и од тоа што се подготвени тие да прифатат.

Наркоманијата е адолесцентна проблематика , која најчесто се јавува меѓу 16 и 19 години. Младите велат дека најчесто посегнуваат по дрога од љубопитност или за да надминат некаков проблем.

Александар има 30 години. Дрога прв пат земал на 18 години, за да не се разликува од неговите другари.

„Повеќе мои другари земаа дрога. Најверојатно за да ја докажат својата машкост и 'фраерлукот'. Јас се воздржував извесен период, една година можеби две, меѓутоа толку ".

По една година сфатил дека му е потребна помош.

Алтернатива

Примал медикаментозна терапија во психијатриската болница во село Бардовци, меѓутоа немало успех :

„Тие можеби физички до некаде се справија со тој проблем, меѓутоа ментално дрогата се уште постоеше.Тоа беше физички третман, воопшто не добив разговор".

Александар потоа повторно земал дрога.

Уште неколку пати се обидел да се лекува, меѓутоа вели дека процесот на одвикнување од наркозависност е многу тежок и болен.

„Премногу болка се доживува во првите денови додека ја оставаш дрогата. Тоа се невидени болки, и ментални и физички. Едноставно не го чувствуваш телото, безживотно е, без енергија, без сила ".

Александар веќе три години не зема дрога.

Зависноста ја 'победил' со програмата во центарот Нарконон Балкан во село Конопиште.

Борче Мирчевски, претседател на центарот вели дека зависниците тука престојуваат од 6 до 9 месеци.

Програмата се состои во ослободување на телото од дрога со користење на сауна и примање витамини, како и посетување часови на кои зависниците се спознаваат себе си, зошто посегнале по дрога и зошто не треба да земаат.

„Досега нарконон програмата ја завршија 46 луѓе, од кои 32, не користат дроги, а од нив четворица веќе имаат формирано семејство", уверува Мирчевски.

Класичен третман

Психијатарот Александар Марцикиќ, вели дека постојат различни видови на третмани за одвикнување од наркозависност, кои зависат од моменталната состојба на индивидуата и од тоа што е таа подготвена да прифати.

Тој вели дека некои зависници не се подготвени да ја остават дрогата, па затоа примаат метадон.

„Што би се случило ако нема метадон? Луѓето или би се обидувале да ја остават дрогата, но неуспешно или би продолжиле и понатаму со земање хероин и би можеле да се доведат до предозираност ".

Доктор Марцикиќ смета дека метадонската продолжена терапија, што зависниците ја добиваат во државните центри, е хуман третман за луѓе кои не можат да се ослободат од нарко зависност.


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 16:11
Еве уште малку за тој центар, отворен е 2004 година.

Во зградата на општина Конопиште деновиве е отворен центар за лечење и превенција на наркозависници под капата на асоцијацијата за лечење на наркозависници од европски карактер Нарконон Балкан.

Седиштето на асоцијацијата за Балканот е во Италија, дејствува со помош на американската асоцијација за наркозависници. Нарконон програмата е единствената во светот со која зависниците од дрога и од алкохол витамини, минерали и растителни масла за олеснување на кризите кои8 се јавуваат во периодот на апстиненција.

Тоа се постигнува со специјална програма на витамини, вежбање и сауна. Во втората фаза Нарконон програмата се занимава со причините од кои лицето станало зависник од дрога.

„Оваа програма е единствена во светот бидејќи не е успех да се тргне на страна корисникот од ова, туку да се врати во онаа ментална и физичка состојба пред користењето на дрогата“, вели Лела Гогушевска директор на Нарконон програмата.

Програмата е нешто ново кај нас и предизвикува огромна заинтересираност.

Повеќе од 30 години вработените во Нарконон спасуваат животи и едуцираат млади луѓе. Во Макеонија се одржани бројни и предавања пред околу 8.000 деца од средните и основните училишта.

„Оваа програма е најуспешна во цел свет и не е случајно што Нарконон Балканот е 73-ти центар во светот. Програмата функционира веќе 30 години со вистински успех и за среќа кај нас конечно доаѓа“, рече Валентина Стојановиќ.

