IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Милан
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Милан

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 27>
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 15:34

Леонардо нов тренер на Милан!


По победата од 2-0 во Фиренца тренерот на Милан, Карло Анчелоти, најави дека си заминува од италијанскиот фудбалски гигант.

Веднаш после тоа потпреседателот Адиано Галијани објави дека Леонардо е новиот тренер на Милан.

“Тоа ќе биде Леонардо, ќе го преставиме утре попладне.“- изјави Галијани за RAI.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 15:35

Довидување Паоло!


Паоло Малдини го одигра и последниот професионален натпревар со кој стави крај на неверојатната 25-годишна фудбалска кариера.

Натпреварот помеѓу Фиорентина и Милан не само што имаше значење за Милан како клуб, туку и за целата фудбалска јавност која се прости од еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња.
Својата пребогата кариера Малдини ја започна во далечната 1978 година кога дојде во младинската школа на Милан.


По 7 години, на 20 јануари 1985, 16-годишниот Малдини настапи на натпреварот со Удинезе кој беше негов прв официјален за италијанскиот клуб. Иако ова беше единствениот натпревар за таа сезона, веќе од наредната година Малдини влезе во почетната постава на тогашниот тренер Нилс Лиендхолм и веќе стана јасно дека се работи за еден од најдобрите бекови на сите времиња.


Тој во 1986 го одигра и првиот натпревар за младата селекција на Италија, а наредната година го освои скудетото со Милан и го одигра првиот официјален натпревар за Италијанската репрезентација.

Истата година ги одигра сите натпревари кои Италија ги имаше на Европското првенство, а во 1989 ја освои и Лигата на шампионите и беше именуван за најдобар млад играч во Европа.

На 23 мај 1990 година Малдини со Милан ја совлада Бенфика со 1:0 и ја освои и втората последователна Лига на шампиони.

Истата година партиципираше со Италија на Светското првенство каде аѕурите беа исфрлени од Аргентина во полуфиналниот натпревар.


Сезоната 1991/1992 ќе остане незаборавна затоа што тој го освои скудетото, а Милан немаше ниту еден пораз во целата сезона. Воедно Малдини постави рекорд затоа што немаше примено гол цели 900 минути, нешто што веќе 17 години никој не успеал да го повтори.

Во 1992/1993 тој го освои и третото Скудето, а во наредната сезона веќе и четвртото.

По една година пауза, Милан во 1995/96 година освои уште едно првенство, веќе петто за Малдини.

Во 1998/99 веќе навикнатиот капитен го крева и шестиот пехар доделен на најдобриот тим во лигата, а една година подоцна, на 2ри јули го собори рекордот на Дино Ѕоф кој имаше одиграно 113 натпревари за италијанската репрезентација.


На 18 јуни 2002 година Малдини се прости од репрезентацијата на натпреварот против Јужна Кореа кога беа елиминирани од Светското првенство.

Наредната година утеха најде во Лигата на шампионите која Милан ја освои победувајќи го Јувентус. Тоа беше шеста таква титула за клубот и четврта за незаменливиот капитен.

Во сезоната 2003/2004 Малдини го освои и последното Скудето во кариерата.

На 25 мај 2005 тој стана најстариот играч кој постигнал гол во Лигата на шампионите. Имено Малдини му донесе водство на Милан во натпреварот против Ливерпул, кој како што паметите, со неверојатен пресврт Англичаните успеаја да го добијат.


На 13 мај 2007 Малдини стана првиот играч кој има одиграно 600 натпревари во Серија А, а десет дена подоцна во Атина совладувајќи го токму Ливерпул ја освои и петтата титула во Лигата на шампионите, односно седма титула за Милан.

На 16 февруари 2008 капитенот го одигра својот 1000 натпревар, а на 5ти март се одлучи да го одложи своето пензионирање од фудбалот и да одигра уште една сезона.

На 24 мај 2009 Малдини го одигра и својот последен натпревар на Сан Сиро.

31 мај 2009 - последен натпревар како професионален фудбалер.

Легендарниот капитен на Милан во својата кариера има освоено:
Серија А: 1987-88, 1991-92, 1992-93, 1993-94, 1995-96, 1998-99, 2003-04
Куп на Италија; 2002-03
Суперкуп на Италија:1988, 1992, 1993, 1994, 2004
Лига на шампиони:1988-89, 1989-90, 1993-94, 2002-03, 2006-07,
УЕФА Супер Куп:1989, 1990, 1994, 2003, 2007
Интерконтинентален куп:1989, 1990
ФИФА Светски куп:2007

Прогласен за млад фудбалер на годината: 1989
Тимот на светот: 1994
Тимот на Лигата на шампионите: 1996,2000
Играч на финалниот натпревар во Лигата на шампионите: 2003
Одбранбен фудбалер на годината: 2004
Еден од најдобрите 100 според ФИФА
УЕФА тим на годината: 2003,2005
ФИФПРО најдобрите 11: 2005
Најдобар дефанзивец во Лигата на шампионите: 2007
Капитен на Италија 1994-2002
Фудбалер со најмногу натпревари за Италија: 126

Покрај многубројните натпревари и трофеи, Малдини ужива почит и кај другите фудбалски легенди, а тоа се покажа токму на финалниот натпревар од Лигата на шампионите каде Гвардиола изјави дека освоениот трофеј му го посветува токму него, на големиот капитен.


И додека еден Малдини се простува од фудбалот, веќе нареден се подготвува во младинскиот сектор на Милан. Неговиот 12-годишен син Кристијан кој игра во одбрана ќе биде единствениот кој некогаш ќе може да го облече дресот на Милан и да го носи легендарниот број 3.
 
Фудбалот се прости од еден голем човек и фудбалер, човек кој целата своја кариера му ја посвети на еден клуб - Милан!

Grazie Paolo!
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 17:38
okolu spekulaciite za transfer od Milan, Kaka rekol:
 
 
 
Kaka: "Odlazim ovog ljeta!"
Već pomalo umoran od stalnih medijskih špekulacija Kaka je rekao kako više neće uopće odgovarati na pitanja o svom transferu, a na pitanje da li odlazi iz Italije ovog ljeta, Kaka je kratko rekao: "Zašto ne, sigurno da odlazim... u Brazil na odmor." голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
 
голема%20насмевкаголема%20насмевкаama prvo srcevo mi zastana, koga go procitav naslovotголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
euronogomet.com
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 16:54
Леонардо преставен пред јавноста
01/06/2009 21:09

Милан денеска попладне го престави својот нов тренер. На местото од Карло Анчелоти кој потпиша за Челзи доаѓа Леонардо за кого ова ќе биде прва ваква работа во кариерата.

На своето преставување 39 годишниот Бразилец изјави дека ќе направи револуција во играта на Милан. “Имам идеја преку која многу повеќе ќе тренираме со топка како би се снаоѓале подобро со неа на теренот. Ќе ја надоградам малку играт на Милан 4-3-1-2. Тоа е нашиот идентитет, но може да се менува затоа што сакаме да игрме атрактивно.“

Леонардо изјави дека нема намера да го копира Гвардиола. “Мојот стил нема да се базира на некој друг. Милан ќе си игра свој стил“.

Потоа се осврна и на Кака за кого на големо се зборува дека ќе го напушти својот тим. “Важно е да го задржиме.“ Исто нагласи дека Роналдињо е доста мотивиран и гори од желба да се покаже на теренот и да заигра во својата најдобра форма.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 16:54
Кака: Сакам да останам во Милан
02/06/2009 14:14

Ѕвездата на Милан Кака им порача по кој знае кој пат на неговите потенцијални купувачи, Челзи и Реал Мадрид дека нема никакви намери да го напушти Милан.

Поранешниот играч на годината беше многу блиску да го напушти Сан Сиро во зимскиот преоден рок, но сепак остана во Милано и покрај тоа што му беа понудени 200 000 фунти неделна плата од Манчестер Сити.

27 годишниот бразилски фудбалер изјави дека останува во Серија А, но многу му должи на Анчелоти кој моментално е менаџер на Челзи.

“Ова го кажувам за последен пат. Не сакам да го напуштам Милан!“ - изјави за Gazzeta dello Sport.

“Во овој период не сакам да зборувам многу, бидејќи не сакам погрешно да ме протолкуваат. На милионите навивачи на Милан ширум светот кажувам дека одбрав. Сакам да останам.“

На прашањето за Анчелоти. “Му должам него доста. Тој ги отвори вратите за мене во италијанскиот фудбал.“ - изјави за крај Кака.

 
 
аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз prekrasen igrac a uste podobar covek...