Во Нарконон центарот во Конопиште веќе 3 недели на рехабилитација е млад зависник.

„Ги поминав кризите, се чувствувам одлично, полн сум со енергија и работам се што треба. Сакам да им помогнам на сите кои земаат дрога бидејќи знам како се чувствуваат", вели еден наркозависник.

По доаѓањето во центарот наркозависникот го минува и најтешкиот период апстиненција и не контактира со своите најблиски. Во зависност од соработката на лицето кое се рехабилитира програмата трае од 6 до 12 месеци.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
RUSHKA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2837
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RUSHKA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 23:09
So se prethodno postirano se sl*gam...no edno e fakt ..narkomanijata e bolest i taka treba da bide tretirana, a na mladite vo ucilistata treba ubavo da im se objasni sto e drogata , kako izgleda i mnogu drugi prasanja okolu nea zatoa sto mnogu roditeli neznaat kako da im objasnat na decata.Narkomanijata e pekol za narkomanot i semejstvoto, za zal mnogu e mal brojot na izleceni narkomani...Pomognete im, dajte im podrska da izdrzat i togas koga mislite deka nema izlez, bidete do niv, poradi niv i poradi sebe za da ne vi bide krivo deka ne ste napravile nisto za da spasite eden mlad zivot.
4ISTA SOVEST=MIREN SON
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 23:57
Да, секако дека превентивата е клучна работа кај болестите на зависност, и тука нема збор.

Но што кога веќе ќе дојде до такво нешто?
Мислам дека овие методи на немедикаментозно лекување се многу добри, вклучуваат социјални методи, потоа ориентација кон алтернативата (во Нарконон се земаат само витамини и ништо друго), поддршка од најблиските секако е најважна во цела работа.)


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 00:07
Во многу други земји далеку поразвиени од Македонија центрите за рехабилитација од зависности кои потпаѓаат под буџетното здравство се огромен одлив на пари со најдобра намера да им се помогне на зависниците за кои за жал терапијата не престанува тука и многу често е делумно неуспешна.
Луѓето секојдневно црнчат и плаќаат даноци за да можат алкохолочарите и наркоманите да имаат каде да се лекуваат од зависностите во кои свесно решиле да се впуштат.
Не велам дека овакви центри не треба да постојат, напротив тогаш нема ни да постојат професии како социјални работници, лекари и сл. но многу интересна појава е модерната наркоманија и енормниот број на корисници уживатели на најразлични дроги како и злоупотребата на истите притоа обвинувајќи го општеството, семејството, околината да ги оправдаат своите фрустрации и причини за земање на дрогата.
Погрешно е да не им се помогне на овие луѓе бидејќи меѓу нив постојат и такви кои навистина сакаат да си помогнат самите на себе и да отпочнат нов нормален живот, но негативното е доколку знаат дека лекувањето е бесплатно и можат во секое време да се пријават за рехабилитација тоа им дава некако опуштен пристап спрема решавањето на проблемот го имаат.
Значи максимално поддржувам проекти каде луѓето ќе добиваат информации, каде ќе се описменуваат за последиците од користење на дрогите (на кои искрено мислам дека на половината не им е ни гајле, мислат дека тоа е играчка)и за значителен број на центри кои ќе работат на мотивација и подигање на моралот кај нарко-зависниците, пред да отпочнат со актуелното лекување.
Мислам дека има толку многу болни луѓе не по своја вина, толку многу луѓе со пречки во развојот, слепи и глуви, инвалиди кои имаат воља за живот и заслужуваат многу помош (а не им се пружа доволно)наспроти зависниците кои намерно си го уништуваат сопствениот живот.
Сите тие наркомани се нечиви деца, дечковци, девојки, сопружници, роднини, пријатели и разбирам колку е голема болката на оние кои навистина ги сакаат и се грижат за овие луѓе.
Сакам само да дадам осврт и мое гледиште на работите врзани со оваа проблематика, но неинвестирање во ментални установи и центри за рехабилитација покажува само колку владата е незрела и одбира да ги маргинализира и да мижи пред вистинските проблеми со кои се соочува а тоа се проблемите на вистинските луѓе, кои не секогаш се добри граѓани здрави и прави.

Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,641 секунди.