Изменето од blackeye - 02.Јуни.2009 во 16:56
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 00:40
Citam na stranskive strani...novinarite  spekuliraat deka Milan go prodal Kakaтагатагатагасршено%20срце
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 00:45
Галиани и татко му на Кака во Мадрид!
02/06/2009 18:36

Според El Confidencial “гоститепристигнале на приватен џет во 15:00 часот и веднаш се упатиле кон стадионот Сантијаго Бернабе.

Тие таму ќе се сретнат со новиот претседател на Реал, Флорентино Перез да разговараат за евентуален трансфер на Бразилецот во Мадрид.

Требаше Перез да доде во Милано да преговара но плановите се смениле и двајцата претставници едниот на Милан другиот на играчот отпатувале за Мадрид.

Вестите идат истиот ден кога Кака изјави дека не сака да го напушти Милан и дека е среќен таму.

Но, алчноста за голема сума на пари и овојпат може да биде пресуден елемент пред мотивите на играчот и неговиот талент.

Иако фановите на Милан минатота зима протестираа кога Кака требаше за малку да биде продаден на Манчестер Сити, очигледно на управата на Милан не и гајле за желбите на својата ѕвезда и желбата на навивачите.

Ако Кака си отиде од Милан значително ќе ослабе квалитетот на Серија А.

 

Update: Повеќето светски медиуми веќе објавија дека Кака потпишал со Реал, но тоа се само шпекулации. Се спомнуваат суми од 65 милиони евра па нагоре. Сето ова е неофицијално. 

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 00:46
Неофицијално: Кака потпиша за Реал!!!
02/06/2009 23:04

Прв кој ја објави оваа вест е шпанското радио Cadena SER, а потоа  и другите шпански медуми ја потврдија за потоа и сите светски медиуми  да ја превземат. Неофицијално бразилската ѕвезда и играч на Милан Кака потпишал за Реал.

Како што претходно беше соопштено таткото на Кака кој е и негов агент и потпреседателот Галијани биле на разговор со Флорентино Перез каде што биле договорени деталите.

Попладнево италијанските новинари контактирале со Галијани за да видат дали се точни тврдењата на шпанските медиуми дека тие се во Мадрид.

Најпрво Галијани рекол дека тоа е лага,  дека тој моментално се наоѓа на некоја плажа, но потоа се насмеал и рекол дека се зафркава со тоа и дека во тие моменти бил во Мадрид, но само на вечера со Перез кој го честел бидејќи станал претседател.

Прашањето кое се поставува е што правел тогаш татко му на Кака!?!

Според шпанските медиуми официјално Бразилецот ќе биде претставен наредната недела и за овој трансфер Реал ќе издвои 65 милиони евра, а платата на Кака ќе биде 9 милиони евра годишно и ќе потпише верност од 5 години со “кралевите“.

Плејмејкерот на Росонерите моментално е на подготовки со бразилската репрезентација и ќе се врати на европско тло после среда кога и се очекува да потпише за тимот од Сантјаго Бернабе.

Останува да се види дали е ова шпекулација. Кака утрово изјави  само дека сака да остане во Милано, а не дека сигурно останува.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 00:50
Abe slusnete sto velat i navivacite i igracot!!!
se odnesuvate kako da e samo sopstvenost, predmet.....iljada pati Kaka kaza deka ne saka da si odi....tolku li se alcni lugevoлутиналутиналутиналутиналутина
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 00:50
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 00:59
gledam be fiks...prvo tamu vidov...ama i na makedonskive sekade ima...
ama nisto e e oficijalno...samo se spekulira....тагатагатагатага
ke go ispustat deteto....iljada pati mu kaza be deka ne saka da si odi, deka saka i kariera da zavrsi tuka i kapiten eden den da stani....
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 01:03
Готово е Црно,замина Кака во Реал.
Туку да земат некоја соодветна замена за него,ќе најдат немај гајле,пак ќе ископаат некој од Бразил Галијани и компанијаголема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 01:16
i ti li taka???сршено%20срцесршено%20срцесршено%20срце
jas uste veruvam deka ke ostani, toj so celo srce saka da ostani...
duri ne vidime toj sto ke reci nisto ne e gotovo...
me razocaraa od kubot...samo parite mu se vazni...сршено%20срце
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 01:19
Абе Црно нема тука што да се прави,готова работа е тоа 99%тага
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.